1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од ЖЕНСКА страна за сите машки

Дискусија во 'Сингл' започната од kuchka, 30 ноември 2010.

  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Нема човек кој не бил љубоморен ама се во граници ,никогаш не сум си дала за право на дечко ми да му кажувам кај смее а кај не смее да оди посебно во теретена , а што е девојка ти малоумна па да и ти дозволуваш да оди боже сачувај , и што ке се деси во теретана , испотена без шминка си гледа да издржи вежбањето не да флертува ццццц не ти е лична сопственост девојка ти ке ја изгубиш ако продолжиш вака ....
     
  2. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Девојки ми треба едно мислење од вас.....вака со едно чупенце се запознавме една вечер, се додадовме на фб ама јас пошто сум премногу срамежлив по природа имаме сосема малку зборнато, па така она почна да ме боцка ама нон стоп јас боцни таа боцни јас-таа е сега малку ме буни тоа дали ме свијѓа или само имаме poke war на Фб :D што да правам давајте совет молим вас :lol: ????
     
  3. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    А што си имате пишувано на фб? Секогаш пишувај и прв,ние женските многу мрзиме први да пишуваме :lol:
     
  4. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Едно девојче сигурно нема да се одлучи на толку голем чекор како што е да те poke-не прва ако не е озбилна.Тоа за нас е голема работа и сигурно дека нема да го направиме тоа, ако не ни се свиѓа некој.Убаво ти кажала форумџикава над мене, одма да си и пишал, немој неа да ја чекаш 8)
     
  5. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Па и пишав јас еве гледам ја видела пораката а не ми вратила и така порано ќе и пишев и понекогаш враќа а понекогаш не, а ме боцка редовно чим значи ја видела пораката и не ми вратила тоа автоматски кај вас знаци дека не е заинтересирана туку сака само да си правиме онака една poke игрица на Фб или пак има нешто друго ?

    не си имаме многу пишано онака основни работи кај си што правиш, и тоа беше можеби да не претерам пред едно добри 6-7 месеци од тогаш нон стоп ме боцка а кога ќе и пишам не враќа.......проклетство навистина девојки све тешки за разбирање :?:
     
  6. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Секако дека сме тешки зошто вие машките сте уште потешки за разбирање.Тоа што не ти одговорила не значи одма дека не сака ништо, може едноставно ја видела пораката, а немала време во моментот да одговори.Мене многу често ми се случува тоа, значи, само почекај малку, ќе одговори.Кажа дека некои основни работи сте си пишале, епа кога ќе правите муабет, односно, кога ќе ти се чини добар момент, покани ја на кафе, на кино, на пица...Од разговори за тоа што сте правеле денес и какво е времето надвор, нема ништо да добиете :lol:
     
  7. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    ОК благодарам многу за советите :rofl: :rofl: :*
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Ако немате никаков муабет, останува само да се poke-нувате.
     
  9. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Си имавме муабет порано но сега гледам не враќа а poke-нува изгледа не сака ништо друго освен да си имаме една poke војна на Фб за да ни биди позабавно :lol:
     
  10. filipsk

    filipsk Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Незнам колку ќе ми помогнете со совети сепак добредојдени се сите и се надевам дека ќе ми помогнат инаку се работи за тоа што немам среќа едноставно на љубовен план. Веќе сум четврта година средно а до сега не сум имал ниту девојка ниту пак кратка авантура тн мување што мислам дека е крајно разочарувачко и пред се тоа се должи поради мојата срамежливост односно немање на самодоверба најверојатно.Незнам на што се должи таа срамежливост сепак некако не ми оди, финансиски сум добро ситуиран може да се каже надпросечно за наш стандард, имам автомобил во училиште сум исто така одличен. Е сега не сум некој што сака да се експонира премногу значи скромен сум не трошам пари на скапа брендирана облека и не испаѓам во кафичи-дискотеки а кругот на пријатели ми е скромен.

    Проблемот е ко што реков што немам самодоверба а на што се должи појма немам, спортувам веќе 3 години имам добро тело карактерно сум исто така добар бар ја така мислам сепак таа срамежливост премногу ме кочи, до сега барем едно 10 девојчиња сум приметил како ми испраќаат погледи-насмевки но никогаш прв не сум пристапил а знаеме дека огромен дел од девојките кај нас чекаат машкото да го направи првиот чекор што е и до некаде нормално. Еднаш додуше и добив понуда за мување но карактерно девојката не ми се допаѓаше додуше и малце физички па ја одбив. не сум некој што е колекционер на девојки, мувања и тоа да ми биде гордост туку сум скромен и едноставно сакам само да имам девојка.

