1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од ЖЕНСКА страна за сите машки

Дискусија во 'Сингл' започната од kuchka, 30 ноември 2010.

  1. ilovemedicine

    ilovemedicine Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    695
    Пол:
    Машки
    Znaci vaka ima eden devojce sto mi se bendisuva i stalno gledame eden vo drug .Se slucuva da se gledame i po desetina sekundi bez prekin. Ne sum siguren dali i se svigjam, ili pak ima nesto cudno vo mene sto tolku i go privlekuva vnimanieto.Postojano se mislam dali da ja adnam na fb.Inaku karakterno sme dva razlicni svetovi taa e opustena i sekogas e vo centarot na vnimanieto a jas pak sum posramezliv i pozatvoren tip i taka.Se gledame cesto na faks no icno ne se sme se zaposnale i situacijata veke deluva cudno.Veke nekolku meseci zjapanje eden vo drug. Neznam do kade ke vodi ova.Vase mislenje kako treba da postapam dali da prevzemam nesto.
     
  2. Devotion

    Devotion Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    32
    Почекај до 15 секунди, па 20..И си се зјапате,колку слатко. Да. Преземи. Нешто. Денес ајде да речеме фб е некоја почетна иницијатива, додај ја штом велиш дека карактерно си по срамежлив, па да се надеваме дека муабетот ке ви трае повеке од 10 секунди. Среќно!
     
    На LaraSolare му/ѝ се допаѓа ова.
  3. TheDarkPrincess7

    TheDarkPrincess7 Нов член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Совет до сите машки да прекинат да ги гледаат девојките само како кукли за секс не се сите исти ... Да си ги контролираат тие напади ( на прв состанок) затоа што станувате одбивни од старт
     
  4. Ana3567

    Ana3567 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
    Da ne gi bricat toa glavite skinhead ili 1 na sto lici toa ???
    Kako moze toa da vi se dopaga !!!
     
    На TheDarkPrincess7 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. GossupGirlxoxo

    GossupGirlxoxo Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    32
    ДА! Адни ја, почни да и лајкнуваш, и постепено да и пишуваш па и сам ќе сватиш според понашањето што чуствува за тебе.. Ако не пиши и пак ќе ти дадеме совет :D:D
    Good luck!:D
     
    На ilovemedicine му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Emily Dora

    Emily Dora Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Совет до машките-не бидете дегени ! искрено помина времето коа ние женските пагавме у депресија и сечевме вени на оние кои имаа по милион женски.не сте фраер ако ја варате девојка ви воопшто не е интересно тоа одма ве множиме со нула.фраер и вреден е оној кој има 1девојка и ја сака најмногу и ја цени највеке на цел свет .вредноста на машкото се познава по тоа колку е срекна девојка му. поздрав за оние дебили кои малтретираат девојки ,еден ден и вие ке имате керка а можда и имате сестра :D
     
    На Miss.M5, Ana3567 и Name им се допаѓа ова.
  7. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Машки
    А дали вредност на жена се мери по тоа колку е среќен дечко и?

    П.С. Прашање. Зошто понекад на некој тип му правите муабет, го допирате, флертувате, договарате дејт, и после некој ден го откажувате дејтот.

    Сум особено нафуран вечерва дека ми се случи ова со 3 жени за помалце од две недели !!
     
  8. Emily Dora

    Emily Dora Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    па да и тоа си во право ! :)
    пхх на ова незнам да ти одговорам бидејки не сум го напраила ми нема смислам да флертуваш да договориш и да откажеш...:| извини ама незнам да ти одговорам :*
     
  9. Pecky

    Pecky Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    Имам 16 години и сум машко и до сега се неам мувано ниту пак излезено на „состанок„ со девојче....
    Но, сепак немам ни прашано девојче да излеземе бидејќи имам страв да не ме одбие и после да се рашири муабет дека ме одбила...неможам да живеам со тоа....дајте некој совет, идеа, помош што како да правам.....читав и читав и читав и читав и видов дека сте најдобри во давање совети.....се надевам дека ќе дадете и некој совет за мојов проблем.
    Ви благодарам <3
     
  10. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    @Pecky За се има прв пат. Така да не се разочарувај и да ти се случи тоа да бидеш одбиен.;)
    Кога си решил веќе не мора да го викнеш девојчето одма на излегување, повикај ја на кафе на денска шема или ако ти е срам повикај ја заедно со некоја другарка или поголемо друштво, чисто да го скршиш ледот. Одете така 2-3 пати на кафе, па после повикај ја на само на кафе или излегување.:)
     
