Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од ЖЕНСКА страна за сите машки

Дискусија во 'Сингл' започната од kuchka, 30 ноември 2010.

  1. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    2.442
    ве молам помогнете ми

    Нека оди во некоја теретана каде што има само девојки. Така и таа ќе вежба и тебе нема да ти смета. :)
     
  2. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    ве молам помогнете ми

    Еве јас да ти помогнам - остави ја девојкати раат да си оди во теретана ;) .
    Во спротивно, ако продужиш да се замараш со вакви глупости, набрзо ќе имаш проблем и зошто девојка ти оди по леб во продавница - зошто и таму има шанси некој згоден типац да ја нападне!
    На крај епилогот ќе биде - или девојка ти ќе седи под кључ дома или ќе избега од тебе ,, главом без обзира ,, што би рекле Србите.
     
    На Hipica, leon-leon и sanjaeva им се допаѓа ова.
  3. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    ве молам помогнете ми

    Се надевам дека девојка ти никогаш нема да го прочита ова што го пишуваш.
    Обично не сум “пис“ на јазик, но ... ај пак ублажено... човече имаш проблем.
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. leon-leon

    leon-leon Активен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    ве молам помогнете ми

    hmmm znaci da ja ostavam slobodno da ide teretana i da ne se zamaram dali nekoj i se pusta ili sl taka? hahah bi mozele vie taka ?????
     
  5. JenniferLove

    JenniferLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    71
    ве молам помогнете ми

    Ако имаш доверба во девојката,ако си сигурен во неа, нема потреба да се замараш :)
     
  6. molikaMk

    molikaMk Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    2.578
    ве молам помогнете ми

    Се дури нејзе не и мрда газот лево десно, немаш гајле. А очигледно е дека проблемот е во тебе, па кој си ти за да и забранвиш кај ќе оди и што ќе прави аааа? ќе ти удри клоците и ајт чао. па на кррај краева не си единствен :!: |(
     
  7. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    4.992
    ве молам помогнете ми

    И не само што ќе ја оставиш ќе и вариш јајца за да качи мускулна маса. ;)
    Јасно е дека си ја сакаш девојка ти само за тебе, но ова е апсурдно смешно.

    И полека малку со таквите размислувања. :!:
     
  8. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Да сакаш некого значи да имаш безрезервна доверба во таа личност.
    Ако ти ја имаш, фактот дека на привлечна девојка и се пуштаат нон-стоп машки ќе биде ирелевантен.
    Но, очигледно патиш од параноја или нешто слично.
    Каква е таа љубов која ограничува, која забранува, која се сомнева?!
    Тоа не е љубов, тоа е опседнатост.
    Да се плашиш да излезе девојка ти од дома ја става под лупа твојата ниска самодоверба.
    Штом е со тебе значи дека си и важен.
    Не значи дека ќе тргне со секој кој ќе и се пушти.
    Освен, ако не е една од „оние“ девојки, се разбира, што не би требало да е случајов тука, бидејќи никој не се обидува да врзи таква девојка со сила од проста причина што не може.
    Вразуми се на време, да не ти ја пее девојка ти песнава наскоро. :)

    http://www.youtube.com/watch?v=Y02j_YTgzBs
     
    На Bianka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bianka

    Bianka Активен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    18
    Ептен ти е деликатна ситуацијата, мислам дека треба да свикаме совет овде на Фемина и да се гласа под итно! Ваквите мажи никогаш нема да ги разберам, но сепак да не испадне дека те напаѓам и да не бидам погрешно сватена, претпоставувам дека си на помала возраст, затоа како повозрасна те советувам да ја оставиш девојката да дише, живејте си ја љубовта и гордеј се со тоа што имаш убава девојка, а не да и браниш да оди на теретана!
     
  10. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Па глеј сеа

    Тука и немаш избор , ако на пример изреагираш и кажеш дека ти смета , ќе се изнервира и лошо ќе завршиш

    Ако и кажеш дека не и веруваш , а и нормално е , машко си и девојка ти иде во терената полна со машки кој пола изгледаат како Шварценегер , плус испотени и местото сексапилно цело , ќе ти се наљути демек со тој изговор како можеш да не ми веруваш ....

    Мој предлог , и тоа едиствен е да си пратиш некој другар што иде по теретани да иде тамо и да набљудува ...

    - Оти ако и спомнеш било што ќе ти се вади со тоа не ме сакаш , не ми веруваш ..... ако реагираш исто ти се фаќа и повеќе паѓа шанса да прифати некој од тие појаките мажјаци


    Или ќе пратиш некој мажјак (без она да знае кој е ) да набљудува , или ти ќе речеш "ај и јас да вежбам треба у форма да влезам , ќе идеме заедно " е ова второто ти е решен проблем ....


    И овдека сите што демек не ги разбирале мажите и демек ако ја сакаш ќе и веруваш да ве прашам
    Вашиот дечко да иде у терената полна со сексапилни , испотени убави и стегнати девојки вие ќе речете

    АКО МУ ВЕРУВАМ , СИГУРНО НЕМА НИШТО ДА НАПРАВИ ....

