Не, воопшто, фактот дека од сите коментар се фати за мојот би рекла дека сепак те жига, па осеќаш потреба да возвратиш. Јас ја разуверив членката само, да не се осети дека е спонзоруша.
Не те прави спонзоруша, те прави издржувано лице, тоа е прецизниот правен статус. Инаку секој може да биде што сака во животот, Lovestounedd се изјасни дека не сака да ја етикетираат бидејќи работи, учи и све сама си купила и фер е да се разјасни дека не е спонзоруша.
Браво, седи 5. Уште само да не си од тие шо пљамкаат кога ќе почастат пијачка, тогаш ќе бидеш материјал за кој жените коси си кубат.
Добро де, мажот кога ќе се разболи нека се ебава по автобуси оти принцезите неќеле да возат. Многу се лупате у гради за џентлменство, за совршената слика каде мажот е со кола и стан, све дур вие сте тие што треба да помогнете. Е тогаш е нисам одавде, нека се снаоѓа сам, кој му е крив што не дошол у пакет со личен шофер.
Ако си сиромав, ќе бидеш сиромав секаде. Нема тоа никаква врска со тоа каде живееш. Платата е помала, ама ти не плаќаш толкави даноци и осигурувања за колата. Не плаќаш толку скап сервис. Цената за поправка не е иста како што би ми наплатиле во Македонија. Киријата е изгор, човек со минимална плата, не може да си ја дозволи, како и во МК. Со просечна плата, зависи дали сакаш во соба или нормален стан да живееш. Никаде не се живее комфорно ако немаш пари. Овие што можат да си купат кола на 25 години, а мама и тато не им ја купиле, како си ја дозволиле? Јас потекнувам од просечно семејство, ниту сиромашно, ниту богато, ама успеав да заштедам солидна сума. А сите свои трошоци јас си ги подмирував. Да живееш кај твоите, да не плаќаш сметки, па уште и факултет ти плаќале, да немаш ни за кола, би рекла дека не знаеш да раководиш со парите. Таков не ми треба. Тоа многу кажува и каков ќе биде понатака. Троши на глупости, а нема за основно превозно средство.
Многу, МНОГУ го преценуваш бројот на луѓе што на таа возраст сами си купиле кола. Еве како некој што е таа возраст и повеќе има контакт и допирни точки со такви млади луѓе.
Па нека ме прави јас не дека ништо не правам дома чистење и готвење не е работа? Работев пет години како мед сестра и многу ми беше стресно мм ме молеше да дадам отказ не сакав но еден ден одлучив дека не сакам повеќе да работам мм ми рече дека од негова страна се ќе ми биде удоволено и ништо нема да ми фали и така се договоривме да не работам. Не гледам ништо лошо во тоа буквално не сум осетила никогаш да ми фалат пари или слично.