Нема на што.Или ако толку ја сакаш не и попуштај одма,нека се измачи малце,како тебе што те измачува,натерај ја да се покае и да сфати што изгубила,аама не ти гарантирам дека тоа засекогаш ќе ја смени..
taka bese minatiot pat svati so izgubi ama sega mislam deka ja izgubiv zasekogas iako taa mi raskina nemozam da prestanam da mislam da nea bukvalno sum vo pekolot goram i psihicki i fizicki
Епа изгледа не сфатила доволно..Секое лошо за добро е.Ќе најдеш некоја која вистински ќе знае да те цени.Не е вредна за твоите солзи.Шетај,излегувај,во никој случај немој да се затвараш во себе,и да посегнеш по алкохолот.Зар вреди за некоја која не заслужува?Со тек на време ќе се навикнеш.Подобро сега отколку подоцна.Запомни никој не е повеќе вреден од тебе,за така да ти прави.Цени се самиот себе.И тоа нека ти биде лекција за следна врска,со такво меко срце не . Се најдобро
@thescreamer Комплекс за висината? Ye I have that too, ама верувај дека едно добри 80% од девојките не одбиваат високи момци. Ова не го велам од причина да ти ја кренам самодовербата, туку ти зборам реално. Немој првично да ти смета висината и ајде да не се лажиме, немој да пишиш на девојки на фб. Тоа на мој свеж синг пријател му го давав како совет, ако запознаваш некоја запознај ја во живо. Зошто? Ако ја измањачиш прво ти на фб и ѝ пишиш - ти ја одбра, по лик, не знајш карактер. - социјалните мрежи мислам дека не би требало да имаат голем придонес во нашиот живот. Даваат лажна слика за она што некој се. - девојките кои со некој се запознале на фб, ретко со кој сакаат да излезат доколку се запознаат на фб поради делумна несигурност, сепак фб си го користиме за билдање самодоверба и сл. И за крај, кога пример излегуваш со другари и тие имаат девојки и девојките имаат другарки, околу тие другарки биди опуштен, на никоја немој да се насочуваш конкретно, туку биди опуштен, зборувај со сите, прави шеги, биди шармантен. Е тогаш ќе забележиш дека една е делумно поблиска со тебе, почни физички контакт со неа како допирање на грб, рака, смеење и најбитното - гледање во очи. Значи кога некоја ќе се издвои како да ти фрлила око, ама не е сигурна во тоа, е тогаш ти настапуваш на сила. Ајде со среќа!! @asdf12345 ќе ти кажвам тоа што му го кажував на брачед ми откако си раскина со бившата ми снаа. Приоритет во животот треба да си ти. Многу ми велеле - себично е. Да себично е да си во центарот ти, сакај ги другите ама гледај да ти е пободено и тебе зошто ќе потониш. Така и од аспект на имање девојка и љубовен живот. Нека ти биди се побитно од неа. Немој солза да рониш за некоја која ти прави само лошо зошто нема смисла. Да, вистина, сте имале убави мемории и сум многу против тоа блокирање после раскинвање, мразење против раскинвање ама тоа да правиш се за да се оддалечиш од мемориите и емоциите после раскинвуање - дефинитивно. Можиш сега пример ако учиш да се концентрираш на учењето или пак ако работиш да фатиш некој нов проект кој ќе те држи зафатен ама да бидиш заинтересиран за тоа што го правиш за да немаш некое баш време да мислиш на останатите твои проблеми. Ако не, секогаш во прилог иди да запознаваш нови девојки со кои ќе можиш да излезиш вечер или две. Не велам да почниш нова врска зошто то би било не фер кон девојката, нели? Ама секогаш добар „лек“ било две- три девојки после раскинување кои веројатно имаат потреба од баш ист „лек“. Крај краева, исплачи се. Затвори се во соба сам и плачи зошто нормално не сакаш да бидиш виден. Плачи и сети се на се што имаше со неа. Се еден ден ќе помини. Првиот пат како прво раскинување со некој е најтешко зошто сметаш дека неможиш без него ама кога ќе видиш дека после раскинувањето не умираш мислам дека вториот пат и не би требало да ти биди проблем. Кажи едно НЕ и немоој да пробваш пак со девојката. Немој да се повредуваш нахнадно.
Зашто бе друже вака, па зар мислиш дека машкиве на форумов ќе тераат заебанции со тебе или ќе ти дадат совет од типот, „А бе пушти ја, курва една“? Не сме такви, не се секирај. Шала на страна... Бидејќи си доста општ во прашањево, а детали не си напишал, ќе ти го кажам следново: Повеќето луѓе заслужуваат втора шанса во животот - грешки се прават, што не значи и дека истите ќе ги повторат. Но, ако некој ти згреши или те повреди два пати, шансите дека тоа ќе се случи повторно се многу големи, односно тоа укажува веќе на карактерна особина, а не на несреќен сплет на околности или некаква ненамерна грешка. Бидејќи бараш совет како да ја преболиш, претпоставувам дека конечно си решил дека е доста од таквата врска која очигледно те повредува и не е здрава за тебе, што е добар знак за тебе. Е сега, како да ја преболиш? Кај нас, ISO сертифицирана метода за преболување на девојка е да искачаш секоја вечер со другарите, да се оќоравуваш од пиење и да се смуваш со првата девојка која ќе ти падне под рака. Постапката се повторува се додека не почнеш да се чувствуваш подобро. Нормално, ова е тешка глупост, меѓу другото и поради тоа што секој од нас е различен и различно ги процесира емоциите по раскинувањето. Ама, еве ќе пробам да ти дадам совет. Прво, не се залетувај одма у нова врска. Среди си ги чувствата и едноставно, уживај малку у сингл-животот. Второ, пробај да си го организираш слободното време со правење на активности кои ги сакаш и те опуштаат, за да немаш премногу време да седиш и размислуваш за бившата. Со тек на време, ќе почнеш да се чувстуваш подобро и помалку да ти фали бившата. Тоа е тоа. За жал, ако си емоционална личност, нема лесен и брз начин за преболување. Мора да помине време. Меѓутоа, не дозволувај времето напразно да ти поминува у мислење на неа - искачај, дружи се, прави работи што те исполнуваат. Ти посакувам све најдобро! Поздрав.
