Ич да не ме жалиш. Мене ми е супер, тебе добро ли ти е? Оди прошетај до кајгана, може ќе те потапша некој.
Некои коментари немаат допир со реалноста. Кола на 25 години? Северна сме, не сме ОК или САД. Многу млади се поболни од претходните генерации. И да работат од 18 или 20 и некоја, не можат сите да купат коли кога имаат побитни трошоци. И тие кои се здрави, пак не можат сами да купат. Мора нивни блиски или пријатели да додадат пари. А, каде е личниот избор? Мажот не се чувствува способен да вози и не сака да вози. Подобро да седи мирен отколку да направи белја во сообраќајот. Тоа не го прави безвреден за љубов. Истово важи и за жената. Но, зошто тој да има возачка и кола, а таа да нема? Или барај го истото што го имаш, или не го барај тоа што го немаш и ти. Треба рамноправност, не едностран труд. Чук-чук малце. Пуштајте вести. Овие времиња се скапи, а богами и кризични. Снемува горива. Башка загаденоста е уште еден проблем. Многу влади низ светов бараат чаре за алтернативни превози и намалување на колите на улиците (дури и наши имаат анализирано како да се растеретат барем главниот град и уште 2-3). Треба да се гледа напред, не назад.
Муабетот беше за мажи, значи возрасни луѓе, а не студенти али у корист на извртување на дискусијата одредени членки вовлекоа студентарија. Исто како што ти правиш со медицина. Пошто си се фатил за медицина, значи по тебе само медицинарите немаат време и можност да работат паралелно, останативе од други факултети можат ? Што правиме со луѓето на тие години кои не студираат а пак немаат скршен денар ?
Јас како што си имав свој стан и своја кола така и си сакав самостоен партнер а не некој што на 30 уште живее со неговите и чека мајка му да му пере гаќи. Си заработував сама и повеќе од доволно ништо не ми фалело никогаш и не планирам да спуштам стандарди поради некој не способен. Мене не ми треба некој партнер што на 30 години уште е под кровот на татко му и чека мајка му да му спржи јајца да му мие садови.
Џабе збориш, ова во нивниот светкаво розев и размазен живот се непостоечки термини. Економска криза who? Немање горива who? Здравствени проблеми кои во овој и соседните медицински системи до последна пара ќе те изцеди who? Не го знам, не е битен, не постои во мојот меур, испаѓа работава.
Па и јас не ја користам често низ град колата, одам пешки скоро секаде. Најмногу ко ќе одам дома кај моите. Бидејќи можам кога сакам, и да носам колку сакам ствари со мене, а не да станувам рано пошто ако не го фатам тој еден автобус наутро треба да чекам до којзнае кога. Не знам можеби до годините е, но само си размислувам кога би оформила семејство многу е олеснително да имаш кола. Освен ако не ти е сѐ в комшии и на walking distance (што не им е на сите), кола ти треба да однесиш дете во градинка, на доктор, во школо, и сл. па и на фамилијарен одмор. Така да, тука многу менува. Па и јас истово го мислам. Не треба да чекаме некој друг да ни обезбеди живеалиште освен примарното семејство. Со партнер сметам дека треба да имаме заедничко живеалиште во кое двајцата ќе вложуваме. Нереално е сѐ да чекаш на некој друг, и тоа ни е економијата. Но она што јас го нудам, го очекувам и од другиот, и тоа не сметам дека е премногу.
Па муабетот почна од одење на дејтови со кола, а во просек најмногу дејтаме и почнуваме да градиме живот во 20ти. Не зборуваме за барање љубов на 50+.
Муабетот беше за до 25. Ако некој студира на приватен факултет како членката погоре, се разбира дека има време за Америка. А имаат и тие што се на факултети каде што генерално се учи теорија, без потреба од практична работа како што е на медицина или архитектонски.
Што правиме со луѓето на тие години кои не студираат а пак немаат скршен денар ? пс кога јас се вклучив во дискусијата, се збореше за возраст 30+
Толку се навлече на мене, што идеш и ми ги бараш мислењата после некоја страна да ми реплицираш. Тажно е. Го одржувам домот за сите, како што и тој би заработувал за сите.
Кој рече да чекаш или да менуваш стандарди, никаде не спомнав нешто такво? Ти имаш, добар дел од жениве со стандарди немаат вода во очи, а не па кола, или стан, но ете сметаат дека се супериорни или дека тие не мора да одговараат на истите тие стандарди. А имање кола/стан на 20, на 30 или на 40 години не е исто. Ако на 20 години имаш стан, ти го купиле твоите, не познавам човек што на 20 години има 120 илјади евра за стан, во денешно време и со денешните цени. Ако на 20 години немаш кола, исто не мислам дека е страшно, за до факултет, за искачање, може и со автобус, и со такси, и со моторче, имаш значително помалку обврски, немаш деца за развозување натаму наваму. Муабетот почна од некој дечко што немал кола (значи има дваесетина години) и девојка му не го сакала ради тоа, тука за стнадарди да зборуваме е смешно. Штом нема дечко ми дваесгодишен кола, ќе го возам со мојата, ќе делиме такси нели? А ако и јас на дваесет години немам кола, зашто би се бунела што истата таа кола ја нема некој друг. Нема логика.
Постојат милион и други причини зошто некој нема скршен денар а не е на факултет. Мене само ме чуди од каде ви е ригидноста во способноста да сфатите дека животот воопшто не е црно бел, како што гледам повеќето луѓе го мислат дека е.
Се сложувам, затоа и реков, тебе ти е потреба и не гледам проблем во тоа. Јас искрено само би била во минус за регистрација, технички, одржување и слично, со тие пари ќе прошетам некаде. Сосема јасно разграничувам потреба и нешто што се мисли дека ти треба како десната рака. Ако толку ми треба и не можам без неа да живеам, па ќе си ја купам.