и ако можеш кажи ми заборавив да те прашам ...како можам да научам да се контролирам ...затоа што стварно ми претставува голем проблем тоа при комуникација со девојче
Хмм баш и неможеш , од време на време ќе испуштиш нешто што ќе биде тотално надвор од темата, али тука спасот е како тоа да го искористиш ... сега зависи од моментот и местото каде што збориш , разгледај околу тебе и види што можеш да искористиш како тема на разговор , дотолку дојде до горенаведеното глеј со шала или пак со насмевка или слично Еве како јас првпат кога бев у твоја ситуација , додуше и сега сум мање-више у тоа али благодарение на Мистери се опоравив , јас првпат кога ги имав тие проблеми си замислив дека сум во американско шоу ... знаеш оние кај што цело време нешто им се дешава и се срамат па од страна публика се смее и така и веруваш или не ми помогна многу тоа , не велам ти истото да го сториш туку да смислиш нешто во тој стил , да влезеш у некој филм или серија каде што би ја изгубил на момент срамната фаца и ќе бидеш расположен ... но сеа не е само тоа проблем , прво за облеката немој да носиш бело , кога ќе збориш ќе има моменти кога ќе се потиш од возбуда или слично и ќе се види сето тоа , носи нешто што не се гледа под мишка .... друго што приметив , глеј да она повеќе го контролира темпото на разговор , значи ти имаш работа освен здраво и убаво е времето да слушаш и од тука всушност ги вадиш прашањата и можеш да комуницираш многу полесно .... плус сега лето , диско , хитови , филмови ехеее имаш тука за комуникација ..... Ова ти е како темпото и храброста да ја направиш а како да се контролираш , тоа никако неможеш ....т.е можеби ако пробаш прво со другарките да правиш муабет , ако можеш со нив можеш и со нејзе нели И немој многу да се водиш спрема советите тука што ти ги поставија , повеќето зборат едно а гледаат друго ....послушај ги сите но умерено немој баш до даска И ако случајно мислиш дека лошо ти иде , присети се дека има и полошо
hahaha ...фала ти yipman ...треба ли уште нешто повеќе да знам за запознавањето во друштво...еве вчера што ми се деси...има едно место каде одам со другарите они играат кошарка а јас ги гледам....до мене седна едно убаво девојче...јас почнав да се потам...незнаев а сакав да и почнам разговор....почнав да се потамм, во меѓувреме гледав како играат кошарка...но и мислв како да започнам со разговор т.е. да се запознаам со неа...но се премотав во глава што сум читал за девојките...но никако не ми доаѓаше идеа како да започнам разговор..сега ке можеш да ми кажеш нешто повеше во вакви ситуации
Ехее колку има да знаеш за запознавањето во друштва, само јас можам толку да ти кажам и 1-2 работи плус , искрено ни јас не сум толку искусен и секој ден дознавам нови работи .... А тоа со кошарката, можеш да започнеш со Здраво , јас од мали години тренирам кошарка сакаш да играме , ќе ти напраам толку банани има комотно пиљара да отвориш , не ова е ретардирано да го кажеш ама .... вака пробај Прво анализирај , дали е девојка на некој од играчите, може дошла да го гледа ... ако е тоа онда супер , значи немаш цел да и го освоиш срцето и можеш да ја прашуваш се и сешто и да се вежбаш Ако не е тогаш со здраво и сеа тука доаѓа тешкото прашање како да влезеш во воведот а да не изгледаш како ретарда од Конопиште. Разговорот го започнуваш со прашање , прашање во врска со Кошарка , во врска со времето , во врска со колку е саат и после се надоврзуваш ако е некое зборливо девојче можеш лесно да продолжиш....и сега тука предупредување а тоа да ти одговара со ДА , НЕ , НЕ ДА НЕ НЕ ДА НЕ ДА НЕ МОЖЕБИ , тогаш само фала и чао неможеш тука да ништо да направиш , мора двете страни да се желни за комуникација а можеш и филмски малце , да се насмешиш , да ја погледнеш , пак да се насмешиш ....ќе те праша што се смешиш ... ќе и кажеш убаво девојче тамо дали сака на кафе да иде , чај , леден чај .... дали сака да биде мајка на твоите деца ..(шала не го кажувај ова) и така ...
