Така,сеа ми иде да цркнам,ама тоа е..и сеа барам совет,затоа не ме напаѓајте,крив сум во секој случај
@Belcho, биди максимално искрен со себе си и запрашај се дали ти навистина ја сакаш девојката и сакаш да бидеш со неа или си љубоморен? Многу е убаво да знаеш дека има некој кој те сака, ти симнува звезди, ти оди по кеифот, има секс со тебе без обврски и сега кога тоа повеќе го нема, нормално е да ти фали. Твојава ситуација сум ја видела сто пати кај другарки (минус сексот)- дечкото трча по неа, се труди, таа си ги крева акциите, муабетот е секогаш ист „Ама јас него го гледам како другар“ (а многу добро знае тој неа како ја гледа). Поминува времето, дечкото крева раце и почнува да излегува со друга девојка, не ја рецка повеќе оваа првава и тогаш почнуваат плачките „Ама јас него го сакаааам“. Реалноста е дека не го сака, да го сакала ќе била со него ама сега не само што и е повредено егото туку и фали вниманието и нежноста која ја добивала дотогаш. Би ти препорачала пред да направиш било што, убаво расчисти сам со себе што всушност чувствуваш ти кон неа и зошто токму сега, кога нејзината врска почнала да станува сериозна, ти мислиш дека ја сакаш. Размисли дека станува збор за љубов или љубомора. Ако си сигурен, максимално сигурен! дека навистина ја сакаш и сакаш да бидете дечко и девојка, бори се за неа.
Да,ја сакам,многу.Само не знам сега како да постапам.Дали е подобро да ја барам,да се гледаме или да оставам еден период воопшто да не ја побарам и да чекам нешто од неа,барем да пише како си?Се плашам да не има контра ефект ако ја замарам и форсирам многу.
@Belcho остави ја, решението е нејзино. Добро ќе и’ дојде малку време без тебе, доста си ја вртел. Штета што си се сетил што сакаш дури откако си се почувствувал загрозен. Кога девојката би побарала совет тука, повеќето би ја советувале да се тргне од тебе, или барем да си даде време со другиот за да реши што сака. Ти си имал повеќе од доволно шанси. Единствено што можеш сега е да и’ дадеш простор.
Sakam da i pisam na edna devojka bidejki mn mi se dopajga se poznavame samo onaka nikakov kontakt ili muabet nemame koga ce se sretnime samo edno zdr si vikame ve molam devojki kazete kako da zapocnam razgovor preku fb shto da i pisam
Почни како што разговарате и надвор, здраво, како си, што си времево е катастрофа,а мене кафе ми се пие, што велиш заедно да си се напиете И лице в лице да почне се релакс, а не на фб зш таму можеби ќе бидеш и поопуштен, вака опуштањето еден пред друг да си дојде етапно во живо.
Neznam ama malce nekolku dena barem da se dopisuvame zasto odma ako i pisam za na kafe se plasam da ne me odbie
На фб ќе пишуваш, а надвор ќе се здрвиш ... ако некогаш фб не постоеше и се си беше ок така и сега се може. Ако те одбие ќе знаеш на што си, не е една единствена на крај краева.
Ќе се обидам да те посоветувам, иако сум од генерацијата која не ги правела овие работи по фб. Со девојчево сте пријатели на фб, така? Разгледај и' го ѕидот, види што лајкнала, пронајди заеднички интереси со неа. Па кога ќе стави слика, можеш во инбокс да и' дадеш некој коментар, зошто си и' ја лајкнал, или ако ја изгледала таа и таа серија или тој и тој филм, разврзете муабет на таа тема. Или за некоја песна што ќе ја стави. Мислам дека е тоа доволно за почеток. После како ќе тече разговорот - тука ти нема помош. Ќе мора да се препуштиш на спонтаноста. Со среќа, па пиши што се случило.
Abe shto e problemov shto ne mi vrajkaat devojkive na fb shto treba da im pisuvam kako da zapocnam razgovor oti so zdr kako si shto pravish nne vrajkat
Друже батали фејсбук, чим не ти враќаат мора да има причина. Глеј усоврши техника за у живо, пошто вака ништо не правиш.
Дали ти лично ги знајш тие девојки? Или онака random ги додаваш, па по некоја случајност те прифаќаат, а некогаш и не, па после тоа ти одма им пишуваш? Ако женско на фб не ти враќа - обично зошто не те знај. Те прифаќа - за лајкој. Ете ова е реалната ситуација. То е глупо, ама ете сите на 15+ возраст сме го праеле тоа колку и да е апсурдно. Машките од друга страна мањачат убај чупиња и после ќе му се запнат му пишат. Од некои кои не ми ни се пријатели или случајно сум ги прифатила зошто сум мислела дека ги знам сум добивала вакви пораки: „здр. здр. како си? кај си крената? ајде на кафе. здр. “ Не, извини, грешка беше прифаќањето, неќам да бидам злобна да те избришам ама сум имала 100 како тебе и затоа ми е страв да ти вратам зошто после тоа ќе ми пишиш на секои 10 мин или како еднаш стојам на станица и еден ваков ми пиши: „Те гледам.“ па човеку крвта ми замрзна. Е затоа девојките кои не те познаваат - не ти враќаат. Едно е ако ти ја запознајш прво во живо и после ѝ пишиш на фб - сосем разбирливо кога веќе сретство за комуникација ни е ова, ама кога почнуваш нешто на фб, само едниот избира. Пример ако јас бенд некој хардкор рокер, го додам и му пишам, тој ми врати, накратко јас го избрав него, тој немаше некој избор во враќањето туку беше доволно срце да врати. Од друга страна некое машко бенд некоја уба женска, ја додава и ѝ пиши, таа враќа, тоа момчето ја избра неа. Затоа запознавање на фб е малце еднострано. За твое добро душо, запознавањето во живо, флертот во живо - е нешто многу пореаелно и неопишливо убаво за разлика од смајлињата на фб. Гледај флертовај со женски во живо, да имаш убава комуникација во живо зошто ќе се запознајш со некоја на фб, супер ќе ви оди, ќе излезите на кафе и ќе почниш да се срамиш. Се е подобро во живо. Try it !! Ај со среќа. пс. ако веќе ги познаваш во живо и не ти враќаат, не вреди да продолжиш да се замарш со нив. Можиш да почниш со директна тема (ако ти е соученичка на пример): „Еј да не знајш кога прајме тест по математика? Овај вторник или другиот?“ или пак „Еј еј ... тука си бе? Ми требаше неш...“
Сите истото ти го кажуваме ... не ми е јасно ова со фб ... разбери надвор едно здраво ќе и го привлече вниманието на секоја, ако не друго ќе и влезеш во видокруг, а вака на нет сам себе се лажеш и ааа не ми врати порака, голема работа. Реалност си е реалност колку и да ви е свет фб.
Видете момци,еве ќе ви дадам еден совет од искуство.Ако не го знајш некое чупе лично а сакаш да и пишиш и да се запознајте преку фб треба да и го привлечиш вниманието,да бидиш интересен и да се заинтересира.Прво че и пишиш некој љубовен цитат ова она па демек по грешка било.Па че почниш муабет ова она,сакаш да се запознајме.И секако ако не се заебаваш и ако си сериозен че се видите на камера па разменувајне бројој ова она.И шо е најбитно не почнувајте со вулгарности и перверзии одма.Лајкнувајте и слики ова она.Ова е совет за оние шо се затрескани во некоја цура од нет а не ја познава лично.Ако не оди не бидете напорни.