1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од ЖЕНСКА страна за сите машки

Дискусија во 'Сингл' започната од kuchka, 30 ноември 2010.

  1. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Гледам тука некои совети од типот кретен да станеш и најдобрите девојки ке се твои ау , мислам според мене нема потреба да се мењаш и ако нејкеш и не си кретен со сила да стануваш , биди си тоа што си и фин и културен само никако папучар , тоа не тенка е може границата ама убаво да си поработиш на неа и да си фин и културен ама со став и со свое јас , единствено што гледам е дека треба да поработиш на самодовербата и нема потреба да ја третираш како бог и да бидеш секогаш тука за неа ако не заслужила , како она со тебе така и ти со неа , исто така како што некој напомена не е секогаш физичкиот изглед пресуден , битен е многу да ама се паѓа у вода ако дечкото нема смисла за хумор и не го бива на муабет , така да поработи на самодовербата , кога ти поубаво ќе се осеќаш во врска со себе и ќе изгледаш посигурно и поубаво :D
     
  2. irinashayk

    irinashayk Активен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    ko da vcera ne ni bilo

    (masko sum )Epa vaka znaci sakam mojata taka da ja spodelam so vas,kako vikaat srekata e pogolema ako ja spodelis so drug,a takaga pomala :)
    Znaci bevme 3 meseci zaedno ni bese stvarno ubavo,znaete se pocna na sala ,ja stvarno se zaljubiv vo nea ,se geldavme sekoj den bev spremen da napravam se za nea a se nadevam deka i ona za mene , vcera posle utakmica i zvonam i ima sto da slusnam (se slucile mn losi raboti,znaci jas od nea sum postar 5 godini ),kao navodno majkai i tatkoi i se drale mnogu i se zakanile deka poveke ne i znaci nisto zatoa sto bila so mene ,kao navodno majkai ne videla zaedno bla bla bla,i i zvonam jas mi go kaza seto toa i mi vika ke mora eden izvesen period da ne se gledame a meguvreme ako sakas najdi si druga ??? oO ,a jas se pravev za nea ,zivoto go davav ,ludo sum zaljuben vo nea ,sekoj den posle trening pravo kaj nea,sum brzal samo da ne zakasnam za da se vidime ,pocnav duri i na treninzi da ne sum toj sto bev se zaradi nea ,i zamislete denes ja gledam vo grad ni zdravo ni mi vika nitu pak me poglednuva ,si odam doma i koga gledam mi ostavila poraka na fb,jas si go smeniv pasvordoto ako sakas smenisigo i ti :(,i pisav jas odma poraka iako ne bese online ,koga gledam pisuva seen ,i pisuvav i pisuvav gi cita a ne mi vraka ,si pomisliv da ne e majkai ukl,i i pisav molimte vrati mi i kazi mi sto sum sega ja kriv,i ona pocna da mi pisuva ,kao demek veke ne me saka kako porano,i bile izmesani custvata ,da si najdam druga ,deka za nas veke nema nadez ,znaete mene mi se srusi cel svet,ja molev da najdeme nacin ja molev ne sakase i nesakase ,a zamislete se imavme zakolnato pred crkva deka ke se sakame sto i da bide :(,mi go srusi siot moj svet ,a tolku mnogu ja sakam se bi napravil za nea ,koga bese ona vo prasanje ni prari gledav kolku torosam ni nisto , a zaso ona me otkaci tolku ladno ,ona bese prvata sto stvarno ja sakav mnogu i ja sakam i ke ja sakam zasekogas , ova vi go pisuvam od maka ,stvarno mi e mnogu tesko dusata me boli ,ne mi se zivee veke ,kako vikaat mn e tesko koga si bez onoj koj tebe ti e se ,a ti na nego si mu nisto ,stvarno vo ovoj moment se osekam mn mn tesko ,ne go ocekuvav ova od nea ,grom od vedero nebo :(((
     
  3. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.461
    Пол:
    Женски
    ko da vcera ne ni bilo

    Де бе дечко коа успеа у 3 месеци толку да се заљубиш и животот да го дадеш не ми е јасно. Јас мислам дека ова ти е само фаза не е до толку страшна работата. Башка ако си 5 години поголем од девојката според твојава возраст таа има 12 години што значи ја разбирам мајка и зашто се љути што е со тебе. Јас на 12 години уште ластик играв пред зграда,дечко ни на крај памет не ми беше. Мислам дека и подобро што не сте заедно со оглед на тоа што девојката е ептен мала. Ке си најдеш некоја што е приближно твоја возраст и ке немаш проблеми со мајки-шајки и остали. :D
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  4. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    ko da vcera ne ni bilo

    Ајдее ако те откачила не те сакала-не вреди да си трошиш време на неа,а уште помалку па да тагуваш по неа
    Како шо гледам имаш 17 години ќе најдеш лесно некоја шо вреди да ја сакаш и гледај најди девојка на твој години

    их таман да пратам супергрл ме преварила со истото,нема врска :)

    иначе не верував дека машко може да се заљуби :^)
     
  5. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    ko da vcera ne ni bilo

