Pomos Hикој од арно не бега ,таа очигледно е решена дека не сака повеќе да бидете заедно,а незгодно е пустото ако човек ништо не ти згрешил ,па затоа одбрала пуфки да ти продава,да не излезе спрема тебе а вака нема да ја замараш,затоа и пушти ја.
Pomos незнам што сака ама знам дека сношти и се расплаче е сеа колку треба да и вервам јас на нејзините солзи е то друго прашање.Таја вика несакам да раскиниме ама и не сакам пак да се поврзам со некој и на крајот пак јас стапот да го јадам.
StAr234, не сугерирам дека те мота оваа, може стварно и е страв ако претходно била повредена. Ти пробај да и објаснеш..али ако видеш дека не иде, батали. Па со сила ништо не бидува. Се трудам да ја сфатам, може и е страв ако се заљуби у тебе ќе биде повретена, ама некако не знам која и е поентата на муабетов. И сеа што, демек ако еднаш се изгорила, никогаш по ништо да не посегне, колку и да не е тоа ватра, а? Ако она на твоите убедувања упорно сака да се тргне батали ја, онда може стварно тоа и е начин на раскинување . Ако процениш дека стварно и е тешка разделбата и сака да е со тебе, со малку труд ќе ја разубедеш Среќно
Според мене,девојката бара само изговор за да раскинете. Се плаши да не се вљуби и да не биде повредена?Па зарем не била вљубена кога се впуштила во авантурава?5 месеци е релативно доволен период да разбере какви имаш намери со неа,да примети дали е почитувана или не,сакана и сл. Не знае како да каже дека не е тоа тоа,и игра на карта минато.
Според твојава последна реченица ти имаш нешто гадно згрешено. Или па јас погрешно те сфатив? Што е тоа што се случило во минатото? Очигледно е дека девојката е повредена. Е сега, ако си ти тој што ја има повредено во минатото, тогаш разбирлива е нејзината недоумица. А и 5 месеци не се нешто многу период за врска, така што сигурно и доверба нешто многу немате изградено, па затоа она е несигурна. Како и да е, побарај ја и смирено разговарај. Ако навистина ти значи, побарај од неа малку трпеливост па докажи и' дека нема да биде повторно повредена. Се' зависи од неа, затоа седни и искрено разговарајте. Иако, морам да кажам дека не ја исклучувам можноста дека она ти прави финти и ти набива вина само за да ти раскине, а да не излезе она лошата. Сам ќе се процениш каква е работата.
Mолам за помош Вака, нема да должам многу, ќе се обидам да бидам најкраток што можам (иако не е лесно да се биде краток кога е човек висок 183 (мала шала)). Пред некое време во дискотека (не е битно која сепак нема да споменувам ни имиња на луѓе ни на места заради зачувување на приватноста, да не се лутат после) запознав девојка со која многу убаво си поминав таа вечер, излеговме после тоа уште 2-3 пати и супер си поминувавме се до моментот кога ми рече дека една петочна вечер нема да дојде на местото каде што јас бев излезен и јас за жал поверував во тоа и се смував со друго девојче а во тој момент девојката со која претходно се мував (значи таа што ја запознав во дискотеката) ме затекна и ми рече дека нема повеќе доверба во мене. Затоа барам предлог како да ја вратам довербата на таа девојка во мене, сите совети се добредојдени, многу се каам поради тоа што се случи и затоа ми треба ваша помош. Благодарам за советите однапред.
