1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од ЖЕНСКА страна за сите машки

Дискусија во 'Сингл' започната од kuchka, 30 ноември 2010.

  1. decko

    decko Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    59
    По прекината врска, и некои работи шо ги дознав за бившата, иако не помина кој знае колку време, се решив дека морам да продолжам понатаму.
    Значи, работата е ваква. Има една девојка која ми се допаѓа, ама не се познаваме. На ФБ ја видов, ми се допадна, и ја додадов за пријателка. Ме прифати.
    Како да започнам некој разговор, со кој ќе ја заинтересирам, и со кој нема да изгледам нападен. :)

    п.с. најдобрата другарка на бившата и е другарка (не знам колку добра) на оваа девојка. Да не е чудно?

    Фала за советите. :)
     
  2. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    не гледам зошто би било чудно кога ти си ја додал на фб,а не таа тебе :)
    иначе можиш да започниш со некои основни работи,за да се запознаете подобро...каде живее поточно,брака/сестри,кај учи, каде на факултет,каква музика слуша,дали спортува и слични општи работи...
    после тоа, самиот муабет ќе ви доага...
    секоја тема е интересна,само не прашања од типот колку дечковци имала и слично,односно прашања од интимниот живот :D
    и никако немој цело време да и пишуваш прв... ;) или пак да и вракаш со ахам или ок..и да го затвораш муабетот..во секој нејзин одговор пронајди нешто со кое ке поттикниш дискусија :)
    среќно :D
     
    На decko му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071

    Почни со хумор и смеење, некој смешен коментар или комплимент, ако почне со смеење се ќе биде ок...
    Ете на пример преку фб може да дознаеш мн работи за неа, искористи го тоа за да направиш некоја шега.. смешка.. било што колку да почнеш муабет, муабетот нека биде краток, но да ја остави љубопитна да чека да и пишеш и другпат, биди си свој, немој да глумиш преку чет :) побарај и мсн или скајп по 2-3 муабета, чисто дека подобро се муабети таму, се зависи и од нејзиниот фидбек. Ако позитивно одговара на твоите муабети давај и некои интересни комплименти за некои невообичаени работи не за изглед :) а после следува да ја поканиш да излезете негде на кафенце секако ако девојката ти делува заинтересирано..
     
    На decko му/ѝ се допаѓа ова.
  4. TammyDeyn

    TammyDeyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    240

    Дали таа девојка знае дека ти си и бивш на најдобрата другарка на нејзина (не знаеш колку добра) другарка :) ?
    Бидејќи, доколку знае, мислам дека ќе имаш проблем...
    Не те обесхрабрувам, мораш да пробаш бидејќи само така ќе дознаеш, а гледам дека си храбар и си сфатил дека ништо не е доволно јако да те сруши и дека живот иде даље :)

    Доколку се е во ред со претходниов дел ќе продолжам натаму.
    Ако не се знаете, почни од некои основни работи, пофали и ја сликата и прашај ја каде е сликана. Никогаш немој да одиш на следното ниво на комуникација додека не осетиш дозвола од неа. И секогаш внимавај на нејзините одговори, дали се кратки, долги, отворени, дали и она те прашува или само ти враќа со Да, Не и смајлиња...

    Опипај ја еднаш ситуацијата, и доколку оди добро не чекај да помине многу време за да и пишеш пак, но не дозволувај ни да претераш па да не ви останат теми за друг пат. Кратко но слатко :)
    А доколку не оди, има многу риби во морето...нареден пат обиди се малку подалеку од твојата бивша да ја фрлиш јадицата :)

    Со среќа!
    Па пиши ни
     
    На decko му/ѝ се допаѓа ова.
  5. decko

    decko Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    59
    И пишав вчера, ама на излегување ја фатив, се спремала тогаш. Кратко пишевме, некоја минутка.
    Ко ќе ја начекам пак на ФБ уклучена, ќе и пишам пак, да ја прашам како си поминала. :)

    Иначе, не знам дали знае за мене. А ни јас не знаев дека имаат заеднички другарки, дури не ја додадов. Случајно начекав неколку слики, кај шо се заедно сликани.

    Ќе видиме како ќе се одвиваат работите.

    Фала ви за советите. :)
     
  6. bishop

    bishop Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Најпрво сакам да се извинам што не вратив одма на вашите одговори на мојот проблем но бев спречен поради обврски кон факултетот.

