1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од ЖЕНСКА страна за сите машки

Дискусија во 'Сингл' започната од kuchka, 30 ноември 2010.

  1. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Им се допаѓа возбудата, вниманието, страста. Сакаат да бидат поседувани. Таквата врска никогаш не е монотона зашто постојано нешто се дешава, а на некои девојки тоа им се допаѓа :) На крај како ќе завршат е сосема трета работа...
    јас лично бев во таква врска и сега и со живот да ме уцениш не би се вратила. Искуство плус, секако не добро, ама човек од грешките учи :) Не се фрустрирај однапред, има многу добри девојчиња кои чекаат на дечко како тебе. Не можеш да ги класифицираш сите девојки како такви, зашто за возврат некој и тебе би те сместил во погрешна кошница :)

    не се замарај, што е твое ќе си дојде
     
    На jonnyo и LivingGlam им се допаѓа ова.
  2. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Нема врска со мазохизам во крв, има врска со растења во дисфункционални семејства, трауми во детството, нерепрезентативен пример на татко, кој понатаму го бараат во секој маж во животот.
    Можам само да ти кажам - среќа твоја што таквите те одбегнуваат :lol:

    И не, не треба да се понашаш како ѓубре, првенствено заради тебе, пошто сите други ти се пролазни во животот. Таа што ќе те цени таков добар и поштен - таа вреди да е до тебе ;)
    Се` друго препушти им на дисфункционалните мажи, само таквите со такви си пасуваат..
     
    На jonnyo му/ѝ се допаѓа ова.
  3. jonnyo

    jonnyo Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    15
    Не генерализирам, далеку од тоа. Интересно ми беше кои се шансите два пати по ред тоа да ми се случи. Па и да ти кажам право, не се ни замарам. Како што реков, не бев нешто премногу зацапан. Не ми е баш сеедно, ама тоа чувство веќе почнува да проаѓа, и за неколку дена ќе исчезне скроз.


    Да, баш среќа моја. Камо уште поголема среќа целосно да ме одбегнуваат. :D
    Тоа со ѓубрињата беше само така нафрлено. Нормално дека нема така да се однесувам, не ми е во крвта. Не ни сакам. Дури некоја не заслужи, нема тоа да го правам.
    Само имам заприметено и по другари, и општо во животот, дека женските генерално сакаат некоја потурбулентна врска. Уште ги држи тоа чувство дури биле тинејџерки, по мотори и веспи ко трчале. Можеби па само јас на такви сум налетувал. Само касно сум го сфатил тоа :)
     
  4. invisible666

    invisible666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    0
    Сакам да ги слушнам вашите мислења,посебно од женска страна.Поранешната девојка после една и пол година од нашето раскинување ме побара да се видиме на кафе,бидејќи се немавме видено од раскинувањето.Јас прифатив,беше чудно,но помина,и од тогаш поминаа 2 месеци а таа се изгуби не се ни јави,ни пиша.Па ме интересира што беше целта што сакаше да се видиме?Таа ништо значајно не ми кажа,ни дека сака да се смириме,само разговаравме општи теми.
     
  5. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    ^^^ Можеби се двоумела во врска со тебе,
    па сакала да види дали нешто си се променил,
    нешто што нејзе и пречело,
    можеби размислувала за вашата врска,
    не била сигурна дали сака да се смирите,
    и штом сега ја нема
    можеби се уверила дека направила добар избор да не биде со тебе... :|
    Само можеме да си нагаѓаме :D
     
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Можеби сакала да направи некого љубоморен, да му покаже дека кога сака може да се смири со бившиот, можеби сакала да ја види некој или да знае некој дека сте биле излезени, можеби чисто онака сакала да те види....
     
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека сакала да бидете во пријателски однос или можеби повторно да бидете заедно, го направила првиот чекор па оттука чекала ти да ја побараш.
    И’ се јави ли ти после тоа?
    Ако не, веројатно мислела дека ти не си ја прифатил подадената рака.
     