фала ти уште еднаш за се...ако има некој друг да се надоврзе на овие прашанја ...со задоволство ќе прифатам се и сешто...колку повеќе знам толку е подобро...
Кажа дека проблемот ти се дешава само со убави девојчиња. Знаеш што мислам дека ти е проблем - убавите девојки ги сметаш за нешто многу, како да не ти се достојни, како да се кочиш самиот и да си велиш јас нема неа никогаш да ја смотам. Немој. Јас имав еден што мене ме сметаше така,па ми го заврте умот за 360. Тие се само девојки. Не ги гледај како мис на не знам што. Не мисли леле колку е убава додека разговараш со некои такви, едноставно разговарај. Ние жените знаеме кога некој разговара со нас и уствари ништо не не слуша туку само ни зјапа во уста и си мисли којзнае како се лапа оваа или такви ствари, тоа неможете да го сокриете од нас. Барем не сеуште. Не рамислувај на тоа,сконцентрирај се на разговорот и се ќе биде добро. Ако уште ти е проблем, пробај друга тактика. Почни да разговараш со не толку симпатични девојки. Јас го правам ова чат пат, муабет или глупости со некој другар кој ми е другар,но не е толку симпатичен, чисто колку да не заборавам да праам муабет со мажи. Така ќе се опуштиш со тек на време и ќе ти биде исто како и со овие убавите.
mysterious , фала ти за советите. Да те прашам што ако не сум лошо фраер, што ако немам мотор и што ако не носам фризура како што девојките сакаат...има ли друг начин да ги освојам.....затоа што све од ова што кажа не сум јас ....ако има нте молам сакам да ми кажеш.... .... и ако не ти е тешко одговори ми ги следниве прашања ....се разбира ако не ти е проблем да ми ги одговориш .....како прво, не те сватив што сакаш да кажеш со ова "но знај точно што сакаш и зошто го сакаш тоа. "....како второ што треба да победам во себе .....и како трето, на пр. седиме јас и она еден до друг, така случајно во друштво и јас сакам да се запознаам со неа..сакав да те прасам како постара..како е најдобро , најубаво да започнам разговор со неа ... ? затоа што мене во друштво многу ми е незгодно да се запознавам со некое девојче затоа што знам каков кретен можам да испаднам....... фала ти...
Балзак ама мора да разбереш дека неможеме ние да ти го диктираме што да кажеш и како да го кажеш и све може ние да ти кажеме редослед како на пример Здраво Прашање 1 Прашање 2 итн итн... И ти отидеш таму и седнеш до девојче некое и почнеш шаблонот што ти го збориме и оп , она не ги почитува прашање 1 и 2 туку иде на прашање 5 и тогаш што праиме ... Треба да го победиш тоа "Ако отидам ќе се усерам" и најдобро разговор се започнува со Здраво
Ashton Kutcher во филмот Spread рече „ there's only one pick-up line. Everything else is cheese„ а тоа е „Здраво. Како се викаш?“ и јас се согласувам со ова потполно. Кога некој што не го познавам ми пристапува тогаш единствено што можи да кажи и да изгледа супер е баш тоа. Понатаму како ќе течи разговорот не можи да ти кажи никој овде. Зависи од ситуацијата, од местото каде се наоѓаш итн. За да бидиш опуштен кога разговараш со било која девојка ти препорачувам прво да разговараш со тие девојки што ти се поблиски другарки, познанички, а не ти се допаѓаат. Тоа ти доаѓа како вежба, а потоа кога ќе влезиш во колосек нема да ти биди толку тешко и со останатите девојки.
