Падни во поголема депресија па така може повеќе внимание ќе привлечеш. Разбирам дека misery likes company, ама не може стално така да е и работите да се вртат околу тебе. Зошто не те инспирира таа нејзина енергија да и ти малку живнеш, возбудена е, ангажирана е, се труди, се докажува, а ти би медицинска сестра до тебе. Лошо звучи ама ќе треба сам да се избориш. Замисли во брак сте и дете или две имате, кај за деца па и тебе и твојата депресија треба да те мисли. Мислам преку таквото веќе со многу од вас депресивните. Имал среќна долга врска, убаво работно место, нема финансиски проблеми и во депресија паѓа. Може е нешто подлабоко и се извинувам, ама за тоа постојат психолози, психијатри, оди, барај си чаре, труди се, немој цел товар на партнерот да го ставаш.
Себично е таа да се посветува постојано на работата а да го запоставува звојот партнер, себично е и да, да бара од неа да ја занемарува повеќе работата и да му се посвети нему.. од која и страна да гледаш е ! Но, партнерите се за да се подржуваат мегусебно во добро и во лошо а не да се посветува само на една работа. Посебно па кога е во депресија едниот од партнерите. Себично е да се мисли само на себе, а дечково не бара ништо лошо туку само малку повеќе внимание. Имав и јас таков проблем со бившиот, се чувствував запоставено, несфатено, ко да не сакаше да биде со мене, времето му беше само куча посо куча. Не знам дали знаете како е да си запоставен од партнерот ако барем пола саат од денот не ти го посветува, а и да го посветува зборува само за себе и приоритетите. И да, се согласувам со тоа дека светот не ти се врти околу нејзе па затоа, започни нешто ново, без неа. Од една страна ти не мораш да го трпиш тоа што таа те запоставува, а од друга таа сака успеси, ако гледаме од двете страни не сте еден за друг. Со депресијара постојат многу начини на извлекување. Пробај, најди друга личност која радо би сакала да го поминува времето со тебе.
Ок е и тоа да , ама типов бара некоја што ќе го лечи од депресијата , сериозно секој си има свои проблеми во животот и сам мора да се избори , ја не верувам дека и на девојчето му е лесно си има и она обрски , живот бре има крај краева , па што е должна да целото свое постоење да му го даде на изволте на дечково ? Што ако утре други ден раскинат ? Кај се тука нејзините желби и планови за животот ? Секој сака да си успее во зацртаните цели , ама дечко ја кочи тоа не е фер , верувам како она го поддржала толку време , треба и тој да покаже поддршка , работните обрски и проблеми ќе се намалат со време и ќе добие повеќе внимание , а неа на изволте нема да и падне кариерата и платата .
Не знам зошто ја гледате едната страна од врската а не и другата. Океј, и да раскинат со тоа покажува дека нејзе само работа и е важна. Знаеш ли колку бракови се распаднале затоа што едниот од нив е посветен повеке на работата отколку на семејството? Исто така и изневерувањата се баш еден дел од недоволната посветеност на едниот од партнерите.. Што ако раскинат.. не треба секогаш да се поставува тоа прашање туку да се види кое е решението. Стави се на негово место, и одговори како ти би се чувствувала доколку партнерот те запостави баш поради работата, од една страна ќе ти биде мило што е успешен а од друга страна ќе се чувствуваш запоставено посебно па кога нема на кому да се искажеш доколку си во депресија. Јас, во мојата врска партнерот кога најде работа бев премногу среќна, но подоцна почна да се чувствува неговото отсуство а причина беше умор. Никогаш не му преговарав бидејки бев затворен тип, но на крајот виното се прели и почнаа да се чувствуваат последиците. Се е во ред, мисли на својата иднина, кој не би, но ајде да речеме дека типов ќе ја остави а таа тек тогаш ќе се свести што таа направила и изгубила. Не ги правдам двете страни но кога си во врска земај во предвид дека мора и таа да му даде подршка не само тој нејзе, бидејки и јас сум била од страна на запоставениот и од страна на оној кој мислел повеќе на работа и знам дека кога си запоставен воопшто не е добро.
