1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од ЖЕНСКА страна за сите машки

Дискусија во 'Сингл' започната од kuchka, 30 ноември 2010.

  1. bubashvaba

    bubashvaba Активен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Mi treba eden sovet, kako da bidam podobar so devojkite, kako da go pobedam sramot, na sto pagaat devojkite???
    Ednostavno mi e strav da ne bidam odbien i ne prevzemam nisto, a ne sum nekoe grdo dete da recis ( plav so plavi oci, sekogas sreden frizura, dobro oblecen) :P :)
     
  2. Supernice

    Supernice Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    71
    Прочитај ја основата:

    seks/nevini-maski-nad-21-godina-t14317/#p1301777

    И ако имаш другари на кои природно им оди со девојки, набљудувај го и анализирај го секое нивно движење и однесување при интеракција со девојка (body language, допири, тон на гласот итн.), па пробај да ископираш.
     
  3. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.025
    Пол:
    Женски
    A да пробаш да поработиш на карактерот,пробај да бидеш опуштен,да бидеш духовит-секако не премногу.
     
  4. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.303
    Допаѓања:
    5.946
    Пол:
    Женски
    Според мене, ќе го освоиш срцето преку насмевката :)
    Доколку успееш да ја насмееш, понатака е лесно.. :) (совет. само не прави шали на нејзина сметка)
     
  5. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    нема некој конкретен метод за освојување на девојка,сите се различни сами по себе,уникатни и сакаат различни работи,
    мора малку да поработеш на твојата опуштеност,значи девојките сакаат момчиња што ќе знаат да ги насмејат,но не претерано опуштени..да мислат дека се центар на внимание,со некои глупави шеги..а уствари се досадни до бескрај,значи опуштеност во умерена доза :)
    друго,биди свој..не мора нешто мн да паметнуваш..едноставно биди тоа што си..
    насмевката е мн битен детал,на кој паѓаат девојките :)
    почесто излегувај,биди приметен,дружи се со некои твои другари кои имаат поголеми познатства за да можеш да полесно да стапиш во интеракција со девојките
    занимавај се со некој спорт,преку кој ќе дојдеш до израз..
    и со оглед на тоа дека имаш плави очи,нз како до сега девојките не паднале на твојот шарм :)
    ПС,и ако ств не можеш да се пресрамеш..пред секое запознавање испиј 1 чаша алкохол,колку за комуникација :D
     
  6. bubashvaba

    bubashvaba Активен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Pa imam zaprimeteno deka me gledaat mnogu ubavi devojki koga ke pomunuvam, ama si vikam kade jas so nea moze da go ima koj ke posaka i nisto ne prevzemam jas :/
    I uste eden sovet da mi dadete kako da zapocnam razgovor na fb sto devojce sto mi se sviga, a ne se poznavame, kazete mi sto sakaat da mu pisat maskite na devojcinjata, a sto ne, da ne ispadnam kako manjak :D
     
  7. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Значи вака дечко имај самодоврба, што се другите повеќе од тебе :?:
    Ако навистина ти се допаѓа некоја девојка преземи нешто, но немој сега на секоја 2ра што ќе ти се допадне да и се пушташ. Девојките несакаат женкари и машки што ги одбивале веќе 3-4 пред нив.
    За да пишеш на некоја јас ќе ти предложам вака можеби звучи како старана фора ама може да послужи. Пиши и на чет демек случајно си сакал да пишеш на другар ти па си погрешил и нејзе си и пратил и така можете да започнете разговор.
    Или едноставно пиши и здраво како си или нешто во тој стил, само немој нападно здраво најубава, здраво лепотице и слично.
     
  8. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Boys,respect your girlfriend and protect her!
     