    Прво сакам да му се заблагодарам на Mistery, интересни совети и размислувања кој се надевам ке можам да ги искористам во пракса.

    julie77 - знам кој се поволностите кој ги нуди мојот факултет, но тоа што лугето од ИТ секторот се мн барани и доста платени не ми е некој голем стимул, моето мото е со пари мозеш да купиш мн работи, но не и она најважното што ке те исполни и ке те прави срекен.

    мимс-89 - знаев дека некој ке ми го каже ова за мојата самодоверба, но она што ми го приредил животот досега ме тера да бидам помалку скептик, излегувај и набљудувај имаме проблем способен сум да ја забелезам само неа како другите девојки да не постојат едноставно само надворешна убавина не ми е доволна за да ме привлеце, фб хмм... нема никоја во пријатели мозам да ти гарантирам, не дека мојот фб е нешто вип или незнам што ама имам премалку пријатели и тоа се само оние луге со кој постојано комуницирам и ми е пријатно, а она за куцето искрено се молам да не го процитав, се надевам дека идниот газда на живеалиштето каде ке се сместам ке има разбирање за мојата желба да имам куче како милениче па ке го остварам и тоа, но прво ке почекам да се сместам на подобро место од ова каде сто сум сега :)

    Theodora - дали сум сигурен? мн повеке одколку мозеш да си замислиш оваа девојка е се во мојот живот, јас имам големи емоции кон неа и да сакам сериозна врска а не некоја авантура, откако знам за мене за се што се нафакам се нафакам сериозно и обично никогаш не се отказувам, велат дека со глава ѕид не се руши ама сум успевал и во тоа но не на љубовно поле.
     
  7. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    mistery,еднаш имавме дискусија и ми се допадна твоето мислење,шо имам читано од тебе даваш доста добри совети,ама со последниов на бишоп конкретно,не се сложувам со фразите шо му ги даваш као пример како да и пристапи на девојката..примерот за мајмунчето,да и каже на девојката-еј си личите,правите слични гримаси итн..таков хумор и понашање,пуштање очекувам од внук ми кој има 14 години.а на некој шо има 20 и нешто така да и се пушта на девојка малце ми е глупаво.и а другата фраза-ако му дала некаков комплимент он да и рече"а ти да не ми се пушташ случајно,дај барем прво покани ме да излеземе",итн исто ми личи на 'фраерска" фраза на која ми можела да падне само некоја несозреана клинка или некоја со не баш многу мозок,шо лесно се збунува.јас би си рекла-шо му е на овој?шо се будали? :D
    да не испадне дека немам смисла за хумор,и те како сакам да се зезам и смеам.ама со вакви примери да ми пристапи некој не би ме збунил или заинтересирал,напротив би ме одбил.не се сите жени простички као примерот за моделите што наведе претходно,и не остануваат без зборови,ако некое машко им иде контра,и потценувачки,наместо да и дава комплименти..да не ме сфатиш погрешно постов не е контра тебе,туку против таквиот пристап кон девојките.
    башка шо така да пристапи некој дечко шо е искусен,отракан,вешт на говор може ке се снајде да се извади со муабетите,и да испадне интересен,ама срамежлив и неискусен дечко да пристапи така,сам ке се сплетка во својот муабет и ке ја зезне работата.
    мој совет до бишоп е-девојката те прифатила и те цени таков каков што си,биди тоа што си,нема потреба од никакви фрази никакви подготовки,едноставно биди искрен и отворено кажи и што чуствуваш,искреноста и отвореноста се цени највеке,а не фразите.нема што да се плашиш,биди храбар само храбрите добиваат,не дозволувај да ти ја украде некој пред очи штом толку ти се допага девојката.бори се за тоа што го сакаш.
     