Абе срцка сум била и на двете приложени страни , и кога сум имала работа , и кога партнерот мој морал да оди и да заглавува на работа , после тоа сме надокнадувале , пред се јас сум имала големо разбирање ,и тој не сака да виси на работа да заглавува до ниедно време , секој сака да си е послободен, исто како што и тој имал разбирање јас додека сум спремала испити и сум се затварала по цела недела две дома .Се случувало да заспие додека сме седеле или слично , јас не сум му се понашала , и тој нејќе умор е го совладало . И јас сум му заспивала кога сум учела по цели ноќи. Него сеедно му било ? Нормално дека не . Имало периоди и кога двајцата сме биле задоволни со тоа што ќе се видиме на саат два макар еднаш во неделата.Верувај ми и јас сакам почесто да сум со него да го гледам секој ден што се вика , ама тоа е тие се можностите. Такво е времето кадешто сакал или нејќел човек мора да работи и да работи , не секој може да се потпре на фактот дека од дома ќе му дадат , утре други ден и ние кога ќе бидеме родители ќе правиме жртви , еве и јас да седам дома со дете тој ќе мора да работи и да донесе дома за пелени , млеко и други потреби за тоа дете . Никогаш не е се црно бело , пак сум пробувала сама да си го исполнам времето , да не му се бесам на него ај да идеме , шетаме , правиме , кога знам дека и тие саат два сон него му вредат премногу. Лично повеќе ми е битно да е добар и здрав , отколку да мора да се видиме 6 пати во една недела , колку ни се можностите толку , ќе има и денови кога ќе можеме да се посветиме еден на друг цел ден . Кај дечково погоре е повеќе слободно време и нема што со себе да прави не е толку до депресијата , едноставно не му е исполнето доволно времето .Самото тоа што девојчето си има обврски и работа излегува од дома , едноставно се меша меѓу луѓе , муабет ова она , он е затворен дома и се му е монотоно , едно па исто . Сам треба да се извлече од депресија , не може да очекува дека некој ќе го лечи . Да го сослуша да , ама да му изиграва психолог / психијатар малце потешко. Извинете ако грубо звучам ама реалноста е таа , сите се во трка по пари и подобар живот
За жал никој од нас овде нема да ти каже нешто различно, прво депресијата (има разлика од депресија до депресија) се јавува од незадоволство, разгледај во себе од што не си задоволен од самиот себе, правиш ли нешто за себе? нешто телото да го одржуваш, курсеви да се надоградуваш на работното место и сл. Обиди се да напредуваш како човек и депресијата ќе си замине и се со девојката ќе дојде на свое место. Сега ако не вложите во работата кога ќе дојдат децата тоа за жената е многу тешка борба и распнатост меѓу детето и кариерата или амбицијата за кариера.
Здраво dlink, Прво да те израдувам-цела Македонија страда од почетна или покасна фаза на депресија. Читај тема анксиозност. Без разлика што девојка ти многу работи, ако се труди слободното време да го поминува со тебе, значи стварно те сака, почитува и значиш и треба да го цениш тоа. Тоа дека зборела само за работата мислам дека и е период и ќе и помине, но мислам и дека треба да бидеш горд на неа што со тебе ги споделува битните работи од нејзиниот живот. Мораш да почнеш да се дружиш повеќе со други луѓе за да престанеш да мислиш само на неа. И без разлика дали те сака или не, ти не треба да дозволиш да се менуваш за било кој на овој свет. Кој те сака, ќе те сака таков каков што си. Доколку депресијата ти претставува голем проблем, не е ништо страшно да одиш на психолог, но јас мислам дека полека ќе ти се средат сами работите и верувам дека ова е само лош период во вашата врска.
Сите го нападнавте него ради првите реченици дека е во депресија и бара внимание, а никој не ги прочита неколкуте претпослени реченици дека кога тој и рекол да прекинат она со леснотија го прифаќала тоа. Значи не е до дечкото, до девојката е. Она не го сака веќе, да го сака нема да го остави сигурно и нема тука дечково да си бара совет. Јас мислам да си разговарате вие двајца сериозно и ако одлучи да прекине т.е. ти ако одлучиш оставија ја едно време и гледај со некој друг да се избориш со проблемот со кој се соочуваш. Бидејќи колку и да патува и да работи таа може да одвои време макар 5 минути да те види или гушне, да ти дадеш надеж и подршка.
Полека, девојката се вработила, и ги дигнале акциите малку, патувања и сл. влегла во поинаков свет ... дајте и време ќе спласне ако не и го заврти умот некој друг затоа треба да се сврти кон себе и друштвото. Што да му кажеме ? се чита дека вложил време и себе си во таа врска во текот на која паднал во депресија т.е незадоволство и уште да му кажеме според нас цурата по неговото пишување е веќе со една нога надвор од врската? ми се чини рано е за тоа.
