Флертувањето нема врска со криењето на статусот. Ако некоја сака да флертува ќе го прави тоа без разлика на статусот, а тука се служиш со она - Врската ми е ужасна, не оди меѓу нас ама уште не сме расчистиле итн итн. А и на повеќето момци не им пречи што ти имаш дечко. Ако веќе почнеш да зборуваш со него секој ден, јасно е дека и тебе ти годи муабетот. Е сега зошто се крие статусот. Јас го скрив затоа што и тој немаше ставено дека е во врска. Не му бил битен ФБ па сите да знаеле за нас, доволни сме си ние. Јас имав слики од нас, тој немаше. И така мене ми пукна филмот и си го тргнав статусот. Баш сега со еден момак правев муабет зошто нема ставено статус и ми одговори: Кога ќе видите дека некој е во врска одма гледате поинаку на него. Не дозволувате ни пријателски муабет. Вика не мора да значи дека јас со сите флертувам, него некогаш е убаво да се разменат збор два и со некој непознат. (Тие непознати се секси мачиња ама ај). Значи и ние некогаш се прашуваме зошто вие криете статус.
^ Значи сакаш да кажеш дека женските си го кријат статусот затоа што им пукнува филмот од некоја рандом случка? Зашо освен тоа, тука одговор на прашањето не видов.
Па најчесто помалите девојчиња што се во 'врска' си го кријат статусот ! Инаку Моира е потполно во право, најчесто е така, но и на крај краишта сигурно не сакаме љубов на Facebook
Мене фејсбук ми е толку плитка и небитна ствар што не гледам причина зошто да го споделувам својот љубовен живот на истиот. Значи, лично за себе зборувам, на фб имам само познаници и пријатели, што значи отпаѓа муабет за флертување и запознавање типци. Тие што треба да знаат дека имам љубов, си знаат, останатите нема потреба да им ја хранам љубопитноста со статуси од типот, сега сме, па не сме, па компликејтед е, па пак сме се смириле. Мојот љубовен живот е моја приватна работа, а фејзбукот му доаѓа како уште еден пар комшиски очи. Иначе тој дел од профилот ми е скриен, така да и да сум и да не сум, не се гледа. Оние девојки кои тоа го прават со некаква умисла, неможам да ги образложам, ниту разберам. Барем мене лично не ми е средство за ќарување момци и наоѓање љубов. Ако Тој изјави дека има потреба (која не би ми била јасна) на фејзбук да се декларираме како пар, нема да ми биде проблем...но сеуште ќе ми биде глупост.
Јас ФБто си го чувам само ради групиве за факултет. Да не се они, одамна ќе ми беше избришан. И да, веќе година и нешто имам дечко, па немам ставено статус, а ниту пак имав ставено порано и кога си бев слободна. Не ми игра мене тоа никаква улога, а и како што реков, никој не мора да знае јас со кој одам и што правам. А инаку, за овие што кријат статус, тоа ми е глупаво. Зошто се ставаш во врска, ако не сакаш да го видат тоа луѓето? Глупости. Мислам дека тоа е ради моментална нервоза од дечкото, или пак за флерт со други, што знам, и мене женскиов памет не ми е многу јасен некогаш.
Момци ве молам бидете малку покултурни,почитувајте го понежниот пол, научете некои добри манири и трудете се да бидете добри и во кревет и надвор од него
А еден совет до сите ако е темата сосема друга ама коментарите се поврзани. Да го користите ФБ што е можно помалку посебно не за флертови и бркање дечковци/девојќи. После тоа не е ни чудно што се поставуваат прашања од типот „ на ФБ и тел е едно а во живо ќутлив/а и повлечен/а “. Се изгуби смислата и убавината на вистинскиот муабет во четири очи кога треба двајца да се запознаат подобро. И доста, да не ви реметам темата.
од машка страна: Како да ја повикам да излеземе? ИТНО. Епа вака... јас сум од еден град, она од друг, а моментално јас сум во Скопје, и таа е овде ... и на фб сме ногу блиски... едшка само се одминавме во нејзиниот град, таа беше со мајка и и толку., И таа ми пиша, ми кажа дека е во Скопје Сега вие како женски дајте некој предлог... како да ја повикам да излеземе.. за што да зборуваме..ова-она? Ве молам пишете, Благодарам
од машка страна: Како да ја повикам да излеземе? ИТНО. па јави и се ако имаш нејзин број и кажи и прашај ја ако е слободна да прошетате малку или дали има некои планови за вечер.. измисли нешто ама биди креативен и забавен, девојките го сакаат тоа. поздрав
од машка страна: Како да ја повикам да излеземе? ИТНО. Па ако мислиш дека е заинтересирана, прашај ја дали сака да излезете на кафе или ако смислиш некој поинтересен состанок, мада кафе мислам дека е доволно за почеток.Штом сте блиски на некој начин, сигурно и таа одвај чека да ја поканиш, така да нема што да ти е срам и незгодно.
од машка страна: Како да ја повикам да излеземе? ИТНО. Јас мислам да и пишеш симпатична оригинална порака во која и кажуваш дека сакаш да се видите.Верувам дека УМИРА од желба да и пишеш.Што чекаш?? А кога ќе се видите,темите сами ќе си доаѓаат,не се оптоварувај со тоа,само гледај да припазиш на вокабуларот кога си со неа и да се чувствува пријатно со тебе-убав муабет,биди умерен,насмеан,немој да се забарикадираш со оклоп туку биди опуштен,природен и ќе има и втор уште поубав состанок,верувам во тоа..
vaka edno prasanje, imase edna devojka i se dopagav i taa mene mi se dopagase, sakase da izleguvame, ama ne izlegovme dolgo vreme, i pisav posle da se vidime da izlezime ama ne mi vrajka nisto, dali da i se javuvam i da ja baram ili da ja ostavam i zaboravam?, a mi se dopaga mnogu, mozebi trebase pobrzo da ja pobaram, fala od napred za sovetite.
одма побарај ја,прашај ја дали и каде ке излегува,оди на нејзината маса,напрај и муабет,после почни да и се јавуваш но не секој ден,ако осетиш дека уште и се допагаш,покани ја на кафе за почеток или пак договорете се следниот пат да се најдете на излегување
Нејзиното однесување може да има две подзадини: 1.Лута е што си оставил да помине време знаејќи што чувствувате еден за друг и и треба време да се опушти и пак да ти верува. 2.Има некој друг па не враќа на пораката туку ја игнорира. Поверојатно ми е дека е првото,побарај ја,не и пишувај порака туку јави и се,биди упорен ако ти значи,ништо нема да изгубиш.Верувам дека сака малку да се потрудиш и затоа не ти враќа.
мислам дека треба да ја побараш, најверојатно сеуште сака да се видите..а ако несака барем ќе знаеш на што си, ако не ја прашаш никогаш нема да знаеш што би рекла..среќно
ве молам помогнете ми се работи за една деликатна ситуација,девојка ми сака да иде на теретана а мене ми смета знам дека она нисо нема да направ знам и верувама ама знам како реагираме ние маските кога ке видиме убава девојка и поцнуваме да напагјаме ..сетоа тоа ме излудува ...со да правам помогнете ми