    На felisitas му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626

    Да точно е тоа што го наведе, но ова е кога размислуваме созреано, зрело и не сме во моментот....Тие две фрази што му ги набројав беа примери, поентата ми беше да се нашали на нејзина сметка за да ја извади од комфортна зона, за да не се согласува нон стоп со неа зашто многу брзо ќе добие етикета на папучар и ќе свати девојката дека може да го врти околу малиот прст. Сега нормално, не е фер кон девојката на еден начин затоа што до некаде дечкото свесно го употребува нејзиното потсвесно ниво. (ако има некаква смисла ова). Сепак постов конкретно е за да му помогне на дечкото, а не да биде фер кон девојката :) Инаку тотално си во право со твоето мислење, а и многу зависи од тоа каква смисла за хумор има девојката, нејзините години, левел на созреаност итн итн итн.....Неможе ист пристап да функционира на 18 годишна и на 26 годишна. На 18 годишната (без навреда девојки ова е пример и во голем степен реалност), доволно е да те види во диско како се расфрлаш со пари и влегуваш во малце подобра кола...Па уште и ако една/две другарки и речат убав е, готово - си има оформено мислење за дечкото - или ДРУГИТЕ и го оформија мислењето...Тоа е на тие години, peer pressure е во многу случаеви пресуден. Додека 26 годишна, чекај бе малце, сериозна личност, знае морали, знае квалитети, сигурно нема да падне на безвеза понашање, туку најверојатно на квалитетен муабет коj што преовладува со интелектуално флертување (незнам и ова колку звучу сфатливо) ... Сепак ако девојката има малце смисла за хумор, е во 18-21 и се знаат колку толку, пристапот што го опишав во претходниот пост функционира како шарм....На друг начин би го опишал како - доаѓање блиску до линијата која што не треба да ја пречекориш, се приближуваш многу блиску но сепак не ја преминуваш....Техникава е проверена од лично моја страна и како што напоменав функционира како шарм и служи за само да ја извади девојката од комфортна зона каде што постои тој автоматски штит каде што девојката одговара до одреден степен несвесно на прашања и има одредено понашање, зашто така е да речеме научена, така е вградено во женскиот систем итн итн итн. ОД него зависи да процени каква е девојката....Неможе едно исто нешто да функционира кај секоја, не постори таква формула, туку се си доаѓа со искуство...После одреден период вакви ствари ти доаѓаат природно и без да размислуваш даваш коментари......Како и да е на друг начин реагираме кога сме таму на лице место, а на друг начин кога размислуваме трезвено и не сме во ситуацијата.....Може е лош примеров што ќе го дадам сега, али ајде како чисто за аргумент за до некаде да се дообјаснам што мислев ...... Да речеме излезена си некаде, немора да е кафич или диско, еве на некој "Event", носиш убав фустан, си го сакаш и си праите муабет со некој дечко и едноставно ти вика фустанот ти е прекрасен....Мислам дека те видов во него минатата недела ваму и ваму....Туку ај морам да одам јас, мило ми беше што се видовме.....Значи што прави тука дечкото? Ти дава комплимент, но од друга страна те вади од твојата комфортна зона....А знаеме какви сте вие жените кога е монотонија у врска со облека во прашање...Секој ден различно !!!! Па и колку пати ќе се случи да купите нешто и да го облечете само еднаш.... Значи ваквиот коментар ве вади од таа тако звана комфортна зона, и не само тоа туку нема да ви остане врежано и да ви зуи во ушите тоа - многу ти е убав фустанот - туку другото - дека си го носела и минатата недела.....Со самото тоа, ти на еден начин ќе сакаш да му покажеш на дечково нешто, па уште и ако е малце од малце симпатичен и шармантен - ах готово се фати во стапица......Значи ова е употребување на женската психа во негова полза....И после тоа несвесно ќе го гледаш, ќе го бараш таа вечер..... .Пак се распишував јас, али ова е моја гледна точка на како функционира женскиот мозок и зашто би правел такви потези во одредени ситуации :$ :$...Поправи ме ако сум грешка :$

    Инаку многу ѓи почитувам твоите мислења, доста интелигенција има во твојот мозок и многу морал ;) :) Па баш би сакал "input" за ова што го пишав...може и по лп да ја продолжиме дискусијава да не ги труеме другиве :$
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    мистери фала на комплиментот,ти го возвракам во иста мера. ;)
    баш убаво рече мистери-неможе истото да функционира кај секоја нели..така да мислам и дека нема востановени правила по кои функционира женскиот мозок..сепак женскиот мозок не е инфериорен во споредба со машкиот,може е помал по обем ама затоа е поразвиен нели ;) :)
    тие игрички шо ги кажуваш,вадење од колосек,од комфортна зона,играње топло-ладно,пушти мамка па повлечи се ги играат и мажите и жените.некој пага на нив некој не.а уствари многу често се непотребно губење време.ама пак од друга страна се интересни нели.ама некогаш играјки игрички може и да ја загубиме посакуваната личност.
    е имав уште да пишам ама нажалост морам да прекинам сместа.дискутираме у наредна прилика.
     