Јас сум женско, имам 28 години, 8 години пасивно се борам со анксиозност (божем ја држев под контрола), а последниве година и кусур многу активно (со терапии и одење на неуропсихијатар). Во сериозна врска сум од 19 години. Животот не ми бил нареден како тебе твојот, иако верувам дека имаш дебела причина штом страдаш од депресија, а не зашто ти е многу убаво така. Ни јас никому не посакувам да го преживее сето тоа што го преживеав јас за сите овие години. Не е депресија, но можам многу лесно да те разберам и да не те осудувам. На мојот партнер повеќе пати сум му понудила да се оставиме, затоа што е тешко (ова во пасивниот период), но ниту еднаш не сакаше да слушне за тоа. Потоа следуваше период од една година кога ми беше значително подобро, се преселив кај него и живеевме заедно. Некој ќе рече - ете, ми се потсредил и мене животот (со него - да, но проблемите од минатото сеуште се тука). Но, пред година ипол се врати со страшни и додатни симптоми. Повторно му реков дека е сега времето да завршиме, затоа што не е должен да го преживува со мене сето тоа што ми се случува. Не ме остави ниту на еден момент и прави се' за да го помине секој слободен миг со мене. Тоа ми дава мотивација да се борам, да правам се' што ќе ми речат, а не можам. До сите кои ги осудуваат анксиозните и депресивните: ви посакувам никој од вас или од вашите блиски да не доживее ваква состојба. Тогаш ќе се покаете за сите лоши зборови упатени кон ваквите личности. Затоа што никој не знае како е да се бориш секој ден сам против себе, да се бориш со нешто апстрактно, да зависи се' од тебе за твоето закрепнување, а да не можеш и да не знаеш како да си помогнеш и да излезеш од магичниот круг на овие нарушувања. Дечко, велиш дека се лечиш. Не знам каде, не знам со какви лекови, не знам какви совети добиваш, но еве, ќе споделам со тебе некои работи. Прво, во врска со девојка ти - мое мислење е дека не е способна да се бори заедно со тебе за да се избориш со депресијата и не ти е доволна поддршка. Убаво е тоа што сака да се докаже, но мислам дека и' претставува само можност за бегање од реалноста со тебе, што е многу жалосно. Дали таа се интересира за тоа како тебе ти поминал денот, откако ќе се изназборува за својот? Дали ја интересира како си денес? Зошто така или онака се чувствуваш? Најважно од се' е комуникацијата да ви биде взаемна. Ако само таа доминира, тогаш јасни се работите. Ова не знам како на поинаков начин да ти го кажам, а да не те повредам и да ти ја влошам состојбата. Затоа што кога одиш на лекар, цело време те прашува дали имаш поддршка, од кого имаш поддршка, ако си во врска, тогаш те прашува дали имаш поддршка од партнерот, понекогаш бара заедно со партнерот да ве види, за да ја процени ситуацијата и да види дали објективно си му одговорил и си заслепен... Овие нарушувања не се само борба на самиот пациент, тие се борба и на неговите блиски и на неговиот партнер. За овие состојби потребно е многу трпение, љубов и внимание, за да има мотивација пациентот да напредува. Не е доволно само она што ќе ти го препорачаат: шетај колку можеш повеќе во природа, дружи се, вежбај/спортувај, занимавај се со некое хоби ако го имаш, литај книги кои позитивно ќе те мотивираат и да не набројувам натака. Да не беа моите родители, да не беше мојот партнер, денес немаше да бидам овде. Тие ми беа мотивацијата, тие ми беа поддршката, тие ми ја држеа раката кога ми беше лошо и ме потсетуваа да дишам кога заборавав да го правам тоа. @Bridget, многу те почитувам, впрочем како и сите повозрасни членки на овој форум, а и со било кого се обидувам да избегнувам било какви конфронтации. Те почитувам како форумски лик, иако многу остро ги искажуваш своите ставови, но ако, за некои личности така и треба. Но целото мислење ти е . Ако намерата ти беше да го освестиш со тие зборови и да го вратиш на вистинскиот пат - верувај дека можеш многу лесно спротивен ефект да постигнеш. Но како и да е... Знам дека на многу од вас, таквите како нас ви изгледаат себично и дека ви се досадни нашите психички нарушувања (верувајте, на нас ни е многу подосадно да го чувствуваме тоа што го чувствуваме), ама очигледно (и за среќа!) не знаете како е. И мојот партнер работи, но ни приближно како девојкава не се однесува. А тој има право да бара внимание од неа, бидеќи понекогаш олеснува и само кога ќе те сослуша љубениот и ќе те фати за рака, или ќе ти предложи да излезете до најблиската клупа во паркот и држејќи се за раце, молчејќи, да седите и да уживате во вашето присуство. Се извинувам на долгиов пост, кој излезе и моја исповед за која, сигурна сум, ќе се каам многу брзо, но навистина сакам да помогнам, а морав да споредувам. И ако ти е потребен подобар психијатар, веќе двајца имам на ум, пиши ми во ЛП, ќе ти ги кажам. Поздрав и од срце се надевам дека наскоро ќе се средиш.
