Секое девојче различно би одговорило, кај секоја е различно. Мене ми е најважно да не ме нервира и изневерува. Да разговара често со мене , да ме подржува и дава совети, да излегуваме често да ни е интересно. Да можи да ме задоволи сексуално. Да ми јавува еднаш два пати во денот. Да не е папучар. Да знај да ми покажи дека ме сака и да ме направи сигурна и во себе и во нашата врска. Да не се жали за се и сешто, да е самостоен да не е мамино синче што не знај крветот сам да си го намести. Да се интресира за книги , за филмови настани, да не е за ВМРО ДПМНЕ. Да е реален и зрел. Да не е досаден и да ме смета за рамноправна на него да е со патријахални и заостанати мислења од пред 50 години. Да не е љубоморен , ама сепак да знај да си чува негова територија. Да учи и има убави оценки, сепак после 20 години секој дечко можиме да го сметаме за потенцијален сопруг, мора да има некаква иднина и по основа да е финансиски стабилен или да се труди да биди. Да не е мрзлив, да не е зависен од ДОТА и други глупи игри. Да не пуши, пие , дрогира и да не се тепа. ДА НЕ МЕ ЛАЖИ. Да не крева рака на женско ниту пак на мене, да не пцуе. Да направи да се чуствувам како кралица, како најпаметна и најубава кога сум со него. Да не досадва со глупи постови статуси на мојот ѕид на facebook. Да имаме сличен вкус за музика. РЕДОВНО ДА СЕ КАПИ, БРИЧИ И ПРАВИЛНО ДА КОРИСТИ ДЕЗОДОРАНС(многу машки не знат дека треба и под пазуви да стават дезодоранс а не само на вратот парфем или спреј.). Да му е редовно перена облеката. Да не испушта гасови нападно и на јавно место. Да не се дери ко ќе збора на мобилен или кога се поздравува со луѓе по улица. Да не е скржав. Јас се расприкажав на долго на широко, ама во главно е да одржува редовно хигиена, да учи или ако има завршено факултет да работи или активно да бара работа, да е добра душа, да е поштен и културен , да ме сака искрено и да е искрен и да ми посветува доволно време и внимание. И секако да е здрав,прав и да нема некоја наследна болест во фамилијата.
Браво babyblond се што треба машко да биде кажа.нека прочитаат за тие шсто треба како да се биде со женско основни работи се.
Веќе подолго време го пратам форумов и како машко само заради твоево мислење се регистрирав за да ти кажам дека не си во право. Јас имам повеќе другарки одколку другари, другар имам само 1, скоро секогаш кога ке ми треба совет јас прашувам прво женските, и воопшто не сум имал лошо искуство со женски совет, напротив секогаш проаѓа најдобро...
Здраво Имам едно крактко прашање надевам се дека ке имам и кракток одговор. На факултет има едно девојче што ми се допаѓа, добра околност е што заедно правиме семинарска работа по еден предмен, и имаме два пати излезено на кафе но секогаш со оправдување дека ке разговараме за семинрската . Најпвим ме интересира како може да дознам дали имам некој шанси кај неа, бидејки не сакам да се избрзам со нешто бидејки после секако ке треба да правиме семинарска заедно , како да и кажам, некоја идеја, некој предлог?
@ Ivan Прашај ја од околку дали има дечко, да си знаеш од почеток на што си, дали имаш шанса? Инаку нормални муабети правете си, тоа само спонтано ке си дојде. Прашај ја каде ке иде викендов, или како си поминала предходниот каде шетала. Да не биде само проектот па проектот... досадно Колку и да звучи дебилно во мегувреме лајкувај и слики на фб или на инстаграм хаха, да и привлечеш внимание. Ти пуштам среќа!