    На glosipgirl и Marjan007 им се допаѓа ова.
  9. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Има една изрека која што вели:"Никој не е подобар од мене, но и јас не сум подобар од никој."
    Твојата самодоверба можеш да си ја пронајдеш само ти самиот, никој не може во тоа да ти помогне.
    И едно нешто, девојка не се освојува девојка се шармира, не е ова тврдина па ајде коњаницата и да ја освојам :rofl: едноставно пушти твојот шарм да проработи.
    За започнување разговор со непозната на Фб паааа, јас правам вака најчесто нели сите пишуваме некои статуси на Фб мудри, кога ќе видам некој таков кај девојка која што ми се допаѓа, а не ја знам најчесто и пишувам:"Еј здраво секоја чест за пишаниот статус" , потоа следува секогаш збунет прашалник од нејзина страна, откако ќе и објаснеш за кој статус станува збор, разговорот од 0 веднаш започнува да тече, само совет секогаш разговарај си нормално, немој да бидеш премногу нападен, да да користи флертови но во умерена граница :!: затоа што таа не те знае прв пат си правите разговор, не сакаш да те помисли манијак кој демне девојки на Фб.
    Се надевам дека ти помогнав до некаде ајде со среќа :lol: .
     
  10. Zbunetiot

    Zbunetiot Активен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Значи вака - полнам 18 за некоjа недела, се закачив за една коjа веке има 18, а 100% сум сигурен дека воопшто немала дечко, а за прв бакнеж уште помалце... е сега проблемот е што се гледавме само у школо, а плус е првенец на генерациjа и многу учи. 3 години се дружиме онака у школо, едно време мислеа дека сме заедно пошо цело време на одмори си праевме муабет... еднаш и ме праша дали имам девоjка што го сфатив како знак дека ме свига... Она живее на сосема друг дел од градот и тешко ми е да jа контактирам на др начин освен Феjсбук... и пишав денес да искочиме викендов негде у град у некоjа дискотека, на журка, ми вика - па нез.

    Стварно сум збунет...
     
  11. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    Ако не може овој викенд, прашај ја повторно за нареден. Па сигурно нема цело време дома да седи.
    Ако и немаш тел. бр. побарај и го, па јави и се, прашај ја да излезете и натаму знаеш што и како треба...
    Тоа што можеби ќе ти вели незнам, не можам да излезам сега, не значи дека не сака да излезе, туку напротив, сака да види колку ти ќе бидеш упорен. Епа биди упорен, упорноста се исплаќа! Па пиши ни што се случило :)
     
    На mysterious му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    ако навистина е така како што пишуваш,дека досега немала дечко,врска,бакнеж или сл,нормално е дека така ќе се однесува..
    ако сте добри другари,заедно го поминувате времето на школските одмори,тогаш нема причина да ја одбие понудата за кафе,значи најверојатно се срами..затоа не се откжувај :)
    покрај фб комуникација,побарај и тел бр..одвреме навреме ќе ја контактираш онака..и интензивно пишување на фб,спонтано ќе и дадеш до знаење дека ти се допаѓа..
    и да,можеби не е таков карактер за журки итд,па затоа ти пишала нез..пробај со покана за кафе ;)
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. gentleman1

    gentleman1 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    неколку совети за врска

    Здраво , пред се сакам да ви кажам дека сум момче и ми требаат неколку женски совети, затоа би ве замолил да не го затворите овој пост и да ми помогнете :P
    акаунтот го направив само за ова прашање и не ме осудувајте.

    Епа да почнам значи вака имам 17 години и никогаш не сум имал девојка а гледам многу многу парови на мои години, во следните редови ке зборам искрено и таква помош и очекува.
    Сакам да ми кажете отприлика какви работи сакаат девојчињата, што ги привлекува - јас немам проблеми со изгледот искрено да не испаднам нарцис ама убаво дете сум единствен и голем проблем ми е однесувањето во нивна средина, многу се срамам и незнам како да постапувам во ситуации кога сум со некоја. Друго навистина не ми е јасно (без навреда навистина ако се пронајдете стварно немам искуство со овие работи) кога гледам многу мили мирни девојчиња со дечковци кои ги третираат лошо , ги игнорираат ги исмејуваат пред другари - само кажано не ги третираат како што треба.
    Јас кога ке видам таков пар само се прашувам зашто јас немам таква девојка ке ја третирам како бог и секогаш ќе бидам тука за неа, слаткоречив сум но тоа е.
    Знам дека многу важна работа е да имаш смисла за хумор , но тоа го можам само во машко друштво , меѓу женски едноставно се губам.... :doh:
    Некој совет за ова ќе ве молам ако ви треба нешто додатно да ви кажам пишете па ќе вратам.
    тоа е фала за времето :rofl:
     
  14. Supernice

    Supernice Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    71
    Најпрво, треба да сфатиш дека физичкиот изглед не игра толку голема улога колку што ти мислиш дека игра. Да не дојде до недоразбирање, и тоа е еден од факторите, и не алудирам на тоа да не внимаваш на физичкиот изглед (баш напротив, потребна е голема инвестиција во истиот), ама има многу побитни работи кога станува збор за интеракција со девојки.

