filipsk Е колку е лесно денес да ќариш девојка,фб,мсн се на тацна сервирано само едно like и завршена работа да ме звучам како тетка во мое време писменца си пишувавме телефонски јавувања само гласот да го слушнеш смешно во споредба со ова денес, ама дај да не давам како беше во наше време ,бидејки веке си пријател на фб како за пример да посветиш некоја песна се разбира претходно опипај терен кои се нејзини интереси за музика,филм,книги пушти си песни една по друга во моменти кога и она е уклучена и потоа почни разговор како си добро расположен си слушаш убави песни . Ова е и повеке од доволно за прв чекор а доколку девојката има навистина симпатии кон тебе веднаш ке ја свати пораката . Поздрав и срекно
Во право си. Многу луѓе денес не го знаат ова. Баш у друга тема вчера зборев за ова. Многу девојчиња имаат некоја фантазија дека порано се било како на филм и дека денес се дојдени тешки времиња. Демек денес било тешко да најдеш некого, а порано било мед и млеко Отсекогаш било тешко и никогаш запознавањата на изгледале како во филм или романтични новели.
Со тешка болка али мора да побарам совет , важна работа е ова Мислев да отворам нова тема ама еве тука ке пишеме , добро девојче е оффспринг да не го мачиме да брише и заклучува -Вака е проблемот После 4 месеца невербално и преку разни магии и чуда ,некако ... незнам ни јас како успеав да ја повикам симпатијата на First date ок е тоа убаво , местото е тапа највероватно сра*е ама не е тоа проблемот е искуство немам , минатите 4 год ги поминав на лударење не на врски и затоа тешко е сеа .. али еве ке ве замолам поискусните девојки и жени да ми помогнат Кога ке дојдам , т.е сретнам со девојката ке седнеме ова она нарачување и ете да речеме ке седиме 1 саат ја имам муабет да и правам за 27 минути , но другите немам затоа барам од вас да ми кажете што све теми би било убаво да ги истакнам , да посочам , какви грешки да не правам (вака за почетник) , кој предизвици и трикови ке ми прави или нешто во тој смисол бидејки ако бидне работа на прв состанок другите нема проблем , после 10 год заедно ако бидеме нема да ги памти 2-11706 состаноци али ке го памти тој прв а сакам да го направам совршен и ке ве замолам без " опушти се " нема опуштање , this is serious business Благодарам на сите што ке одвојат време и ке ми помогнат на мојот малце глуп проблем али ете што да правиме .....
Јипман, како ги пресмета точно тие 27 минути? Како и да е, за што се прави обично муабет? Па ако го прескокнам она класично запознавање, обично се прави муабет за работи кои ги владееш, кои те интересираат, ја интересираат итн. Не знам колку ја познаваш девојкава но би било сосема нормално да се интересираш за неа, што прави, со што се занимава, едноставно се што те интересира да ја прашаш но внимавај да не бидеш инспектор. Со усул. Избегни ги прашањата од типот - татко ти што работи, а мајка ти? А брат ти? Итн. Има време за тоа Потоа почни со нешто што тебе те интересира - ако се погодите со интересите и знаењата, бинго. Ќе имате не 27 - туку 207 минути за разговор. Клише е знам, ама ако си стегнат тоа девојката ќе го примети веднаш и не само тоа туку целиот состанок ќе биде вкочанет. Така да колку и да не сакаш да го чуеш тоа - „опуштено“ е навистина клучот за добар состанок. Освен тоа секако можеби и побитни елементи се да си културен, фин, и едноставно - да си ти. Биди природен. Биди џентлмен, мислам дека нема девојка која не паѓа на тоа. Кога ќе види пред себе културно и воспитано момче. Отприлика тоа би било. Ќе видиш после првите 5 минути ќе се опуштиш и ќе заборавиш на се друго. Со среќа
