Не не верувам во врска асална на мои години. И тие ,,врски” што сум ги имала траеле по 10 дена макс. Дечко не сум имала 10 месеци.Само нешто лабаво
Да го пишеше ова на време, немаше како велиш да "филозофирам" и да се мачам да ти докажам нешто. Ама сега гледам и зошто не си ме сфатила. Whatever..
Ам знам дека имаш 17. Те има доста низ темиве Него чисто совет за во иднина за да не си упропастиш некоја добра љубовна приказна, на две столчиња не се седи драга моја. Не е удобно баш . А и стварно нз за шо резерва ако не размислуваш за врска воопшто.
Девојчето е океј, барем е искрена овде, а верувам и со дечкото некогаш што ќе има или размислува за долга врска. Не го карајте, само ми беше досадно и сакав да поразговарам поотворено, сепак е форум и ме интересира deep inside овие работи. Сакав да дојдам до точката да ми кажете како на пример еве ко че насети момчето е таква ситуацијата, како да реагира?
Дали е според вас возможна љубов меѓу ученик и професорка оваа учебна година у школо дојде млада професорка уште од прв ден се заљубив во неа овие три месеци успеав да се зближам со неа се почесто мислам дека и она осеќа нешто према мене пошто за време на часовите и одморите погледите ни се сретнуваат и како случајно стално се смешка дали вие би подржале ваква врска и што мислите за тоа
Здраво девојки. Се мислев со кој да зборувам или на кој да му пишам оти некој и вака к онака ќе кажи и ќе упропасти се и се одлучив на форум кај што мнозинството се девојки Вака, јас сум машко и сум во претпоследната година пред да станам полнолетен. Во последно време, чувствата ми работат и речиси се заљубувам во едно девојче. Девојчето е помало од мене 2 години. Пред некое време, почнавме да зборуваме и по отворено т.е таа ме чувстува како другар на кој можи да му се довери, ама мене тоа ме тера уште повеќе да ми работат чувствата кон незе. Пред некој период, мене ми кажа дека сака еден, поголем од мене една година, девојчето беше премногу вљубено во него и од мене бараше совети. Пред 2 недели се случија многу лоши работи, и како што поминува периодот според мене таа веќе увидува дека нее за незе плус тој ја одби. Јас сум посебен тип на карактер т.е повлечен кога се работи за љубов. Да речам, ме смета вистински другар, се дружиме, си кажуваме маки и сл. Кога ми кажа дека го сака машкото, јас фактички се повлеков и не сакав да и ја упропастам работата, но сега речиси таа како да се откажува од него, а јас почнувам се повеќе да ја сакам, кога правиме муабети ме фаќа трема и срам да не згрешам некаде, ме страв ако ја поканам да излеземе да не ме сфати погрешни, не си пишуваме на фб, мислите се повеќе ми работат и ми се враќаат на некој момети шо сме правеле и ја замислувам иднината. Има еден дечко, кога сме заедно па и на страна и се пушта, таа ми кажа како на другар дека ја сакал, дечкото е повеќе за корист и таа го одбила но тој продолжува да и се пушта. Јас сум тип шо сакам долга врска, многу долга а не врска од 6 дена. Со сета моја моќ, се обидувам да ја натерам веќе да и работат чувствата за мене, но некако сум слаб во тоа, повеќе како да сме во "Friend Zone" и таа мисли дека сме вистински другари, но јас сум вљубен во незе. Бидејќи, вие девојки сте повозрасни на форумов барем дел, и исти пол како незе, барам совет што да правам во иднина, јас ја сакам ама таа ме чувствува како другар, помогнете што да правам, дали се уште да правам напори или да се откажам и да продолжам да се однесувам како другар, како таа што ме знае. Барам совет од вас повозрасните девојки, се надевам ме сфативте што мие проблемот, и ве замолува да нема непотребни комемтари. Ако е погрешна тема, кажетеми да избришам и да поставам таму каде што треба.
Вака по твое до кога можиш да и бидиш рамо за се, освен да и бидиш дечко и да ја имаш крај себе, да ја бакнуваш, гушкаш и слично? Биди искрен и кажи и ги твоите чувства и како ја доживуваш.
Како да ти кажам ама никој никого со сила не натерал да сака некако,ниту ќе се деси тоа. Повеќе пати потенцира дека девојчето те гледа како другар, и самиот го знаеш тоа, и не си упропастувај другарство и да правиш истовремено да и биде непријатно и да мора да те избегава.
