Дали би ви пречело да се гледате со дечко што има анскиозност со панични напади? Ептен ми е срам и непријатно поради тоа, никој не знае дека имам. Сега со нова терапија малце почнувам да се враќам во живот, али самодовербата ми е на најниско ниво.
Мислев никот да не ти има такво значење... Како и да е, на никој не му глупо од човек со анксиозност - глупо му е на човекот со анксиозност да биде меѓу други луѓе од тоа што му се дешава во главата Така да не се сеќирај, и ја го имав истото
Friendzoned под изговор дека сме биле премногу блиски и дека конечно во мене го нашла перфектниот другар. Не сака сето тоа да се растури и не сака "обврски". Досега немала никаква сериозна врска(19 години има). Tips and tricks како да претворам не во да?
Зошто сакаш така брзо да расипеш другарство? Почекај, запознајте се, поминувајте време како другари, со тек на време може и ќе сака нешто повеќе.. Нема да ти кажувам трикови и совети, мислам дека немаш право да ја брзаш или да ја притискаш за нешто што не сака.. Од искуство ти кажувам, го имав истото искуство, од совршен другар ми стана дечко после година дена. Ама и тоа не испадна на добро. Како и да е, остави, со тек на време ако треба да биде ќе биде, ако ја брзаш или ја форсираш само лошо ќе направиш и ќе ја отргнеш од тебе.
Па не е брзо, доволно долго се знаеме за да знам дека само неа ја посакувам, плус за неколку месеци заминува од земјава, а и не гледам зошто би го расипале другарството доколку нешто се случи, баш напротив повеќе и поинтимно ќе се зближиме. . Ок и онака не планирав да ја притискам, ама скроз ќе баталам било какво спомнување на тоа. Не знам колку би успеал ако ја правам љубоморна (кај други девојки палело тоа) бидејќи девојчево има не така висока самодоверба и нема многу компетитивен дух. Срамежлива е, како да има изградено огромен ѕид околу себе и емотивно не сака воопшто да се отвори. Како да и покажам дека нема од што да се плаши, дека навистина сум искрен во моите намери кон неа и дека само можеме да го надградиме меѓусебниот однос?
Дечко, не секои другари откако ќе ја поминат таа другарска граница, може да се вратат назад и да продолжат да другаруваат како порано, како ништо да не било. Велиш дека за неколку месеци заминува од земјава (тоа и го болдирав). Баш заради тоа сметам дека не е воопшто добра идеја да го „унапредувате“ вашето другарство во нешто поинтимно. Од тоа што ја опиша каква е, ако се заљубите, после може само да направиш да и' биде потешко кога ќе си отиде од земјава. Врски на далечина тешко успеваат, а далечината само ќе ја повредува. Повеќе би и' значело да и' останеш другар и да ја поддржуваш и да и' се наоѓаш за разговор кога ќе си отиде. А од тоа што го напиша, дека ја посакуваш, можам само да извлечам заклучок дека таа тебе ти се допаѓа, да не речам те привлекува и имаш потреба само да ја вовлечеш во интимни односи. Не знам, мислам дека би ја повредил ако ја преминете таа другарска граница. Размисли добро.
First thing, да ми беше за односи ќе трчав по некоја курвештија, а не по нормално девојче. Второ, се работи за прекуокеанска земја, од каде тешко дека секоја година би се враќала. Поради сплет на околности, како и нејзините желби за неврзување, тешко дека би можеле да го декларираме односот како врска, па дури и на најблиските да им кажеме дека има нешто меѓу нас. It'll be our little secret. Постар сум две години и многу поискусен(не алудирам на сексуално искуство) и позрел и сигурно дека нема да дозволам да ја повредам или изиграм и да да случува нешто што не и одговара или не е договорено, само работата е што не знам како да дојде до тој договор и како да и покажам дека навистина ми е до неа дојдено .
