И мене така да ми направи и јас нема да знам што да правам ако наоѓа изговори. Ако сака да бидете заедно самата ќе ти се јави.
Скоро сум среден , во спротивно немаше да се замарам со девојка затоа што би било измачување и за двајцата. За среќа не е СПБ туку е хормонски проблем. Да, во право си за тоа - што ќе ми е човек до мене кој при прв проблем бега, истото го мислев и јас. Сепак со ладна глава по бистро се размислува. Треба да седнам и да одлучам што ќе направам. Фала за советот
Заради коментарите што ги напишавте мислам дека е ок да ја упдејтувам мојата ситуација. Не и пишав на девојката, прво заради тоа што не вреди да се замарам за личност која ме отфрли уште при првиот проблем и немаше никакво разбирање и толеранција за мојот здравствен проблем, второ заради ред други работи кои што не ги "гледав"додека бевме заедно. Девојкава имаше премногу самодоверба, она беше во право за се, она беше најдобра. Секогаш сама си носеше одлуки за нас, полна беше со претпоставки и никогаш не разговараше со мене за тоа како она размислува, што размислува а често и нагласував дека секогаш и за се може да разговара со мене, едноставно само ми кажуваше за одлуките нејзини - пример ќе наведам кога и кажав за проблемот, девојкава прво нешто што ми кажа беше дека не е убаво што не бев искрен со нејзе и што ќе биде со нас и решивме дека ќе продолжиме меѓутоа она си донела одлука и веќе од наредниот ден она се менува комплетно и мене ми е лута, не сака да разговара, цело време е негативна во мое присуство, уствари она веќе си донела одлука а не сака ни да ми каже за тоа или да разговараме, дури после 3 денови ми кажува дека сака да прекинеме - вакво понашање и не комуникација обично се случуваше на 20 години кога сакавме внимание од партнерот а не од 30 годишна зрела личност. Дури и кога ми кажа дека сака да прекинеме не сакаше да ги каже причините туку само повторуваше ти си знаеш што направи, после 1 недела ми кажа дека причините биле тоа што не сум бил искрен и здравствениот проблем .На критики реагираше као јас сум најпаметен и се знам, многу внимавав да не ја критикувам заради карактерот меѓутоа за некои работи не смеев да преќутам. Не викам дека јас сум цвеќе за мирисање, далеку од тоа, ама слободно можам да кажам дека се трудев се да биде ок и за двајцата, пробував да бидам отворен и искрен (освен тоа со проблемот). Од друга страна паметна, убава, амбициозна, начитана, самостојна. АМА меѓучовечките односи не и беа баш на ниво кое што очекував. Малце подолг излезе постов од планираното, сакам само да нагласам дека со неколку ваши постови ми ги отворивте очите, и полесно ми е да поминам преку ситуацијава.
Гледано од машка страна ти требало малку подалеку да појдеш или пак в кревет да појдете заедно со неа. Не на спиење!
Секогаш кога ќе се сретнеме ме гушка,се смее среќен е,во моја близина му е убаво,се срами,па веќе во друга минута покачува тон како да се возбудува,близок е како другар демек,секоаш ми лајкува,шо и да објавам одма отвара,некогаш коа ќе сум поддалечена ми праќа песни некои љубавни,уз муабет некоаш ми кажува работи за во иднина кои ме вклучуваат и мене,планирал да посети некое место заедно со мене на пример,некогаш кога сме поддалечени јас во еден тој во друг град дали на патување или одмор некој,покажува дека му недостасувам,коа сме излезени за викенд иде кај моето друштво ќе ме гушне ќе стои така покрај мене,ќе ме викне кај него ќе си праиме муабет...од друга страна ниту ме вика на кафе,коа ја сум посакала да го направам тоа останува на “да навистина треба да излеземе на кафе”,ниту сме се смувале(долго траенештово,еднаш пред две години во пијано стање за малце ке се смувавме ама ништо јас избегнав бидејќи не сум искусна девојка се исплашив и се чувствував неспремна,спрема мои критериуми но тој не се налути ниту навалуваше),имаше период коа имаше девојка,бевме тоаш поодалечени но ниту некогаш ме навредил ниту сме се искарале,јас сум била и подрска и понервозна во тие моменти па се случувало да го одминам и да не му зборнам.Прекина со таа,таа цело време беше во вечен страв дека тој ме сака мене,имаше муабет низ другарите заеднички дека им признал дека ме сака уште пред да се фати со оваа така да знаев дека ќе заврши меѓу нив тоа,осеќам дека има емоција има нешто но тој премногу се срами..од околината секогаш ни љубомореле не сакале да сме заедно дури и се обидувале онака на другарска линија да не скараат ама тој никогаш не прекина да комуницира со мене.Е сеа не знам што да мислам,ниту можам да го прашам шо праиме,а знам дека му значам,ниту го сфаќам,единствено шо знам е дека тој е тој шо го сакам покрај себе,ниту сум излегла со друг,ниту ме интересира друг тој не знам колку го знае тоа.Неам некоја шанса да останам со него на само,а и да останам не знам шо да збора се срами и тој јас иако сум поопуштена не знам шо да праам а времето врви,не знам до коа ќе се воздржувам и ќе глумам другарка.Помош,мислење,имајте во предвид дека е дете со домашно воспитување,не е идиот и има култура.
