Абе брат, па кажи и само да пробате, и онака не верувам ви опстане врскава, може и да, не се битни годините, а таа ако така размислува речи и па може нема да сме цел живот заедно, може така малку само време да поминеме заедно. Е*ате советот што ти го дадов после ова ке те отера у п.м Незнам што да ти кажам освен да и речеш дека годините не се битни и да пробате.
Ти си недораснато дете што си за занел само за една играчка.Ако ја сакаш само нејзе со среќа нека ти е,сакаш да си патеш во животот.Позз и се најубаво
Бог да чува си бил значи, а јас тебе да те отерам а. Реков вака зошто мн си мал за сериозни врски детее.Не лети високо многу. Не ми изигравај шапшал, на шала ти реков, а не ти мене да ми вракаш заем. Белки ке ти успее ај, ни шала разбираш ни ниш.
Како прво, не давај совет ако не планираш да го дадеш до крај, како второ внимавај на речник, како трето да, се однесувам како дете, ама ќе се затрескаш и ти па ќе те прашам.
Абе фала ти и за совет и за се, разбери ме душо неможам да се шалам, гледаш и сама не ми е до шалење, си патам од својот памет...17 не е мал за сериозна врска...барем мое мислење..
Не ти одговарат советите нели. Не се секирај јас сум доживеала и поболна љубов од твојата па ете ме жива и здрава хаха. Оди учи ќе ти требат поени за на факултет ова ти е најдобронамерен совет.
И јас исто размислував како тебе на тие години, и на помали па гадно се заебав. Како сакаш, јас ти реков предложи и да излезете, па искажи си ги чувствата, и речи и барем да пробате.
Мнoгу ми е милo штo немaм другaри кaкo тебе, нaјискренo. Времетo си гo пoминувaaт зaбaвувaјќи се, не сo трескaње пo девoјки. И дa не биде oвa сaмo "кaрaње", еден другaр ми кaжa нештo сo кoе штo мнoгу се слoжувaм: 2 гoдини дружење= пoдoлгa врскa, 2 недели дружење= пoкрaткa врскa. Не брзaј, искaчaј сo неa и нејзинo друштвo, види кaкo ќе се oднесувa кoн тебе пред спесифични луѓе и види сaм дaли е тaквa кaквa штo си јa зaмислил.
Женскиии ми треба помош Сакам да му кажам дека го сакам,ама ми треба помош! Како да му кажам индиректно за да не биде тоа директно а да сфати што сакам да му кажам? Да биде тоа од околу? Ве молам! Некој нека ми пише во ЛП Ве молам извинете за оф топик
зошто да биди од околу не те разбирам па ти ако го сакаш кажи му директно... исто како на мене што ми кажа девојката и ќе те верува дека навистина го сакаш
@Kimberly11 , кажи му дека ти се свиѓа, за сакање треба време, запознавање и откривање на сите негови страни. Само говор на тело и знаци пример може да пренесат порака која можеби не сакаш да ја пренесат. Ако ме слушате мене, не идете со изјави за силни емоции пред машките уште на почеток. Ни ако сте свесни дека уствари само сте затрескани, немојте. Не викам да се затворите скроз и да делувате ладни, само постепено одете со изјавите, плиз. Исто ко вас шо би ве извадил од памет муабет за брак на втор дејт.
Читам дека повеќето се против тоа да излезат со некој помал и не ми е јасно зошто.. Не можат да излегуваат со две години помал а одат со мажи исто годиште колку нивните татковци ма дај ти се молам, побрзо би излегла со помал отколку со некој што може комотно чичко да ми биде.. Годините не играат никаква улога, еве конкретно сум сретнала машки на 20 години што се многу по зрели од некои што имаат 28.. Муабетот ми е дека се зависи до тебе. Девојката сигурно така рекла не поради годините туку поради тоа што смета дека не си доволно созреан и мисли дека си правиш авантури (што е и нормално да е така).. Но ако навистина имаш некоја посериозна намера со неа и ако не ти е за забава бидејќи во случајот очигледно на девојката не и е дојдено до мајтапи тогаш покажи и докажи дека си дораснат за нејзините години, па и она со нејзините 19 години нека не се понаша како да поминала низ сито и решето па сега ќе наоѓа маани Уживајте млади сте, само опуштено и не нападно.. Дај и до знаење дека имаш цврст карактер и нека не те смета за дете, сепак од тебе зависи. Среќно!
@Pecky Според муабетите можам да ти кажам дека баш заради тоа девојките обично не излегуваат со помали момци. Без навреда, ама многу си детинест. Таа била само и ни една друга, ќе си пукнел ако ја немаш, какви не патетики. Објективно си мал општо за сериозна врска, а за неа уште повеќе. Баш во тинејџерските години, таа разлика 17-19 е многу. Да е потаму пример ти 25 таа 27 нема толку да осеќа бидејќи веќе возрасни луѓе се во прашање. Таа е на факултет веќе замисли, ти си средно. Поинакви друштва поинакво е мноооогу размислувањето. Но, не би те коштално ништо да пробаш, и барем ако пробваш оди зрело и лично неа прашај ја не преку другари оти тоа не е воопшто добро.