Се согласувам со Мимс, не е тоа воопшто глупост, нема зошто да се срамиш поради твоето неискуство. Да крадеш и да лажеш, па да се срамиш од себе а тоа што си срамежлив, не е за срамење. Ете веќе имаш искуство со девојки, сите феминки кои прочитале за твојот проблем, ќе застанат на твоја страна и ти веќе ќе имаш еден куп женски пријатели кои ти даваат совет за некоја која ти се допаѓа. Гледаш дека не е толку тешко, не сме ние девојките страшни Понекогаш знаеме да бидеме чудни за сфаќање, ама ќе не‘ научиш брзо Рече дека разговарате на Фејсбук... Пробај да направиш муабет, менувај различни теми, интересни, види како ќе тече разговорот, дали ќе тргне работата ако ви се уарни, деновиве и времето ви оди во прилог, па речи и нешто како „баш ми се допадна муабетов, можеме некогаш да одиме на кафе“...или ако разгиварате неколку дена по ред на ФБ пиши и‘ „убаво е времето надвор, да не ти се пие кафе“...или додека разговарате, почни некоја тема за тоа каде излегувате, па речи и „еј јас ќе одам во петок таму и таму, ако сакаш дојди со другарките“...Е сега ако излезете, биди малку поџентлменски расположен, па пофали и го изгледот, понуди се да ја платиш сметката, но ако инсистира да ја делите, тогаш дозволи и‘.... Ете и јас отидов малку подолгорочно Слободно пишувај ни, ние сме тука за да читаме
Знаци за известување кои потоа преминуваат во знаци за опасност за на крај се да заврши со знаци за изрични наредби
Kako ?? Здраво. Сакам да ми помогнете околу оваа тема. Има една девојка која учи со мене и многу ми се допаѓа. Не знам на кој начин да се обидам да и пријдам, се плашам да не бидам одбиен и понижен, барам неколку женски совети за тоа како би ја освоил. Таа имаше дечко до пред 6 месеци, не им одеше па раскинаа. За ова имам кажано само на една верна другарка на која навистина и верувам. Некои од друштвото цело време викаат дека ја сакам (што е вистина) но се преправам дека нема такво нешто. Мислам дека и се допаѓам, но не знам како да бидам сигурен во тоа. Можете ли да ми дадете неколку совети да видам дали и се допаѓам или е некоја моја претпоставка, (како би можел да проверам дали и се допаѓам)
Kako ?? обиди се да се приближиш до неа, да ја закачнеш, да се позафркавате. Дознај каде ќе излегива некоја вечер, прашај ја дали ќе и смета заедно да одите негде. Или еве ајде и преку фб, лајк нешто муабет, ако ти е полесно така терај така. А ако си сигурен дека те свиѓа па пиши и една порака од типот убаво е времето ај да те носам на кафе или не знам. Зависи каква е девојката. Некоја сака подиректно а некоја одоколу. Обиди се на било кој начин. Ништо не губиш, можеш само да добиеш. Немој понатака да се каеш.
Kako ?? Барем вас машките ви е полесно ... глеам 1 година си постар од мене така да би можела да ти дадам совет... незнам колку ке ти послужи ... гледам денес се започнува со еден лајк али бидејќи си се познавате од порано можеш право и на боцкање да удреш пиши и на фб зезај ја пробај да се зближиш со неа, бар тоа не е тешко .... после во школо зезај ја ама да не претеруваш па досаден да и станеш .... сепак нека има некое растојание меѓу вас а не 24/7 заедно и така ќе видеш ако таа почне да те бара, лајкови ова она гарантирам дека ќе е твоја со среќа
Здраво девојки. Заљубен сум во една али таа има комплекс што ме запознала на нет. Значи си пишевме на почетокот па почнавме и по 2 часа на телефон да си збориме и секогаш се криеше од другарките, несакаше да дознаат за мене демек ке испаднела во нивните очи како непособна да си најде дечко па побарала на нет итн и еве пред некое време се видовме и уште на првиот состанок се смувавме и се си беше ок, али послем неколку гледања ми рече дека љубовта што ја осеќала према мене сега е другарска демек не сум бил јас причината убав сум бил, мил итн али побара од мене да останеме другари и јас се согласив и послем ова пак продолживме да си муабетиме на телефон. По една недела излеговме на кафе и договор имавме да биде онака другарски да неспомнуваме ништо за она од претходно и кога се видовме послем еден саат муабет почна она да ме гушка и да ме бакнува али јас се тргав ама попуштив послем некое време. Послем 3 дена пак се видовме и пак се измувавме и тогаш и се јави една другарка и ја праша каде е и оваа само и рече дека со некоја колешка од факултет е на кафе и јас ја прашав зашто ја излажа и она ми рече дека несакала другарките да знаат за мене значи јас и реков дека може да ме запознае или да ме каже како другар и дека нема јас на никој ништо да кажам што сум имал со нејзе. И тоа беше последниот пат кога се видовме и по неколку слушања на телефон пак ми рече демек да не се занесувам да го памтам она за кое сме збореле и расчистиле и што да мислам јас за ова незнам стварно и да ви кажам еве сеуште ми се јавува прва секој ден...значи збунет сум 200 посто
јас мислам типкава за занимација те бара... или пак не знае што сака, бира меѓу двајца. барем за мене да си кажам кога се фатив со дечко ми го терав да сетаме низ чаршија (сакав сите да ме видат дека сум со него) а би криела од другарки ако не мислам нешто сериозно со некој па демек да не ме дознаваат за бадијала. ако сакаш да се увериш биди малку поладен кон неа па ќе видиш. ако продолжи да те бара значи сака да биде со тебе и можеш и ти да и го направиш истото за да види како ти е ... кога ќе ти се јави некој речи и ти еве со еден другар па ако ти преречи нешто речи и па ти не сакаш да се знае ќе ја заболи (ако е стварно заинтересирана за тебе)
Коа почнав да го читам ова мислев дека станува збор за тинејџери од 14-15 години и ми беше нормална ситуацијата али коа спомна колешка од факултет ... освен возраста се друго ми стана матно. Значи типката е доволно возрасна за да знае што сака во животот. Или има некој друг а и со тебе и е убаво, или си праи некој грд филм за да види дали ке продолжиш да одиш по неа. Олади малку кон неа и ке видиш што и е финтата.
