@berrybush, јас сум личност што не верува премногу во тие машко-женски пријателства, иако сум имала еден најдобар другар во животот, ама израснати сме заедно, од бебиња, па ми бил повеќе брат, отколку другар. Логика позади friendzone не постои. Најчесто во таква ситуација се наоѓаат машки поради неколку причини: 1. Имаат обичај да имаат многу другарки, во надеж дека некоја од нив ќе успеат да ја ќарат (најчест случај кај машко). 2. Многу се фини, културни и ненапорни со женскиот пол (нивна другарка или другарки), па девојките ги сакаат многу и им значат, ама не сакаат ништо повеќе со ваквите момци, затоа што повеќето девојки некако ги привлекуваат bad guys. 3. Другарката е гад невиден кој своите кокетирачки вештини сака да си ги испробува на другарот, за да види колку ја бидува (најчест случај кај женско). 4. Другарката така се однесува со сите машки, па погрешно ја сфаќаат. 5. Премногу сте блиски со другарката, се' ти доверува, па ти се јавуваат чувства кога ќе видиш колку добро се дружите, а неа не и' е до нешто повеќе со тебе. 6. Другарката сака нешто повеќе со тебе како другар, ти праќа сигнали, ама се пишмани за да не те изгуби ако не ви успее и да не набројувам повеќе. Според мене ова е целата суштина на твојата дилема. Можеби треба да смениш нешто во твоето однесување ако ова пречесто ти се случува.
@berrybush како „феномен“ ние не гледаме и не го користиме премногу зборот friendzone. ВИЕ го користите. Ние едноставно сме пријатели со некое момче, тоа момче ни фрла око и решава да ни се пушти. Ние го одбиваме. И тоа момче решава да остани пријател со нас после тоа. Ние не фрламе имиња за ова, вие си го крстивте friendzone. Пробај флертовај со девојка, ако таа остани да биди пријател со тебе, да не мрда од мртва точка џабе не си давај надеж. Ако некоја сака нешто со тебе - очигледно е. Не треба многу труд околу тоа, и таа ќе флертова со тебе. Ајде со среќа, ќе успееш ќе видиш.
@Lady Phoenix, @theowndemon после многу дискусии, си ја увидов грешката. Све што кажавте е точно, земено од ваше лично искуство. Терминот да, не го користат многу женски, освен ако не е на заебанција. Не е само за машки, и јас лично имам кроз животот сместено неколку женски што сакале повеќе од мене али јас не сум ги гледал на тој начин. Како што @Lady Phoenix кажа, или женското си игра со тие нејзини "другари", им пушта водичка али цело време е недостижна за нив бидејќи и одговара целото тоа внимание и си го полни егото. Најчесто не е ова, али има и вакви. Најчестиот пример е со машко кое или се срами, нема доволно самодоверба или се плаши да не испие корпа па пробува на долга патека да ја освои женската. Си кажувам од искуство, ова ми нема никад успеано али го имам правено и дури сеуште го правам бидејќи е начин да се чуствуваш безбеден без да изедеш корпа во истиот момент, рачунајќи дека ако и станеш добар и близок другар и ги знаеш нејзините интимни тајни и што не, дека ќе се отвори спрема тебе бидејќи сте блиски.... yeah.... Заклучок: подобро да испиеш корпа сега и да продолжиш со животот него да инвестираш богзнае колку време за накрај толку масивно да те погоди корпата и да се разочараш од све. Мада, имало и машки на кои им успеало ова и верувам дека тоа е можеби една од најубавите врски што постојат бидејќи сте интимни другари во врска. Али мене ова ми нема успеано
1) zs denesnive zeni davaat fb mesto mob ? 2) zs ti praat moabet na fb dodeka ne gi viknes na kafe i posle prekinuvaat da vrakaat poraki ? 3) zs site zeni prasuvaat zoso bas niv sum gi izbral za zapoznavanje, koga ne e mozno da postoi podlaboka pricina od izgledot za tolku kratko vreme ?