How much serious ? Вака , ти не идеш на седница па да разгораш на теми по одреден ред. Така ќе изгледаш како кретен.Уствари не е возможно работите на состанок да течат како по план - теоретска шанса немат. Главното е - ОПУШТИ СЕ ,нека биде спонато Eве пример ,кога веќе ќе излезите биди љубезен ,прашај ја што ќе пие. Потоа прашај ја како е , што има ново кај неа. Прашај ја наприемр како и е на училиште,како и е со друштвото , потоа спонато ќе ви доаѓа да зборувате на кој места излегувате , за хоби , за музика. Доволно е да почнеш некако. Ако сеуште си заинтересиран за девојката со која ќе излезеш , испрати ја и кажи и дека ти беше мило што сте излегле, си помина убаво и се надеваш дека ќе се видите повторно. Немоој да очекуваш дека нешто ќе се случи на прв состанок , макар што можеш да испровоцираш - и тоа ,спонатно. *и почести ја пијачка , немој да дозвоолуваш таа да си ја плати пијачката. Мислам тоа е знак внимание , а 50-100 денари никого не збогатуваат ни осиромаштуваат. Good luck
Тоа `опушти се` е неизбежно. Мораш да пробаш да бидеш опуштен , да не делуваш здрвено и вештачки. Започни лесен муабет како за почеток, зборувајте за некои случувања во градот, за поопшти работи. Пробај да најдеш заедничка тема со нејзе, ако се повеке уште поубаво .. Немој веднаш да настојуваш на гушкања, бакнежи и нежности, нели велиш дека првпат излегувате па претпоставувам не сте биле интимни. Не ја заборавај духовитоста, пробај да ја насмееш (ние жените паѓаме на типови што имаат смисла за хумор), биди фин со неа. Ако седнувате некаде на кафе или ручек, прашај ја прво таа што ке си порача, после за тебе ке порачаш (жените сакаат внимателност). И една најбитна работа (барем за мене) ти секако нели ке се понудиш на крајот да ја платеш сметката (тоа е нашиот глуп менталитет ), ако девојката посака да си го плати својот дел, дозволи и. Така нема да се чувствува должна кон тебе. Поздрав и се надевам се ке помине во најдобар ред. Има уште многу за пишување на темава, зашто е неисцрпна ама ајде и другите феминки ке помогнат.
Тешко на тие девојки што се палат на лајкови од фб... Тешко на тие машки што мислат дека така можат да освојат женска...
Yipman, а од мене може совет? Вака брат... Прво и основно правило - Ако немате одлучено кај ќе идете, НИКАКО НЕМОЈ СО ОНА - "КАЈ САКАШ ТИ - ТАМУ".....Испланирај каде ќе идете и кажи и ајде одиме ваму и ваму. Ова дава до знаење дека од една страна си се потрудил да одбереш место, а од друга страна за твојата самодоверба Второ - како што кажаа девојќите прашај ја што ќе пие прва...Дури можеш да и дадеш коментар од типот - "Го немам пробано тука дали е добро"...- не е ова тема на разговор туку едноставно што викаат small talk Ако е сепаре, седни до неа....Ако е маса, седни исто така на столчето до неа, НО не се приближувај многу за да не и го нарушуваш приватниот простор за да не се чувствува непријатно. Трето - темите за разговор.....Почни спонтано со она веќе добро познатото.....И како си ти, што си праиш, што ти се дешава во животов.......Она ќе каже нешто без разлика што и да е....Ќе се надополниш на тоа......После еве има концерти се наближуваат...Пол ван дајк, па после бон џови, па стинг, па вајтснејк.....Почни муабет за тоа, дали ќе оди, со кој ќе оди итн итн итн...паралелно со тоа ова ти дава можност да разговарате за жанрови за музика, што дефинитивно ќе убиете пола саат минимум, зашто тука ќе ја прашаш топ 5 песни кои и се, па групи и си тече едно со друго......Се ближи лето, прашај ја за одмор.....Штом ќе заврши она, кажи и ги твоите планови, али исто така и кажи и некоја смешна случка од минат одмор од лани или од пред 2 години...Ништо формално...туку онака почни со "еј да ти кажувам што ми се случи лани на одмор....бевме ... итн итн инт"...со тоа ќе си ја покажеш смислата за хумор.... Мислам дека ова би требало да ти дозволи саат ипол без проблем разговор....а верувај дека ќе произлезат уште бааги теми на разговор од овие Good Luck, па пиши како си поминал И да, на крај.....кога ќе ја испраќаш.....Ќе процениш сам дали ќе ти дозволи да ја бациш или не....Ќе и дадеш нежен бакнеш....Ќе и кажеш - супер си поминав, се надевам и ти си помина доволно добро за пак да излеземе....Не верувам дека ќе рече не, а јас да сум на твое место, би се договорил за утредента да се видиме Остај ги тие клишеа, чекај 2-3 дена пред да се слушнете...не функционираат....договарај се за утредента и завршена работа позз
