Прекини да глеаш у секоја женска потенцијална девојка, прекини по секоја цена да бараш девојка, биди природен, прави си нормален муабет, не го води веднаш кон предлог за излегување, дозволи да запознаеш некоја добра па дури ако ти се појават чувства тогаш да ја поканиш на состанок.
Ок значи вака сеа , вечер славам со големо друштво 20+ луѓе и дознав дека и таа едната што сум фрлил окце дека иде исто и сега прашањето ми е за брадата... Значи 7 дена е стара и се двоумам дали да ја избричам или да ја оставам ? што повеќе преферираат женските за нова год чиста фаца или грмушка фаца ? ружен сум и со и без така да тоа не е фактор и се надевам ќе добијам одговор , фала однапред
Oфф, тоа навистина зависи од вкусот на девојката (темата „Дали преферирате брада кај партнерот“ е чист доказ за тоа). Биди свој, донеси одлука врз основа на тоа како ти би се чувствувал комотно. Не е толку важно што имаш на себе колку што е важно како го носиш. И ... fingers crossed.
Брат ако си ружен и со и без, оди со брада само среди ја...помалку ружен ќе бидиш Прашај ти какви сака таа од околу ако неможеш нејзе и наредена работа ти е
Остави ја, помажествено ќе изгледаш со неа. Само среди ја оти има разлика од маж со убаво средена брада до фаца како бездомник.No pun intended. И за тоа со девојчето...држам среќа.
Jesus fucking christ Со оглед дека немам време ни ресурси за средување , ќе сечеме грмушката , Таман ќе рече " awww such a cute baby face awwww " и ќе ме штипне за образ....
^ Шо ја е*ам, ќе ја сечам. Не се замарај толку. Среди си се најдобро што можеш, вооружи се со позитивна енергија, помини си убаво, другото само по себе ќе си дојде.
Другар, напиј ја, секако ке си убав. После тоа биди фин и забавен, па нема да и е битно како изгледаш. Јас сум за да одиш со брада, па ако каже дека не сака брада, на следен состанок бричен да и отидеш
Pecky колку повеќе се оптеретуваш со тоа и колку повеќе го мислиш тоа се потешко ќе ти биде. Не гледај на тоа како нешто што МОРАШ да го направиш или дека мора само затоа што сите твоите другари излегле со по неколку девојчиња. Нема некоја филизофија тука. Чим ти се допаѓа некое девојче ја каниш на кафе и готово. Чисто да се видите запознаете, поразговарате и готово. По некој ден ако ти се допадне можеш да ја викнеш да се видите насамо на друго место и толку. Ако те одбие голема работа, следен пат повеќе среќа. Но тоа не значи да ја викнеш да се видите секоја девојка што ќе ја сретнеш на улица, туку некоја што ти се допаѓа. Дури и тие момчиња што ги гледаш дека се прават фраери низ град поради тоа што измувале пола град верувај ми дека и тие некогаш биле одбиени од некоја. Неможеш да очекуваш секоја што ќе ја прашаш да прифати, но не треба да се разочаруваш веднаш и да губиш самодоверба поради тоа. Секој си е убав и добар на свој начин. Освен тоа тек имаш 16 години па има време нема потреба да брзаш за ништо. Stifler123 вљубувањето не се случува кога ти сакаш или кога тебе ќе ти текне туку си доаѓа само по себе. МУ кажав и на другарот над тебе, прво и основно не смееш да брзаш затоа што ако брзаш голема е веројатноста да згрешиш. Ти си влегол од една врска во друга и ете си ја утнал работата. Сега ти никаде не наведе зошто сте се разделиле со бившата ама ако сеуште толку многу ја сакаш зошто не се обидеш да се смирите? Ако успееш добро, ако не пак добро. Подобро е да пробаш а не успееш отколку по некое време да сфатиш дека всушност си можеш а не си се ниту успеал. Ако не биде ништо од бившата продолжи да си го тераш животот како што најдобро умееш и знаеш. Не си ни прв ни последен без девојка. Па девојка не е нешто што мора да се има цел живот, секоја минута, секундаа..!
Moore mislis tie samite znaat kako preferiraat? Vidi kolkavi fami se krenati niz temite nokti za nova godina i se ke ti e jasno. Ako si frlil okce na takvo mome da si go zemes.Ne mometo,okceto. Good luck..