    Последна измена: 1 декември 2014
  11. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    Ооо @Pecky бе,не се потресуј толку со теми „Никој не ме сака’’,јас те сакам :)
    Како прво,се немаш мувано и немаш излезено баш заради тоа што ти е страв од одбивање. Мораш да се помириш со фактот дека одбивања имало,има и секогаш ќе има. Кој и да си,каков и да си,секогаш ќе има некоја која што ќе те одбие,а можно е и дрско да се испонаша. А теоријата за тоа дека ќе шири муабет дека те одбила ми е без везе - па голема работа ако те одбила,каква врска има тоа? Ич да не те боли бананата,прашувај ја секоја која што ти по ќеиф,ако те одбијат уште помалце да те боли бананата. Ако не пробаш никогаш нема да знаеш,а и плус ептен глупо личи машко на кое што му е срам да пријде - делува ко да немаш самодоверба. А ако немаш самодоверба ништо од бизнисот.
     
    На Linn1, luci22 и Bokchee им се допаѓа ова.
  12. Pecky

    Pecky Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    Немам самодоверба како некој исфурани машки кој не знаат кај им е границата...но имам малце самодоверба и ако некоја ме одбие нема трошка да остане од таа самодоверба....но имаш право ако не пробам нема да знам....ти благодарам за одговорот :)
     
    На AziskaStrslenka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Машки
    Здраво Pecky! Незнам како сум ти го пропуштил прашањето, пардон од напред.

    Еве ти серија знаење:

    - Имаш 16! Допрва ќе учиш за жени, воопшто не касниш, не се сеќирај. Нормално не си напреден и има некој што добива повеќе жени пред тебе, али тоа е судбината на поголемиот дел од твојот род. Жени гравитираат околу типци што веќе имаат жени како комети околу сонцето.

    - Тек после 23-25 години можеш да очекуваш вистински однос од нив, така да не се замарај и не сваќај ништо лично од твоите врснички. Note: Некој жени каснат и до 30-32 години, а 1% никад не созреваат.

    - Пола од Играта (хахаха се спомнав сам себе у контекст) е да препознаеш која жена каква е, и што сака. Кога ќе развиеш серија на однесувања и кога ќе знаеш каде да ги примеш, ќе имаш Игра.

    - Другата пола од Играта е да не ја играш играта. Кога жена те гејма, ти идеш подалеку. Кога жена те свиѓа, го имаш воланот и не се замараш, и она си е среќна дека има стабилен силен дечко што ја сака. Кога жена не те свиѓа, пак не се замараш, и она те свиѓа дека не се замараш. Get it?

    - Ширење муабети - глеј вака математика е тоа. Колку повеќе те кикаат, толку повеќе се изложуваш на жени, а жени верувај ми немаат конзистентност во мислите, така да статистиката ти е најдобар другар. Кикнат човек, е ќарен човек.

    - Карување нема логика. Машки имаат логика. За да ќариш, заборави ја логиката и следи ги емоциите и она што е во моментот. Со девојка не постои минато и иднина, има само сегашност, и енергијата што она ја осеќа од тебе. Колку си подалеку од себе, толку си поблиску до нејзе. Поетично, ама вистина.

    - За да добиеш мн жени, треба да те одбијат мн жени. Мене ме имаат кикнато преку 150 жени во Скопје, ама затоа и сум добил скоро 50. Ширење муабети е корисно и мн често на куќни забави муабетот знае да стигне пред ја да стигнам таму, така да пола од работата ми е веќе завршена.

    - Ќе се осеќаш како Б-категорија celebrity со овие совети. Вози го филмот и не глеј назад
     
    На Linn1 и Читател им се допаѓа ова.
  14. Pecky

    Pecky Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    Ти благодарам што одвои време да одговориш на моето прашање МНОГУ ми помогна...вистина незнам како да ти се заблагодарам <3
     
  15. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Машки
    Ми текна и за ова да ти пишам, бонус совет.

    Глеј како ти е изградена реченицата "Немам самодоверба како некој исфурани машки кој не знаат кај им е границата". И ја сум имал некад такви мисли, и веруј погрешни се

    Тоа што го опиша уствари горе е на некој начин самодоверба. Не знаат кај им е границата = сеедно им е што мислат другите за нив. Ги перцепираш како лузери бидејќи поголемиот дел стварно се, си слушнал ignorance is a bliss? Колку си посвесен толку е потешко да имаш самодоверба бидејки стално осеќаш и мислиш што мислат другите, ама стварта е што мораш да заборавиш на тоа.

    Тоа што си посвесен ќе ти биде предност кога/ако научиш да ја контролираш. Во средно имав повеќе девојки од клас мушки без цигара да запалам бидејќи бев луд + смешен + се ставав + ми беше сеедно.