фала на сите за помошта ке видам вечер што ке биде а тоа знам све си договорив за место и ја прашав прв да искочиме .... само незнаев дали ке можам да бидам успешен со темите цела нок тоа ми беше проблем (бидејки најака ми е тема спорт а кога ке видам некое девојче да ми збори за ЧЕЛЗИ И ИНТЕР ми се темни )
Yipman2 ај кулирај не мисли многу на тоа што ќе биде ако биде, остави времето да тече нормално, спреми се избањај се, намирисај се, нашминкај се упс грешка ,не е битно каде ќе излезете и пред зграда на клупа да седите може незаборавно да си поминете, остави да тече спонтано не планирај, зар ќе се водиш по планови, ако ти започне врската така ќе треба секој нареден ден да го планираш. Биди свој тоа е најбитно а не некој како што ќе ти каже, треба да те засака природен во твое светло а не испланиран до секунда, така може и смешен да испаднеш. Се надевам дека си забавен тип и дека ќе успееш да ја поминеш вечерта во прекрасно дружење и забава како кога излегуваш со пријател без срам, така ќе се опушти и девојката и нема да седите напнато еден спроти друг и да мислите што по ред требаше сега да речам дали ќе ја оплескам. Ако планираш верувај ништо нема да ти испадне како по планот, препушти му се на моментот и гајле немај. Треба да и се допаднеш токму таков каков што си, не можеш да глумиш цела врска. И немој многу за Челзи, моето тимче
Дојде време и јас да соберам храброст ако може така да се каже за да писам на форумов. Се надевам нема да ми замерите бидејки користам некој alias, но така можам да исказам повеке отколку кога би го кажал името. Засега ке бидеме вака. Е сега и за проблемот кој е опфатен од темава на разговор. Имам 21 година, и никогаш сум немал врска, мување или што и да ви текне на памет, абе со машко да сум имал нешто па да речев сум се мувал или сум бакнал нешто (не сум педер да не дојде до некое недоразбирање), а може и сум од кај да знам не сум пробал ( малку да се нашалиме засто ова е доста црна тема за некој од нас ). Прочитав разни коментари на темава незнам опуштено, малку поголема самодоверба и слично. После една серија на многу неуспеси во областа љубов јас можам слободно да казам веке кренав раце. Кон крајот на 2ра година средно јас престанав да излегувам, и оттогаш на прсти се бојат сите мои излегувања од дома за одење на кафе или по дискотекиве и слично. Седев дома и ја чекав онаа девојка од моите соништа да се појави некаде случајно и тоа и се случи. Се запишав на факултет на кој знаев дека девојките се реткост, и немав никава намера или помисла дека баш таму ке ја пронајдам девојката од моите соништа. Во изминативе 2 години колку што се познаваме, да напоменам се друзам со девојчето и комуницираме многу, сите мои излегувања на кафе и одење во дискотеки и слично биле иницирани од неа за да ме извади од дома. Може ви е малку смесно но да имате 21 година да имате сопствен извор на финансии, знаци сте независни и да немате желба да излегувате и да се забавувате мозе да ви е смесно. Поради она што го учам мн луге ме прават фрик или гик или како и да не нарекуваат ( студирам информатика на ПМФ ), поради нивните омаловазувања и потценувања кон мене поради тоа што ете сум на некој таков факултет, и неуспесите кај девојките имам мн ниска самодоверба т.е. да бидам попрецизен немам самодоверба. Гледам некој давасе коментари за начинот на однесување на маските и за нивната облека. Може за некој звучи нарцизоидно ама и фалбаџиски ама јас сум од оние момци кој страсно мн се придрзуваат до бонтонот и ја запазуваат секоја точка од него. Културата ми е на мозам да казам високо ниво поготово кога ке се споредам со голем дел од момците кој ги познавам од средно или сум ги срекавал на гости кај другари итн. Си имам свој стил на облекување кој се придрзува до она има еден израз во којата струка KIS (keep it simpe), сакам облека која е едноставна а изгледа убаво, не сум зависник од марки на облека или познати креатори. И доагаме до главниот проблем начинот на мое зближување со девојките девојката која ја спомнав погоре ми вели дека со тој нацин прво да се спријателам со девојка па потоа дури да се обидам нема да успеам никогас. Но јас немозам да променам нешто од тоа бидејки се пласам да бидам повреден.
