Јас сум слабичка а момчето ми е дебелко и плус висок, не ми смета воопшто, ако се реши да слабее нека го направи ради себе, а не ради мене, јас сум го прифатила онаков каков што е, се чувствувам заштитена покрај него, така да не игра некоја голема улога тој надворешен изглед, тука во прашање е сосема нешто друго
Зaвиси некoму му е приoритетен изгледoт,a некoму кaрaктерoт се е вo зaвиснoст oд индивидуaлните преференции. Нo сепaк пaк ке кaжaм џaбе некoј е слaб или мускулест нaбилдaн или нaзнaм штo уште aкo е кретен и прoст.Тaкa дa не се зaмaрaј сo тoa штo си дебел гледaј дa ги шaрмирaш девoјките сo збoрoви дa пoкaжеш нежнoст и рaзбирaње. Нo oд др стрaнa пoчни дa си тренирaш зoштo вежбaњетo знaе нa пoсебен нaчин дa ги пoтпoлни негaтивните прaзнини нa чoвекoт.
Колку си дебел? Висина, тежна? Од прилика да си направиме слика за тебе, па ќе ти кажеме дали смета толкава дебелина. Мене не ми смета и да е покрупен дечкото...мислам сега ептен да не е ко МЕЧКА, ама баш послатки ми се така малку пополнички. Дебелките ме асоцираат на среќни луѓе.
Ај да не се лажеме, физичкиот изглед е пресуден. Карактерот на некоја личност ќе го дознаеш малку подоцна а тек после неколку месеци ќе видите дали си одговарате со личноста. Кога е во прашање бакнеж или секс, секој бира да го направи тоа со личност која го привлекува. Секоја физичка карактеристика има улога, пример мене никогаш не би ме привлекол црн маж, низок маж, маж со тесни раменици а голем газ и така натаму. Да нагласам дека тука целта не ми е да навредам некого. Ама затоа кога ќе видам висок, строен маж, ма не маж, мажиште, веднаш помислувам - E со овој може да се насладувам. Втора, ептееен битна особина е комуникацијата, за што самодовербата е клучна. Може некоја девојка да се загледа во тебе, таков-каков-што-си, ама и таа срамежлива и ти срамежлив, па само на гледање ке си останете. Трет, а веројатно и најбитен дел од овој муабет се реални очекувања. Оние романтични комбинации од трапава девојка и маж кој е перфекционист или татина принцеза и некој тип од гетото, дебелката девојка и презгодниот тип се само јака фантазија. Секако, има исклучоци, ама за тоа треба самодоверба и упорност, која ти ја немаш. Затоа @Mehandziev првин поработи на себе и сакај го своето тело. Самодовербата е најбитна. Не се плаши од одбивање и корпи - јас гарантирам дека нема таков маж кој не добил барем една. Како тоа се "чувствувамдека никоја не сака ништо со мене"? Си и пришол на некоја? Те одбила? Премногу пријателски си настроен, па те гледаат како брат?
Чекај сега да ти каже нешто девојката што бакнала неколку жаби, а ниеден принц не станал Освен ако не си доволно дебел да не те собере низ врата, исфрли ја таа мисла. Па дури и да си, кога ќе те собере низ врата да си ја исфрлиш Убавината е релативна работа и е во очите на набљудувачот. Тоа што за мене е убаво, за тебе не е и обратно. Некои девојки преферираат крупни мажи од одредени причини, други преферираат слаби.. До сега многу похаризматични и спуштени на земја биле баш оние покрупните. И тоа не поради тоа што се крупни, туку сум приметила дека се некако поосетливи, полни со разбирање, можеш и муабет да свртиш и се.. Овие набилданиве, еден да ми приидеше со цел да ме запознае, па да речам фини човечиња биле.. Тие со други намери секогаш се приближувале Тебе дечко не ти е толкав проблем дебелината, колку што ти е самодовербата. Поработи пред се на неа.. За моиве 26 години ми пристапиле секаков тип на мажи, убави, грди, слаби, дебели, богати, сиромашни.. На сите сум им дала шанса да се покажат, ретко кој исполнил критериуми за врска..а моите критериуми немаат никаква врска со физичкиот изглед, ако не видам дека има некаква поврзаност меѓу нас, џабе му е лепотата (имам некаде пишувано и за тоа..) Ова ти го кажува девојка што се става себеси во категорија КРУПНА (не дебела)... се додека ме собира облека што не е одбележана како plus size, супер сум си за себе Кога јас на времето со начинот на кој што сум се поставувала кон мажите, со својата харизма и слатки зборови сум успеала да привлечам доволен број на мажи околу мене, не би требало ни ти да имаш проблем...откако ќе си ја набилдаш самодовербата.