Здраво -Се надевам дека ќе добам некој добар совет значит вака е работава. Немиоди баш најдобро со женските ми требат некој совет од тоа каво понашање сакаат спрема нив. А искрајно не сум пробал баш да им се пуштам на многу девојчиња бидејќи ми е страв да не ме одбиат. Сега има едно девојче кое го му има фрлено око ама искрајнио незнам како да и се пуштам
Здраво, имам 15 години и имам голем проблем. Многу сум срамежлив. Сеуште не сум пришол на ниедно девојче кое ми се свиѓало. Дури не пишам ни на фб. Колкав ми е проблемот што барам совет од женскo? Ме срам да се советувам со другари, бидејќи ќе ми се исмејуваат. Два пати на фб имам почнато разговор но после онаа Здраво, како си, што правиш, се вкочанувам и незнам што да пишам. Ве молам помогнете и дадите ми совет.
Ех да добиев по паричка за секое срамежливо машко што сум го запознала хаха. Вака да ти кажам значи имаш 15 години многу си мал и нема потреба да се нервираш толку за тоа што ќе кажиш што ќе направиш со девојчината дали ќе му се допадне или не бидејќи и да те одбие некоја или да те игнорира за некој месец ти тоа нема ни да го памтиш и нема воопшто да ти биди битно, колку и да мислиш дека бендисуваш некоја и се нервираш што мисли за тебе и слично по некое време нема ни да ја памтиш, мојот совет ти е да правиш инстиктивно како што ти мислиш дека треба, а за на фб вопшто не се преокупирај што да пишуваш зошто некоја ако ти врати и сака да разговара со тебе и не е баш битно на која тема разговарате. најбитно од се немој да се менуваш и да изграваш некој мангуп или нешто што не си, не треба да се страмиш оти си страмежлив има многу женски ( јас една од нив) кои што повеќе ги сакаат страмежливите и тоа е многу слатко кога гледаш дека некој се страми кога е со тебе и со тоа гледаш дека стварно те бендисува а не како некој од машките денес кои воопшто не се грижат за девојчињата сamо ги користат. Значи само биди тоа што си, собери храброст понекогаш и направи го тоа што мислиш дека треба и ризикувај, ти гарантирам дека ќе најдеш на некоја која ќе те сака за тоа што си само не се менувај. Се надевам дека бев од помош
Немој да бидиш идиот не се занесувај многу, биди мил и гржлив со тие што ги бендисуваш, нека забележи дека се гржиш за неа повеќе од другите и тоа е доволно, биди другар пред се со неа и кога ќе дојде време ќе и кажеш како се чуствуваш и после се верувај дека нема да има срце да те одбие ако забележи од дела дека стварно ја бендисуваш а не само зборови. Тоа ти е најдобра тактика ама ако несакаш толку да се замараш барај си некои лесни женски кажувај му дека ги сакаш и дека некогаш не си запознал никоја како неа клишеа и толку.. сепак ова не ти би го препорачала
Zdravo ajde zenski pomagajte ima edno devojce koe mi se svijga ama sonea ne se poznavame pa sea neznam od kaj da e fatam rabotav. Na fb koga bi i pisal misla deka bi bilo samo zdravo, kakosi , stoprajs,,, i tuka ke zaglavime....
Ајде ова ќе ве замолам да му направите Reply што побрзо Значи вака: Со девојчево се запознав на нова година, но не праевме многу муабет и ја аднав на фб. Од тогаш ми има се лајкнато(глупо е малце со фејзбуков знам) и ми враќа на коментари срценца мрценца оно ово...и сеа сакам да ја прашам да излеземе.. Дали имате некој идеи што да праиме каде да одиме и како да ја смувам (првпат ќе ми биде затоа прашувам) фала ви многу однапред <3
Покани ја на кафе , на некое помирно место да си разговарате општо малку и опуштено , а ако треба да ја смуваш сето тоа ќе се случи спонтано , на пример ако видиш дека и таа дава некоии знаци на симпатизирање ,само опушти се и не грижи се , само по себе ќе се деси .Сепак немој да навалуваш премногу пред да знаеш на што си , остави тоа срценцата на фб , во реалноста е се поинаку ..позз и со среќа