Незнаев дали има ограничување колку можам да пишувам па затоа поделив на два дела. Сакам еден искрен совет дали е вредно да продолжам да се трудам да постигнам нешто со девојчево или едноставно е крајно време да се повлечам и да си се вратам на оној мој осаменички живот. Можеби на моја возраст е премногу рано за да се отказувам од љубовта ама немозам да трпам повеќе. Постојано се обидувам да бидам добар со сите и на сите да им помагам, често сум потфрлал намерно за да помагам на други и изгледа ме стигна она „оној кој се обидува да им угоди на сите или е луд или ке стане луд“. Оваа девојка мо е се, премногу е убава не само за мене туку сите го велат тоа, културна, паметна, баш се што едно машко сака од девојка. И морам да наведам е единствена која ме прифатила бас онаков каков што сум без да ми се потсмева или да ме навредува или пак да пробува да смени нешто кај мене. Ме почитува таков каков што сум. Се надевам ке добијам некој искрен и спроведлив во пракса совет. Доколку некој или некоја смета дека му фали уште нешто за да може да ми даде поконкретен одговор слободно нека пише и ке одговорам во првиот слободен момент. Благодарам на сите однапред, се надевам ке ја добијам помошта која ја барам.
Другарче вака....Ќе почнам од почеток... Факултетот: Па тоа што си на ПМФ, треба да ти ја дига самодовербата !!!!! ТИ си на тежок факултет, што автоматски дава на знаење дека имаш нешто во тој мозокот, што автоматски те одвојува од останатата толпа на ДЕБИЛИ кои што го омаловажуваат факултетот само заради тоа што ОСЕЌААТ ОПАСНОСТ од тебе зашто добиваш на еден начин подобро образование од нив, во стурка која што е поценета од нивната и омаловажување на тебе и на тоа што го работиш е нивен одбранбен систем. Таквите никаде не стигнуваат биди сигурен - туку ТИ, како интелектуалец имаш иднина !!!!! Треба да се гордееш со тоа, да одиш исправено и со мисла во главата дека ЈАС ЗА 2 ГОДИНИ ЌЕ СУМ НЕКОЈ А ТИ ЌЕ СИ ТАМУ КАДЕ ШТО СИ СЕГА - НАЈДОЛУ !!!!!! Што сакам да ти кажам со ова? - Сакам да ти кажам да почнеш да се цениш самиот себе и твоите квалитети !!!!! Начинот на облекување: Си ја чул поговорката - не е многу важно што носиш, туку како го носиш !!!! Она што велиш keep it simple, е многу добро...Не ти треба да се пренатрупуваш со што ти знам....Едноставно еден добар пар на фармерки, 2-3 добри кошули/мајци, добар пар на патики/кондури и друго ништо не ти треба....Еве ти еден обичен пример....Облакаш фармерки и кошула - Ако сакаш да изгледаш малце по спортски ќе си облечеш патики со нив....А ако сакаш да изгледаш малце по сериозно да го речам ќе облечеш кондури...Толку, ништо повеќе....Што е тука најважно? Тука најважно не е тоа што го носиш, туку како што кажав - како го носиш....Затоа градите напред, исправено и пробај да работиш на чекорот...Немора да брзаш никаде, туку оди смирено и стабилно, со малце побавен но СИГУРЕН чекор!!!!! Може ти звучи смешно, но верувај кога гледаш од страна брзината на чекорот и начинот на кој што се движиш прават огромна разлика.... Начинот на однесување: Тука пред се најмногу игра улога твојот карактер. Како што разбрав ти си џентламен така? Супер !!!! Пак си на скалило погоре од сите други идиоти !!!! Зашто? Зашто девојки кои што се палат на омаловажување и пцување на секој втор збор - НЕ ТИ ТРЕБААТ !!!!! А девојка која што знае да цени вистински квалитети, таа ќе знае да ги цени твоите гестови....