Јас еве не видов ништо необично во односот на девојката, работа како работа, те изморува, истоштува, истовремено ти дава енергија и позитива, на почеток нормално е да не престанеш да збориш за неа и да сакаш да се докажеш. Сите сакаме да не прашаат како ни е денот, депресивни или не, сите си бараме внимание одредено од партнерот. Проблемот е во тоа што оние со ваква и слични состојби, не сакаат баш среќни луѓе околу нив, така? Нема право партнерот да биде и среќен, и возбуден, и да посака патувања, семинари, или едноставно да е опседнат со нешто свое, а да тоа не е болеста на партнерот. И некој за да со години и години "трпи" ваква состојба на некој со кој е во врска или живее мора да е и самиот барем во некоја поблага форма, или е од оние кои сакаат да имаат слаби партнери до себе затоа што самите се чувствуваат така подобро. Или да е несреќен ама се жртвува. Што ако не е од набројаните, туку сака еден нормален живот без тежината што ја носи една ваква состојба? Тој е крив? Тој не се труди доволно, тој не е посветен? Доаѓа преку глава ако е на подолг рок, и тоа со право. Сум била и јас, само во "наше" време не не' тинтраа со одење на јајца околу нас, психолози, психијатри. Имаш тежок период? Во ред, спиј и вегетирај одреден период, имаме разбирање, ќе разговараме, ќе бидеме тука за тебе. После одреден период те фрлаат директно во оган, неспремен, на груб начин, ама се соочуваш со сите стравови, комплекси, бубачки што ги имаш во глава. Ќе ти чука срце, ќе ти се сечат нозе, ќе трепериш цела, ама утре пак ќе те пратат по уште една доза. И ефикасно беше. Можеби некогаш и преголемата поддршка, разбирање и прифаќање на ваквите состојби доведуваат до тоа да си се навикнеш, удомиш, и да мислиш дека тоа е тоа, не можеш поинаку, па и малку да преувеличиш. Да напоменам дека не зборам за тешки депресии, туку за благи форми, тука ја ставам и анксиозноста. Може нема да можеш никогаш комплетно да се промениш, и ако веќе долги години те следи, научи се бар да живееш со неа без да претставува преголем терет за партнерот. Ако тој те прифатил како таков и не те остава, прифати и ти дека не може секогаш твоите потреби да се на прво место.