Машко сум од Прилеп, 21 година. Верувале или не сеуште не сум го имал првиот бакнеж. И не само тоа, никогаш не сум излегол на само со девојка која не ми е блиска другарка. Нема да навлегувам во причините зошто, туку само ќе кажам дека во основно и дел од средно немав асално друштво поради тоа што према интересите не се вклопував многу со луѓето од мојата околина, па затоа и не излегував многу. Значи проблемот не е дека сум премногу срамежлив, грд или глуп. Последните 2 и пол месеци се допишувам со едно девојче кое стварно ми се допаѓа и не сакам да ја пропуштам оваа шанса (како и многу други претходно) поради истите глупави причини. Муабетот ни оди одлично и мислам дека насетувам некаква заинтересираност кај неа. Не ми е проблем да излеземе, да прошетаме, да помуабетиме и сето тоа, проблемот ми е тоа што не можам да го направам првиот чекор кога се работи за бакнување, поради тоа никогаш не сум иницирал средба со некоја која ми се допаѓа затоа што знам дека колку пати и да излеземе јас ништо конкретно нема да направам. Сигурно звучи глупаво ама не можам да се осмелам да направам нешто прв затоа што никогаш досега не сум бакнал девојче, не знам како се прави тоа и се плашам дека ќе излезе лошо и ќе испаднам како идиот (не дека и вака не сум). Освен тоа, ова девојче премногу ми се допаѓа и сакам да излезе се како што треба, знам дека не може да излезе совршено затоа што ми е прв пат и сигурно ќе бидам многу лош во тоа, и затоа сум многу нервозен. Исто така можно е во тој момент да имам преголема трема и да се блокирам, затоа што знам дека лесно се возбудувам и дека ми се тресат рацете само ко ќе ја видам, а не пак да пробам да ја бакнам, се плашам дека ќе се посрамотам. Исто така се прашувам дали некоја може да препознае дека ти е прв пат? СИТЕ совети и мислења (па и негативни) се добредојдени. Фала ви на вниманието.
Нема за што да се плашиш. Ќе ја следиш неа кога ќе се бакнувате и тоа е тоа, нема некоја голема филозофија. Ти иницирај го бакнежот со збор, значи натерај ја таа да те бакне ако не можеш ти прв. Ако и се допаѓаш ќе го направи тоа. Само храбро ти викни ја да излезете и немој да се плашиш и да паничиш. Среќно
Не никакоооо. Првиот состанок и бакнеж може да биде совршен. Ам ако имаш преголема трема може да се сети дека ти е првпат.. Хм зна4и тебе ти треба некоја како мене отка4ена за да го направи првиот 4екор нема за што да се мислиш самото кога треба се слу4уваааа.. На сите првиот пат ни беше како тебе сега ама ти па многу си бил срамежлив.. Ако сакаш некое 4упе да те сака НИКАКО немој да бидеш срамежлив или барем не покажувај.. еве ли4но јас многу ја мразам таа особина ии воопшто не сум срамежлива.. Сите некогаш сме биле тоа е нормално.. Ама ако нишо друго барем пробај да сокриеш ии да СО СРЕЌА се надевам дека ти помогнав..
Ме интересира нешто , зашто некој девојќи го кријат Relationship status? ..... Многу често среќавам девојки кој се во врска али го сокриле тоа или пак тие што се сингл па пак го сокриле итн итн .... ама кажете ми ја вистинската причина во ЛП него тука некој лажги, ветувам нема да издавам или пак осудувам.... И стварно ми треба што побрзо искрен одговор , фала однапред
И јас сум сериозно заинтересиран за овој феномен. Будно ќе ја следам дискусијата. Најверојатно затоа што сакаат да бидат малку кварни девојки и да флертуваат и заведуваат и да предизвикаат заинтересираност кај другите машки, инаку во старт би ја убиле желбата на машките кога ќе прочитаат дека се во врска. Само мое мислење... верувам има повеќе од тоа... па да чуеме од останатите. Јас како за промена ќе кажам фала одпозади.
Јас лично никогаш не сум го криела (сега не ни имам ФБ), ама кога БИ го криела тоа би значело дека или се срамам од типот со кој сум во врска, или неформална ми е врската, или не се гледам во далечна иднина со него, па сметам дека нема потреба целата интернет јавност да знае по кој редослед ги менувам дечковците Во секој случај, се` што е тајно - не е добро, барем според мене.