    Ќе ве замолам , господ ве гледа .....
     
  11. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Повеќе е работава тебе таа да не те пушта да одиш во теретана заради болдираното :D ..Ај уживкај си,не се замарај со небитни работи,не за друго треба да си поласкан.А ако некој некого изневерува,не би сигурно во теретана-знаеш како е,многу пот,миризби јаки.. :?: А на убава девојка секаде и се пуштаат,не само во теретана.Ако те сака,си верувате еден на друг,не гледам проблем таа да не оди во теретана.
     
  12. Bianka

    Bianka Активен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    18
    Се пронајдов во овој дел затоа што јас пишав дека ваквите мажи не ги разбирам и ќе ти одговорам на прашањето! ДА, јас би му верувала ако отиде во теретана полна со згодни девојки, ако прави муабет со некоја нема да ми смета воопшто, а ако сака да прави нешто со истата нека повели, не е само тој на овој свет! Убаво го советуваш да пушти другар во шпионажа, само нека те послуша, па девојчето ако случајно прозбори со некој потоа ќе си има проблеми! Нема ништо лошо ако луѓето комуницираат и се дружат, незнам кој дел од човекови права не е сватен!
     
  13. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Јас мислам дека би љубоморела , макар и блага љубомора и би се прашувала што се случува тамо , али ајде неможам да докажам , нити пак да убедувам , па нека си остане вака ;) .....


    А што се случува јас му кажав или другар или самиот да си каже дека сака да иде и он , ова второто и е најдобро решение ...
     
  14. JenniferLove

    JenniferLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    71
    Само нека изрази желба да оди :D немам ништо против, тој на работа цело време е опкружен со девојки и што да правам јас, да се мислам дали ќе ме изневери? Партнерот/партнерката дали сакаш или не сакаш секогаш ќе биде опкружен/а со лица од др пол, на улица, училиште, во автобус, в диско... И ако немаш доволно доверба кај и да оди ќе се сомневаш што прави. Се зависи како ја изградиле врската до сега, ако немаат доверба еден во друг нормално ќе се сомневаат на постапките на партнерот.
     
    На Bianka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bianka

    Bianka Активен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    18
    Тоа е твое мислење и како што пиша и самиот нема потреба да се докажуваме тука, сепак секој си има различен карактер и работите ги доживува низ различна призма! Сепак сметам дека ќе згреши ако отиде и тој со неа на теретана, можеби тоа е времето кое таа сака да го помине одвоено од него, со своите другарки, разубавувајки се за себе , а и за него богами! Но нека проба може ќе му се посреќи, сепак незнаеме каков тип на врска имаат!
     
    На lindalove му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lindalove

    lindalove Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    25
    Љубовта не вреди ни ронка, ако се нема доверба. ;) Што подоцна кога ќе се ожените и кога вашата сопруга ќе иде на работа и ќе има машки колеги? Ќе изнајмувате приватен детектив? Мора да научиме како да им вервуваме на луѓето. Не зборувам за слепа доверба, но колку повеќе му забранауваш на девојка, толку повеќе има шанси да те излаже :)
     
    На Hipica, Hopeful, obi4ana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Gosling

    Gosling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Машки
    Се надевам дека ке имаш среќа да не се запише во таа кај што одам јас :lol: шала ;)

    Што и да правиш само немој да одиш заедно со неа, често гледам такви типови во теретана и стварно ми се бедни :!:
     
    На sweet25, Hopeful, marama и 2 други им се допаѓа ова.
  18. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски

    :o Како може да ти смета да оди во теретана не ми е јасно , па за тебе сака згодна да биде , и како тоа напаѓаат машките точно дека има и непристојни момци ке ги погледне еднаш два пати намќоречки и готово ке се откажат :D ке има ситуации кога ке треба да биде опкружена со мажи и што ке и кажеш аа не несмеееш ако девојка ти сака да направи нешто ке го направи било каде најмалку во теретана , а ако те сака и и веруваш ова е апсурдно нешто за кое би бил љубоморен :)
     
  19. leon-leon

    leon-leon Активен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    сите имате право да али луге дај не зезајте зарем ви се нема десено да бидете лјубоморни и да мислите несо да се се дешава??? али зарем не мозе девојка ако и казес дека ти смета да иде теретана зарем не мозе да прифати и да не иде барем све додека не се среди врската и да се стекне доверба за да и биде дозволено и тоа...
     
  20. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Дечко, немој да покажуваш толку љубомора или пак да ти падне напамет да и велиш дека несмее да оди... 100% ќе си ја зафркнеш врската и ќе ја изгубиш. Разбирам дека ти смета и 300 филмови ти се вртат во глава за тоа што би можело таму да се случи и кој се би можела да запознае и сл. но мора да се контролираш ако сакаш да ја зачуваш врската...
    Мене лично љубоморни личности највеќе ме нервираат и не би можела никако да поднесам љубомора од дечко...