Како и да е да се разбереме....Ова не е исто со зборот ПАПУЧАР !!!!!!! Да не напраиме грешка.....Девојките обожаваат кога некој имаат - но не целосно...Звучи збунувачки знам, затоа ќе се обидам да ти објаснам....Дај и до знаење дека ти се свиѓа, но истовремено дај и до знаење дека имаш опции. Ова се искажува истовремено на повеќе начини...Прво како што напоменав преска држење на телото...значи исправено...После е зборувањето и интоналитетот !!! Смирено и полека !!!! Ова покажува сигурност.....Може си мислиш сега леле бе ова тешко е.....Не е толку тешко како што мислиш....Се се учи....Никој не се има родено учен....Да ти напоменам уште сега, на почеток може и ќе си неуспешен - ок е тоа...Најважно е да не очајуваш !!!! Никој не е успешен на почеток.....Што е најбитното со текот на време, ќе ти стане навика и нема ни да размислуваш кога ќе правиш гримаси и како ќе се движиш и како со каков смирен глас ќе збориш и ред други работи........ Во начинот на однесување исто така спаѓа и смислата за хумор....Запамни го ова : Кога девојка ќе ти рече - не си фер, леле на живци ми идеш, идиот - рачунај дека си во предност !!!! Сега ова може да ти е кој знае колку контрадикторно и спроти се што си верувал и си мислел - но така е....Едноставно ќе мора да ми веруваш на ова....Ова е особено точно кај оние девојки кои што се мислат дека се лепотици, кои што се центар пажња итн итн итн....А ова е така бидејќи си направил нешто за да ги испровоцираш на еден начин...А верувај тоа е добро...Тоа е добро зашто сите други "им се лижат" и им симнуваат ѕвезди....Они се навикнати од тоа и веќе преку глава им е верувај....Контрадикторно со тоа, некој што ќе и плесне нешто у фаца ја вади од контакт.....Ова на еден начин ти доаѓа како уклучување на поимот атракција кај неа....Е сега да се појаснам на кој начин да се добие овој ефект...Не да бидеш мочко да и ја истуриш пијачката....Туку ( да го кажам на едноставен начин) - ќе се зафркаваш на нејзина сметка......Пример : Знаеш дека некоја девојка е модел така? Ќе си каже она низ муабет а ти ќе и речеш - а шо ти модел си? И она ќе ти рече таква целата среќна и на седмо небо - Да не ли се приметува....(обично ваквите девојќи се нарцисоидни па уште повеќе ќе се пофалат)...на ова ти ќе и речеш нешто у смисла дека - а што демек често те прашуваат дали си модел? Најверојатно ќе рече она да за да ти и одговориш - ах мислам дека луѓево само се културни, и така ќе се насмевнеш малку како под мустаќ......Ок, примеров може и да не беше добар, али ми ја сфаќаш поентата. Во тој момент ќе ти дојдат ствари за кажување зашто секоја ситуација е различна....Верувај со текот на време ќе ти стане секојдневие....Не се ова pick up lines, за да ѓи учиш на памет - верувај не функционираат....Али едно запамти дека кога ќе извадиш реакција од девојка во стилот - АХ Не ми се верува дека ми го рече тоа - си завршил работа !!!!!!! Еве едно клише !!!! Пробај го ова на девојкава што ти вика цело време да излезете и ќе видиш реакција - Излегувате, седите и сигурно ти дава по некој комплимент така? Гарант ти има речено нешто добро за тебе.....Епа кога ќе ти го рече тоа ти речи и - види ја бе ми се пушта......барем викни ме да излеземе пред да ми се пуштиш, биди малце културна......Ќе видиш реакција !!!! Ќе ја извадиш од така речено нејзината комфортна зона....