Кога економијата ќе си дозволи да трошиш пари на објективен луксуз како кола, а не да ти се троши платата сам прво да се издржуваш да си овозможиш вистински објективни неопходности, а не па фамилија? Ало Хјустон, се слушаме?
Јас првата кола сам што ја купив беше на 18 год, беше тико малку така повеќе скршено ама со пари што ги зароботив сам преку лето.. Кога го поправив го продадов купив друга.. На 21-22 собрав пари и купив уште една кола.. Колите сам сум си ги купувал.. И познавам и јас многу што на моја возраст така работејќи на лето си купиле кола..
Ах тие пусти Африканци и Азијци кои се мрзи и не работат доволно да си обезбедат бејсик услов како кола! Мрзи!
Платата во маркет ти е 600 евра. Да речеме живееш со твоите. Не плаќаш кирија. Заштедуваш по 300 евра месечно. Десет месеци, колку пари ќе имаш и како тоа не можеш да купиш кола со тие пари? Ама не, испод час е да се работи таква работа, ама не е срамота да не имаш заработено за кола.
Исто како твоево лично искуство, секој што ја го знам, и тоа доста, не гледаат кола да земат колку што гледаат сметки и други потреби да покријат, и на крај скоро ништо не им останува. Секоја чест за тебе Лимонко, ама пак тоа не негира што кажав дека е вистина.
Да, ќе купам колата и уште ќе живеам со моите и ќе ми паламудите после ти и слични "па живееше со твоите, зошто прво не се исели пред да купуваш кола? Како тоа не заштеди прво за кирија/кредит пред кола?"
Кои други потреби? На 20 години не си во можност да живееш сам тоа секако сите живееме со нашите, и да даваш за сметки не ги даваш сам, а прво нешто што можеш да купиш за себе е кола..
Медеа, твоите/вашите договори се ваши и воопшто не искоментирав околу тоа зошто или како. Ама ако не работиш, а си работела како медицинска сестра (а живееш во Македонија можеби), имаш свој стан, своја кола, мене искрено ме интересира од кај ти пари, просто неверојатно звучи овој менаџмент на буџет? Од плата како медицинска сестра да ти поверувам тешко, ти го купиле твоите? Нема никаков проблем, супер што можеле да си дозволат. Ама ако правиме сериозен муабет за стандарди и очекувања, од себе, од партнерот, од врската, тогаш некако математиката на повеќето тука е само во теорија. Ако јас не сум успеала да заработам, од кои причини сметам дека некој друг кој не заработил е неспособен, кога ние сте на исто рамниште уствари. Ако барам некој со пари за да не се види дека јас ги немам, тогаш тоа стварно не е имање стандарди. Со туѓи пари јас прва најубаво се правам важна. Да не почнувам муабети што со таква динамика треба да се обезбедат и деца, ама ај веројатно си млада и немаш деца/или немаш големи деца.
Лимонко, ако ти на 20 не живееш сам, не значи други не живеат сами. Колку од друштвото што ми е се дојденици во Скопје, со факултет што си дојдоа тука и си останаа, и мислиш на нив ќе им е битно со колата да си го прчат статусот, или ќирија да си покрие, да обезбеди храна и облека?
Па тогаш прават и почнале од нешто ако сами си плаќаат.. Значи се финансиски не зависни и за брзо ќе купат и кола.. Само ретко некој што студира сам да плаќа кирија...
Економска криза е од кога знам за себе. Луѓето живеат и се снаоѓаат. Ќе чекаме кризата да пројде? Тогаш со среќа прва кола во наредниот живот.