@ccca 1) Зарем остана некој што се договара на моб наместо на фб поготово со дечко што не го знае? 2) Очигледно не сакаат да искочат со тебе на кафе (кафето ретко останува само на тоа ) 3) Индиректно сака да те буцне да и кажеш дека ја свиѓаш, по можност на некој поромантичен начин „најубава си од сите овде“, „има нешто посебно во тебе“ и такви некои глупости. Ваљда.
Затоа што жени како жени... сакаат да си билдаат либидо и да се одржуваат во кокетирачка форма и тие да бидат што ќе ја водат играта, а кога ќе дојде момент за реалност... бегаат и се повлекуваат како... жени! Свесна лажна надеж е нешто најглупаво што женско може да направи, но од друга страна и машкото треба да е доволно паметно за да сфати со каква типка разговара и каде води тој разговор или е само ќорсокак и нечие билдање его! За 2) можно е ептен да избрзуваш и нормално ги плашиш и бегаат од тебе пошто мислат кафе = секс! Глупо е преку фејсбук запознавање некоја што никогаш не си ја видел, па молење за кафе итн. губење време е, а и не е мачо мен стајл туку лигавење!
Мене ќе може ли некој да ми објасни што феномен е кај воа маживе и која е целта што после раскинување муваат некогаш блиска сега веќе бивша другарка, колешка од факултет/работа или девојка од комшии и се трудат тоа да се дознае ?
Очигледно е тоа дека намерно го прават за да ја повредат девојката со која штотуку раскинале и да ја направат љубоморна и да страда уште повеќе. Јас на вакви потези гледам како на класичен сељачизам и ништо друго! Исто важи и за женски. Раскинуваат и веќе наредниот ден имаат ред факери. Било како било, не дозволувај да бидеш fallen angel доколку ти се случило такво нешто. Мора да демонстрираш дека си јака и дека си го оставила ѓубрето во минатото каде што му е место!
@Sanjichka007 1) ok valjda treba da ne baram 19/20 godisni zeni 2) svakam nedostig na atrakcija, ali zoso togas mozes na nekoja da i prais moabet 2 dena a so druga mesec dena i koga ke probas da ja dogovoris da ja snema ...ispaga obid za povrzuvanje/svakanje kakva linost e, e sizisov obid koga agendata e veke isplanirana odnapred 3) ja do sea im kazuvav direkno deka zatoa so imaat dovolno zeni u grupata ili deka se prvite na koj sum naletal vecerta...posle toa nekoj se zaela deka maski sakaat samo seks [ko bozem e loso toa i ko bozem nema sansa da evoluira u vrska] ili bea kako aj ponatau ke si si zemes uste 5-6 fejsbuka pred da odis doma @NightBreaker mozno e da e kako sim za trening za flert ja toa na vremeto go praev u mirc [koga seuste bese popularen] ako e interakcija so odnapret planiran zavrsetok togas poarno da kratis maki za maksimum 1 den posle zapoznavanje [se e eden golem filter barem nema da gi mislis] prasanjeto mi bese u odnos na zapoznavanje u zivo[ne deka ne sum i fb kriper...zatoa sto sum]. inace sto poskoro ja iskorenis ideata za "macho men" toa poveke ke bides sreken[i ke imas poveke fleksibilnost u interakii] btw. mislam deka znaat zoso im zboris duri i pred da stane zbor za kafe/mafe @fallenangel za da bide bivsata jelly aj da se tagneme deka sme se muvale moze i na dvajata ke ni trgne rabotata [trololo] @NightBreaker od kaj si,kolu si star i kolku si open minded da te soberam nekoj den za stavanje po ulici ili u parkovi i zelenila
@NightBreaker ти благодарам на одговорот баш во ваква ситуација се наоѓам, игнорирам вакви глупости и не покажувам дека ме повредува само не знаев зошто се оди дотолку во крајност и која е целта па затоа си прашав.