    На Mistery му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Тања и јас се согласувам со тебе дека тие фрази кои ги сугерираше Мистери звучат неупотребливо не ќе се лутиш ако речам за наша возраст бидејќи сме на слична :) .
    Но, од друга страна пак убедена сум дека имаат голем ефект на пониска возраст :!: кај некои, не кај сите помали девојки, бидејќи провокацијата и бегството после неа :lol: се сериозен удар за нечие его. А луѓето дефинитивно се егоцентрични битија :nod: .
    Сепак, не смееме да ја изгубиме од вид индивидуалноста бидејќи и секој реагира на посебен начин.
    Кај мене лично овие его-бенг и фраерски фрази немаат ама баш никаков успех, а искреноста во колку сака смотана амбалажа да е спакувана, ми буди насмевки и ми се допаѓа многу повеќе.
    Но ќе се навратам на целта како мотив бидејќи најважно е кон што целиме - ако е тоа краткорочна авантура секоја фраза која води кон успех е дозволена, меѓутоа ако се цели на врска е тука треба да се внимава многу повеќе на пристапот и да не излезе од многу ментални „игри„ потоа за некого „од играчка-плачка„.
     
  11. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Ние можеме да правиме хипотетички ситуации до утре и пак да не знаеме кој е во право. :!:

    Најдобро е дечкото да си проба со некоја од фразите што му посочи Мистери, па ако не реагира девојката како што треба фино лепо ќе и каже отворено се, и готово. :)

    Најважно е тој да реши да преземе акција, а потоа веќе не е важно со кое оружје напаѓа ;)

    Дечко, дај почни веќе, да не се каеш после- види колку е убаво времето, пролет, се расцветано, птички пеат- дај викни ја некаде да се прошетате и дејствувај.

    Не мора ништо од овде да користиш, ама ослободи се.
    Не е важно со колку мали чекори одиш напред, се додека се движиш ќе стигнеш до целта, верувај :)


    Јас држам среќа, и навивам за романтичарот во тебе :)
    А сега, земај телефонот во рака, и договарај прошетка со неа :!:
     
  12. bishop

    bishop Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Прво немаше да ги употребам фразите од Mistery зашто девојкава не е од оние кој би паднале на такво однесување. :)
    И сесилија да телефонот во рака и повик за просетка и слично да ама просетката ке почека до викендов, сепак ни е колоквиумска недела на двајцата и побрзо би ја повикал како и изминативе денови да одиме во библиотека да учиме одколку да шетаме. :)
     
  13. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Па и тоа е ок, ја викаш да учите и сигурно правите некоја пауза, па тогаш смеј ја, дај и до знаење дека сакаш да ти е нешто повеќе од другарка.

    А зошто бре така ги сфативте фразите од Мистери, мене ми беа интересни :tmi:

    п.с. може дека не сум на ПМФ :lol:

    мала шала, се надевам сфатена ;)
     
  14. bishop

    bishop Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Не се лутам кога ми прават сали за факултетот, ме нервира ако некој ме гледа со потсмев зашто сум на него. ;)

    И да правиме паузи и се обидуваме да ги поминеме што е можно повесело :)
     
  15. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    akcija мора!подобро било каква акција,отколку да не преземеш ништо и да ги оставиш така работите.еден ден ке ти дојде и ке ти рече дека си фатила дечко и ке се изедеш од мака.после ке ти биде уште повеке срам да и пријдеш и кажеш нешто.нема време за чекање мило,животот тече многу брзо,ако чекаш така ај да пројде колоквиумот,ај да пројде сесијата,ај ова ај она,така ке си останат работите,акција сега и одма!(или максимум за викендот,повеке време не ти даваме,немој да се случи да прошол викендот и пак да ни пишеш дека не си направил ништо ;) )
    јас според тоа што го пиша,мислам дека и девојчето е заинтересирано за тебе,штом толку интензивно се дружите и те кани секаде со нејзе да идеш.изгледа чека ти да го направиш првиот чекор.
    освен ако не те смета за ептем добар другар па поради тоа да ги прави тие работи.сепак не можеме да бидеме на сигурно.тоа мораш сам да го провериш.барем ке знаеш на што си,да не се измачуваш вака.отворено ке и кажеш дека ја гледаш као повеке од другарка,дека одсекогаш ти се допагала,само не си можел да и признаеш.знам дека ке ти биде срам да ги изговориш тие зборови,ама мораш да собереш храброст.како викаат-мечка страв,мене не ме страв :D
     