    на сите ама баш на сите полиња ми оди одлично а на ова е ептен разочарувачки, значи накратко како да ја разбијам оваа срамежливост како да пристапам на девојка, дали лично директно да се обидам или преку фејсбук, за што би правел муабет на прв состанок едноставно премногу ми е страв и се плашам дека ќе се блокирам во тој момент инаку немам проблем да зборувам со др за било што. но некако многу време ми треба да знам некого за да можам да се опуштам пред некого и најнормално комуницирам.

    секој совет е добредојден :tmi:
     
  11. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Пробај прво иако кругот на пријатели ти бил скромен, излези со нив, па нека викнат и тие други другари и другарки, па ќе се развијат разни теми на разговор, а ти пробај вклучи се и види со која од нив ако ти се допадне ти оди муабетот.Оттаму ќе им речеп на оној кој ја познава пак да излезете заедно и ете ти наредна прилика за нешто повеќе, ако веќе и таа реагира позитивно на тебе. Ако сето од горе наведеното е вистина, биди горд на себе и само храбро. Кога веќе еднаш ќе се скрши првиот мраз е многу полесно. Секој и колку искуство да има, со секое наредно ново познанство е ново и различно искуство. Така да стискај заби, шпицни се, стави дибар парфем, зрачи со самодоверба и смело во поход. Нема што да изгубиш, а можеш само да добиеш.
     
    На filipsk и CIA им се допаѓа ова.
  12. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    371
    А бе Филип, Филип....
    Ај чекор по чекор...
    Да најверојатно е така, но во дадениот момент не можеш тука многу да направиш. Стскај заби и смело напред
    Не се грижи, ќе станеш ;)
    Ок ај да ти објаснам неколку работи за муабетот со жени:
    1. Жените обожаваат да прават муабет. За нив добар муабет е оној во кој тие се изнамуабетиле :)
    2. Жените сакаат да ги слушаш дури муабетат. Значи најдобро е да го почнеш муабетот, откриеш која и е омилена тема на муабет, и поставиш неколку прашања на таа тема (избегнувај прашања кои почнуваат со „Дали“, тогаш ќе ти одговараат само со „да“ и „не“ и нема да врви муабетот) слушај ги внимателно одговорите и поставувај им подпрашања во врска со тоа што го муабетат.
    Еве пример - ти си матурант така? Се среќаваш со врсничка да претпоставиме и ја прашуваш:
    Кое школо си?
    Тоа - и - тоа школо...Ти?
    Јас сум тоа- и тоа. Трета, четврта година..?
    Четврта
    И јас исто...Хмм још мало па нестало а... Што планираш за после..факулет мислам...
    Па не знам...Може тој и тој факулет..
    Да? Тој факултет...што ти текна така...?
    Итн итн....бла бла бла
    Гледај муабетот да биде лесен и избегнувај некои ептен тешки теми за почеток. Немој да бидеш напорен или досаден..И најбитно, не се плаши. Верувај ми, жените знаат дека сакаш да правиш муабет со нив и во 90% од случаите знаат и што ќе речеш. Исто така, ако некоја не ти прави муабет не значи автоматски дека ти не чиниш - може и таа да е срамежлива и да не знае како да прави муабет, може едноставно пикирала некој друг и сега само и сметаш во видикот (значи многу често нема никаква врска со тебе). Како и да е, нека не те обесхрабруваат „корпите“ - а ќе добиваш „корпи“, биди сигурен - се се учи па и муабетењето со жени :)

    Биди ми поздравен и happy hunting! :lol:
     