Не во таква смисла и сила, но понекогаш си велам ова е мој тип на карактер и до некаде си одговараме, не јас да ја притискам и замарам психички, едноставно сакам да бидам уште уште по активен со ова темпо на дружење со незе, се надевам сфаќаш шо сакам да кажам
Абе, ако ти шлакнам една, ќе видиш ти 'љубов'! - Прво што ми дојде на памет кога го прочитав постов!! Не смее да има врска меѓу малолетен ученик и полнолетен наставник! Противзаконски е! Да не правиме муабет за тоа дека си прајш Бајрам со умот! Се надевам дека не е некоја несаламна, па да и швркне да ти возврати на глупоста, па да се влечкате по судови после!! Ај златен тој! Што си се исплашил толку многу од корпа бе? м? И што ако те одбие? Мислиш дека е единствена која ќе 'ја сакаш'?? Прибери си ги мислите, биди спремен на секаков исход, и храбро кажи и' што чувствуваш за нејзе и што би сакал да бидете! Ајде! Со среќа!
Ајде совет и за мене. Основен пробелем што го имам е тоа што не сум многу друштвен. Значи од оние луѓе сум кои се страшно интровертни и повлечени. Друго е се во ред со мене, од изглед до работа, само што луѓето ме доживуваат како многу досаден, затоа што не зборам многу. Е сега најверојатно и меѓу жените има вакви како мене само што изгледа проблем е што не можеме да се најдеме.
И да се најдеге, џабе вие. Ти ќе ќутиш, таа ќе ќути.. никој нема да пријде на другиот и ништо нема да испадне! Не туку го анализирај однесувањето на другите, нека не ти се чини дека се 'попаметни' или 'повредни за слушање', од тебе. Вклучувај се во разговор, не мора да филозофираш 2 саати, ама кажи некој збор. Не боли толку 'скршено срце', колку што боли неискажана/пропуштена желба/шанса! Верувај ме
Јас те верувам. И @neo , од прва рака искуство, @WildMk e сосема во право. За скршено срце, знаеш, барем си се обидел, може да бидете заедно, може да не биде со тебе. Може да биде и да имате убави моменти. Но за пропуштена шанса, никогаш нема да дознаеш, што би било кога би било.Нормално ако ќутиш дека нема да бидеш интересен за никого, затоа пробувај, барем надоврзувај се на некои муабети, ако веќе не можеш да започнеш.
Кога го прочитав ова, мислењето ми се промени. Но срцето не ми дава да и кажам, кога прам муабет со незе јазикот ми се врзува, срам и возбуда зборовите ми се губат. Кога го прочитав ова шо ми го кажа, добив самодоверба и си реков така ќе правам ама мие страв од реакцијата нејзина а и плус еден одговор шо ми дадоја погоре, ми рекоа не прави глупости и не си го расипувај пријателството за да не те избегнува. Незнам, дури и ова шо го пишувам со возбуда и трема го пишувам. Можеби сум смешен, ама незнам кој пат да го фатам
Понекогаш признавањето на чувства може да упропасти се, но некогаш завршува и со добро. Не и кажувај дирекно дека си вљубен во неа. Подобро пробај индиректно со тоа што ќе и потенцираш некои нејзини добри особини кои те привлекуваат, со зборови направи и таа да почувствува нешто кон тебе. Но , сепак ако сакаш да си на чисто и не сакаш да чекаш повеќе за да не ја изгубиш(да биде со некој друг) кажи и. Не мора да значи дека вашето пријателство ќе престане ако и признаеш како се чувствуваш. Разговарајте.
Мозокот не ти дава. Срцето ти служи за испумпување на крв низ телото и до мозокот. Ако срцето не ти дава нешто, не знам дали ќе бидеш на овој свет. А мозокот, има многу добар обичај да си прави какви се не сценарија, и претпоставки за во иднина. Затоа, треба ти да превземеш малку контрола над него и да му кажеш што ти е поважно. Дали ти се допаѓа толку многу што би го жртвувал пријателство по цена да бидеш повреден? Ако да, тогаш само цепај напред, и надевај се на добро. Дали ти се допаѓа многу но не би сакал да бидеш повреден? Би можел да не и признаеш веднаш, но полека да се движиш кон таа цел, со тоа што полека полека би излегувал од таа "Friend Zone" Не сакаш да го жртвуваш пријателството? Тогаш помири се со судбината, и почни да си бараш друга девојка, а по пат ќе си имаш и пријателка добра која може да ти помогне околу ситуацијата.
Браво бе Вајлд. Баш мајчински им се постави на дечкиве @'japan Пробај си ја шансата. Дај и дознаење дека и да те одбие, нема да и се налутиш. Сепак има право да одлучи дали сака да има нешто со тебе или не. Јас имав ситуација со еден другар, се зближивме многу, сите мислеа дека има нешто меѓу нас јас си негирав. Кога осетив дека чувствувам нешто му дадов дознаење, и за момент ми возврати. Наредната година повеќе не можевме асален другарски муабет да направиме, ама не ми е криво затоа што сфатив дека јас не сум го гледала воопшто само како другар. Муабетот ми е, и да те одбие и да не можете да се дружите повеќе - зачувај го само убавиот однос со неа, почитувај ја и биди коректен (немој да станеш идиот само затоа што те одбила).