Mолам за помош Напињај на чет и биди упорен, викај ја да излезете не мора само навечер можеи преку ден кафе ова она, али колку што разбрав не сте па ни муватори чим сте излегле само 2-3 пати за она толку да се лупа од земја ради доверба и такви ствари... Со среќа како и да е
Mолам за помош @insatiable13 фала ти за советот, иако е малку дискутабилно ова напињај ја на чет, мислам јас и понатаму пробувам да и правам муабет на чет и скајп дури и кога и се јавувам на телефон правиме муабет ама се се сведува на 1-2 минути муабет и толку, плус од друга страна страв ми е да ја напињам затоа што може да си рече овој би бил многу досаден и да има одреден side-effect, исто сакав да и ставам цвекиња на хаубата од колата кога ќе биде искочена некоја вечер во град а јас како демек случајно (исто како Смаугот од Хобит 2-ка кога се разбуди нели кога овој лудаков сакаше да му го краде тоа прстенчето па после нели фати да го бара и така натаму сега да не забегувам скроз од темава) да поминам таму да ме види и да се затекнеме на исто место, пошто мислам дека пијана или евентуално дрогирана би прифатила да се смириме побрзо отколку вака кога идеме на пример да пиеме чај или евентуално кога идеме на млеко во Пиаца (иако реков дека нема да споменам имиња сепак морам да ја споменам Пиаца, од таму имам најубави спомени со неа), така да ќе го дадам максимумот од мене во секој случај па ќе видам што можам да направам, девојката е една и единствена, навистина е реткост да се најде таква девојка во градов.
Mолам за помош Вака, ја мислам дека најбоље би ти било да си напраиш ротација од 3-8 девојки и некое време искачај си со сите, прај си работа што ќе си праиш а ако оваа ти треба за врска не се впуштај одма. Коа ќе види дека има поголема конкуренција ќе стане поизгорена за тебе и најверојатно ќе те моли за врска и после тоа и те како ќе работи за да ја одржи истата. Е сеа, она од моменталнава ситуација може да си добие на его, демек овој може да го иам било кога али напраи и фора во стилот, дај и малку да осети и да се навлече, она да види колку си топ; а после тоа играј си како било при што ќе сака да си го напраи филмот демек она испаднала како најаката од сите што ти си ја избрал. Значи, во никој случај не и ја предавај моќта на неа, само евентуално создади и таква илузија. Е и, никако врска пред секс, ниту пак било какво частење (макар и кафе) исто пред секс.
Mолам за помош Друже јас последниов период бев на неколку "double date-ови" со Дафт (претходно се запознавме од форумов, бев уште поголем лузер ) - нормално не сум се уште на позиција да делам онлајн мудрости по форуми, тоа е друго ниво за мене брат, но планот со ротација на Дафт работи, и што е најважно те става на правата патека што се однесува на прашањето за како да привлекуваш и задржиш девојка, што мислам е ситуацијата во која што си ти сега. А дали е морално подржано е друга дискусија, но мислам дека е што сум зборувал со неколку девојки, и они викаат дека правеле слични работи. Она најверојатно те тестира само, не е озбилна дека не ти верува.
Mолам за помош Инаку за жал не бев искрен со вас претходно затоа што ми беше малку срам, јас со таа девојка одев веќе неколку месеци и првиот пат јас ја затекнав во ситуација во каква она ме затекна ама и дадов втора шанса тогаш се мувавме уште и си реков па и не е толку страшно, меѓутоа ова сега е навистина одвратно од моја страна и навистина предоцна сум свесен што всушност направив
И?? Што ако си и дал шанса кога само сте се мувале тогаш?? Чим сте се мувале само значи ептен на почеток сте биле а на почеток не можеш да имаш целосна доверба па што сака нека е. Ако сметаш дека си имал- тогаш е само занес дека и веруваш. Доверба така лесно не се стекнува, туку после месеци запознавање Како и да е, да не бидам офф, ова да го напраиш после неколку месеци треба да си гад човек -.- Не ти е оправдување дека ако она напраила- треба и ти или да и вратиш за тоа и дека пошто си и простил тогаш-треба и она тебе. Тоа е најголема грешка кај вас машките е сеа моли се да е некоја што премногу те сака и што би ти простила (нема да ти кажам дека јас не би простила- зашто веќе простив скоро слична ситуација, меѓутоа денес некоја ако ти прости тоа е 1 во милион шанса). И не дека ти глуми нешто ко што кажаа, туку довербата батка ја нема-тоа да ти е јасно, нека не те залажуваат другариве погоре
А шо вие двајца ( ако воопшто се работи за различни личности) си коментирате на исти теми и си се поддржувате? Малку сумливо е релативно нови профили, направени во релативно близок период - да немаат некаква позадина.. Па и уште се знаеле и се дружеле.. абе да. Битно, прво мислење на Играта е: DaftPunk друже, голем респект и од мене! - во тема на "другиот" , каде што уствари овој вториов мудрува и гледам подоцна го зема првиов под закрила и да го учи. Комедија сте деца! Да не е некој тука да глуми опасен фраер и да брка женски или можеби едноставно вишак на слободно време..? м? А ти, Kingofbed ако послушаш совет од горенаведениот, веројатно ќе останеш без дотичната цура.