@ccca 1) Кога бевме малечки не учеа - не давајте број на непознати. Фејс е малце поинаку од давање број. 2) Си ја запознал на фб? Ете ќе зборам како јас би постапила, ако јас со некој се „запознаам“ на фб, шансите да излезам со него на кафе па камоли на нешто друго се многу мали. Секогаш преферирам првично директен контакт, фб е само side-kick. Едноставно не го земај фб како алатка за запозанвање, гледај девојките кои се околу тебе кога си излезен, кога си со друштво, фејсбук нека ти е за девојките кои веќе ти се запознаени зошто не е лажна надеж, не е ништо - се работи за обичен страв од непознато безразлика колку време сте разговарале на фб. 3) За запознавање, се запознаваме со некој кога? - Го гледаме во кафич и се запознаваме (не приблекува, веројатно физички па ние му се приближуваме или едноставно тој прв ни се приближува) - Имаме заеднички пријатели и го запознаваме (нема врска изгледот, нема врска карактерот едноставно се случува ради заедничките пријатели) - Ни пиши некој на фб, ни не знај ни не познава. Е зошто тој третиот ни пишува? Не е малце очигледно? така да накратко батали фб, немој да се потпираш на фб зошто фб е еден виртуелен свет, гледај земј она што ти е пред тебе, во живо.
Значи вака машко сум и година дена откако раскинав со девојката и од тогаш ништо ама баш ништо не сум имал нешто со некоја.Имав шанси кај едно девојче но таа имаше дечко и не пробав,бидејќи не би сакал на некого да растурам врска.Сега и незнам како да почнам со некоја друга,на фб чат никогаш немам пишано по девојчињата од проста причина дека тоа ми изгледа како манјачење ,а и од ''страв'' да не ми вратат. Висок сум 1.93 го кажувам ова бидејќи можеби тоа им пречи ,а можеби и заради мој комплекс. Може се ова е смешно и глупо но, така се осеќам јас. Па посоветувајте како што да се ослободам од "стравот" и како да почнам нешто со некоја.
Ме потсети на еден мој бивш што сеуште неможе да се одвикне од мене,а пред пола година раскинавме,само што он сеуште ме напиња и ме тера да се видиме а јас несакам (а ме потсети со тоа што рече дека и после 1 год си немал со никоја ништо). Твојта висина нема врска со тоа,повеќето од девојчињата сакаат високи машки,а тоа што ти несакаш да пишеш на фб на ниедно девојче што ти личи на манијачење мене најискрено ми е многу смешно.Па денеска ретко која врска не започнала со фејзбук,сите таму прво си пишуваат си гледаат кој колку е привлечен меѓу себе со коминуцирањето,а после тоа се гледаат па ако им се свиѓа ке продолжат ако не ке си останат на тоа едно видување.Пиши на некое девојче и да не ти врати нема врска и јас не им враќам на сите што ке ми пишат на 45% враќам а на останатите 55% не ,ако не ти врати таа ќе пишеш на друго на трето на петто девојче.Остај го срамот најди си женска и следен пат кога ќе пишеш на форумов пофали се со новата женска
Потребен ми е совет од девојка не од мажи како да ја преболам бившата, изгубен сум тотално ова ми се случува веќе 2 пат со истата.
после 3тиот пат ке се навикнеш аман бре дете покажи малце јаксост .. има многу риби у морето, ке боле, ке преболе и ке помине
Некои болки остануваат за цел живот. Шо да ти кажам дечко, некако обиди се да си продолжиш со животот. Излегувај, дружи се, одбегнувај ги заедничките места, прави нови работи, но дај си време, нема се одеднаш да биде океј.
rabotata e sto po vtor pat mi se slucuva ova so istata i so e smesnoto imam poveke od dovolno godini za da pokazam maskost ama ne odi.... svetov svetov mi se srusuva prviot pat si poigra so mene i sega po vtor pat.
toa sto zaminav so druga napravi da se custvuvam uste poloso a znam deka pak ke me moli i pak ke popustam
Епа те научила дека си мек, и ќе те врти на малиот прст.Со извинение на дирекноста,ама требало уште на почетокот да покажеш заби,сега веќе е касно..Ама на грешките се учи де,ако е таа виновна не и простувај колку и да ти е тешко,биди маж,бидејќи цел живот ќе биде по нејзино,не се менуваат таквите.