Кога веќе е надвор од таа зона е збунета, па сега ти ги влечеш конците и на еден начин она е во твојата комфортна зона.....Ах бе за вакви ствари ми се чини книга можам да напишам Како за крај - Самодоверба, самодоверба, самодоверба !!!!! Неможам а да не го спомнам ова !!!! Самодовербата ти ја завршува пола работа....Има различни начини да си ја дигнеш самодовербата !!!! Како што напоменав погоре - цени се самиот себе и тоа што си !!!! И СТАВИ СИ ВО ГЛАВА ДЕКА СИ ПОДОБАР ОД ДРУГИТЕ!!!!!! Ваквото размислување ќе ти се одрази низ целиот живот, не само на љубовен план...Со ова добиваш на харизма и на шарм И секако да не ја заборавиме смислата за хумор.....Многу важна особина !!!! Третирај ги девојките КОИ ШТО САКАШ да ги фатиш како да ти се другар....Заебавај се на нивна сметка како што се заебаваш со другар ти.... И последно - ИЗЛЕГУВАЈ ОД ДОМА!!!! Петок, Сабота - Надвор, у кафич, у дискотека, у парк....Не ми е гајле каде !!! Само излегувај и социјализирај......Зашто пред врата никој нема да ти ја донесе..... конкретно со девојкава: Викни ја да излезете....Еве ти еден добар пример - Времето надвор е убаво, однеси ја во зоолошка !!!! Ќе си поминете прекрасно....Иди кај мајмуните, зафркавај се на нејзина сметка - застани и гледај во неа, гледај во мајмунчето, гледај пак во неа гледај пак во мајмунчето и само искоментирај нешто во стилот - Да си личите нема што....дури и исти гримаси праите...Верувај дека НЕМА да се налути !!!!! Ако почне да те зафркава она нешто употреби го коментарот со - види ја бе ми се пушта ....и дај му малце шлаг....Абе извини вака али не си мој тип...Неможеш ти на крај да излезеш со мене.....Со вакви коментари автоматски она размислува за тебе и за неа !!!!! Верувај - се е до психата.... Се надевам дека ти помогнав колку толку.....Малце повеќе навлегов во женската психа и во стварите кои што привлекуваат атракција кај нив, малце долг пост, сигурен сум дека малце и ти е конфузен, но ќе се снајдеш .... Заборавив едно да ти кажам - во никој случај, под никоја околност- не и кажувај со зборови дека ја сакаш и се тоа.......Штом го кажа тоа - пиши отиде во поврага !!!!! гарант некои од девојкиве овде нема да се согласат, но верувај така е....Праксата е различна од теоријата....И последно - Не ја гуши и без испади на љубомора....Сака да излезе со другарките - слободно....речи и убаво да си поминеш.....утредента прашај ја само како си поминала....ако сака да ти каже нешто повеќе, ќе ти каже сама.....А за девојкава уште нешто...Најверојатно сега си заглавен во тако званата - Friend ZONE....Треба да излезеш од неа...Начинот на кој што ќе го направиш тоа е како што напоменав малце погоре со примерот од зоолошката
Па мислма дека како и на девојките така и на машките им треба совет. Во моето досегашно искуство мислам дека на повекето машки ( со чест на исклучоци ) им недостасува стпление. Поред тоа стрплени не знаат како да и пристапат на девојка, а сепак сето тоа да не биде нападно. Најчесто девојките им е здосадено од тоа како тие доагаат до девојката од олевци и дојлевци и понатака не знаат да се снајдат или пак кога и идат во директива се премногу нападни. Нормално дека тоа е дел од причините од типот на штп им недостасува на машките? Секој човек па и мажите и жените имаат свои недостаоци и ги манифестираат на свој начин. Мое мислење е дека сепак треба да се повнмава што сака и очекува пред се спротивата и многу подобро е да се опипа теренот пред да се почне со некоја акцја