Нов сум овде и ми треба совет. Имам 19 години и досега не сум имал девојка. И проблемот за ова мислам дека е мојата висина. За моиве 19 висок сум само 163 цм. Поради ова и веќе немам самодоверба храбро да пријдам на девојка. До сега сум бил одбиен од неколку, дури во една прилика омаловажен поради висината, во смисла никогаш мене немало некоја да ме сака ваков. Тие зборови ме натераа да се повлечам. Се трудам да се однесувам убаво со секого, имам другари, излегувам со нив. Немам вишок кг, напротив, вежбам постојано, се грижам за себе. Моментално се дружам со една девојка, ама се плашам да пробам нешто повеќе. Знаејќи дека девојките секогаш бараат високи, како што кажав, немам самодоверба. Ми треба совет.
Нека не те обесхрабрува висината. На девојките обично побитно им е дечкото да знае да ги насмее и да е тука за нив кога треба. Ти продолжи да бидеш она што си, по тоа што го напиша имаш добар карактер. Продолжи да излегуваш, дружи се и не мисли на висината. Со девојката не мора да избрзуваш, кога ќе се запознаете подобро ќе сфатиш дали таа сака нешто. Ако не, секогаш има други.
Јас со висина 196 пак немам самодоверба, во право си за се што напиша. Се е до потсвеста нема врска висината со самодовербата, едноставно тоа зависи од тоа личност до личност. Како што кај девојките како изговор за нарушена самодоверба се споменуваат малите гради , а тоа нема никаква врска со ова туку се е до потсвеста и нашата сигурност или несигурност.
Mi se sviga edna zenska,mislam deka i jas na nea i se svigam,nekoj sovet od postari kako da ja pokanam da iskoci so mene
Ако не сакаш да делуваш нападно, покани ја на денско кафе. Ем ќе ја видиш и процениш подобро, ем ако сакаш да се оддалечиш од неа - реално-сте пиеле само кафе, а не сте биле на дејт. А ако ти се допадне, на самото кафе, ќе убациш - петок има добра свирка таму и таму сакаш да дојдеш? И баш ќе видиш по реакција дали таа тебе те гледа поинаку или се е во твојата глава. Гуд лак
Ма каки незгодно, и те како прашувам женско за совет или за мислење, и ми помогнале околу многу заблуди, цареви се сигурно добиваш точен одговор. Јас сум нов член и мило ми е што сум овде со вас...кул сте скроз
Здраво девојки и момци имам еден пролем кој ме мачи некое време па решив да се обратам тука за помош.Заљубен сум во една девојка се знаеме од поодамна и сме многу добри пријатели одкако и кажав дека сум заљбен во неа таа стана многу ладна и се одалечивме.Потоа почнавме повторно да се дружиме и станавме многу блиски е сега еден ден таа ми кажа некои многу лоши работи ме налути и таа вечер јас бев со друга девојка тоа и таму остана се заврши уште истата вечер.Поминаа неколку дена ситуацијата се смири и со девојката во којашто сум заљбен се бакнавме за прв пат.Значи пред тоа немавме ништо направено само гушкање кога се поздравувавме.Одкако се бакнавме прв пат за многу кратко време се случија многу повќе работи меѓу нас.Гледам дека и она почнува да се зајубува во мене иако тоа го крие.Со таа девојка се познаваме многу добро јас имам многу сериозни намери кон неа и она тоа го знае ме познава и она мене многу добро ние сеуште немаме дефинирано на што сме само се гледаме понекогаш.Тоа што ме мачи е дека сакам да бидам искрен со неа несакам да ја лажам сакам да и кажам дека пред да се случи што било меѓу нас сум бил со друга.Дали да и кажам?Во принцип ние тогаш не бевме ништо само пријатели.Многу ми е страв да не ја изгубам.Неможам да замислам да ја изгубам бидејќи неможам дури ни да опишам какво разбирање каква смеа и каква хемија има меѓу нас двајцата.Е сега да ми кажете дали да бидам искрен и да и кажам или не ?( и не несме тинејџери)Ви благодарам однапред.
@arcus55 не знам зошто ја идеализарш толку девојката. А ако таа била со други пред тебе? Дали ти очекуваш од неа да е невина до брак? Сите луѓе имаат минато и нема потреба да му се правдаш на сегашниот партнер за твоите претходни партнери. Нема потреба да ја замараш со бившите.
Знам дека била со друг пред мене знам дека не е невина.Како што кажав сакам да бидам искрен со неа.Знам дека она е доста искрена со мене но не целосно.Го знам тоа едноставно девојката е добра но ме мачи тоа сепак значи да си кутам и да не зборам ништо да не расипувам ништо.