    Иринче мариии, аман! На 17 години ти тука Титаник ќе си играш? Па дај ќе те замолам земи воозбили се и посвети си се на фудбалот или земи нешто друго да работиш. Се е ок што си напишал, убаво е да си вљубен, ама имаш 17 години, женски има колку сакаш па дури и такви што сакаат стварно дечко да си имаат, наместо да ми се лигавиш тука на Фемина, излези надвор, забавувај се и живеј си го животот, а не да плачеш по 12 годишна, абе тоа е дете, мислам каде одиш, што размислуваш? Едноставно не ја комплицирај и уживај си во младоста, а не пред цркви Ромео да изиграваш. |( ;) :)
    п.с Восхитувам му се на девојчето како те е смотало :?:
     
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ko da vcera ne ni bilo

    12 годишно девојче со 17 годишен дечко-некако не оди
    девојчево е премало за тебе, те свакам дека навистина си се заљубил-машките од надвор изгледаат ко камен ама сакаат посилно од нас женските тоа е факт ама си се заљубил во погрешна неа ептен паметот и лета-ке ти треба време додека ја надминеш неа-на времето ако му дадеш време ке се случи и тоа
     
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    ko da vcera ne ni bilo

    Ако е вистина дека ти имаш 17 години а таа 12...нејзините се во право.И јас не би дозволила ќерка ми да се гледа со некој на тие години.Можеби сум старомодна ама така мислам, таа мора да има ДЕТСТВО.И нормално е што реагирала така,таа едноставно е уплашена.Од една страна родителите за кои е поврзана ,од друга ти кој и нудиш нешто за кое таа не е спремна.
    Значи смири се ,вдиши длабоко и не драматизирај...биди маж.Согледај ја ситуацијата од реална страна.
    И,ако си сериозен и заљубен,чекај ја да дојде до некоја пристојна возраст.А можеби дотогаш некоја друга ќе влезе во твоето срце....
    :f:
     
  8. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    ko da vcera ne ni bilo

    Многу поетичен наслов морам да признаам , настрана тоа мене само ме интересира нели кога си вљубен личноста и физички и умствено те исполнува , е сега што имавте вие теми за муабет па дотолку да те привлече и да се заљубиш , тоа е дете од 12 години колку теми заеднички имате вие ? 5години не се голема разлика но на овие години се ! Таа уште жмурка и ластик у маало игра а дечки на твои години веќе невиноста ја губат . Јас сфакам ајде љубовта е слепа , тешко ти е , ама размисли што би направил ти ако твојата 12 годишна керка оди со некој 17годишен? Искрено и ти би си помислил дека типот е настран и дека има некои чудни фетиши или дека има предиспозиции за педофил и дека нешто ке и направи . По текстот гледам дека немаш такви мисли кон неа и дека си заљубен ама ти зборувам од страна на родител , секој би си го помислил тоа , нејзиното однесување можеби е такво поради тоа што од дома сега строго ја држат , можеби и телефон и земале и фб , имав другарка на која мајка и кога дозна дека има дечко и го ема телефонот и таа враќаше на пораките , во секој случај мислам дека треба да се тргнеш малку настрана од девојката и ако толку е голема вашата/твојата љубов почекај малку да порасне па потоа дејствувај .
     
    На richgirl998 и feminium им се допаѓа ова.
  9. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    ko da vcera ne ni bilo

    Хаха,не е за смешка,ама морав да се насмејам.
    И ќе те замолам да не ги преуваеличуваш работите-животот за неа го даваш?Ајде бе..
    Па и шлаг на тортата е заклетвата пред црква..мислам :?:
    Имаш 17 години само,и овоа ти е првото љубовно разочарување,нема потреба од толку лелекање,сите сме биле заљубени-оставени,т.е зае*ени,ама тоа секој поминува низ вакво нешто.
    Значи нема потреба од толку драматизирање.
    Не те сакала-во ред,ќе пробаш да ја забравеш и ќе си најдеш друга.
    Уште само низ колку љубовни патешествија ќе поминеш,не можеш ни да претпоставиш,а ти тука кукаш за 12 годишно дете!Да да дете.Јас на 12 години играв криенка пред зграда.И знаеш кој ми беше најболниот момент тогаш-кога мајка ми ќе ме собереше.Колку ли само плачев.
    И шо ми е поентата?Треба да сватеш колку на детето му тежи памето кога на 12год фаќа дечковци,и' ти ја плаќаш сметката.
    Ајде сега концентрирај си се на друштвото и на тренинзите,и за 2,3 дена ќе ти биде смешно за овај пост.
     
