1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од ЖЕНСКА страна за сите машки

Дискусија во 'Сингл' започната од kuchka, 30 ноември 2010.

  1. CherryPop

    CherryPop Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2015
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Излегувај,уживај,биди свој,биди позитивен,во моментот кога најмалце очекуваш љубовта ке дојде,но најважно е да не форсираш ништо и да не се напнуваш.:):)
     
  2. decko46

    decko46 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    30
    Јас имам 28, скоро 29 и пред некое време си го поставив истото прашање. Пред скоро 2 месеца бев оставен од девојка со која бев скоро 5 години, и тоа на најлошиот можен начин, откако оставив се заради неа. Бев спремен да се женам и да имам деца со неа, али она не беше, јеби га.

    Го спомнав женењето и децата од причина што често на многумина им се наметнува тоа од страна на општеството. Нешто како во стил, 29 скоро имам, што чекам за женење и за деца? Ја чекам правата личност, ете тоа го чекам. Тоа не е нешто што треба да се форсира.

    Исто е и со заљубувањето. Едноставно не си ја запознал правата личност. Тоа што можам да те советувам е да излегуваш со друштво, да се забавуваш, да гледаш тебе да ти биде убаво. Немој никогаш да излегуваш со цел да запознаваш девојки. Биди свој, уживај во тоа што го правиш и тие сами ќе доаѓаат. Никој не те тера да имаш девојка и да бидеш заљубен. Тоа треба спонтано да дојде и не треба да осеќаш никаков притисок. Млад си, допрво те чека запознавање на нови девојки, започнување на врски, раскинување... (последново се надевам не)

    П.С. Се извинувам што дадов совет на темава, знам дека советите треба да доаѓаат од женска страна, ама едноставно морав да одговорам.
     
    На crazylady, Dust, realGirl и 7 други им се допаѓа ова.
  3. tiff2

    tiff2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Машки
    Се гледав со девојкава некои си 3 месеци, се беше супер (што е нормално за првите 3 месеци :) ) девојкава карактерно многу ми одговара а по тоа што она го збореше и јас на нејзе. Е сега проблемот е следен, за периодот кој што ние бевме заедно јас имав проблем (намалено либидо, слаби ерекции итн) одреден период мислев дека ми е во главата нормално е и такво нешто да помислам, па она почна да збори као јас не те возбудувам и ред други работи, но после тоа решив да направам испитувања итн и проблемот го лоцирав и работам на тоа.

    Кога ги добив резултатите и дијагнозата решив да и кажам на девојкава за тоа дека јас цело време сум имал многу малку желба за секс (само да нагласам дека девојката ме возбудуваше) разбирам дека беше измачување за нејзе сето тоа, намерата ми беше да пробам да се исправам за тоа што не бев искрен со нејзе а од друга страна па вакви персонални проблеми тешко е да ги споделам со било кој, а поготово со некој што го знам 1-2 месеци. Уствари ова беше како пресек или одиме на следно ниво заедно двајцата или толку од нас.

    Од кога и кажав прво нешто за што се фати девојкава беше тоа што не бев искрен со нејзе и на тоа остана целата работа. Ме лажеше и не беше искрен со мене. Да, се заинтересира и за тоа како ќе го решам проблемот, меѓутоа она што преовладуваше беше моја не искреност и лажење. Прекинавме, пробав да остварам контакт но безуспешно. Сакам да ја вратам девојкава, тоа е целата поента.

    Ме интересира девојки вие како би реагирале во оваа ситуација. Што би направиле.
    Јас свесно и го кажав тоа дека не бев искрен со нејзе заради тоа што сакав да се извинам и да продолжиме на "следно ниво" и да и докажам дека имам доверба во нејзе.

    да нагласам само, не сум тинејџер :)
     
  4. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Јас мајсторе не сум женско ама според мене ти ептен си ја упрскал работата. Во животот за се најважно е да бидеш искрен, колку и да е тешко да признаеш нешто мораш да собереш храброст и да се избориш да и го кажеш тоа.
     
    На Flower.D, tiff2 и Pandora- им се допаѓа ова.
  5. tiff2

    tiff2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Машки
    Ти не си женско ама и јас не сум мајстор :)
    Знам, заради тоа решив да и кажам, очигледно малце закаснив ама многу ми беше тешко да и го кажам тоа на личност која ја познавам 1-2 месеци.
     
    На RAF Camora му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Да се надеваме дека си од типовите како мене, што учи многу често од сопствените грешки. Инаку знам како се чувствуваш сега како издишан балон. Најубаво извини и се и раскажи и ја целата вистина повторно. Доколку те сака ќе ти прости и ќе продолжите да газите заедно напред во животот. Инаку извини за ова мајсторе не беше никаква класификација. Најубаво почекај да видиш што ќе ти пишат од поубавата половина. Затоа што советот ти го дава тип кој има проблем со самодоверба и самопочитување, знае што треба да направи во дадени ситуации ама не може да собере храброст.
     
