1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од ЖЕНСКА страна за сите машки

Дискусија во 'Сингл' започната од kuchka, 30 ноември 2010.

  1. Nela17

    Nela17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Па и не сите девојки го чуствуваат тоа marama :)
     
  2. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Немој да почнеш со оние досадни муабети, или hi, hey. Знам дека доцна ти враќам, гледам веќе си и пишал, но за понатака може ова да ти користи.
    Коментирај за некој нејзин интерес, односно еве ако лајкне нешто и демек на хоум ти излегло, прокоментирај за тоа позитивно, со шала што ќе ја памети. :) Или доколку во интересни во инфо има на пример литература, прочепкај нешто околу тоа, наведи ја на долг муабет, за тема која она ја сака, ама тука шантрај малку фраерски, флерт ова она успат.
    Ако имаш можност во живо да зборуваш со неа, или еве и да не зборуваш ти со неа, туку таа да направи нешто, после тоа на чет прокоментирај малку за тоа, позезај ја онака шармерски.
    Најнападни ми се мене конкретно оние што ми започнуваат разговор на ист начин. Здраво, како си, што правиш, каде живееш, каде учиш. Прва помисла ми е БЕГАЈ БЕ МАНИЈАК НИЗАЕДЕН! ТЕ БРИШАМ ОД ФРЕНДС, ТОА ПРАВАМ. :D
     
  3. decko

    decko Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    60
    Пишевме пак вчера. Така подолго :)
    Океј беше муабетот, не беа само сувопарни одговори од нејзина страна. Имаше и распишување :D

    Се договоривме ко ќе се вратам, да ми чува благи, оти вчера му било името на татко и’. :D
     
  4. TammyDeyn

    TammyDeyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    240
    Ми се допаѓа нејзината реакција за почеток :)
    Само напред
     
  5. decko

    decko Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    60
    Ај да продолжам со рапортот.
    Денес таа ми пиша прва. Сат и нешто си пишевме, на различни теми. Учење, општо живот... И испадна дека ќе иди на истиот факултет кај шо сум јас. My luck :D

    И се договоривме за на кафе ко ќе сe вратам јас. :)
     
    На TammyDeyn и marama им се допаѓа ова.
  6. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    што треба да се направи ако девојката ти се љути зашто не си љубоморен?

    во секоја можна статија па и статуси викаат немој да љубомориш крај на врска ке биде бла бла бла
    и ја фино лепо не љубоморам и зашто ми се љути сеа

    WTF? :?: :?:
     
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Мисли дека си рамнодушен со тоа и дека не ја сакаш.Мислаам женски бубачки се тоа |(
    Покажи и дека ти е важна во животот и објасни и дека љубомората не е знак на искрена љубов.
     
  8. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Мисли дека не и е гајле ако не реагираш некој ако ја погледне и слично...
    Да расчистиме,женските мразат болна љубомора.Ама од онаа слаткана,редовната, сакаат сакаат.
    Да почувствуваат дека има некој што ги пази,што не ги дава.
    Пробај некако да и покажеш,маалце љубоморен биди онака,ќе решиш. :D
     
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Јапнам немој да глумиш, ако почувствуваш љубомора и ако ти доаѓа од внатре да ја покажеш љубомората покажи ја, во споротивно немој да ја глумиш за да праиш ќејфови ;)
     
  10. decko

    decko Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    60
    Бидна фамозното кафе. :)

    Се запознавме, многу е поубава во живо. Харизматична, нон-стоп насмеана, знае да направи муабет. Еден сат буквално не престанавме да збораме. Сите теми ги покривме :D

    И на бегање, се бакнавме во образ, се гушнавме, и ми ја стисна раката како што се разделувавме. :)

    Значи, имам едно прашање. Малце збунет сум. На повеќе наврати, ко ќе објаснуваше нешто, кај мене на ногата ќе “црташе“ со прстот. Се брои како сигнал тоа?
     
    На TammyDeyn и zhap4e им се допаѓа ова.
  11. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Још питаш !!!!! Не да се брои, јас тоа го сметам како ЏЕК ПОТ !!!!! Во најбрз можен рок договарај за пак да се видите и не чекај, преминувај во акција !!!!! ;)
     
  12. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.849
    Пол:
    Женски
    Се брои :nod:
     
  13. TammyDeyn

    TammyDeyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    240
    Одлично, многу ми е мило за вас :)

    Седевте на кафе, а она ти црташе на ногата!? :О
    Уфф.. не знам на тоа да ти одговорам, не ми е јасно кон што целела :?
     
  14. decko

    decko Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    60
    Пример еве, ми објаснуваше кај живее, по некој тесни улици, сокаци, шо знам јас, и кај мене на ногата со прстот шараше :)
     
  15. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Се брои, да бидеш сигурен ;) , ако не сакала да ти даде таков суптилен сигнал, ќе “цртала“ на масата, ќе објаснела на некој друг начин ;)

    Супер за тебе, ти посакувам уште поголем напредок на вториот состанок :)

    И те молам смени го аватарот ( доколку не ти претставува проблем) :angel: , премногу ме ежи, во негативна смисла на зборот :tmi:
     
    На decko и LivingGlam им се допаѓа ова.
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    мило ми е за тебе :$ дечко
    со срека и со убаво нека ти е :)
     
  17. jaslicno

    jaslicno Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Сакав да прашам како може да дознаам/да препознаам дали и се допаѓам и дали би излегла со мене а да не ја прашам директно затоа што се плашам да не ме одбие па да ни се расипе и тој каков таков пријателски однос што го имаме. Како можам некако одоколу да го откријам тоа?
    Тешко разбирам женски сигнали и стварно ми сте нејасни, а и плус девојчево ми делува малку срамежливо па и не можам да очекувам којзнае какви сигнали и флертувања... :/
     