@dlink да, депресијата е тешка и секој човек кој боледува дали од депресија или од друга болест сака внимание. Нормално е. Е сега велиш дека си под терапија и тоа е добро. Има напредок? Можиш да разговараш со твојот псих. за овој проблем. Сепак некои странични активности, како да заземиш повеќе одговорност и ти на твоето работно место, да почниш нови проекти па дури и да почниш ново хоби ќе те оттргни од лоши мисли. Како што бројката на години ни расти, така ние имаме повеќе обврски, сега има толку, утре ќе има повеќе. Исто и со тебе, денес имаш 3 работни обврски, утре 5. Обиди се твоето слободно време без неа да ти биди исполнето, а потоа и двата после напорен ден да можите да уживате во себе. И да, немој да чекаш таа да те излечи од депресијата. Не знам, можеби тоа ѝ е професија, но секогаш повеќе можи да ти помогни некој непознат за твојот проблем него некој кој те познава зошто тој кој те познава веќе има одреден став врз ситуацијата. Да, убаво е да бараш поддршка од неа за твојата ситуација, но да бараш да те лечи - не. Океј е да бараш малце повеќе внимание од неа - ама не и да бараш да запостави работата ради тебе. Зато како шо пишав погоре, гледај слободното време да ти е максимално исполнето, дури и да немаш мотивација кога ќе почниш и се задлабочиш е веќе сосем полесно. Ајде, you can do it <3
Искрено, размислував дали да пишам во однос на последниот поставен проблем, прво, затоа што темата е совети од женска страна, и второ, бидејќи @Lady Phoenix го кажа мање-више она што сакав да го кажам. Но, сепак, еве: Во неколку наврати апелирав до сите членови на различни теми во кои се споменуваат проблеми од психичка природа да покажат малце тактичност и воздржаност во советите кои ги даваат. Изјавите од типот дека со некој кој е во депресија може да биде само некој кој сака послаби од себе или дека ако си со некој кој има психички проблем, тогаш и ти мора да си со нарушена психа се потценувачки, непромислени, можам да речам и срамни и навредливи. Да не споменувам и дека се целосно неосновани и невистинити. Луѓето кои никогаш не доживеале вакво нешто или немале некој близок со ваков проблем психичките нарушувања тешко ги сфаќаат и разбираат, а од друга страна, лесно ги отфрлаат и многу ги потценуваат. Не ми е јасно зошто толку сите го нападнаа дечково и погрешно го протолкуваа неговиот проблем. Јас никаде не прочитав дека него му пречи што девојката му работи или тоа што е посветена на работата. Него му пречи недостатокот од внимание кое го добива од неа – нешто што би му сметало и на здрав човек, а камоли на некој во депресија. Значи, не се работи за квантитет, туку за квалитет. Они може да поминуваат и еден саат дневно заедно, ама ако тоа заедничко време го поминат посветени еден на друг, мислејќи на потребите на другиот, мислам дека ќе нема проблем. Ниту еден од партнерите не треба да биде себичен и во прв план да ги става само своите интереси – ниту девојката само да зборува за својата работа, ниту пак дечкото само да се жали на својата депресија. Во една нормална врска треба, пред се, да постојат компромиси. Иако сум машко (а ова е воглавном одлика на мажите), не оправдувам кога едниот од партнерите (машкото или женското, сеедно) сопствената кариера ја става во прв план, пред врската, бракот или семејството. Врската, односно семејството, треба да биде на прво место – се останато е споредно. Оние кои слепо ја форсираат кариерата или се себични и мислат прво на себе, или бегаат од сопственото семејство. Друго нема. Ако кариерата ви е поважна од партнерот, тогаш можеби треба да си побарате друг партнер, пошто овој очигледно не ви значи доволно. Не секој може да се носи со здравствените проблеми на партнерот – дали се од психичка или физичка природа, сеедно. И тоа е во ред. И никој не е должен да се бори со проблемите на партнерот и да си го жртвува и упропастува сопствениот живот. И ова го разбирам. Но, ако некого сакате, тогаш неговите проблеми не се само негови, туку и ваши. Ако некого сакате, тогаш вие не се жртвувате за него, туку тоа го правите радо и без размислување. Ако некого сакате, тогаш не бегате кога ќе се појави првиот проблем, туку заеднички се борите, до самиот крај. Само во ваква врска вреди да се биде и да се остане. Се друго е помирување со нешто помалку или самозалажување. @dlink, од ова што го прочитав во твоето мислење, мислам дека треба да направиш еден сериозен муабет со девојка ти и отворено да ја прашаш за мислење за твојата/вашата ситуација. Ако твојата депресија и пречи и не знае како да се носи со неа, тогаш според мене, подобро е да прекинете. Ова го велам затоа што таа очигледно не те сфаќа (не може или не сака да ја разбере твојата состојба), а со своите дела и начиот на однесување прави само да се чувствуваш полошо. Кога некој е во состојба како твојата, му треба некој кој ќе го поддржи и разбере. Односно, подобро е и да си сингл, отколку на твојата мака секојдневно и да се фрустрираш поради нејзиното однесување. Од друга страна, можеби не те сфатила доволно добро или сериозно - па можеби, откако разложно ќе и објасниш што е тоа што ти пречи и треба од неа, работите ќе се средат. Нормално, треба и неа искрено да ја прашаш - што е тоа што го сака, односно и треба од тебе - и да видиш дали ти тоа можеш да и го дадеш или не. Веќе реков, ама ќе се повторам - не секој е способен (или сака) да се носи со проблемите на партнерот. Според мене, ваквите врски е подобро да прекинат што порано, бидејќи во спротивно, ќе се создаваат фрустрации и незадоволство и кај едниот и кај другиот.