    Зошто сум на фемина? Пишувам контрадикторни постови, добивам негативни критики и си одржувам фокус. Тренинг за у живо, да ти биде сеедно ако цел форум не ти верува кога им кажуваш нешто. Мн често пишувам вистинити работи ама на начин што влече негативни емоции кај жени, и луѓето стално скокаат на опцијата да бидат негативни кон тебе отколку позитивни.

    Никој нема да те величи бидејки си бил типот што си знаел каде му е границата и пазел никад да не ја премине. Сите ќе те знаат како типот што го боли *** за границата и иде ја скока од сабајле.

    На крајот на денот сите ќе не снема. Барем остави белег

    Np, ќе ми значи ако ги примениш и ти успеат, со среќа, те чека долг пат ;)
     
  16. Pecky

    Pecky Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    Од денес неам граница xD ти благодарам самодовербата ми е UP од сега и нема да се ослонувам на другите што мислат....вистина ти благодарам.
     
    На stranger му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Stifler123

    Stifler123 Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Zdravo neznam kade da pisam vo koja tema ovaa me zvucese najprikladno. Sakam da se ispovedam na ponezniot pol da me soslusa( procita ). Vo posledniov period mnogu sum senzitiven I emocionalen doagja edna godina od kako sum single do Sega se uste nemozam da fatam devojka a imam tolkava ljubov vo mene sto ke ja sakam najmnogu ama ne se pojavuva nikoja do sega osven pres 7-8meseci probav so edno devojce ali togas imav I moj problem I I na bivsata mislev i ne bidna nisto. Sega sum depresiven I psihicki rasturen deka problem lezi u mene zasto ne mozam da najdam devojka si mislim deka sum glup neznam kako da I se postavim neznam kako da I se upustim ednostavno nemam zborovi ne mi odi muabetot so zenski.............
     
  18. monnii-4

    monnii-4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    60
    Вака по името те помислив фраер и пол, ама не било така. :P
    За да ти оди муабетот со женски, општо и во секакво друштво, треба да се опуштиш. Нормално и друштвото да ти биди погодено.
    А таа што планираш толку да ја сакаш, ке се појави кога најмалку очекуваш. :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Прва лична грешка ти била вртоглаво улетување од врска у врска. Скоро никогаш не излегува како што треба. Треба да се допојаснат и дорасчистат сите недоумици, да се излади малку главата и да “се затвори досието“, па дури отпосле. Претпоставувам си се плашел да не резултира тоа со долг период останување сам, но еве, еден погрешен потег и тоа веќе се случува. Мада, ни тоа не би го вбројала во листата на којзнае какви проблеми. Период едноставно.

    Како си можел да пријдеш на бившата, така можеш да пријдеш и сега. Не оти тоа се буба на памет, па ако долго време не го повторуваш се заборава... биди си свој, тоа е најбитно и најисплатлива дефиниција. Без прирачници, без многу солење памет од страна. Скоро извежбаните манири и муабети лесно се губат во рутината којашто ја наметнува секојдневието, па првиот впечаток стекнат на таков начин нема долго да трае и да има поголема вредност.

    Уживај во животот, поработи на себе и на она што те расположува (а не е девојка) во меѓувреме и шансата ќе се појави кога најмалку ја очекуваш. Затоа што, чудно ни` функционира универзумов. Кога ќе затурам нешто и заборавам, секогаш ми викаат „Ќе го најдеш кога најмалку ќе го мислиш, кога ти е зор, не го наоѓаш, џабе се нервираш.“ И вистина, штом престанам да мислам, како да изникнува од некаде. Исто е со се` во животов.

    А кога ќе се појави шанса за нова врска, дади се` од себе да биде како што треба. Вложи љубов, грижа, разбирање, па и малку флексибилност и толеранција. Затоа што, кога ќе дадеш се` од себе, верувај многу полесно би преболил кога евентуално врската би станала минато.
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Stifler123

    Stifler123 Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    ^^^^ На бившата не и пријдов туку беше се спонтано она се знаеше со другар ми па пуштив збор и така излеговме се запознавме и се случи врската. Но сега е друго на која и да и пријдам секогаш иста приказна на сите им одговара мојот карактер али ме гледале како другар, или што туку излегле од врска па им било тешко. Ја сум свој си имам мој начин не сум тип кој сака да се ''лигави'' на фејс бук долго време пред да ја поканам да излеземе, пошто ја мојот начин и идеи како размислувам сакам да го манифестирам во живо очи во очи зашто тогаш човек се познава дали е цврст или фолирант.
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.