  18. TammyDeyn

    TammyDeyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    240
    Каков е тој „каков таков“ однос? Другари сте блиски, излагувате заедно, сте пиеле кафе, на здраво, не се ни знаете онака од гледање само!? Колку години имате? :)
    Ако излегувате заедно, можеш да речеш дека ти се јаде и дали сака некој да ти прави друштво (првиот најбанален пример што ми текнува), ако и се допаѓаш, верувај ми дека наеднаш и неа ќе и се пријаде :)))))))
    Фејсбук конектинг пипл..искористи го некако, иако јас мене лично не ми се допаѓаат тие фејсбук покани, ама ако сте срамежливи или немате контакт друг, тогаш тоа му е мајката...
    Не се срами и не се плаши, сите некогаш биле одбиени!

    Ако го победиш стравот од одбивање и ја прашаш во лице, НЕ НАПАДНО, верувај ми дека многу ќе го цени тоа и ќе излезе со тебе!

    Со среќа
     
  19. jaslicno

    jaslicno Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Не сме многу блиски, не излегуваме заедно, не сме пиеле кафе. Муабет правиме претежно преку фејсбук (глупо е знам :) ) а во живо се гледаме еднаш до два пати дневно низ училиште и најчесто сме на само едно здраво и 2-3 реченици муабет... некако срамежливо ми делува девојчето.

    Значи ај вака, не се изјаснив малку подетално. Исто така имам проблем и затоа што воопшто немам искуство, никогаш досега не сум бил во врска нити мување нити ништо, не сум некој weirdo, туку срамежливоста ми е главниот проблем, 18 г. имам.
    Кај нас повеќето девојки очекуваат машкото да го покрене првиот чекор, а јас имам проблем со тоа како што ти кажав ради неискуството :|
    Сум немал никакво искуство пред се ради срамежливоста, порано бев повеќе срамежлив, ни самиот не знам зошто, воопшто не зборував со девојки и немав женски пријатели. Ама денес т.е. последнава година дена сум малку поопуштен и повеќе зборувам со девојки и стекнав неколку пријателки (не којзнае колку блиски ама сепак...) од кои една ми се допаѓа.
    Сега е малку поразлично, ако порано немав искуство поради тоа што бев срамежлив од некои Х причини, сега имам срам поради тоа што немам искуство (значи сега знам од каде ми потекнува срамот). Проблемот е што машкото треба да го повлекува првиот чекор за се’, од канење за излегување, признавање на чувства, бакнеж... , а јас со моето никакво искуство имам страв како би испаднало сето тоа, ете на пример никогаш не сум се бакнувал и глупаво ми е прв да навалувам на тоа (пример ако дојде до тоа....) а никогаш не сум го правел, ме сфаќаш?(значи може да бидам катастрофа како за прв пат) :sweat:
    Исто срам ми е да и го признаам тоа (дека имам искуство нула) и се плашам што ќе помисли за мене....
    Значи знам дека проблемот е во мене и дека треба сам да го решам психички и не очекувам којзнае каков совет ни од тебе ни од било кој... само сакав да се исповедам.
    Поздрав и фала што одвојуваш време да ги читаш мојве глупости... ;)
     
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Воопшто не се глупости, го сподели твојот проблем и ние како девојки ќе ти најдеме решение веруј :)
    Значи вака, прво нема потреба да ти биде срам што немаш никакво искуство, мораш да поработиш малку на себе и твојата самодоверба, треба позитивно да гледаш на работите, немој од одма негативно да гледеш како „ејј ќе ме одбие„ ... па и да те одбие што.
    Почни вака, кога ќе се видите во школо здраво што правиш како си, прашај ја за некој предмет за кој што знаеш дека и оди да ти објасни нешто, за некој проект, домашна, било што најди.... или викни ја за време на голем одмор заедно да јадете, кажи и нешто како „ејј таму и таму имало убави сендвичи ќе дојдеш со мене на голем одмор или по часови да кснеме нешто... :)
    Контактирај ја на фб, скајп, мсн... прво почни така, како поинтензивно дружење, види колку простор ќе ти даде таа за нешто повеќе.
    Ако ти даде знаци дека е заинтересирана, дека и се допаѓа дружењето со тебе, пушти некој муабет меѓу другарките другарите дека си повеќе заинтересиран за неа, нека слушне од други, па види и тогаш како ќе се однесува, ако оди добро тогаш треба да настапиш со покана за кафе.
    Во зависност од тоа дали и како ќе се одвиваат работите на состанокот ќе зависи и од тоа дали да ја бакнеш, ако дојде и до тоа бакни ја сами нежно во уста, немора да пушташ јазици доколку не почне таа, тогаш се нека си оди спонтано......
    Доколку ти е непријатно заради твоето неискуство кажи и го тоа, дека ти е малце глупаво затоа што првпат се бакнуваш со девојче, и тоа девојче што стварно ти се допаѓа, и дека си пресреќен што првпат си се бакнал со девојчето за кое што си сериозно заинтересиран ;)
    Верувај дека ако е девојка на место и ако и се допаѓаш исто колку што и таа тебе ова ќе и значи многу и ќе го прифати како твоја добра особина, ќе биде горда на тоа, ако не, не ти ни треба таква девојка, едно искуство плус нели ;)
    Малце подолг е процесов, но се надевам дека некако ти помогнав.
    За дополнителни прашања тука сум :) :hai:
     
    На jaslicno и TammyDeyn им се допаѓа ова.