Сигурен си дека не се работи за нешто друго? На пример, те пофалила дека си совршен другар, ти го кренала егото и сега сакаш да се пробаш како нешто повеќе, да ја импресионираш и на тој начин. Затоа што мене вака (без навреда сега, пошто прашуваш за совет од женски аспект, па се надевам сакаш да сум искрена ) ми делуваш доста самоуверено и самобендисано. Тип на освојувач кој сака цело време на себе да си докажува дека го бидува, а е особено привлечен од девојки кои се срамежливи, фини и повлечени. Ако не е тоа работата (а само ти си знаеш), тогаш си ретко фина и грижлива машка личност, за која јас (да сум на местото од девојкава) би оставила и странство и се' и би била со тебе. Или ти, ако толку ти се допаѓа девојкава, би можел да одиш со неа и да си имате нормална врска. Како и да е, моето мислење од претходниот пост си стои за твојава ситуација. Треба да сфатиш дека женска и машка психологија, кога станува збор за врски особено, е нешто сосема различно. Повторно ќе ти речам, од тоа како го опиша девојчето, можам да заклучам дека е чувствителна и фина и не заслужува да одиш подалеку со неа. Затоа што женско сака блискост, сака внимание, сака размена на емоции, а тоа е едноставно невозможно, поради болдираното. Сам викаш погоре дека нема желба да се врзе. Дали (бидејќи сте биле другари и би требало до толку да ја познаваш) ти личи на девојка која би имала нешто повеќе со тебе, онака за „забава“ само? Дали ти личи на девојка со која денес ќе се бакнуваш и ќе имаш секс, а утре ќе се однесува како ништо да не се случило, кога ќе си замине? Ако е таква, тогаш ти предлагам да не и' зборуваш ништо, туку само да се обидеш во некој спонтан момент да ја бакнеш. Ако те прифати - терајте си работа, ако не - си згрешил во проценката и биди спремен да ја изгубиш и како другарка. Ако ти рекла дека си совршениот другар, според мене, треба да си се држиш до тоа и да не ја изневериш на другарско поле. Ама ете... Пробај си.
Epa vaka, Zdogledav pred 2 god. edna devojka i odma mi padna vo oci, ljubov na prv pogled. Po nekoe vreme niz carsija ja vidov so nejzinoto momce i tuka zavrsi se okolku nea, da se interesiram, rasprasuvam.. i tn. Prestanav da ja gledam kako sto ja gledav. Sega po 2 god. nema decko (doznav), ja pronajdov na fb, no nesaka da me prifati. 2 pati poke, i pisav poraka, ne vrajka.. ladna e ko mraz (nema seen).. sto ponatamu? Pozz
Со самото тоа што таа не сака да те прифати е очигледно дека таа не е заинтересирана. Нема што понатака. Толку. Ако ѝ додеваш само можи да оформи лоша слика за тебе.
Нема seen велиш. Во тој случај има три опции: 1. Не се ставила на фејсбук и не ја прочитала пораката, па затоа ни пријателството не ти го прифатила 2. Има повеќе покани за пријателство и пораки, па не ги отворила, зашто не седнала поасално на фејсбук 3. Те игнорира бидејќи не е заинтересирана за тебе или за било какво машко друштво, сака да биде слободна после раскинувањето, барем некое време. Седи си, не напињај повеќе и следи ситуација, ако ептен ти е до неа. Ако изреагира - ќе знаеш на што си, ако не - терај си го животот.
Дали некоја од вас може подетално да го објасни феноменот friendzone? Јас си го сваќам од моја перспектива, али сакам да ја чујам женската логика позади ова.
