Добро, еве вака.Според твојот вовед, и твоето алгоритамско мислење во врска со мојата како што кажуваш делумно вистинска дешавка, која ти тврдам дека е вистинита, сакаш да кажеш дека всушност јас ова се го имам измислено со некоја си цел или идеја како што кажуваш. Според твоево мислење,креирам невистинита приказна, и упаѓам на женски форум со надеж дека повеќето се дами и би имал гоолеми шанси да си ќарам некоја од нив.Што се однесува до твојата проценка за идејата позади оваа "измислена" дешавка, сосема погрешно мислење имаш, те уверувам. Незнам дали јас погрешно те разбрав но еве ќе ти подобјаснам некои работи. Приказната не е делумно веројатна, таа е вистината, целата ситуација е вистинита.Никаде не се претставувам како принцот на бел коњ,незнам како го забележи тоа и од каде.Нема да се навраќам пак и да ги повторувам повторно истите работи, но ако не забележа побарав само мислења и совети за тоа дали е во ред тоа што го направив, и ништо друго. Идејата за тоа што побарав совети и мислења, е многу едноставна, затоа што сакав да знам мислења од припадничките на понежниот пол, бидејќи мислењата на моите другари и повеќето машки знам јас а знаеш и ти веројатни какви се.Неможам да те убедам да ми веруваш за тоа дека сум таков карактер, но едноставно мислам дека за секс не е доволно само едно машко и едно женско, тука треба да има и хемија меѓу нив, емоции, така што тогаш сексот би бил комплетен.Ете така јас мислам, секако имаш и ти право на мислење во врска со мене и за тоа дали јас ја зборувам вистината или сето ова го правам со цел да ќарам женска.Можеш како сакаш да си мислиш.Твое право е тоа.И на сите што ми коментираа без разлика со позитивни или негативни коментари, ниту сум им напишал ЛП ниту очекувам да ми пишат они.Само побарав мислења од нив, и тоа го очекувам.Можам да продолжам сеуште да ти објаснувам но мислам дека е доволно.Останува на тебе ти дали ќе си мислиш дека сето ова е една моја паметна игра или вистина.Поздрав и ти благодарам за твоето мислење.
Не се важи ова, треба на сред а не на крај. Иначе за на крај нема аплауз и за тебе „господине невина до три.“
А на почеток ако избегам ќе има аплауз ?. Инаку г-ѓице, не постои такво нешто невина до три, мислам дека погрешно сте ме разбрале во моите претходни излагања .
^ Строго на сред се бега, те молам. Значи ќе си почнете се фино лепо до оралка, и оп де телефонот ѕвони, де ме чека другар, де семки на баба ми морам да и купам, има да си киднеш. После си доаѓаш на темава и раскажуваш. Од толку аплаузи може стварно ќе си ќариш невина до три.
Кај мене нема средина , или бегам на почеток или на крај , а за ќарење ќе ќарам, е сега дали ќе биде невина до еден, два или три не е битно, а ти ако си невина до четири или пет, не мора да се нервираш и за таквите ќе се најде некој .
Имам еден мал проблем.Со бившата раскинавме пред 3 месеца,по нејзино дека таја сакаше пауза не знаела што осеќа ја и дадов крајна пауза.Чуствата ми се изладија,нормално е сега почна пак да ми пишува да ми ѕвони ама ја нејкам веќе.Не ја сакам.А таа се надева дека пак ќе бидеме заедно,сигурна е дека ќе бидеме но не сваќа изгледа.И враќам од култура само ама нејќам ни да ми пиши бе.Како да и дадам до знаење дека ме изгуби дента кога ја побара таа пауза а без да ја повредам бидејќи сепак жал ми е.На каков начин да и кажам што мислите вие
Кажи и ја вистината за да не се надева напразно. Нема фин начин на кажување такво нешто. Колку и да и биде тешко сепак со тек на време ќе и помине. Ти со тоа што од култура и враќаш на пораките, и даваш само надеж ништо друго. Кажи и отворено или крај краева игнорирај ја па може ќе сфати сама.