  10. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.025
    Пол:
    Женски
    ko da vcera ne ni bilo

    Mорате ли со тинејџер баш така грубо да разговарате,во право сте мало е девојчето но дечкото не е заљубен туку вљубен.Tокму во тие години се вљубуваат и женски и машки ,а ти беше пристоен не спомна ниту секс ниту нешто лошо ,туку ај навикнат е женскиот свет на нечувствителни машки па затоа се исмеваат со оние кои имаат љубов во срцето!Aко е голема таа љубов и вистинска ,ќе опстои со тек на времето кога таа ќе порасне можеби ќе го чувствува она што го чувствуваш и ти,но сега е мала не може да размислува зрело ниту може сериозно да се вљуби таа е сеуште дете :) .Tреба да ти дадам пример јас кога бев тинејџер на 14 се вљубив и мајка ми кога дозна и се стемни но за среќа во врсник инаку секој родител си го штити детето кај нас на балканот само ќерките де,како и да е биди среќен што нејзините родители ја чуваат оти стварно имала голема среќа да налета на момче фино и добро како тебе,а нејќам ни да помислам да и се доближел некој манијак ,педофил :puke: ,како ќе распознае таа на нејзини години кое момче е искрено или не?Tе разбирам целосно и ете мој совет остави го девојчето на мира колку и да ти е тешко,по неколку години ако пак ви се сретнат патиштата,направи се за да ја задржиш.Mногу би ти помогнала и библијата доколку си верник,Gоспод го чува најдоброто за сите нас,така и за тебе биди позитивен уживај во младоста ,ти посакувам се најубаво и знај сите ние сме биле вљубени но мораш да размислуваш со ладна глава за правилно да расудуваш без твоите чувства да ти го поматуваат разумот поздрав :hai:
     
    На a.c.k.a и macedonia.timeless им се допаѓа ова.
  11. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    ko da vcera ne ni bilo

    Прво мене овој пост од irinashayk не ми изгледа како да го има напишано дете од 17 години,и не мора да се палите одма и да зборувате контра како бил глупав што ја сакал, синкир вие нејките да бидете сакани исто како на местото на девојката.. Ха..Не би сакала да основам мислење, но ако се стварно има 17 години не вреди да се коментира.
     
  12. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    ko da vcera ne ni bilo

    сепак 12 години не ми се некако доволни за стабилна врска,сепак тогаш влагање во пубертет друштво ова она, би рекла вклопување во опшеството :) бар да беше две три години поголема. иначе да су на местото на родителите ија би постапила така :) Иначе ајде имаш сила ке поминит сигурно то 12годишно девојче не те зашеметило дотолку па да неможиш да е заборајш :lol:
     
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ko da vcera ne ni bilo

    Ни две ни три години поголема.
    Јас на тие години не би ја оставила да има ни мобилен, ни фејсбук, а камо ли дечко.
     
  14. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    ko da vcera ne ni bilo

    ни две ни три ? на 15-16 зошто да не ? :!: 21 век, технологијава напредуват напредуват општеството.. немат што тука :x
     
  15. Babylon

    Babylon Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    21
    ko da vcera ne ni bilo

    Боли оставањето, а тебе уште повеќе зашто веројатно ова ти е прво вљубување и си почувствувал нешто толку силно за толку краток период. Пет години можат да бидат прифатлива разлика, но да се работи, на пример, за 25-годишен и 20-годишна. Во твојов случај ти си веќе во пубертет, а девојчето се` уште во основно. Различно размислувате. Разбирливо е што се вмешале родителите. Сепак, се` уште е малечка. Обиди се малку пообјективно да ја согледаш ситуацијата. Знам дека е тешко, но пробај. Излегувај повеќе со друштво, најди некое хоби, пополни го времето со нешто. Млад си. Ќе биде подобро :)
     
  16. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    ko da vcera ne ni bilo

    За три месеци успеа лудо да се вљубиш и тоа во 12 годишно девојче. :clap:
    До кога бе вака ќе трчате по мали девојчиња. :x 5 години не се малку, ја разбирам мајка и, на нејзино место исто би постапила. Тоа не е заљубување тоа е само фаза не се секирај ќе го надминеш. ;)
    А тоа мало девојче што може да знае, мало наивно, неискусно. Па таквите е и најлесно да се излажат.
    Послушај ја мајка и и тргни се настрана, најди си некоја на твојта возраст и не му прави проблеми на девојчето.
     
    На K-pozitiv му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ko da vcera ne ni bilo

    Зашто кога таа ќе има 15, тој ќе има 20 и петте години разлика се‘ уште ќе бидат неприфатливи.
     
  18. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    ko da vcera ne ni bilo

    разлика од 7 - 8 - 9 - 10 години да ми речиш.. ама за 5 години ? |( :!:
    немат врска таја ко ке имат 20 тој 25 ке имат што не е ништо страшно
    само проблемот е друго не е разликата во години туку то што таја е уште т.н дете, уште ни во пубертет не е влезена :^)
     
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ko da vcera ne ni bilo

    ^ Епа тоа де. И на 15 уште ќе биде дете, а тој ќе биде адолесцент со хормона до плафона.
    Кога таа ќе има 20 веќе е друг муабет. Ама далеку е девојчево од тие 20.
     
  20. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    ko da vcera ne ni bilo

    тоа е само фаза не е заљубување после извесен период ке се смееш за ова а и на девојката во која си бил заљубен.За да ја најдеш правата има уште сто пати да се заљубиш, сто пати да те остават и ти стопати да оставиш./Само опуштено се ке си дојде на своето