    На filipsk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Truthful.Lies

    Truthful.Lies Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    20


    Го пишувам ова поради тоа што читајќи ги претходните одговори на твојот проблем ми изгледаа доста очигледни и излитени, па дури навредливи. Се чудам на целта на навивањето од типот: „биди самоуверен“, „стисни заби“, „само храбро“ и.т.н. Па искрено, тоа и не ми изгледа на некој совет. А да не го споменувам неверојатно креативниот муабет што може да се „научи“.
    Верувам дека половина од редовните даватели на совети на форумов кога ќе се најдат во ситуација да пријдат некому се 'lost in space and time'.
    Како и да е, оваа реплика не се однесува на тоа како да го скршиш мразот или на клише реченици кои секогаш „успеваат“ кај девојките.
    Филип, ти самиот си свесен дека срамежливоста и немањето самодоверба те спречуваат да им пристапиш на девојките. И оттука дека клучот е самодовербата. Точно, девојките сакаат кога момците го прават првиот чекор. Но, верувам дека добар дел од девојките заземаат негативен став кога самодовербата станува неумерена и се сведува на обична претенциозност. Исто така, не заборавај дека постојат девојки кои немаат никаков проблем тие први да пријдат. А каде се тие и зошто не приоѓаат, туку ти се смешкаат и очекуваат ти прв да ги поздравиш?
    Дали си помислил дека немаат доволно храброст да ти пријдат и почнат разговор со тебе, бидејќи можеби им делуваш премногу супериорно?
    Сметам дека она што те кочи е тоа што можеби премногу размислуваш, анализираш и правиш стратегии пред да го направиш првиот чекор. Колку повеќе го правиш тоа, толку подалеку си од целта. Опушти се, биди свој, биди срамежлив - тоа не е лошо (на некои девојки може да им биде симпатично). Најбитно од се' е да не се форсираш себе си, бидејќи самодовербата не доаѓа туку-така, туку со тек на време. Се гради, но полека.
    Не дозволувај да те сменат другите, не дозволувај да станеш дел од „стадото“. Остани онаков каков што си се' додека си задоволен сам со себе.
     
    На glosipgirl и filipsk им се допаѓа ова.
  14. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.679
    Допаѓања:
    174.606
    Пол:
    Женски


    Ги читам претходните коментари и се сложувам со сите, дури сите се исти само различно кажани. Јас па вака ќе ти кажам... не се карактеризирај себе си, као срамежлив и без самодоверба, ние често знаеме да си увртиме мисли во главата и истите да ги преувеличиме иако не е така, (и да ни служат како изговор зошто сме во ситуацијата во која што сме, а уствари можело да биде различна ама самите сме си ја наметнале), а и да е така, почни од тоа што ќе го смениш начинот на размишљање, автосугестијата е исто многу битна, не заборавај да си повторуваш себе си дека без разлика на тоа каков си..шансите поминуваат а ти треба да ги користиш паметно (секако оние шанси шо не би сакал да ги прокоцкаш); помалку мисли, поише делувај, ти можеш, ти си млад, целиот свет е во твоите раце, не се преценувај, но никако не се ни потценувај себе си, пробај да делуваш во афект, така полесно ќе ти биде да се опуштиш 2-от пат.. и понатака веќе ќе биде лесно :)
     
    На filipsk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. filipsk

    filipsk Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Прво фала на сите што ми одговоривте и се потрудивте да ми помогнете. Па да почнеме со ред

    Прво одма отпаѓа варијантата преку пријатели и другари зошто никој од нив не ја познава плус дружиме се како што треба но љубовните работи секогаш си ги бркаме индивидуално без помагање така да некако глупо ми е сега да барам они да „асистираат“ а и како што реков никој не ја знае лично или нејзина пријателка па да може да ми помогнат некако. Инаку ве прочитав сите и не верувам дека никоја прва не ми пристапила зошто можеби им делувам премногу супериорно зошто како што реков не сум некој ептен убав а не сум ни грд туку средина плус скромен сум не сум фалбаџија па да привлекувам со други работи [финансиски, материјални] зошто никогаш не ми била целта да привлечам некоја со тоа.. туку сакам да привлечам некоја карактерно нормално па ако ме свиѓа и она ќе “го користи“ и она материјалното заслужено а не стрикно поради тоа да трча по мене.
    Размислував доста и каде и да е ќе се пуштам во акција само како што реков помала е од мене 2-3 години па ме интересира која варијанта мислите дека е подобра. Дали да одам преку фејсбук и да и пишам таму или пак да се обидам директно лично, на првава варијанта е попозитивно што послободен би бил и што веројатно полесно се дознава имаш шанси или немаш кај неа секако ќе видиш кога ќе ја повикаш на кафе итн. А кај вторава да ја сретнам и да и пристапам директно па да и побарам број за некогаш да се договориме на кафе за подобро да се запознаеме, како што реков помала е 2-3 години па незнам која варијанта за неа сметате дека е поприфатлива ?