fala brat go cenam ova stvarno iako ne te poznavam nemas pojma kolku mi pomaga muabetov i ke go poslusam tvojov sovet znam deka e taka deka se ke pomini ama namerno se unistuvam jbg kako i da e znam deka ne zaslzuuva i deka ako i se vratam nekogas ako sakapak da i se smiram ke bidi istoto toa e toa fala na poddrskata brat!!!!
Ме интересира уште ова како жените сфаќаат што загубиле и кога. Дали кога ќе го видоат со друга или? ве молам без зафрканции за искрен одговор.
Ме интересира кога девојките и заради што сфаќаат што изгубиле дали кога ќе го видат со друга или?? ве молам за искрен одговор.
Нема веза дали таа,ама ако те сака важи тоа.Е сега ако раскинала бидејќи не осеќа ништо и има некој друг тогаш ништо не помага.Во краен случај ако имало некој друг,па тој другиот ја тресне,тогаш таа ќе се треска дупло повеќе па ќе се кае што те оставила.
@asdf12345 јас ова „сфатил/а што загубил/а“ муабет, не го сфаќам. Ако некој те сака, кога ќе те види разубавен, со друга - ќе се растажи, ама од друга страна ако ти неа му си за разбивање време уз врски нема гајле да ѝ е така да немој да се замараш со неа и да пробваш да ја повредиш зошто према тоа што го напиша, мое мислење е дека нема да ја .. интересира. А ако се обидуваш ти да го добиеш нејзиното внимание и да ја повредиш нема да ја преболиш. Пред се си правиш лошо за себе, не лошо за неа.
Уште кога ке ве видиме дека не го имате истиот став кон нас,истиот карактер подрското однесување и мавањето на рецки нешто почнува да не копка,а замисли колку ќе е поглупо да ве видиме со друга среќни и дека сте не подзаборавиле.Нашево иде мислам ко нешто „Не те сакам ама на друга не те давам“
Здраво, Ми треба помош и мислење од женска страна. Машко сум, 24год, обрзован, вработен на добро работно место, без финансиски проблеми, убав. Се лечам од почетно ниво на депресија веќе една година. Депресијата е страшна болест, и ретко кој може да те разбере без да осетил на своја кожа. Не му посакувам на никој такви маки. Проблемот е што сум во мн долга врска и имам проблеми со девојката, Паметна е, образована, ме сака , јас неа превеке, но проблемот е што одкога се вработи, само за работа разговара, цело време работи, уморена е, премногу се форсира и се повеќе обврски и задаваат во фирмата, бидејќи сакала да се покаже добар работник. Но веќе е претерано, и ми смета. Многу често патувања, состаноци, иде се преку неа, а мене ме занемарува и не ми помага да се изборам со депресијата. Многупати сме разговарале на мирен начин но премногу е тврдоглава, и после 2 дена, стара песна. Сакам да слушнам ваше мислење и совет, како да не мислам на неа и да не паѓам во депресија и како да не сум толку приврзан до неа. Дури на моменти мислам да ја прекинам врската и сум и кажал но таа го прифаќа тоа со лесно бар така јас мислам .Како да почне да мисли на мене и повеќе да ме сака и како да се вратам во нормала да имам смирен живот да и да спијам како човек.
Јас како што сватив тебе ти е потребно она да има вишок слободно време, вишок позитивна енергија, вишок добро расположение за да ти го поклони тебе и така да се воспостави еден баланс поради твојата депресивна состојба. Пробај радувај се за нејзе, што работи, се надоградува и усовршува.Нема секогаш да ја има оваа флексибилност(без деца) за да го прави тоа. Себично е да го бараш истото од неа.
Како прво не си требал нова тема да отвориш бидејки ќе завраши секако во канта. Како второ треба да застанеш и да ја чукнеш главата малку дека ти не зависиш од оваа девојка, светот сепак не се врти околу неа. Пронајди си и ти занимација, хоби, излегувај со друштво и направи си го денот поисполнет и посвеж и покрај работните обврски, оддалечи се малку и пробај да си ги средиш мислите бидејки таа не е единствената личност за која треба да живееш, има тука и многу поважни и поубави ствари од нејзе. Како трето за една врска се потребни двајца, а ако само ти си иницијаторот за се околу вас и ја притискаш со се и сешто верувај дека само полошо ќе направиш, подобро нема. Затоа остави ја малку на мира, а ти пробај да се пронајдеш во нешто во животот и времето ќе ти покаже и на тебе и на девојката дали оваа врска има иднина, со сила убавина не бидува тоа да го знаеш, совет за разгорување и поттик на ичии чуства овде неможеш да најдеш, ти си тој што треба да промени нешто ако не пиши пропало, можеби едноставно не сте си судени. Премногу себичност од твоја страна да ја бараш за да ти ја лечи твојата депресија што ја имаш а притоа таа да не гледа и за себеси и нејзиниот живот. Ако вака се понашаш и на неа верувам дека ќе те игнорира