Малку предмет на муабетот станав јас и мојата ситуација, ама нема врска, ајде, ќе одговорам на некои од изјавиве, затоа што ако премолчам, ќе испадне дека се сложувам, а не е така. Па не можам да се сложам дека е така. Во моментите кога ми беше најтешко и најлошо, пред мене не сакав да гледам загрижени и намуртени лица, туку напротив, позитивни, среќни и насмеани луѓе, кои ќе ме охрабрат со таа позитива. Со ова воопшто не се сложувам. Не велам не, постојат секакви луѓе на светов, но ете, конкретно во мојов случај ништо од наведеното не е точно. А ако нечиј партнер се чувствува несреќен и се чувствува дека се жртвува - повторно ќе речам, со синџири не е врзан, никој жив не може да го натера да биде со другиот. Така што е слободен во секој момент да си го продолжи животот нормално. А инаку на човек кој е во депресија или слична психичка состојба не му е ниту до љубомора, ниту до караница, ниту до „расфрлање“ со обвинувања кон другиот, ниту до завист. Што сакам да кажам со ова? Дека секој убав збор, секоја трошка внимание, се' што партнерот (намерно или случајно) ќе се потруди да направи за оваа личност, ќе биде бесценето, примено со огромна благодарност и љубов и само ќе допринесе до побудување на позитивни чувства и расположение и уште поголемо поврзување. Еееехх, драга Bridget, во „ваше“ време многу работи беа поинакви и многу работи беа мисловни именки, за што сум, искрено, многу љубоморна. Се' би дала да живеев во ваше време, ама ете, живеам во некое друго „мое“ време во кое поради поинаквите услови си царуваат други болести, болести на 21-иот век, кои заземаат епидемиски размери, за жал. Но кога ќе се земе во предвид реалноста во која живееме, не е ни чудо што бројот на анксиозни и депресивни е огромен, што ако не удрило на психа, тогаш млад човек починал од срцев/мозочен удар, добил рак и слично... Во голем дел од нашата врска, мојот партнер не ни беше свесен за состојбата во која се наоѓав, затоа што сум научила да живеам со неа. Но, доаѓа момент кога организмот тоа веќе не може да го поднесе и доаѓа по затишје - бура, како што се случи кај мене после многу стресен период. А инаку работам на тоа да се минимизира колку што може и да не ни претставува мака ни на двајцата. Но во врска во која постои љубов - не би требало да постои терет или пак нечии потреби да се на прво место. Јас сум тука за него и тој е тука за мене. И откако се оправдав вака како примерна девојка, би сакала да му се обратам на @dlink, кој по шиканирањето гарант фатил усвет, ама јас сепак сакам уште нешто да го прашам. Бидејќи рече дека се лечиш од почеток на депресија, а си во долга врска, какви промени забележуваш кај твојата девојка? Дали претходно си имал некои вакви периоди и како реагирала? Дали откако тебе ти се случи ова, таа воопшто се потруди околу тебе, да се запознае со тоа што значи депресија и како треба да се справувате со тоа? Дали во овој момент си подготвен да имаш сериозен разговор со неа кој би можел да ве одведе таму каде ти не посакуваш? Затоа што сметам дека треба да го направите. И дали си спремен и ти да направиш некој компромис во целава ситуација? Во случај да се разделите, дали имаш поддршка од твоите и дали можеш да се потпреш на нив (мислам дека тоа е најдобро)? Знам, многу прашања се, ама за твое добро е. Машките и женските не ги преживуваат овие нарушувања на ист начин.
^ Пишaнoтo ми беше oпштo, не личнo кoн тебе иaкo вo некoи рaбoти нoрмaлнo си се прoнaшлa. Другo, јaс и ти не сме рaзликa гoлемa вo гoдини, твoетo време е и мoе време, aмa oчигледнo рaзнo перцепирaме и рaзличнo сме изрaснaти. Се слoжувaм сo дел oд твoетo нaпишaнo, не би дa рaзглoбувaм дo ситници, немa штo дa се убедувaме, сaмo еднo мнoгу ми пaднa вo oчи. Пaртнерoт твoј вo гoлем дел oд вaшaтa врскa не бил свесен зa твoјoт прoблем? Тoгaш и не е некoј прoблем зa дa гo именувaш и дa брoиш гoдини кaкo гo имaш. Верoјaтнo грешaм, aмa кoгa зaврши периoдoт кoгa oдредени кaрaктеристики се сметaa кaкo нaјнoрмaлен дел oд нечиј кaрaктер, пa пoчнaa сите сo aпчињa oти oдвреме нaвреме им пукa филм?