    Не ми изгледа ко да ќе и биде срам и тоа да се случи лично бидејки ми изгледа мн поопуштена за разлика од мене на пример при случајни средби без проблем ми праќа насмевки а мене некако тешко ми оди тоа, при разминување без проблем си се врти пак да ме види (ја фатив на дело :D) така да верувам ќе прифати бар запознавање а потоа е полесно, пишете што мислите која варијанта е подобра па тргнувам во акција деновиве и така немам што да изгубам ќе мора некогаш и тоа доста се замарав размислував што/како кога додека не пробаш неможеш да знаеш како ќе биде.
     
  16. Truthful.Lies

    Truthful.Lies Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    20

    Да појаснам прво дека не мислев супериорност од физички или материјален аспект, туку интелектуален. Барем така се претставуваш. Како и да е, повторно правам претпоставки врз основа на многу малку информации.
    Е сега, што се однесува на тоа каков да биде пристапот, според мене, секогаш е подобро да биде лично.
    Еве зошто:
    (Можеби е полесно преку фејсбук да договориш средба, да се запознаеш или пак да видиш дали е заинтересирана, но тоа не е некој добар показател и.т.н.)
    Како што кажа, се среќавате и си праќате погледи и ако ја поканиш на кафе преку фејсбук ќе делува како да немаш храброст тоа да го направиш лично, и верувај, некои девојки гледаат на тоа како негативна работа. Што значи, ќе те почитува повеќе ако директно и пријдеш.
    На фејсбук не можеш да ја видиш нејзината реакција. Така што, ако сака да си поигра со тебе може да ти пише што сака и со денови, недели.. да те манипулира. И со тоа, уште толку ќе си ја искомплицираш ситуацијата и ќе западнеш во поголеми дилеми.
    И спротивно на ова, ако муабетот оди на фејсбук, може таа да си помисли дека не си сериозен.

    Инаку, да напонемам само дека немам ништо против договорањето средба на интернет, ако не постои друга постои друга опција за запознавање.
     
    На filipsk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. filipsk

    filipsk Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Е сега е појасно но сепак интелектуалната супериорност неможеш да ја процениш доколку немаш никаков контакт со личноста, а со оние што кои сум имал контакт не ме привлекувале до сега иако имало случаеви како што веќе еднаш напоменав прва да тргне во акција но не ме привлекува и не сакам воопшто ништо со неа. Благодарам уште еднаш тоа е тоа што ме интересираше.
     
  18. Truthful.Lies

    Truthful.Lies Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    20
    Да,секако дека не можеш без никаков контакт да процениш го нивото на интелигенција кај личноста. Но, си помислив дека можеби се распрашала за тебе, зашто велиш дека и таа делува заинтересирано.
    Нема проблем, би ми било драго доколку помогнав некако.
     
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.679
    Допаѓања:
    174.606
    Пол:
    Женски


    Значи остаи го физичкиот изглед на страна, тоа е ствар на вкус, а за вкусови не се дискутира зашто водат од крајност до крајност. (крај краева ти не можеш да знаеш како таа те глеа за да кажеш дека не би ти пришла прва, а таа сигурно не те глеа со истите очи као шо се глеаш ти самиот) а коа веќе крадеш погледи...треба тоа да е јасно до негде :)
    И не му придавај толку значење на упознавањето и на начинот на кој ќе се деси тоа, зошто е многу побитен муабетот, уствари коа ќе видиш од него зависи целата фрка. Тој или ќе ве приближи или ќе ве оддалечи... Ти само остани решен да се упознаеш и напраи го истото, а тек после ќе видиш дали вреди да се бориш за тоа девојче :)
     
  20. Anomski

    Anomski Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    До девојките: Како да ве задржиме?

    Пример имате дечко и убаво ви е со него, се е совршено, поминувате да речеме неколку месеци заедно. Искрено одговорете ми каков треба да биде дечкото за таа врска да опстане, дали ако цело време ве опсипува со внимание ќе ви стане досаден и ќе станете ладна кон него? Дали функционира тактиката ние одвреме навреме да бидиме ладни кон вас, на момент да се оддалечиме за да останете заинтересирани за нас? Прашањето ми е: Како да ве задржиме?