Па изнеси ја на кафе. Онака на шега сврти го муабет и покани ја на кафе. Штом заедно ќе ја работите семинарската тоа значи дека многу време ќе поминувате заедно и тука се твоите 5 минути. Ќе ти звучи многу клише, но најважно е ти навистина да бидеш ти. Нема тука некоја фиолософија и ти не си малецко момченце во пубертет, па така да не би требало да ти биде незгодно одоколу, одоколу да и поткажеш дека ти се допаѓа. Со среќа
проблем .. Значи вака , можеби сум машко но нема врска , имам проблем и сакам да го споделам со вас , и да ги слушнам вашите мислења .. Во врска сум веке 6 месеци со една девојка , иста возраст сме , но зе знаевме пред тоа 2 години , и бевме другари онака .. првите месеци од врската беа супер , се каравме и се тоа како и во секоја врска , но тоа не претставуваше проблем за никакво раскинување иако морам да признаам , дека не почетокот ја немаше таа голема љубов од мојата страна кон нејзината.Со тек на време ја засакав се повеке и повеке , исто и таа мене , но еве што е проблемот . Последниве 2 недели некако се запоставивме , и со излегување , едноставно се запознавивме во врска со нас .. Таа претерано љубомореше пред тоа , но откако се смени , како да се смени целиот свет , нејзе едноставно мислам дека и стана сеедно во врска со нас . Ми кажува секакви зборови за кои подоцна се кае и се извини . Јас се заљубив и ја сакам и несакам да ја изгубам , иако чувствувам дека се ближи крајот иако сум сеуште во врска со нејзе , не е тоа што е било . Седнеме разговараме , ми кажува као ги изгубила сите чувства , сеедно и е дали ке раскинеме , не може повеќе да продолжи , а јас пак го мислам спротивното , неможам да сватам како за неколку дена можат да исчезнат сите чувства? Едноставно несакам да ја изгубам , многу ја засакав што едноставно неможам да ја заборавам , а и несакам. Ми требааат вашите совети , како да и ги вратам чувствата што ги имаше и порано , како да ја вратам нејзината љубов кон мене ? Ви благодарам што ме сослушавте..
проблем .. ^ мислам дека тоа дека чувствата и исчезнале за многу кратко време нема шанси... тоа било одамна само што изгледа ти не си го забележал тоа, или пак таа глумела и ги кријала чувствата за да не те повреди или од некоја друга нејзина лична причина... Прво за да и ги вратиш чувствата можиш само ако таа веќе сака друг или е со друг, осигурајсе дека нема трет во вашата врска но не со љубомора и такви работи... можеби има некој проблем што не може да го сподели со никој и го крија а со тоа изгледа и затворена личност која зад својот грб гради замок... Обиди се да и помогнеш со разговор, и повторно приближи се кон неа како другар зошто нели вие одамна се знаете, значи ти си и бил другар на некој начин. Само така можеш да и ги вратиш чувствата но не ја притискај, нека не чувствува притисок и не прави нешто што таа не сака... Обиди се да ја направиш среќна штом толку ја сакаш позз
.... Поздрав до сите на 1ви мај се случи чудна работа.... можеби и невозможна, па да почнам. Девојката која мојот другар ја веројатно “сакаше“ јас вчера се смував со неа. Значи се започна вака: За оваа девојка од како дознав нешто многу се налутив и ми стана дури “арогантна“. Му кажав на мојот другар што е работата и тој рече епа добро тогаш ке ја оставам, “договорот беше да се смуваат тие двајца на 1ви мај“. И што се случува, одкако се поздравив утрово со неа не знам ни самиот што ми стана, влегов во комбето седнав до мојот другар и му велам , брат остај што зборувавме оној пат земи пробај шанса , тој вели не бе не си нормален, и ја го прашав можеби 2-3 пати дали би можел јас да имам нешто со неа, тој рече дека нема проблем, дека тој демек ја заборавил но јас не верував... После тоа одкако отидовме таму девојката уште повеќе почна да ме привлекува.... се почна така што се вреѓавме 1 со друг и така што јас и ги зедов нејзините наочари и не и ги давав, потоа отидовме на едно игралиште и таа побара да ја носам јас секако го прифатив тоа и таа ме бакна, и возвратив но тука сеуште немаше ништо... додека да отидеме до викендицава се одеше како и порано се вреѓавме и слично, кога дојдовме почнав да и приоѓам “да и се пуштам“ можеби 3-4 пати бев “искорпан“ но одкако сите седнавме на маса таа седна до мене и не знам некако јас ја гушнав или само раката ми беше до неа и таа ми ја фати и се држевме така цело време за рака. После тоа отидовме да легаме сите цело друштво јас и таа легавме заедно се гушкавме но таа ме гушкаше се повеќе и повеќе... не оставија сами и во тој момент се случи грешката, се смувавме. Е сега што е нај трагично од оваа приказна, најтрагично е тоа што ја смував другарката на мојот пријател и тоа што таа е во врска со 1 друг дечко . Денеска мојата братучедка ја прашала дали е имало само гушкање меѓу нас бидејќи таа прв пат не признала и тоа остана меѓу нас таа и признала и рекла дека само сме се 4-5 пати бакнале во уста, после тоа таа ја прашала дали би сакала да биде со мене таа рекла НЕ, е сега имам некои прашања до оние кои што го прочитале и одвоиле време да стигнат до тука. 1. Зошто таа ми даде да и се доближам после 3-4 пати одбивање 2. Дали таа чуствува нешто спрема мене 3. Дали го оправдувате оваа што сум го направил - јас не го опрадувам и ми е многу глупо иако мојот другар вели дека воопшто не е важно и дека не треба да се караме поради 1 девојче. Не можев да се воздржам и сакав да пишам тука. Благодарам на сите што ке го прочитате и ке одвоите малку време за некој “совет, критика и мислење“. Поздрав.