Епа оладив во истиот момент кога ми рече да не се занесувам и дека сме расчистиле за тоа бај д веј мислам дека нема друг само знам дека мисливе ми се испомешани и дека мн ми недостига ааааааааа
Оф леле ... па ти си почнал да се заљубуваш ништо продолжи да се слушаш со неа, поканија да излезете пак некаде али не покажувај многу чувства
несум почнал да се заљубувам туку веќе заљубен сум, и да знаеш дека ке те послушам ако нишо друго барем ке и вратам ке најдам начин
Прво што ми падна на памет е дека има друг девојкава, ама изгледа непара и‘ е интересно во врската па со тебе си се лади настрана
На почетокот сигурно немаше друг а за сега неможам нишо да гарантирам. И Хипица не ми штима некако ова што викаш се лади со мене, дали ти кога би го изварала дечкото со тој мувачот би сакала да останете другари и да го бараш секој ден знаеејќи дека така се поголеми шансите да бидеш откриена?И плус кога ке излезеше ми вртеше по двапати најмалку...која е фората у ова стварно неразбирам
Епа затоа реков ПРВО ШТО МИ ПАДНА НА ПАМЕТ. Ама со тоа ѕвонењето... не знам. Ајде некој ќе ти рече, машко си, па не разбираш. Еве јас женско сум, па пак не ја разбирам
Дип Блу, јас би те советувала да ја стегнеш девојката, нека избере на крај што сака во животот. Доволно е возрасна, кажи и дека не си расположен за вакви игрички и дека си сериозно заинтересиран за неа и дека не заслужуваш да игра вака со тебе. Бог да чува, другарките што ќе и кажеле. Па нејзин живот што сака ќе прави. Ако и е незгодно да те претстави пред другарките како дечко што го запознала на фејс тогаш ќе кажете дека сте се запознале на факс, што е тука проблемот. Според ова јас имам впечаток дека девојката се срами од тебе, сигурно има некои чувства но можеби не одговараш на стандардите на нејзините другарки. И сега што да и правиш ако е толку малоумна? Ништо, ако продолжи вака откачи ја, сигурно заслужуваш некоја девојка што гордо ќе шета со тебе и ќе те претстави на нејзиното друштво
Дип блу, типкава очигледно кога ќе ја причеша дундето се јавува кај тебе. Првата грешка си ја направил ти, кога си прифатил да ја играш нејзината игра. Желна е за внимание, а те мота дека се срами пред другарките што те запознала на нет, има гарант друга причина поради која не сака да те пријави-и ми остава впечаток дека е некоја покондирена пувла. Поаѓам од себе, мене ако ми се допадне некој, па и да го запознаам како брка во контејнер, додека фрлам ѓубре, мое право е да си го сакам, без да поднесувам рапорт на другарки, на крај краева што е битно кај сте се запознале? Ако сакаш излез од ситуацијава, почни да се понашаш како неа, јави и се, викни ја на кафе, смувај ја и најкултурно замоли ја да не кажува никому, зашто срам ти е пред другарите да дознаат за неа. Или намести ситуација додека пиете кафе , демек поминува некој што те познава, а ти несакаш да бидеш виден со неа.Ќе видиш колку нема да и биде едноставно,и играј се ти малку повеќе со неа, сака да те гушка, абе и да цркнеш за гушкање, измисли дека треба да одиш негде и остави ја полунапалена. А ако продолжиш да и правиш ќефови и во секое време да си достапен за неа,само ќе плакни уста за тебе, како влече некој тапчо за нос и тоа додека пие кафе со другарките. Не биди наивен, нејзините другарки веќе знаат за тебе, само којзнае во какво светло те претставила. И од толку девојчиња на свет, па и не е единствената, ти си можеби вљубен и сега во твои очи таа е божество, но верувај, не вреди толку.