1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од ЖЕНСКА страна за сите машки

Дискусија во 'Сингл' започната од kuchka, 30 ноември 2010.

  1. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.346
    Допаѓања:
    40.129
    Пол:
    Женски
    Па никој не рече да ги утепаме. Следствено на тоа, не може никој да ме прави спонзоруша ако не сакам да бидам со некој кој нема скршен денар.
     
    На Adidas888, Amellie13 и Medea. им се допаѓа ова.
  2. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    5.141
    Пол:
    Машки
    Се согласувам со тебе дека не е исто на 20,30, 40 год...
    Ама дечкото што го спомнуваш не е одбиен поради кола што нема туку поради карактерот, лаже, секој втор збор му е лага, прво немаше кола, после имал ама не отишол со неа, после не сакал девојка да вози во кола затоа што бил циција и на крај испадне дека на поправка му била ама му се срушило егото кога прашала таа дали тој има кола.. И нема ништо лошо во тоа прашање, не го одбила поради колата..
     
    На Abel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Crnecot

    Crnecot Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2026
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    75
    Никој не те прави спонзоруша, луѓе ти се ставаат зошто во секој пост што е склонет кон материјалноста нема грам емпатија и разбирање за некој што не располага со вашите стандарди. Тоа е проблемот.
     
  4. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.590
    Допаѓања:
    10.338
    Пол:
    Женски
    Времињата за сите се скапи. Тие изговори Македонија била, не поминуваат. Да почнам да редам за што се ни одат пари, данок до данок, кола да имаш е искрено многу поголем луксуз него во Македонија. Сега за еден обичен сервис платив 1400 евра. Па сега ти види, дали било ефтино да се вози кола. Колку е сервис во МК?

    Немој да мислиш дека на младите во МК им е потешко до кола да стигнат од тие што живеат во поразвиени земји.

    Точно дека владите превземаат за загадувањето во градовите. Значи тука младите не можат кола со ауспух што пушта црно да возат. Минимум е еуро 5. Значи понова кола.

    Ако бараш причини зошто да не купиш кола, секогаш ќе најдеш. За мене е најголемата слобода што може да ја имаш.
     
    На Medea. му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    666
    Допаѓања:
    1.707
    Пол:
    Женски
    Ако им се разболе детето ќе го носат на доктор со точак
     
    На ArabellaStarfall му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    9.714
    Пол:
    Женски
    Ама Лимонко, како јас да знам каква е реалната ситуација, може не се разбрале, може он се навредил од нешто што таа му кажала, може сешто да било, не сум им светела. Муабетот тргна south повеќе поради двојните аршини и ние стварно не сме искочени од клето турско читајќи вака рандом коментари. Јас би играла така, океј, немаш кола ќе те возам јас, чао. Волку енергија да се троши за една кола е многу загрижувачки :D:D
     
    На Angie1432, Mumoftwo30 и Crnecot им се допаѓа ова.
  7. Crnecot

    Crnecot Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2026
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    75
    Смеј се, но место да се залагаме да имаме подостапен здравствен транспорт со амбулантски возила, кои се опремени да располагаат со апаратура која може во истиот момент на некого да му стабилизира и спаси живот, ти ставај се со тоа дека ќе стигнеш побрзо со кола во град кој е пренатрупан како Скопје. Што е посмешно, со точак може побрзо ќе стигнеш место да чекаш на автопат...
     
  8. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    5.141
    Пол:
    Машки
    Самиот така кажува пред тоа имаше девојка која ја манијачел секој ден нови броеви купувал за да и ѕвони, откако го пријавила се исплашил, доволно кажува дека е проблемот во карактерот..
     
    На Panda00, Abel и Medea. им се допаѓа ова.
  9. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.346
    Допаѓања:
    40.129
    Пол:
    Женски
    Постои една причина - тоа е болест односно неработо способност, а изговори милион. Реков што реков за болни луѓе, дека државата малце е што дава, треба 10 пати повеќе надоместок и ред други бенефиции и ослободувања.