Искреноста е секогаш најдобриот начин. Кажи и се, на почеток ќе и биде тешко ама ќе помине и тоа. Пишувајќи и само и даваш надеж дека ќе и се вратиш и дека ќе бидете заедно. Сум била во таква ситуација, типот така ме моташе и тоа ми беше многу потешко од ставањето крај еднаш засекогаш. Значи, само искреност и никако заобиколување.
@Semih-Al Дај ми број од бившати јас ќе го средам проблемот Хаха шала.Игнорирај ја,ни и враќај кога ти пишува,ни и дигај кога ти ѕвони.Мора да сфати дека више немаш чуства за неа и дека нема да и се вратиш па игнорот е најдобра страна.
Совет што да и пишам хаха некако ме фаќа трема,па да не отварам нова тема тука ќе прашам дајте некои совети Имам 17 години,толку има и она порано пишувавме често,после имав некои лични проблеми и се одалечив и од фб некое време после престанав и да и пишувам пред некое време ја видов на улица ме прегрна силно - пријателски,а јас стоев како изгубен разговаравме нешто онака секојдневно и продолжив по патот и вечерта и пишав како е што е и слично нешто Насоки/совети како да го продолжам разговорот,значи ја познавам повеќе време навистина ми се допаѓа
@Viperaberus Нема што воопшто да се грижиш штом се на ниво да се знаете, вака да се поздравувате, а и плус веќе си имате порано, а и сега пишано. Едноставно покани го девојчето на кафе Ти ја разбирам тремата, но нема да погрешиш
@Viperaberus Батали трема човече, одете на кафе и разговарајте нормално и смирено. Од кај да знаеш, можеби и таа сака нешто со тебе ама нема прилика да ти каже. Обиди се, немај гајле ^_~
@Viperaberus Јас не сум женско, но ке дадам машки совет: Секогаш биди насмеан (никогаш тажен и нерасположен), слушај ја внимателно кога зборува надоврзувај се на нејзините теми, кажи и ги твоите хоби/интереси но не наеднаш сите да и ги кажеш, остави ја малку она "да истражува" да те попрашува, смешкај се на нејзините шали (дури и кога не се смешни), кога ке се видите на улица прегрни ја силно со со двете раце над половината во смисол среќен си што ја гледаш и ти недостига, Биди самоуверен во себе (не се двоуми пред неа) Повикај ја кафе и облечи се нешто кошулче две копчиња остај нагоре демек RELAXED MODE си, и панталони црни, парфемче и косица добра и намигни и еднаш барем. СО СРЕЌА!
Здраво, сакам да прашам за совет.. Имам 24 години и сеуште сум го немал ни првиот бакнеж.. Дебел сум и полека почнувам со тренирање и одење в теретана. Се сметам за просек во убавина и ме интересира дали дебелината е многу голем проблем за девојките? Бидејќи се чуствувам дека никоја не сака ништо со мене..
Ниска самодоверба е во прашање. А дебелите луѓе се среќни баш. Ако сакаш да вежбаш тоа е одличен избор, но не го прави тоа за да те сакаат другите, прави го за себе. Пример јас не сум дебела ама ете сакам да вежбам бидејќи така да се чувствувам одлично, живо и енергично. Прво почни да се сакаш себе си, постави си цели и после не ги слушај негативните критики на другите кои те омаловажуваат и ќе успееш.
Додека не си скратиш на залакот и не ги смениш прехранбените навики што си ги имал досега не очекувај брзо и долготрајно ослабнување и затегнување. Знам дека навечер најслатко се јаде, ама од таму почни и не јади после 20 часот ништо. За девојките - па ти да си слаб и ти не би гледал во полни девојки. Реалност. Јас познавам толку многу девојчиња што се полнички, а толку убави и харизматични. Погледни натаму повеќе, не се загледувај само по слабичките и можеби ќе го добиеш првиот бакнеж. Плус џентлменството било секогаш "во мода" и повеќе игра улога отколку изгледот.