Дали реченицата "Покрај се можеме да си бидеме другари" од женска страна се мисли дека нема мрдање од другарство со некое машко.Што мислите вие...мада дефинитивно тоа значи
мене ме мачи сестра ми која не си ги прибира алиштата ко че си дојди од чаршија, цела соба е заникаде
Мислиме дека да, тоа значи. Наједноставен изговор кога несакаш да бидеш со некого е "да си бидете другари." Викни ја сестра ти на форумот, да и одржиме една лекција за уредност.
Ми пиша огромен текст на chat, вратив само со смајли. Навидум се напна ептен но мислам сега повеќе ме свиѓа...
И ја. Фино е тоа. Си ја освоил, мхм, да. Нареден пат потруди се да и привлечеш внимание со нешто поинтересно од игнорирање, затоа што ќе и дојде преку глава и ќе те откачи.
Искрено од една страна и се надевам дека ќе дојде до тоа, дека не знам баш што сакам периодов, а малку сум тапа за раскинување (ма да не е нешто сериозна врска, повеќе е ко гледање). Фала на мислење во секој случај
Не верувам да си ја освоил. Се напнала, тоа сигурно, а ти ако сакаш да ја имаш, одговори соодветно на нејзината порака. Со смајли си кажал дека ти е сеедно што ти пишала. Еве на пример маж ми ме освои со километарските пораки и придавање значење на секој детал од мојата.
Пардон ако имплицирав дека е за фазата освојување, ние веќе се гледаме некое време и само постирав за изолиран "инцидент" Е и супер за твојот случај, и фала на мислење
Напишав поема: Седев сам во својот преладен стан Да создадам драма јас немав план Се слушна звук на мојот телефон Есеј на Viber ме мавна ко гром Дали си само мој, radnom праша Тогаш од рацете испуштив чаша Преголем стрес и во душава бес Ако кажам не, таа ќе остане без Најсмешното нешто во животот Убавото копиле со кривото Кормило и брод полу-потонат Во поточето мирно проколнат... Шала на страна немав некоја намера, чисто емоција во моментот да тоа го пишам во темавa Sorry ако алудирав на нешто негативно.