Добро, јас те разбрав како на мене да ми се обраќаш, па се почувствував должна да одговорам. Па намерно не пишав дека не знаел (зашто знаеше), туку не бил свесен, бидејќи ние долго време сме во врска, но пред 3 години почнавме заедно да живееме. Претходно, не сме биле 24/7 заедно, за да ја увиди мојата состојба комплетно. А и кога ми се погодувал лош момент/период претходно, сум се обидувала да го потиснувам тоа во мене колку што можам, за да не го загрижувам премногу. Во секој случај, под контрола ме држеа и лекарствата кои ги примав. Не е така несериозно за да не ги бројам сите изминати години, затоа што има свој почеток и доаѓаше до кризни моменти неколку пати. Како и да е, не посетував специјалист (од првото манифестирање бев само еднаш и толку) и тоа беше мојата најголема грешка. Не сум седела дома, не сум вегетирала, во таа состојба завршив речиси на време факултет, во меѓувреме работев. Но, пак ќе кажам, се' си има свои граници. Најлошото дојде кога навидум мене ми се подреди мојот приватен живот - заеднички живот, постдипломски, работење по нешто... И толку. Комплицирано е, посложено е отколку што изгледа, многу фактори се во прашање, многу работи кои не им е место да ги кажувам тука, а не ни имам желба, така да... Дури и многу офф-топик отидовме, ама здравје. Јас се извинувам ако те направив многу повозрасна отколку што навистина си, но делуваш доста позрело. И се надевам дека те задоволи мојот одговор, кој порадо ќе ти го пишев по ЛП за да не забегува темава, ама си ставила рестрикции.
Видете, јас не се разбирам во депресија и како тотален лаик ќе го пишам моето мислење и се надевам дека нема да навредам некого. Пред неколку години, кога моите другарки почнаа да се вработуваат (јас никако да се вработам), се случија очекувани промени- немаше повеќе излегувања секоја вечер, немаше филмски маратони, немаше телефонски муабети до касно во ноќта. Тоа што неочекувано од корен се смени беа темите на разговор. Ако ми верувате, првите неколку месеци можеби 90% од заедничните муабети со моите тогаш тазе вработени другарки беа монолози за нивната работа. И да сменев тема, џабе беше, пак се враќаа на муабетот за тоа како шефот им се испонашал, или колешката што рекла за неа, или како глава не можеле да дигнат од обврски итн... Одеднаш интересните муабети за се и сешто станаа или „жалопојки“ за тоа колку им е тешко на работа и се преморени или пак фалење колку им е супер на работа и колку им се кул колегите. И што се случи? Поминаа неколку месеци, се адаптираа на новата ситуација, монолозите драстично се проретчиа а се вратија старите теми на муабет. Мислам дека токму тоа му се случува и на дечкото и дека целата ситуација нема толку врска со неговата депресија туку работата е што одеднаш, ама буквално преку ноќ, динамиката на односот со неговата девојка драстично се изменила. Навикнал таа секогаш да биде расположена и одморена, да има време за шетање, да прави муабет кој му е и нему интересен, да биде тука за него и одеднаш аш, тоа повеќе го нема. Ако дечкото е навикнат постојано да биде во центар на нејзиниот свет, а притоа е и бааги егоцентричен (ко што ми се виде од напишаното), ништо чудно што негативно реагира на промената. Мој совет до тебе @dlink е да и дадеш време на девојката да се навикне на новонастанатата ситуација, сега се и е интересно и возбудена е од промената- нови луѓе, нови искуства, нови предизвици. И тоа е сосема нормално! Млада е, амбициозна е, сака да работи, и се пружила можност за просперитетна работа во оваа смрдлива држава, треба да е глупава да ја прокоцка таа шанса. Знам дека сега ти е тапа, знам дека веќе не ти е интересно со неа како порано но почекај некој месец, да и помине првичната еуфорија па ќе видиш дека се ќе биде како порано. Односно, да се корегирам, се додека работи нема се да биде исто како порано-ќе биде уморна, понекогаш ќе биде изнервирана, понекогаш ќе се жали ама тоа е животот Во секој случај, подобро да слушаш како е уморна од работа одколку да ја слушаш како плаче и се нервира дека не може да најде работа. Е сега, сакам и ова да ти го кажам, мнозинството претежно прави муабет за работа. Ти можеби си имал среќа да се вработиш на некое убаво место каде никој не те малтетира но не сите ја имаат таа среќа, напротив! Мнозинството се уморни, исфрустрирани од работното место, преголемите обврски и несоодвентата плата и тоа итекако им се одразува на расположение и темите за разговор, сакал ти тоа или не. И да бидеме реални, и да и раскинеш на сегашната девојка, секоја идна ќе ти ги прави истите тие муабети, освен ако не запознаеш некоја на која ептен и се погодило работното место.