    Без заобиколување, според ова што го прочитав, ти си брат типичен пример за пичка (со никаква намера да навредам, само да ја доловам сликата). Самодовербата ти е на ниско ниво, девојките ги ставаш на пиедестал и се ПЛАШИШ од нив и нивното мислење за тебе. Сето ова е погрешно. Знаеш зошто се во врска со момци со кои постојано се караат? Затоа што истите тие момци имаат свое јас, не се плашат да го изразат своето мислење и став, и нормално не го приспособуваат карактерот на околината. Сигурен сум дека имаш слушнато/видено за некој сељак со златен ланец и Мерцедес како ги дупи најјаките пички низ град. Тоа е зошто дотичниот сељак не го боли баш кур за туѓите мислења и е алфа. Секако не само сељаците се алфа, постојат и сосем урбани момци чие присуство плени и немаат проблем да пријдат на, и освојат девојка. Примерот беше чисто за визуелизација, како еден од посекојдневните.

    Зборот ми е, за да имаш успех со девојките, не треба да си фин, добар, коректен и срамежлив дечко. Додека те читав, добив впечаток дека со самото тоа што си добар, чувствуваш дека девојките или светот ти должат на тебе нешто. Светот не ти должи на тебе ни млитав кур бе брат. Тоа е исто како да викаш дека бикот не треба да те качи на рогови и да те разнесе само затоа што си вегетаријанец.

    Е сега, мене и до некој степен ми е јасно зошто си го скроил тој начин на размислување. 90% од девојчињата, ако ги прашаш, ќе ти одговорат дека сакаат фин, едуциран дечко чии животни погледи се поклапаат со нивните кој секоја вечер би ги успивал со басни од Толстој, а би ги будел со појадок во кревет.
    Можеби, а не сакам, ќе те разочарам, но најголем дел од девојките немаат благе везе што и како сакаат од идниот(совршен) партнер од соништата. Тоа најверојатно се должи на непознавање на човечката психологија и незадоволителна способност за перцепција, апсорбирање и анализа. Токму тоа е причината што многу од нив се малтретирани(физички и психички), се возат во бемвето на Љурдим со клавијатура зад устата, а дома имаат постер од Бред Пит итн. Мислам дека ти е јасно.

    За да ти немаш никаков проблем при интеракција со девојка, треба да сфатиш дека и тие се луѓе, со свои проблеми и недостатоци, со своја приказна и соништа. Никако не ги ставај на повисоко рамниште од самиот себе, секогаш пониско. Исто така, никогаш не ги споредувај петте минути на другите со твоите најлоши. Тоа е погрешен начин на анализа и споредба.

    Понатаму треба да работиш на реализација на себе како личност, да се чувствуваш удобно во своја кожа и да се чувствуваш сигурно и самоуверено во БИЛО која ситуација.
    Да не куцам уште цел есеј, верувам дека линков(мој пост од друга тема на форумов) би ти послужил:
    seks/nevini-maski-nad-21-godina-t14317/#p1301777

    Со среќа и пофали се ако фатиш нешто :).
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lepor.Lepos

    Lepor.Lepos Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    21
    Во принцип имаш три опции како да се поставиш спрема девојките.
    Ти избери си, во зависност од што сакаш да постигнеш.
    1. Ако си кретен, најверојатно ќе имаш голем успех и ќе ти се посреќи
    2.Ако останеш сеа како што си, ќе бидеш тапа фраер, и најверојатно некоја ќе те начека да ти истовари 3 тона женски *****.
    3. Работи на самодоверба, и зачувај ја оваа "невиност" и барај девојка со слични квалитети ( што е многу тешко да се најде). Очи широко отворени и бирај внимателно.

    Јас сум за последната варијанта, зашто најмн ќе ти се исплати понатака во животот. Добар и самоуверен дечко,кој паметно одлучува....Со таков став ќе бидеш среќен стабилен и емотивно исполнет.
     