  8. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    80
    хахахаххаха.. нема правила за заведување, јас мислам дека во прашање е шармот и харизмата.. јас искрено најмногу паѓам на погледи и убава насмевка.. а ако се погоди уште тоа момче да има добар смисол за хумор, да ме расположи самото негово присуство, да знае да искаже со зборови искрено она што го чуствува, паднав во стапицата.. треба да го погодиш вистинското време и место да кажеш нешто.. тоа не е нешто што ќе го научиш како дефиниција, и истото ќе им го кажуваш на сите девојки? не дај боже да се најдат заедно две твои бивши девојки... има смеење да падне...

    затоа.. само напред ГЛАВАТА ГОРЕ, САМОДОВЕРБАТА Е НАЈВАЖНА, кога ја имаш неа, зрачиш одвнатре... :) ;)
     
  9. SEKSI.BARBI

    SEKSI.BARBI Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    43
    krakor напиша:
    Совет од искусни девојки, кои на убав начин биле заведени од некое машко..
    Излегува во Диско згодно машко, значи добро облечен,дотеран и се што треба. Како ви се додворуваат, Како оди запознавањето, почетните зборови на машкото и слично.samo opusteno prijdi i ostavi razgovorot sam da si odi tema po tema zaso ako planiras pred vreme moze samo da se izglupiras :P
     
  10. jonnyo

    jonnyo Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    15
    Пак јас.
    Од нигде никаде, по година и нешто откако се скаравме, една од бившите ми пиша. Првата во која сум се заљубил, одевме 10 месеци, неславно заврши.
    Според неа, сакала да ми пише од пред некое време, ама демек заборавила. 2 дена пред да ми пиши ни беше годишнина, тогаш се „фативме“ :D. Праевме шо праевме муабет, помина тоа. Денес родеден ми е, и гледам порака на фб, цел реферат, во кој на неколку пати се навраќа на работи кои сме ги доживеале дури бевме заедно. И ги потенцира.
    Не дека имам некои чувства, или дека нешто се надевам. 1000 километри сум далеку, и имам намера да останам.
    Ме интересира само шо би можело да ја поттикне да ми пиши 2 пати во 3 дена, на начин на каков што ми пиша, а пред тоа цела година ни глас ни трага.

    Фала, чао, пријатно :)
     
  11. woow

    woow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    88
    Јас би рекла дека можеби се кае што неславно сте завршиле, дека сака пак нешто со тебе, па сега ја користи ситуацијата на вашата годишнина и твојот роденден да стапи пак во контакт со тебе. Можеби си мисли на таков начин дека ке допре до тебе и ќе ти оживее некои спомени па ќе ја обновите врската. Ако сакала само пријателство со тебе, сигурно немало да се навраќа на стари спомени, така да, се обидува пак да ти се доближи.
     
  12. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Девојката после долго време сватила дека имала убава врска со тебе и дека после толку време неможела да најде некој таков или можеби сличен на тебе, па сега со сеќавањата и спомените од минатото гледа да те подлаже да се вратиш пак кај нејзе, женска логика. Можеби и има некои чувства спрема тебе, но мое мислење е да не и даваш големо значење и да ја игнорираш. Па како што и сам кажа не си планорал да се смируваш.
     
  13. jonnyo

    jonnyo Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    15
    Фала за одговорите. :)
     
  14. Balzzak

    Balzzak Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    Знам дека е малку глупо бидејќи имам 16 год. а барам совет од вас....
    проблемот е во тоа што не можам да освојам некое убаво девојче ....па сакав да прашам за совет некој од вас....што е потребдното да освоиш некое девојче во живо.... ? :worried:
     
  15. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Убавината е релевантна работа.Потруди се да ги исполнува твоите критериуми за убава девојка.Не постои прирачник за освојување вакви или такви девојки .Mалце по храбро од твоја страна ...
     
  16. Balzzak

    Balzzak Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    dobro toa go svakjam ama prasanjeto mi e ......што е потребдното да освоиш некое девојче во живо?
     