    На Mistery и sesilija им се допаѓа ова.
  16. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Tanja e во право !!!! Превземај акција зашто кај и да е девојката ќе си фати дечко...Едноставно тоа е реалноста....Ќе ти каже некој ден запознав некој.....ИЛИ - уште полошо го запознав Мистери 8) Како што ја опишуваш мој тип е, така да или преземај акција или јас ќе преземам, па ќе се изедеш ако фунционира техниката ;)

    п.с. Мора малце да те охрабриме да преземеш чекор, зашто кај и да е, некој ќе преземе !!!!!
     
    На Мистер_89 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Бишоп се согласувам за преземањето акција.. немој да чекаш уште долго.. после колоквиумиве фаќај се за работа.
    Повикај ја на убаво и романтично место или одете на прошетка, само биди внимателен некој одма да и се отвориш. Прашај ја прво да не и се допаѓа некој дечко ова она, ако ти рече „НЕ„ идеш со она „Уфф фала богу„ и ќе почнеш со тоа дека ти се допаѓа веќе подолго време, ама не си имал храброст да и кажеш, дека би сакал да сте повеќе од другари, ако не друго барем да пробате, дека сериозно си заинтересиран за неа... такви работи, само немој да и кажеш колку ја сакаш и колку многу си заљубен во неа, така поопшти работи, ете ако се согласи следува бакнеж секако :)
    Ако ти рече дека и се допаѓа некој друг, прашај ја кој е што е, дали и возвраќа.... почни со муабет дека ако не ја погледнува тој е слеп.. будала.. итн... и дека има некој што мн повеќе би ја сакал од него.. и тука настапуваш со тоа дека ти би се трудел да ја задржиш затоа што мн ти се допаѓа бла бла...
    А воопшто имате ли разговарано на таа тема? Дали и се допаѓа некој на неа, дали она тебе те прашала дали ти се допаѓа некоја девојка или слично?
     
  18. bishop

    bishop Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Имаме разговарано на таа тема mims, во моментов не е заинтересирана за некое маско како што казува, сме премногу блиски другари и си кажуваме мн работи и сме многу отворени помегу нас, си даваме поддрска еден на друг и слично. Веројатно и неа и јасно дека девојката која ми се допага е всусност таа самата, сепак јасно ми е дека по моето однесување, грижа и слично веке има сфатено :)
    се надевам ке има новости во мн блиска иднина
     
  19. TammyDeyn

    TammyDeyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    240
    Јас сакам само да те советувам, да не претеруваш со вашата другарска блискост, зашто ако ја преминеш границата на другар, големи се шансите да ти каже „не сакам да расипам вакво другарство за врска“. Преземи чекор, нека бидне работата, потоа биди и и дечко и најдобар другар.
    Не чекај предолго за нешто што е пред тебе, ако не е заинтересирана за ниедно момче денес, тоа не значи дека нема да запознае или пак нема шанси да и се засвиѓа некој друг, додека ти да се одлучиш...
    Сите те советуваме да преземеш акција, веројатно сите сме искусиле некогаш, да ни кидне возот од премногу дотерување... Фати го, качи се, па додека се возиш е друг муабет...
    Ќе има вести само ако ти влезеш во акција, нели?
    Не чекај работите сами од себе да се решат...

    ИИИ уште нешто. Читам дека ти си и кажал дека некоја девојка ти се допаѓа, не?! Можеби она не е толку сигурна дека е тоа токму таа, како што си ти. Па од таа причина и да сака, не може да го направи првиот чекор, можеби ќе рече, му се допаѓа друга, не сакам да бидам одбиена.
    Како што не сакате вие да бидете повредени од одбивање, не сакаме ни ние.
    Што чекаш?
     
  20. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.132
    Допаѓања:
    88.404
    Пол:
    Женски
    Ние девојките чувствуваме кога на некој му се допаѓаме, посебно ако сме многу блиски со него. Штом и таа сака да го поминува времето со тебе, верувам дека и таа има чувства кон тебе. После колоквиуми прошетка низ парк и отварање ;)