Абе таја е сигурна значи ми призна дека ме сака и дека се заљубила во мене и не сум јас тој што сум згрешил во минатото многу ми значи и зато се ке напрам за да останиме заедно се разбира ако и таја сака јас не можам ништо со сила и сто пати и кажав дека неможи заради тоа што и се случило во минатото да неможи да ми верува дека нема од оваа врска таја да излези пак повредената.
Фразата 'Те сакам,значеш ми,ама..бев многу повреден во минатото,и се плашам и сега да не бидам.Затоа подобро е да прекинеме,сам па како знам.А притоа нема да сум повреден'..ја употреби мојот бивши и ми раскина Се надевам и кај тебе нема да е случај Спојлер Ипак,стојам зад моето мислење кое ти го пишав претходно.Изговор бара.
епа и јас се надевам дека нема да биди случај и ке видиме што ке биде денес е нов ден да видиме како ке одат работите
Да, ја сум и 2цата, имам(е) и ко Fight Club за жени, само што не планирам на крајот да се упуцам. Така да, ако видиш некој у кафич како се лапа сам со себе, ја сум Лошо е што си немал јасно поставени граници, ја пример не би одел преку варање. Али прашање е и колку ти е битна моногамичноста во муабетот. Мој совет е ипак да си тераш сеа со други, таквата ротација може само да ти помогне. А тоа со довербата мислам веќе заминат е возот за со оваа типка, така да или прекини или ротирај ја и неа (врска без обврски и сл.)
Daft навистина ти благодарам за советот, предобар е, ете вчера бев искочен и запознав една девојка и ете таа ми е првата во комбинацијата, ми преостанува само уште 3 да најдам, па да си го направам животот поинтересен, затоа што нели и онака девојќите се само за забава, тоа низ годините од мојот живот успеав да го сфатам, и мислам дека далеку ќе бидам посреќен ако така ги менувам а нема да остварам ниту една сериозна врска, затоа што според мое мислење они немаат веќе исти ставови како што имале за животот, врските, бракот, семејството ко на пример пред 10тина години, така да со оваа нова генерација на девојќи треба да се воспостават нови правила, каде се се сведува на чиста забава, секс и ништо повеќе од тоа. Фала ти уште еднаш, навистина многу ми помогна и се надевам дека ќе те запознаам во живо и ќе добијам уште некој гратис совет за date.
Daft навистина ти благодарам за советот, предобар е, ете вчера бев искочен и запознав една девојка и ете таа ми е првата во комбинацијата, ми преостанува само уште 3 да најдам, па да си го направам животот поинтересен, затоа што нели и онака девојќите се само за забава, тоа низ годините од мојот живот успеав да го сфатам, и мислам дека далеку ќе бидам посреќен ако така ги менувам а нема да остварам ниту една сериозна врска, затоа што според мое мислење они немаат веќе исти ставови како што имале за животот, врските, бракот, семејството ко на пример пред 10тина години, така да со оваа нова генерација на девојќи треба да се воспостават нови правила, каде се се сведува на чиста забава, секс и ништо повеќе од тоа. Фала ти уште еднаш, навистина многу ми помогна и се надевам дека ќе те запознаам во живо и ќе добијам уште некој гратис совет за date.