Бравос за мистери Значи ти човеку почни да пишуваш книга за тоа како треба да се однесуваат мужите со девојките.. Абе ке им биде книгата од помош на многу момци, што се смееш Конкретно на Бишоп ке му кажам само да ги послушаш советите на мистери, и немој да се плашиш од неуспех или од тоа дека ке бидеш повреден. Сите сме биле повредувани, некои полесно го надминале тоа некои потешко, но битно поминало. Јас се надевам дека со девојката ке излезе се во ред, па и да не излезе тоа ке ти буде искуство плус. Значи немој да ја седнеш на клупа и да и изрецитираш колку ја сакаш обожаваш и остало, туку полека придобивај ја. Убаво ти кажа Мистери покани ја во зоо, јас верувам прекрасно ке си поминете, а ако го послушаш неговиот совет со шалите на нејзина сметка ке имаш гоооолем плус кај неа. Само немој да претераш и со шегите. Поздрав
Бишоп, Мистери ти објасни и те советуваше богами у свој стил...на долго и на широко, детално...мислам сега, го бива дечкото сепак... ... Хиар гоу Мистери! ... Не си ни прв ни последен кој има вакви проблемчиња, затоа немој да се стегаш и затвараш...посебно не на овие години... Треба да си горделив и полн со самодоверба затоа што си културен, одмерен и способен човек.Факултетот што го студираш треба да те издигне уште повеќе и да си презадоволен со себе затоа што е денешна и идна професија бр. 1.Ќе напредуваш верувам. Ќе ти кажам кратко пример од моја многу блиска личност... исто како тебе беше затворен ама солиден и способен...на училиште најдобар, факултет солиден....се смееја и го правеа гик како што викаш ти...ама знаеш сега каде е со неговото образование и надградба?Мнооогууууу на едно повисоко ниво над сите други и над оние кои како мал го исмејуваа затоа што учеше и напредуваше сам се на доградуваше...Во странска земја, странска фирма и се уште напредува...А исходот е сите ама баш сите од кога заврши и почна да работи па до сега и понатаму му се восхитуваат и завидуваат на тоа што постигнал.И ајде ете беше затворен, не излегуваше често...па и со девојките може не му идеше толку поради обврските и некои др причини можеби...После еден период тој се изнашета и уште си шета по белосветските дестинации кои другите можат да ги сонуваат...си смени куп девојки и се уште менува и нон стоп запознава...така да животот му тргна само во нагорна линија. Ова ти го дадов пример како може работите да се изменат само ако ти посакаш.Ама ќе мора да се отвориш, ќе мора да се опуштиш, да смениш начин на мислење за себе.Значи ќе се сакаш себе прво и ќе работиш на подигнување на самодовербата...И само така ќе те примети некоја девојка. А конкретно за оваа девојка немој да чекаш, прашај ја да ли би излегла со тебе на состанок, нека боде тоа вечера...едноставно покажи се дека си зрел и дека знаеш да цениш девојка.Меѓутоа биди свој секогаш, немој да глумиш не се труди да си нешто што не си. И убаво ти кажаа погоре секој ама баш секој доживува неуспех, се разочарува не еднаш туку повеќе пати во животот...ама тоа не прави посилни и не учи дека треба да се цениме и сакаме прво себе...тоа е дел од животот.Затоа мораш да ризикуваш.Не чекај туку ајде фрли се во акција, прво кршење на мраз нека биде со девојката која моментално ти е во близина и е достижна.
