Е добро де, сите се грижиме за домот. Тоа се бејсик основни животни задачи, коа ќе дојдам дома ручек да си направам. Ти дали работиш не знам, другаркиве кои ти лајкнуваат не работат колку што сфатив. Али реков доволно е, дискусијава е непотребна пошто си лечите фрустрации и имате премногу нефлексибилен поглед на светот.
Си завршила ти некое приватно факултетче од типот Балкански Универзитет, па кажуваш сега овде како тие од архитектонски или медицина можеле да одат Америка преку лето. Ниту пак си имала допирна точка со земјоделие па да видиш како се работи од јутра до сутра. Привилегија е да имаш комфорт да одиш странство да работиш преку лето, само од твојот хај хорс ти тоа не го гледаш.
Вие барате женската да е згодна, цицлеста, добар гз, без влакна, дотерана, нашминкана. Незнам зошто и ние да не бараме добро ситуирани мажи. Тие turntables незнам какви се, ама сигурно не се комфортни.
Помеѓу 25 и 30 години претпоставката е дека веќе го имаш завршено факултетот освен ако не си вечити студент, па и за тоа да е некој друг крив.
"Вие" тука нема никакво значење, зошто ниту знаеш ја каква жена сакам сериозно, ниту па знаеш што критериуми имам јас, ама гледам си помислуваш дека мене само нејзиното тело ми значи, како да јас сакам да обејктифицирам жени, додека ти на еден начин ги гледаш жените уште како објекти ако на ова само ти текна да го пишеш. А за другото каков сакаш најди си, само не фрлај камења кон други додека живееш самата во стаклена куќа.
Колку е суштински тажно дискусијава да се чита на женски форум. „Мојот партнер е подобар од твојот зошто има кола“ „Јас подобро сум се омажила од тебе зошто мојот не штеди на мене“ Среќна нова '49 бе дечки со размислувањава. Материјализам сто на саат (во контекст на колите, де) Што е во ред, никој не вика дека партнерите мора да ги бирате од љубов, може и според банковно конто, ама барем да не го презентирајте тоа како единствен вистински критериум. Како теткине пред 100 години- еееее, да си најдеш богато момче, да ми те чува. Само што тогаш критериум бил и да биде учен, обавезно факултет, по можност доктор или инжинер па и од добра фамилија да е. Ама добро, во меѓувреме критериумите се поедноставиле па сега барем кеш колица, ако веќе не може целиот пакет. Само едно нешто да се разбереме, нема љутиш следен пат кога машко ќе каже дека преферира млада, слаба, згодна девојка со што помал број на партери
Муабетот е за студенти до 23 години. Или и ти мислиш дека е нормално да студираш медицина и по 5 месеци годишно да ја запалуваш за Америка?
Секој има свои потреби. Во Скопје кога доаѓам, колата само ми го отежнува животот. Живеам во Центар, работам од дома со ретка потреба да се движам поради работа, за сите други нешта од типот недајбоже има такси. Така да, да, колата е потреба за тој што му треба (а тоа да не е идење по сендвичи во единаесет вечер до преку улица), на тој што не му треба, не му е потреба. И вакви како мене знам многу. Амбасадорот на Холандија може да иде со велосипед, нооо на форумов на сите колата им е потреба Океј, нека е така, ама тоа не ги вклучува сите луѓе бидејќи ти или јас не ги ни знаеме сите луѓе. Повеќето тука и живеат под кирија, или родителите им обезбедиле стан под хипотека, со кредит, од нивата, сеедно, делумно поради годините, цените, околностите. Но ако очекувањата се мажот да имал стан, каде се тие очекувања од татко/мајка? Примарното наше семејство треба да ни обезбеди кров над глава, образование, па после тоа истото да се очекува од новото примарно семејство. Нереално е баш да сметам дека друг треба да ми обезбеди тоа што јас не сум кадарна да си обезбедам сама , а не ми обезбедил ни татко ми. Од способни родители деца баш немаат вакви очекувања, може и така да гледаме на работите.
Зошто материализам ако барам на 30 години да има кола па не му барам вила покрај море. Абе за минималец да сум работела па до 30 ке зачувам за кола. Не ми е нормално на тие години да нема кола што е основна потреба.