  17. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661

    Зошто прашуваш во живо? Мислиш ли дека има некој друг начин на освојување,на вистинско освојување освен во живо? Што не прави овој facebook - от ...

    Јас имам 20 години. Назад четири години,кога имав 16,веќе бев во двегодишна врска. Тогаш паднав на неговото џентлменство. Али тој имаше 20 години.

    Девојките на 16 години паѓаат на лошо фраери, на убави фризури, на мотори, многу е лесно да ги смоташ пијани ...

    Биди љубезен, но не трчи по газ на никоја.
    Биди фин, но знај точно што сакаш и зошто го сакаш тоа.
    Биди директен, но дискретен. Ако сепак успееш да ја смоташ некоја ( како што велиш ти убава ), немора ама баш сите другари да знаат како таа се лапа или дали си ја фатил за цицка и такви ствари. Приватноста е одлична работа. И таа ќе те цени повеќе ако не разбере пола саат после вашето гледање како ти на сите си раскажал за неа.
    Спортувај нешто. Девојките обожаваат спортисти. Посебно оние кои од мали нозе се со некој спорт, бидејќи знаат дека не го прават тоа само заради шема или за да потрошат некоја калорија,туку го прават од љубов ..
    Напорен,нападен,досаден - тоа нека не ти биде на листата. Се што е умерено,е одлично.
    Ако веќе биде нешто, побарај и го бројот. Немора одма да и се јавуваш, но чинот на тоа да и го побараш бројот, значи и тоа многу. Ако веќе не планираш да и се јавуваш,не сакаш да ја видиш пак,немој.


    Доста ти се за почеток. ;)
     
  18. Balzzak

    Balzzak Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    ok mysterious , фала ти за советите....имам уште неколку прашања се разбира ако не ти е проблем да ми ги одговориш .....како прво, не те сватив што сакаш да кажеш со ова "но знај точно што сакаш и зошто го сакаш тоа. "....како второ што треба д апобедам во ссебе ,да не се срамам и укопавам пред таквите девојчиња , затоа што кога се наоѓам пред убави девојшинја цел се збунувам ... и звучам как онекој кретен....и како трето, на пр. седиме јас и она еден до друг, така случајно во друштво и јас сакам да се запознаам со неа..сакав да те прасам како постара..како е најдобро , најубаво да започнам разговор со неа ... ? те молам потруди се да ми ги одговориш што е можно подборо прашањата.... фала ти :)
     
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Биди свој, постави си самоконтрола и научи како да ги контролираш емоциите и постапките. Пред да кажеш нешто преиспитај се во себе. Однесувај се културно и без многу фори. Едноставно речи и: „ Не сме се запознале јас сум тој и тој„ и таа нормално ќе ти одговори. Започни со едноставни секојдневни прашања, дали спортува нешто, бидејќи има убава градба (99% од девојките паѓаат на реченицава :lol: ), кај учи, кој клас е, каде излегува и разговорот ќе почне сам да си се развива, и она ќе праша нешто. Биди фин, љубезен, внеси малку смисла на хумор, но нека бидат тоа твои реченици, а не ископирани од некого. Само биди свој. По текот на разговорот ќе оцениш колку е таа заинтересирана, па кажи и дека убаво сте си разговарале и дека сакаш да ја видиш пак, побарај и го бројот. Наредниот ден или после ден два, јави и се и покани ја да излезете. Можеш и да и пишеш порака за добра ноќ, добро утро, убав ден... одкако ќе и го побараш бројот :)
    Само остави впечаток на воспитан и културен дечко со манири, биди свој и умеј да кажеш некоја шега на своја сметка и да се нашалиш со неа ;)
     
  20. Balzzak

    Balzzak Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    ок тогаш , фала ти многу ...некој друг пр. да ми дадеш дека знам дека ги има многу начини на запознавање во друштво...те прашувам затоа што стварно не сакам да изгледам како некој кретен пред неа и пред сите тие другари што се со мене...