    На reddevill му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Viktor12334

    Viktor12334 Активен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Ми се допаѓа едно девојче од мојот клас ја сакам уште од 3 одд но таа мене ме смета за најдобар другар ннезнам што да напрамав за да ја придобијам :?: ПОМАГАЈТЕ :|
     
  17. Viktor12334

    Viktor12334 Активен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Значи вака - полнам 13 за некоjа недела, се закачив за една коjа веке има 13, а таа е од мој клас е сега проблемот е што се гледавме само у школо, а плус е првенец на генерациjа и многу учи. 3 години се дружиме онака у школо, едно време мислеа дека сме заедно пошо цело време на одмори си праевме муабет... еднаш и ме праша дали имам девоjка што го сфатив како знак дека ме свига... Она живее на сосема друг дел од градот и тешко ми е да jа контактирам на др начин освен Феjсбук... и пишав денес да искочиме викендов негде а она има малку се строги не не ја пустаат повќе од 19 не смее да остане надвор,а кога ќе ја прашам ми вика... нз а уствари она се срами да излезе
    Стварно сум збунет...
     
  18. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Бидејќи сте помали и нејзините не ја пуштаат до покасно, предложи и' да се видите од сабајле. Не мора само вие двајца, така повеќе ќе се срами и ќе се мисли дали да дојде, викнете и други деца од вашиот клас. Соберете се негде, незнам од каде сте ама скоро во секој град во Македонија има базен, организирајте се и одете. Ако сте од Скопје можете да одите во Зоолошката градина, незнам, возете ролерки, точаци, можете да одите да планинарите на некоја планина, шетајте се во некој парк, јадете сладолед итн. Има толку многу опции, сега е топло, времето е убаво така што доволно е само да викнеш и други деца и она сигурно ќе дојде. :)
     
  19. bubashvaba

    bubashvaba Активен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Mi treba pomos od zenska strana da mi ja razjasni situacijata :)
    Pred nekoe vreme i pisav na edno devojce na fb kao demek na greska sum i pustil nesto od fax, kolku da zapocnam muabet, ama nisto ne trgna muabetot i gledam dr den me izbrisala. E sega posle nekoj den jas izlezen so drugarite vkafic sedam so drugarite na edna masa i ova pominuva me gleda i kao demek zastana so drugarkite da pravi muabet pred masata jas kaj so sedev, jas se napraviv deka ne ja vidov i si pravam muabet so drugarite kako nisto da ne bilo. Drugiot den se setam so drugarite pomiuva taa so drugarkite i pak gleda devojceto vo mene, a jas se prvam deka ne ja gledam i prodolzuvam. Ne mozam da razberam ako i se bendisuvam zosto me izbrisa od fb ili pa nesto dr e vo prasanje, sakam da znam so si misli :) ???
    I uste eden sovet mi treba
    Na edno devojce i pustiv pokana za prijatelstvo i me prifati mozi posle 2-3 nedeli. I i pisam demek fala so me prifati posle 1 mesec ova ona i pocnavme da pisime ama malce demek ne me znaj ova ona. I pisam posle nekoj den ne mi vrati, dr den i pisam pak ne mi vrati pak, i se iznervirav jas i ja izbrisav. E sega posle nekoe vreme se setam so drugarite i ja zdogledvam nea i taa gleda vo mene i jas si prodolzuvam kako da ne ja vidov, posle nekoe vreme vkafic jas so drugarite izlezen i taa so drugarkite se smestuvat do nas i ja gledam jas i taa vo toj moment gleda vo mene, ama jas pak si se pravam deka ne ja gledam i si prodolzuvam da si densam so drugarite. I pred nekoj den jas sednat so drugarite na kafe i slucajno ja zdogleduvam nea vo dr kafic i gleda nakaj mene, aj rekov onaka slucajno da ne se gleda, ama po nekoe vreme ja gledam i taa svrtena pak na kaj mene. Sega nz kako da postapam, dali da i pustam pak prijatelstvo, nz so si misli ?
    P.S. se raboti za dve razlicni devojcinja :)
     
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Бубашваба, 23 години?!
    Сериозно?! :^)
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.