Ako zensko te otsaka nikogas ne te zasakuva. Ne se zalazuvajte. I ako go oladite krevetot nikogas ne ja vrakate povtorno. Zena ne se saka so zborovi tuku so dela i so fizicka ljubov. Imase edna stara pogovorka Na zena i na slube ne se vrti grb. P.S.slube-skali
Ајмо прашајте си све шо сакате. Можи нешто ви се вртело во умот вака е или онака е. Или јас или некоја форумњивка ќе ви кажи мислење. Кога можат мажите да делат совети, ајмо да си прашаат и тие нешто. Повелете. Кој е прв на листата?
Сте се запнале со физичкиот изглед и неколку месеци трпите некој ради убавина и чекате да си го покаже карактерот? А јас почнав од еден напраен муабет да проценувам што тип и каков е и дали е за мене или не. И еве сум слаба, убава и згодна и што сеа?! Кој не ми се допаѓал од 1 муабет од 1 кафе ни со месеци не го трпам. А многу сакам компромиси, џабе е да работите на тело и се кога тоа е релативна работа.
a zosto trema, ne mi e jasno eve masko si diskusija. i sega jas skros mu se pribliziv toj izbega, a mu se svigjam. wtf?? zosto se preplasi? toj ne se priblizuva. aj si rekov ke napravam konkreten cekor makar mal, se preplasi skros. kako bi bile nie zenite so nekoj koj ne bendisva Koga ne ni priogja??? zatoa ima solo zeni cel zivot. a mazite mialam si gledaat samo po zgodni.dali si imal pomaku
Зошто женските сакаат кога им зборуваш лошо за тој што го свиѓаат? Ова го имам приметено кај многу жени и кај другарки. Вие сте овде женски Некоја да ми објасни зошто е така, фала
... Јас ова го немам сретнато. Откако ќе раскини со дечко, па уште ѝ се допаѓа па се теши со тоа што зборува лошо за него - да, го имам ова сретнато и до одреден степен го сфаќам, ама да ѝ се допаѓа некој со кој сеуште не се знае или има минимален контакт - до сега немам сретнато.
Сега ќе ти објаснам Таа го свиѓа, ти и кажуваш лоши работи за него и таа уште повеќе трча по него. Мене машко некој да ми каже лошо за девојката што ми се допаѓа не сакам да слушам, спремен сум да се тепам. А жените ги пали да им се каже лошо за тој нивниот. Зошто?
Бугарска работа ко вицот аз сам да проверим. Шега на страна би се навредила ако некој лошо зборува за некој што ми се свиѓа е сега може некои девојки се палат лоши момци, други предизвик сакаат и така сите сме со различен вкус и став.
Јас лично би се налутила некој да збора глупости за некој кој ми се допаѓа ако не се вистински и добро поткрепени. Инаку, веројатно на девојката многу ѝ се допаѓа момчето и упорно трча по него безразлика кој што вели, а не дека лошото зборување ја „мотивира“.
Викаш безразлика кој што вели, епа јас ќе им забранам на сите да зборуваат за девојка ми или саканата ако зборуваат глупости, сакам се да расчистам со секој, а на жените не ги погаѓа .
Секој еден збор на кантар мери го и го провери го дискретноможе не е само муабет пуштен туку вистина да е тоа што го зборат.