Па покани ја и верувај муабетот сам по себе ќе си тргне. Ако бидеш смирен и опуштен нема шанси да се изглупираш. Сепак се работи за едно обично кафе, не може да биде толку страшно. Почни општи муабети за школо,работа, друштво, книги, музика и слично муабетот сам по себе ќе си тргне. Само немој да ќутиш или пак премногу да зборуваш само ти цело време, остави ја и таа да каже нешто. Имам 2 вакви негативни искуства, излеговме на кафе едниот премногу зборуваше и цело време се фалеше или озборуваше, а другиот па воопшто не зборуваше само повремено ќе погледнеше во телефон. Ти само биди си свој и не глуми нешто што не си. Со среќа.
@Sungerot.Bob разговорот остани да течи спонтано и гледај да не размислуваш премногу зошто ако размислуваш се ќе ти изгледа глупаво и на крај нема ништо да прозбориш со неа. Остави на спонтаноста.
најдов оглас за ескорти(секс услуги) у шпанија барањата се старост од 18 до 30 год и слободен ум, плата 4000-6000 евра би имал ли некој кохонес да се пријави? ја неам (ако бев женско)
Значи вака, јас имам 17 години и се запознав кај другар на роденден со прекрасно девојче кое е 19 години. Девојчето е прекрасно со прекрасна душа, очи толку длабоки човек може да се изгуби во нив, коса како од свила, насмевка што ја осветлува секоја темнина во мојот живот. (вие кажете ми дали сум затрескан ја сеуште мислам не) И од роденденот шо беше у ноември па се до денес праиме непрекинат муабет на социјалните мрежи(бидејќи живееме у различни градови) И денеска беше другаров (од роденденот) со неа излезен на кафе и му реков да ме спомне, да види што како дали и се допаѓам или нешо слично. Се и се допаднало кај мене карактер, убавина и се друго само имало еден проблем, сум бил две год помал од нејзе, дајте некој совет како да го истакнам тоа дека не е проблем и прашање за останатите девојчиња на форумов, дали би излегле со момче што ви се допаѓа се за него само што бил две години помал од вас? Се надевам дека ќе се најде некоја добродушна да ми одговори на мојот проблем, ви благодарам однапред. и само да додадам уште нешто: Се разболувам психички на помислата дека неможам да ја имаммммм
Хаха,да ти одговорам,јас никогаш не би излегла со некој помал од мене,и да ми се допаѓа многу не би. А изгледа и таа штом рекла дека тоа е проблем,значи барај си друга.
Meне некако ми е глупо, зашо да не излезеш со некој шо ти се свиѓа, а е помал? егото ви се нарушува или шо е финтата?
Еве јас добρодушната да ти одговоρам. Не да си затρесκан во нејзе- зацапан си ептен бρатче! (Свили, самовили, длабочини) Што и не е таκа лошо. Вρеме ти е. Е сега за девојκава- самовила Ти и` пишуваш- таа ти вρаќа. Чиста κултуρа- можеби, а можеби и` си интеρесен, згоден и таκви ρаботи. Може и да и` е досадно. Не знам, се` е можно. Аκо се пρашувам јас: ти 17, јас 19- не! Ама има ρазлиκа јас 24 ти 22. Мама и тато се таκа. За сρамота а? Де, де, не е до толκу ρаботава. Не полудувај. Ќе се истρошиш за понатаму во животов. Пρобај си ја сρеќата. Аκо саκа- супеρ, аκо не- ќе има дρуги. Што убо, κо на бρатучед ми да му пишав. Ама не си ти тој (тој саκа помала). Ах пуста младост.
Лично не сум имала искуство со помали, не ми се пружило шанса можеби, а и не можам да се замислам некако, но никогаш не велам НИКОГАШ! Не се ограничувај себеси затоа што не постои идеална разлика во години, помести ги границите, зошто мора машкото да е постаро од женското, кај го пишува тоа?? Ако има љубов, енергија ... Зошто годините да се пречка сепак не е голема разлика. Мој совет е да не користиш посредници туку директно тоа што те мачи и тоа што го чувствуваш да и го кажеш
Ја планирам да и го кажам тоа, но што ако не сака? и што ако го изгубам тоа што веќе го имам со неа, тој "однос" некако и тој ми е доволен само да бидам блиску до неа, ама еден е проблемот во овој однос, јас сакам да ја гушнам и никогаш да не ја пуштам...е сега или ќе се апгрејдне овој однос или тотално ќе пропадне....тука е стравот...тука лежи зајакот..
Нема ништо страшно да излезе со помал, па не си 20 години помал, 2 си. Mногу мои другарки имаат помали дечковци 2-3 години, братучед ми има девојка 4 години постара, он е 19 она 23 и сите функционираат многу добро.
ти објасни и го, покажи и дека таа мала разлика не треба да ви биде пречка штом волку си се затраскал пробај, оди на се или ништо. Поарно да се каеш за нешто што си го напраил отколку за нешто што си пропуштил да го напраиш, па да се прашуваш што би било кога би било.
Несакам да идам на ризик беее...несакам да ја изгубам, ако изгубам однос со неа незнам што ќе ми се деси, ќе треба на клиника да идам....првпат волку да сум затрескан, вчера седми ден откако заспивам мислејќи на нејзе и будејќи се со телефонот во рака да видам дали вратила на пораката што сум и ја пишал за добра ноќ. едноставно не сакам да ја изгубам од мојот живот како личност
Знаеш и сам дека тој пријателски однос за тебе не е доволен затоа што имаш чувства према неа затоа и никогаш не можете да бидете пријатели. Не се плаши ако не сака јбг млад си ќе запознаеш друга каде љубовта ќе е обострана, тоа е животот, мора нешто да боли, најчесто тоа е љубовта
Не е точно, нема никоја да биде како она, не постои друго девојче такво, само таа е една и единствена... се расплакав...никад у живот немам плачено за девојче...
Види, може само опсесија ти е девојката. Може ти годи нејзиното внимание. Нормално ти годи да некој да ти посветува секој ден толку внимание. Мој најискрен совет ако не сакаш да прекинеш контакт со неа тогаш периодов не и кажувај дека ја сакаш. Биди и само другар пошто ете спомнала дека год и се проблем, па може да ви се изгуби контактот така. Биди трпелив. Пробај малку да се тргнеш од неа, во смисла да не и пишуваш прв. И да ја видиш укл не пишувај и види таа дали ќе пише, дали е воопшто заинтересирана за тебе. Плус имај во предвид дека машките подоцна созреваат значи и тоа има улога. Врсници машко и женско не размислуваат исто, а не па уште помал да си..... Види почекај, не се брзај за да не се заебеш скрос...
1.Досега повеќе пати она ми има пишано прва него јас 2.Не ми е опсесија и не ми годи вниманието тоа сигурно зашто знам од првиот момент кога ја видов дека нејќам ништо друго освен да бидам со неа. 3.Спомнала дека годините и се проблем и тука ќе направам се во моја сила да и докажам дека не се годините проблем.
Како да не една и единствена...Абе не биди слабак во депресија ќе бил...Уште колку ќе се расплакуваш и ти уште не знаеш. Тебе ти е тешко што уште не си бил со неа,не сте поминале ништо заедно,а што да кажеме ние што сме изгубиле личност со која имаме поминато се ? Ќе се заљубиш уште сто пати не се секирај.