Зошто девојките не се способни да започнат муабет со непознато машко битие, или немаат што да кажат, прашаат...или тоа е против правилата на игра...хахахах
Бишоп од самиот твој пост и начинот на изразување се гледа дека си образован, фин, културен дечко.. Мислам дека си премногу срамежлив, за самодовербата да не правам муабет, со тоа твое размислување за откажување од љубовта ми е сосема јасен тој твој степен на самодоверба. Како што напиша имаш многу повеќе од многу други момци низ градов што се прават најголеми фраери, а се всушност џаболебари и цел ден дремав во кафич, и ти се омаловажуваш заради тоа што девојките се попалуваат по такви типови??? Напротив, треба да си горд што такви девојки трчаат по такви „фраери„, а не по момците како тебе. Верувај дека за секого постои животен сопатник, неможеш сега да се откажуваш од љубовта... па и да ја оставиме љубовта на страна и покрај тоа што спомна дека си заљубен во таа девојка, ако сакаш да пробаш нешто со неа послушај ги советите на Мистери, но ако не ја добиеш посакуваната реакција би те советувала вака.... остави ја љубовта на страна ако не ја бива со девојкава и ако сака да останете само другари, можеш да имаш девојка и без да бидеш заљубен па тоа само по себе да си дојде, фокусирај се прво на оние полесните девојки, чисто за да си ја зголемиш самодовербата, тебе ти е време за забава немој да се преоптоваруваш доколку добиеш „корпа„ и нема никакви откажување, ќе пробаш еднаш, два пати трипати.. Еве на пример излезен си, здогледуваш девојка која што ти се допаѓа на прв поглед, собираш храброст и и пристапуваш, се запознаваш здраво јас сум тој и тој, би се напила ли пијачка со мене... почнуваш тема на маубет... Друга работа е што фала му на бога имаме фб, сигурно имаш во пријатели некоја девојка што ти се допаѓа, почни едноставен муабет на чет.. ако добро се одвиваат работите ја покануваш да излезете... Трета и моја омилена работа... купи си куче одиш го шеташ низ маало, во парк и на други х места... запознаваш други луѓе со кучиња, разменувате искуства муабети... запознаваш убава девојка со куче... или ти пристапува девојка за да го погали кучето.... започнуваш муабет, ја прашуваш дали често се движи низ паркот... и се развува ситацијата. Мора да пробуваш Бишоп и да се трудиш, љубовта може и сама ќе ти дојде на врата никогаш не се знае, но нема да биде лошо во меѓувреме ти малку да се забавуваш додека дојде љубовта нели... I wish you luck!
Бишоп, безразлика на тоа што форумов е анонимен, секоја чест за искреноста. Тоа е прв доказ дека ти си во состојба да бидеш самоуверен човек и не би рекла дека ја немаш оваа особина, туку дека не и даваш доволно полет. Скоро и да нема девојка што не посакува фин, образован, скромен дечко. Оние кои не го бараат ова мислам дека не би требало да се предмет и на твоето внимание. Прво, за девојката која ти е моменатално другарка, убаво разграничи си дали навистина сакаш да ти биде нешто повеќе. Бидејќи ако се одлучиш за оваа опција, нема веќе враќање назад. Ако навистина имаш силни емоции за неа, пробај да оствариш врска. Но, ако само потсвесно се надеваш дека ќе ти е добра врската единствено врз основа на фактот дека таа те прифаќа и си одговарате по начин на размислување и др. карактеристики од овој тип, ама без вклучени емоции- размисли уште еднаш. Неуспехот на врската може да води и кон распаѓање на другарството, а тоа преминува во љубов еднонасочно доклоку е успешен текот на настаните, но не и спротивно односно неуспешната љубов не се враќа пак во облик на другарство, барем според мене. Се‘ е поинаку откако љубовта ќе се „извалка„ , а другарството не опстојува, бидејќи повредите на чувствата, егото и поминатото време во облик на спомени, не се „перат„ лесно. Ти имаш само 21 год.! Мора да имаш поактивен социјален живот. Мора да излегуваш повеќе, да почнеш да си повеќе во мешано друштво, па спонтано да размислуваш што всушност сакаш и бараш на љубовен план. На твоја возраст е оправдано да истражуваш и да си авантуристички насочен, исто така е ок и ако сакаш девојка за квалитетна емоционална врска, нема тука ништо да ти сугерирам, сам ќе го почувствуваш тоа кај себе што всушност те влече, битно е да си спремен да се соочиш со предизвикот. И не се обесхрабрувај ако претрпиш и неколку порази, ни Рим не бил изграден во еден ден. И ние трпиме порази од типот на невозвратена љубов, неисполнети очекувања, осаменост дури и кога си во врска, значи лошите искуства во љубовта се заеднички и за двата пола. Но, основно правило е да не се откажуваш! Храброст и самодоверба во права смисла не е немање страв или став, туку преземање акција и покрај нивното присуство и без да ги гледаш последиците низ призма на неуспех. И по 100 паѓања човек треба да стане 101 пат е мое мото, бидејќи секој парцијален неуспех од искрено срце ќе води кон тотален успех во иднина, која и не мора да е така далечна! Ти посакувам се‘ најдобро!