Јас не пишав дека треба да се срамиш или дека тоа ти ја одредува вредноста, само размислувам дека сега да морам да земам кредит за станот кој што го имам (кој сега чини 420.000 илјади ненормални евра), не би имала толкава плата. Така да едно е да ти купат родителите, друго е да си купиш сама, или уште покомплицирано, да им купиш на децата, па уште ако се повеќе од две, математиката е многу покомплексна. Не гледам кај пишав такво нешто.
Сиромаштијата е избор освен ако некој нема здраствени проблеми. Како што сум можела јас и викенди и празници и две работи да работам така може и друг да се снајде не сум јас нешто по различна од другите. Додека за нова година се собирале да слават јас сум одела ноќна смена. Така да со тој жртва мајдсет можат само да кукаат и да живеат мизерно.
Јас реков уште на почетокот не може сите исто да имаме.. Дури само одењето на факултет ако сакаш да се посветиш на тоа, ама навистина да му се посветен е вложување во себе.. И не може да се исти стандардите за 20, 30, 40 години, различни приоритети имаат, или исти за некој на 20 што работи и некој што студира.. Ама да чекаш од небо нешто да ти падне, тоа веќе не чини и мислам не треба да се охрабруваат тие дека е се во ред со нив.. Секој си има свои критериуми и е легитимни нека си бара секој она што му одговара.
Не велам дека е добар начин на живот. Но, е страшно добар почеток. Тебе, мене ме чекаат пресно искочени од факултет илјадници евра да ни дадат. Особено со фамилија, деца да имаш, а да се лупаш во гради толку ми е платата, ама нема да се срамам и друго да работам, таквиот не го ни гледам. Притоа како што кажуваш, да немаш ни за основно превозно средство.
Многу ми е јако како нема вакви осуди за "пожртвуваните" мајки кои раѓаат деца дур уште се под покрив на свекрвата. Пошто тогаш све ти е простено. И да немам за себе, барем дете нема да ставам у иста ситуација.
Се погоди темава само успешни луѓе да зборуваат, има ли заинтересирани да почнеме бизнис да даваме заеми на мажи 25-30 години да си ја купат својата прва кола? Ем мажите со коли, ем жените ќе има кој да ги вози, ем ние ќе заработиме
Не. Крај на тема, во ниту еден нормален свет ова не е добар почеток. Експлоатација е било како да ја сечеш тортава.
Џаболебари се и жените што седат дома и не мрднуваат со прст, а ние им плаќаме здравство? Така? Или не важи тоа? Во живот нема да си дозволам да чекам од маж да ми дава пари за нешто, да ме вози со кола, да ми купи стан, или што ти знам. Јас сама сум способна, немам што да чекам од друг нешто да ми обезбеди или овозможи. Супериорни жени нели сте? Или само на изглед тоа важи?
Абе ај не ме заебавај. Од војната, не можеле делови да најдат. Струјата поскапела. Мене па бесплатна да не ми е. Секој секаде има трошоци. Пак ќе кажам, да работиш во маркет, да живееш со твоите, реално и ќе ти остануваат доста пари. Да не зборам за тоа колку се покачени платите во индустриска зона. Ај плис не почнувај со виолините.
ХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХА. Ништо освен мултимилијардерски непотизам не е платен "праведно", и самиот можеш да си погледнеш.
Јас сум тука да се зафркавам со луѓе што се нервираат кога ќе прочитаат нешто на интернет Ти ако се пронајде во нешто што сум кажал, одмори денес малку од интернет, убав е денот, прошетај
Неколку години си работела и си се преморила, idk колку е тоа успевање повеќе од доволно ама ти си знаеш. Од друга страна мажот ти треба да работи дупло повеќе за да живеете пристојно и да не се пожали, yeah right.