@PogbaPol понатаму најди нова симпатија. Прво, да и се свигаш- ќе те прифатела, си ја боцнал и си и пишал- без одговор, трета причина- нема потреба. Ако направиш уште некој чекор, веројатно ќе те блокира. @berrybush и нема некоја логика. Ако сте тазе пријатели, всушност има две опции, а се зависи од нејзиниот однос, поточно колку е блиска со тебе. Првата опција е, доколку е релативно ладна со тебе и е само културна, тогаш, наверојатно и е непријатно директно да те одбие како љубовник (т.е. дечко), а пријатно и е твоето друштво. Но, не мора нужно да значи, можеби е срамежлива. Втората, доколку сакаш да имаш нешто со девојката, ти оди повеќе во прилог. Значи доколку таа е ептен блиска со тебе, погледи, насмевки, постојано правите муабет, најверојатно ти дава до знаење дека ти треба да го направиш првиот чекор. Не си дообјаснил како се однесува девојката со тебе, дали ти се допаѓа и дали би и пришол.
Океј. Додатно, според мене научив дека е многу подобро за двајцата (а особено за мене) уште од почеток да си ги изјасниш или кажеш намерите за понатаму да нема конфузија. Дали се согласуваш или имаш друго мислење? Затоа што цел живот јадам friendzone од женски што ме привлекуваат, но никогаш јасно и гласно не сум си ги кажал намерите и можеби незнаат на што се со мене а јас го тегнам, им пишувам цело време али срамот не ме остава да се изјаснам од почеток заради страв да не испијам корпа и идам на долга патека - дека можеби некад после толку време зближување, ќе ме прифати и на друг начин... до сега ни еднаш не ми успеало
@berrybush па ти и сам си знаел дека не пали, што чекаш? Мене некој така недефинирано да ми пристапи, со надеж дека јас ќе сум таа која ќе сфати, а после тоа и ќе даде знак во стил "океј и ти ми се свиѓаш мене, ај сега бакни ме"- дефинитивно би го одбила. Во принцип, девојките сакаат одлучни и храбри момци. Не знам дали постои машко на овој свет, кое има 100% успех кај сите девојки на кои им се пуштал. Еднаш, два пати, може и ќе добиеш корпа, ама факт е дека и вака пријателски до сега не си добил ништо. Велиш дека си срамежлив, па не мора директно да и кажеш дека сакаш да ја смуваш, може и посуптилно, викни ја на кафе сами (доколку излегувате со друштво), одете на потемни места, повеќе прошетки на помирни места, повеќе комплименти, и се ќе си дојде на свое место. Со среќа.
@jovanovska94 А зашто е уствари машкото должно да го почне процесот? Може стварно нема храброст да ја викне женската надвор или на кафе од страв за корпа. Не велам дека не е убаво да пораснеш муда и да те боли таквото, али еве.. се десило. Зашто не ти да скршиш мразот? Нормално ако ти се свиѓа дечкото. Разбирам дека убави женски се пораснати со одредена доза нарцисизам и донекаде имаат право да си го бираат најдоброто ако веќе им се пуштаат статистички голем број мажи, али мислам дека сите женски го фураат овој филм со сила. Токму заради ова се случуваат силувања и гомнарии. Психотични луѓе што се осеќаат грдо и незадоволно покрај голем број нарциси што се мислат дека сите останати луѓе се тука за да ја величат нивната гордост, убавина или што не. И ондак го јадат, на еден или друг начин и после мажите се криви. Извини, малце се испразнив. И го зацрнив thread-oв со тешка тема. Сепак, фала за твојот одговор
@berrybush мене не ми беше муабетот за такви крајности, каде типката глуми недостижна. Напротив, доколку мене ми се допаѓа некој, јас секако би дала зелено светло, но пак ќе кажам, сакам машкото да ми се приближи и јасно да прецизира дека е заинтересиран за мене, и дека не ме гледа како другарка, ами нешто повеќе. Ти самиот рече дека сте во пријателска зона, значи ти фали малку самодоверба и малку храброст. Од кај да знаеме ние што мисли дотичната, може и таа се срами, можеби е збунета оти не и даваш јасни знаци. Ти најдобро знаеш дали има шанси за нешто повеќе. Не велам дека по дифолт машкото треба да е иницијаторот, но правиме муабет за тоа како генерално размислуваат жените и што тие би сакале.