    На Flower.D му/ѝ се допаѓа ова.
  7. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Викаш кога ги доби резултатите тогаш и кажа. Значи чекаше да се осигураш за здраствениот проблем па потоа и го соопшти тоа неа.
    Не знам колку време си знаел и си криел, но ако и значиш нема така лесно да се откаже од тебе.
    За се има решение.
    Сепак се работи за здраствен проблем, јас на нејзино место би сакала да бидам поддршка додека се се реши, но ако таа не планира ништо посериозно со тебе тогаш ќе бара начин да те избегне.
    Од твоја страна би ти рекла уште еднаш отворено да разговараш и да и ги кажеш намерите, после одлуката е на неа.
     
    На Flower.D, Dust, realGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Не сфатив едно, а е битно: резултатите покажаа дека имаш здравствен проблем или полажаа дека си е се во ред само ти си немал желба за секс?
     
  9. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Не се важни толку резултатите од анализата, важно е дека требало да биде искрен но му било тешко да признае. Сепак станува збор за интимна и многу деликатна работа.
     
    На tiff2 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tiff2

    tiff2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Машки
    Па пробувам да учам. Факт е дека не бевме многу долго заедно ама ова е периодот баш кога е меѓусебното запознавање и перидотот кога или се приврзуваш или не се приврзуваш кон личноста.
    Како се чувствувам да не правам муабет, незнам кај терам.
    Се шалев за тоа со мајсторе :)

    Не, за проблемот и кажав ден-два пред да ги направам тестовите, и кажав дека ќе направам тестови.
    Желбата за секс ја немав постојано, ја имав ама премногу ретко. На почетокот се возбудував ама и тоа многу брзо исчезнуваше, потоа ми дојде скоро на 0. Не бев свесен дека имам здравствен проблем, да знаев дека имам здравствен проблем не ни би барал девојка, сетоа тоа би било измачување за двајцата.

    И јас би бил поддршка, не дека се работи за мене, ама сум бил во слична ситуација и од искуство кажувам.

    Ќе пробам уште еднаш да ја објаснам ситуацијата и моите намери
    Фала за советот.

    Имам здравствен проблем :(

    Многу се важни резултатите, во спротивно она не ме привлекувала физички :)
    Да она почна вината да си ја префрла на нејзе, ама убеден бев дека е до мене.
     
    На RAF Camora му/ѝ се допаѓа ова.
  11. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Вака, како женско би сакала да му го знам проблемот на партнерот. Ако е намалена желба за секс без здравствен проблем би ме навредило и би прекинала. Ако е здравствен проблем кој се решава би останала да му помогнам
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Не знам зошто ви е толку важно некој физички да ве привлекува, а помалку важно ви е дали некој ве разбира и знае да ве посоветува и да ви помогне во дадени ситуации кога не е се идеално. Не знам дали јас сум сосема спротивен со карактерот од сите останати кои целат кон физичката привлечност, па поради тоа така размислувам ни сам веќе не сум си јасен. Всушност што ти солам јас памет тебе ти треба совет од женска рака. Поздрав и не се обесхрабрувај.
     
  13. tiff2

    tiff2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Машки
    До негде прав си, никој не кажа дека е помалку важно некој да не разбира. Конкретно за мојава ситуација, нормално е девојката да помисли на такво нешто. Еве да се ставам во обратна ситуација, девојката не може/ не сака да има секс со мене, прво нешто што ќе помислам е дека не сум и физички привлечен.
     
    На RAF Camora му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.318
    Пол:
    Женски
    Update од мене:
    1.Sta bi hteo seceru ti bi sve na prevaru ali ne ne moj luce ja ti nisam bas od juce
    2.Cao cao cao vidimo se nikada
    срдечен поздрав со овие стихови:*
     
  15. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    На кого се однесува ова?
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.318
    Пол:
    Женски
    На некој што треба.Не на член од овде да не се сфатиме погрешно.
     
    На RAF Camora му/ѝ се допаѓа ова.
  17. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    @tiff2 искрено за тебе е најдобро сега да се средиш здравствено, а после да бараш девојка. Ок, можда баш таа ти значи и сето тоа, но што ќе ти е човек до тебе кој при прв проблем бега?
    Не е мала работа тоа што си го имаш, но од друга страна и не зборуваме баш лесно за вакви проблеми со секого. И не треба таа да ти се лути што си премолчал на почетокот, а сепак си и кажал кога си се осигурал. Се надевам немаш некоја СПБ па да ја заразиш и неа итн. Тоа е за лутење.
    Затоа, дистанцирај се и среди се, после ќе биде се во ред.
     
    На tiff2 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. TheDongerino

    TheDongerino Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2015
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Машки
    прашање до вас девојки, ако после успешен прв дејт( одеше муабетот и заврши со бакнеж) , нејќе да се види една недела , само изговори, има ли поента да се замарам уште со неа?
     
  19. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Зошто отворено не ја прашаш каков и е планот за вас двајца?
    Изговорите се прифатливи ден или два ама ако те одбегнува цела недела сигурно има нешто повеќе во тоа одбегнување.
     
    На TheDongerino му/ѝ се допаѓа ова.
  20. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.399
    Пол:
    Женски
    порано се знаеше штом те бакне веќе сте дечко и девојка сега и од е***е ќе се растурат и пак не знаат на што се. Дечко тоа што го прашуваш може само таа да ти го каже. Само така ќе знаеш на што си
     
    На TheDongerino му/ѝ се допаѓа ова.