1.веројатно сакала да изглуми недопирлива женска или веројатно планирала нешто со другарти 2.од едно мубање не верувам но можеби почнала да се интересира за тебе 3.штом другар ти ти дозволил нема за што да се грижиш битно ти кјеф си напраил се надевам дека помогнав од моја гледна точка вака ми изгледаше
добро како можи да си најдам женска??? несакам мувачка туку женска.. за муванје лесно е да најдам . ама женска неможам... малер сум
Совети.. ? бр. 1: Секогаш носете некој јак парфем, тоа ќе не излуди уште повеќе. бр. 2: Ако некоја ти каже дека „те сака“ не и давај лажна надеж. бр. 3: Ако фатиш погледи на некоја девојка неколку пати, поканете ја да излезете, најверојатно е затрескана во тебе. + тоа се гледа по сигналите на телото. бр. 4: Не напнувајте многу со некои безвредни муабети. бр. 5: Чувај ја таа што те сака. Нема ништо полошо од жена која ви е лута на вас и сака одмазда.
tema !.@.# вака сега: јас сум машко дојдов на женски сајт случајно па да видам малце женско мислење.се запознав на фб со една девојка пред една недела и така имам муабет, но слабо знам информации за неа:мислам основните се тоа знам али немам теми за разговор со неа. доколку би ја повикал на состанок не би сакал да се најдеме во незгодна ситуација и 2ајцата. гледање-без текст. а и секако не би сакал состанокот да биде интервју (испрашување)..сепак е состанок ќе може некоја општа тема за разговор да кажете за да имаме што да разговараме додека не ја запознаам доволно добро
tema !.@.# А зошто служи состанокот ако не за да се запознаете подобро? Koга еден компјутерски екран ви дава доволно инспирација за муабет, сеа кога ќе идете некаде на кафе ќе имате уште повеќе. Пример музика. И онака секаде ја пуштаат, па нека стане таа првата тема на муабет. Доволно е еднаш да се скрши мразот. Доколку има хемија, темите за разговор ќе течат сами од себе, без чувство на притисок. Среќно!
Таков не постои, ете го проблемот што им создава главоболка на машките. Значи ова е премногу и за оглас БАРАМ МАЖ. Ова е премногу и за научна фантастика. Да не пуши? Пушачите значи минус 15 поени. Ако не па, напиши и какви филмови треба да сака и каква музика е пожелно да слуша. Прашањето беше како да ПОСТАПИШ за да задржиш девојка, а ти извади цел список на твоите фантазии за совршен маж, уште матичен број да му смениш на човекот. Иначе вака како девојка, мене повеќе внимание ми привлекува дечко што покажува интерес за мене, но со доза на резерва и таинственост. Не е интересно кога на почетокот се сите карти на маса Не ја оптеретувај, ако имате редовен контакт, земи си некогаш слободен ден колку да се прашува кај си и да и дадеш шанса самата да те побара. Со среќа
1. Многу лесно- зашто ако си и се доближел првиот пат, ќе излегла лесна. Колку години има таа? Има 15-16? 2. Тоа само она си го знае. Ако знае воопшто нешто. 3. Не го оправдувам ниту јас, остај ти што ти вика другар ти, си влегол во опасна зона на другар/девојка, лошо искуство си имам со такви ствари. Совет- БЕГАЈ.
Само ти треба храброст да ја повикаш да излезете.Ништо друго.Темите сами по себе ќе се отворат,ќе видиш од еден на друг муабет ќе се префрлате.Општо прашувај,се што ќе ти текне,и секако дека ќе има мигови кога двајцата ќе ќутите,нормално е тоа ама ќе измислиш нешто и повторно ќе подпрашаш. Ааа и ако сакаш да ја задржиш внимавај што прашуваш и што зборуваш,и на крајот не заборавај да и кажеш дека убаво си поминал и се надеваш на следна средба.По тоа ќе примети дека има храброст кај тебе,ќе и биде поттик за наредна средба,девојките сакаат одлучни и храбри момци.