Здраво, Јас имам малку специфичен проблем.Со мојата најдобра другарка бевме преблиски 2-3 години.Многу пати ми кажала дека ме сака и дека е многу заљубена во мене ,но јас бев као незаинтересиран,само другари и викав дека сакам да бидеме.Но имавме односи и сексуални,не толку често ама имавме.Ми стана многу мила ама сеуште не бев сигурен што сакам.Секој ден се глеавме,спиевме многу често заедно,но мене не ми текнуваше да превземам поголем чекор.Ваљда не знаев што сакам.Имаше моменти кога и се развикував кога бев нервозен ,а таа беше прељубоморна и нервозна но се поминуваше за многу брзо.Ја зафркавав дека за скоро ќе си фатам женска и и викав да си најде и таа некој.Си најде мувач и почна да излегува многу често со него,но сепак ми викаше дека ме сака уште.Пред месец дена бевме и заедно на одмор,само ние двајца,а таа се глеаше со него уште тогаш.Очекуваше и тогаш да и речам нешто за врска,ама не и реков.После тоа пак имаше мазење и слично,ама ништо не и кажав.Не бев спремен да и кажам дека ја сакам,сакав да почекам уште некој ден.И така,еден ден многу ме здоболе кога ми кажа дека останала кај него на спиење.И кажав лоши работи и цела недела беше многу лошо.Кога ќе се видевме имаше плачење и слично.И реков да одлучи дали сака да биде со мене или со другиот.Прво ми рече да,а другиот ден дека не е сигурна,не било фер спрема другиот и дека ќе биде со другиот,а мене ми рече да и дадам време за да се среди.Знам дека има чувства кон мене затоа што нон стоп плаче и ми вика дека не е сигурна да биде со мене,се плашела од карање и сл.Ми праи муабети во стил не сакам да те повредам,не можам да замислам живот без тебе и слично Па ве молам да ми дадете совет.Дали да ја почекам и до кога да ја почекам?Дали да прекинам да ја барам и да чекам нешто од неа?Ако ви падне било што на памет,кажете. Поздравв ЧД
Прво морам да кажам, иако ќе звучам грубо, ама бараш совет од женско, и ќе ти кажам како женско, си испаднал ептен кретен. Девојката имала храброст да ти се отвори и да ти каже дека е заљубена притоа ставајќи го другарството на коцка, знаејќи дека може дружбата да ви прекине тука. А ти ем не си знаел што сакаш ем си спиел со неа, вака од страна делува како да си го искористил фактот дека те сака па си го добил тоа што ти требало во моментот. Не викам дека си ја искористил, сепак и таа е крива, затоа што отворено си и кажал дека ја гледаш како другарка. Тоа што почнала да се гледа со друг според мене е сосема оправдано, и јас така би постапила. Но тоа што сепак продолжила да се гледа со тебе, и покрај другиов, според мене, мислам дека значи дека уште те сака. Е сега не те погаѓа тоа што освен тебе има друг, туку тоа што спие и со него, така да мислам дека само ти е повредено егото. Ако навистина мислиш дека си ја засакал, слободно седни и направи си муабет, кажи и го тоа отворено. Мислам дека тоа е она што треба да го слушне за да расчисти дали сака да е со тебе или не. Е сега не разбрав, ти рече да ја чекаш да се среди ама за тоа време ќе си биде со другиот, или сака да е сама одреден период додека да одлучи? И уште нешто, никогаш ама никогаш, дури ни на шала, не и викај на жена да си најде друг. Големи се шансите тоа и да го направи.
Сега е со другиот и вика баш коа се помирив дека не можеме да бидеме заедно,тогаш ти ми кажа.Ама јас и направив муабет и стварно ја сакам.Но сепак вика дека и треба време.А за крив крив сум ,ама ја сакам Сега си излага со другиот и ми вика не те барам да не ти давам надеж,а не сум сигурна што сакам.И не знам што да правам...