Ако вистински сака некој да биде со тебе, ич нема да му биде тешко да се одлучи за врска. Од искуство.
Не сум машко но можам да ти кажам еден свет . Подобро им е да бидат слободни и кога некоја ќе им улети да си завршат ќеиф отколку после да биде зошто ме изневери.... Немаат обврска секое утро да ти праќаат љубовни пораки... Не сакаат да трошат пари на излегувања.... Подобро би било за една вечер некаде во некој ќош... како сега што прават младите барем тоа што го алушам е страшна работа...
Зависи што подразбираш под тешко? Ако се гледаш со некој 2-3 недели и не сака да сте во врска, разбирливо е. Малце се знаете, не е сигурен како би се развивале работите. Ако после неколку месеци гледање сеуште не сака врска, тогаш тоа е индивидувално. Верувам не се сите такви.
Какво е тоа тешко одлучување според тебе? Не мора да значи дека сите машки се комплицирани за стапување во врска.
Ај да бидеме малку поискрени од тие најдлабоките машки тајни. Кај машко нема одлучување или си материјал за секс или си материјал за девојка.
Има една девојка од време на време ме задева на инстаграм се случи пред некој месец па и сега истото. Ке ми напише порака за да започне некој муабет и ке продолжи некое време и потоа престанува со контакт сега пак се деси истото и еве неколку дена останавме во контакт кога ке се сретнеме ке се прегрниме малку муабет како што пред неколку денови падна нешто муабет онака на шала демек машките и досадувале многу па се шегував малку со неа заинтересирани се за неа и таа ми рече не ми треба никој па нешто совет околу ова дали да пробам за нешто повеке и што е работава со тоа пишува па ја снемува па пак пишува. Фала однапред.
Мене ми изгледа како само таа да ти пишува, со оглед на тоа што велиш дека те задева од време на време, па после некое време пак се оддалечува. Незнам дали и пишуваш прв и дали се трудиш да одржиш контакт кога неа ќе ја снема. Можеби сакала да види колку си заинтересиран и дали ќе ја контактираш ако престане да ти пише. За мене се ова детски игри искрено, ама ете можеби си и оставил ладен впечаток па сакала да види дали ќе се потрудиш околу неа. Ако си заинтересиран, пробај нормално.Ништо не губиш, и онака немате некој редовен контакт.
Па претходниот пат кога престанавме да контактираме беше заради тоа што и пишав 2 3 пати ме остави на сеен и не врати неколку дена и едноставно не контактиравме повеќе а исто се чуствував досаден ако продолжев да и пишувам и сега еве после неколку месеци пак таа ми пиша и пак сме во контакт.
Има нешто и кај неа штом те бара. Повикај ја на кафе некој ден, види дали ќе прифати. Ако излезете предложи и да пробате да сте нешто повеќе. Направи го првиот чекор, после ќе знаеш и таа што сака.