    Не ме учи за животот ти се молам, имам испливано од сиромаштија како дете од самохран родител, без да се курвам и без илегала и имам постигнато на мои 30 год многу повеќе него што е некој си стандард за мои години. И нема да дозволам никој да ме влече назад, прифаќам да одам само напред.
     
    На Polyincognito, Amellie13, Medea. и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    9.714
    Пол:
    Женски
    Не си спонзоруша ако не сакаш да бидеш со некој што нема скршен денар. Спонзоруша си ако не сакаш да бидеш со некој што нема скршен денар, а тој скршен денар го немаш ниту ти. Спонзоруша си ако сакаш да бидеш со некој само затоа што има многу денари, а ти немаш ниту еден, ниту скршен, и уште се фалиш со тоа. Искрено, тоа се спонзорушките сценарија што ми текнаа :D:D
     
    На Mumoftwo30, Angie1432, Munchmallow20 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Crnecot

    Crnecot Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2026
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    75
    Еве го тоа немање на емпатија за кое зборев, ниту па разбирање. Ништо не ми потврдува друго ова освен дека навистина си преригидна со начинот на размислување и согледување на работи надвор од црно бел светоглед. Немам што друго да кажам, се од тебе гласно и јасно си збори.

    Ја не те учам на живот каков е, ја само ти викам пробај да бидеш малку пофина и поразбирлива кон луѓе што ја немале истата среќа како тебе? Малку разочарувачки е што од ваква позадина доаѓаш, и ова не е навреда во никаков смисол, а си заборавила да емпатизираш со луѓе во исти ситуации без среќата ти што си ја имала и сега активно плукаш по истите.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    19.156
    Не бидете ленчуги. Заработувајте добро, за високите критериуми (кога е материјалното у прашање) да ви бидат оправдани, без разлика на полот. Сѐ друго ми е спонзорушење.
     
    На Raven22, Mumoftwo30, Abel и 2 други им се допаѓа ова.
  13. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.590
    Допаѓања:
    10.338
    Пол:
    Женски
    Ако ти се разболе детето скоро никогаш не е ургентна ситуација па да треба да чекам амбулантно возило. Никаде, во ниту една земја не ти доаѓа за температура. Туку со дете, без кола, не дека не е возможно, но е ужасно потешко без кола. Ќе сакаш да отидеш некаде подалеку, не му се оди, сака во раце, што ќе правиш, цел пат во раце ќе го носиш? Треба да одите на роденден од една страна до друга страна, ќе пешачите? Можеби со поголемо дете, со мало? Баш би сакала да видам мало дете што ќе може толку да пешачи.
     
    На Amellie13 и Medea. им се допаѓа ова.
  14. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    666
    Допаѓања:
    1.707
    Пол:
    Женски
    Може они чекаат до последно додека треба да дојде у случај да се вика брза помош..
     
    На ArabellaStarfall му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.441
    Допаѓања:
    33.200
    Пол:
    Женски
    И што ти менува ова тебе во животот, тоа шо некоја е спонзоруша :D
     
    На ArabellaStarfall, franca и Medea. им се допаѓа ова.
  16. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    666
    Допаѓања:
    1.707
    Пол:
    Женски
    Еве јас не работам веќе само одам на пилатес и по дома готвам чистам и шетам со другарките.. Дали тоа ме прави спонзоруша?:D
     
    На franca му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.441
    Допаѓања:
    33.200
    Пол:
    Женски
    Изглеа да :D
    Ама шо ги погодува тоа толку, не ми е јасно :D
     
    На franca и Medea. им се допаѓа ова.
  18. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    666
    Допаѓања:
    1.707
    Пол:
    Женски
    И јас тоа не разбирам :)
     
    На franca и Adidas888 им се допаѓа ова.
  19. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    9.714
    Пол:
    Женски
    Мене не ми менува, тебе ти менува?
     
  20. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.441
    Допаѓања:
    33.200
    Пол:
    Женски
    Уопште, затоа и не ми е гајле некоја дали е или не е. Ама тебе очигледно те фаќа срце поради тоа.
     
    На franca и Medea. им се допаѓа ова.