Тоа не е користење, штом она сакала. Освен пијана да била, ма ништо не оправдувам и да била пијана нејзина вина си е, нека си има граница на пиење и малку самоконтрола. Искористување е на сила
pa mislam deka imas pravo do nekade, bidekji ne site imaat ist seksualen nagon, a veke tie na pola rabota si bile
Нормално дека сум во право. Искористување не е ако и таа сака. А каква врска има тоа што биле на пола пат ?
Ќе нема ни можност да дојдеме во таква ситуација бидејќи веќе не сме во контакт после тоа.Јас сум таков тип што се врзувам за некого многу бргу.А тоа што таа толку бргу ми се предаде не ми оставаше добар впечаток.Поради тоа што сум многу добар и искрен и многу пати сум бил повредуван.Па можеби и тоа мое заминување така набрзина било всушност свесно/несвесно делување за тоа да не бидам пак повреден.А и ако девојчето беше искрено и со добри чувства мислам дека не би требало така да го прекине контактот. Само сокчиња се пиеја така да не беше пијана.
Ете ти погоре девојка немој да се разочараш. Видиш што убаво кога си кажуваш љубовни маки можеш да си најдеш и партнер тука. Би било добро и јас да го применам ова
Ви благодарам на сите за мислењата.И на оние добрите,и на оние не толку добрите.Па и крај краева сите сме луѓе, различни карактери, со различни мислења.
Da mozam medal bi ti zakacila ! Alal da ti e decko ! Daj boze poveke mazi da se kako tebe ! I veruvam koga ke imas svoi deca ke gi vospitas da bidat luge na mesto , kako sto tvoite roditeli te vospitale !
Bravooo....voopsto ne si glup ehhh da bea i drugite maski kako tebe !!! Ne mi se veruva deka ima vakvi decki na svetot hhhh ma ti si idealen treba i drugite da te zemat sa primer
Ехх сите машки да беа вака...што убаво ќе беше...ама за жал не се...а за тебе дечко едно огромно БРАВОО
@RealLover сметам дека во твојата реакција кај што си станал и си отишол ништо не е за браво. Не е воопшто чудно што девојчето не сака да ти збори, според мене тоа е навреда кон неа. А дека неможете да се видите..можете и тоа како. Прашањето е дали сакаш. Лесно е да и пишеш или да и се јавиш за да се договорите и да и кажеш што, како и зашто било.
Мислиш дека не сум пробал?Со денови и се јавував и ја барав и ништо.Не велам дека мојата постапка е исправна можеш да го забележиш тоа и во одговорите погоре каде што напоменав дека тоа била можеби и свесна или несвесна одлука за да не бидам повреден.Но не ми е јасна причината зошто е реакцијата од нејзина страна таква.Пробував да зборувам со нејзе но не ми даде можност.Можеби не постапив правилно, но тоа не би требало да е доволна причина за да го прекине контактот така наеднаш.И не станав онака веднаш и да си отидам.Разговаравме неколку минути и објаснив дека морав да одам(што и навистина беше случај во кој морав да одам) и ќе се јавам утредента.Меѓутоа од наредниот ден веќе почна да се однесува на начин на кој што не би требало.Освен тоа, размислувам, ако јас не сум се однесувал на добар начин што сум заминал,и покрај тоа што и објаснив се што требаше, и ако причината поради која она го прекинува контактот е моето заминување односно тоа што не ја истеравме работата до крај зарем тоа не можеше да се повтори следниот ден?Меѓутоа ако кај нејзе се сведува се само на секс, тогаш незнам што да кажам и што би можел да направам.
Ја следам приказнава и честитките за реакцијата на дечково веќе некое време и еве, и стварно, морам и ја да кажам едно големо БРАВО! Не за дешавкава, која ми делува као измислена, него за идејата позади неа. Step 1: Смисли делумно веројатна приказна за некоја твоја љубовна авантура. Step 2: Претстави се самиот себе како принцот на бел коњ - кажи си дека од една врска сакаш нешто многу повеќе, а не само секс и покажи како си пожртвуван, у смисла - ете можев да имам секс со неа, ама не го направив тоа, затоа што нејќев да ја искористам. Step 3: Постирај ја приказната на женски форум, у надеж дека твојата финоќа ќе предизвика реакција. Step 4: Заблагодарувај им се на женските кои те тапшаат по рамо и ти викаат „Браво!“ и „Камо да имаше поише вакви мажи на светот!“ Step 5: Објасни како веќе немате ништо со девојката, затоа што си ти толку голем good guy, а женската е очигледно заинтересирана само за секс (што не е случај со тебе, нели) и попатно, суптилно сугерирај им на сите што ти пишале „Браво!“ дека си слободен. Step 6: Почни да им праќаш ЛП на оние што те пофалиле и да ги прашуваш дали се заинтересирани за дружба. Или, ако навистина си паметен и трпелив, почекај некоја од нив да ти пише на тебе. Така да, стварно браво, морам да признаам дека идејава за ќарување на женски на форум е многу подобра и пооригинална отколку едноставно да се учлениш и да почнеш да им праќаш безобразни предлози на сите женски што некогаш пишале мислење у „Анален секс“. High five!
Воопшто да не се грижиш, ќе имаш и други прилики, можеби со истата девојка, ако не со неа со некоја друга. Не си глупав, но зошто мислиш дека таа би се остеила искористено, ако сакала да има односи со тебе. Во случајот ти изгледаш како ти да се плашиш таа да не те искористи. Дали си имал претходно односи, ако си немал тоа што не имаше многу би објаснало