Здраво. На кратко објаснето: Пред година - година и пол започнав еден вид на "пат за самоподобрување" поради општа десатисфакција на тогашната состојба. Стигаме до денес и веќе достигнав ниво на кое што сум задоволен псохички, физички о во однос на кариера. Но сепак нешто спрема мене не е во ред (нормално да беше, не ќе бев тука ) и во овој период па до денес имам забележано намалена социјализација (посебно со спротивен пол ) спрема периодот кога би се нарекувал голтар. Па моето прашање е дали тоа е произезено од директно посветување премногу внимание на себе, а не други или како спореден ефект од тоа што изградив еден "fukk sleep, lets get shit done" интензитет низ тоа? Ps: These are not the thoughts of a drunk at 1am.
Zdravo.Minatata nedela izlegov na kafe so eden so koj prethodno mi bese pisal mozda 5 pati da izlezeme ama ja postojano go lazev ne znam zoso ne deka nekjev i na kraj izlegovme.Arno ama mene ne mi se dopadna uopste i posle toa mi pisa deka kje dosol vo nekoj kafic na zurka blisku do mene kaj so ziveam pa mi rece da izlezam da se vidime i ja ne prifativ toj rece zosto pocna da mi pisuva ajde seaa zoso taka i ja vikam ne ne mozam stvarno i on pisa lele dobro togas i ja go ostaviv na seen i od togas nisto.Tolku brzo gubi interes,ja sum kriva so se ponasam vaka nezainteresirano ili sto? P.S. mi trebaat i od zenska strana soveti
Прво викаш дека не ти се допаднало уопште, после се чудиш дали и зошто тој губел интерес, за на крај да си речеш дека ти си крива поради незаинтересираност. Ова ти е тотална збрка. Ако не ти се допаднало, нормално е дека ќе бидеш незаинтересирана за понатака да имаш нешто со него и не треба да имаш грижа на совест поради тоа. Зошто да губиш време на нешто што не ти се допаѓа? Можеш да му дадеш и втора шанса, да видиш дали ќе биде подобро. Само треба да бидеш одлучна и да знаеш што сакаш.
Јас разбрав дека ти си испаднала со него и не ти се допаднал и сега не ми е јасно зошто сакаш тој да се понаша заинтересирано кога ти не си заинтересирана?
Тогаш треба да седнеш и да расчистиш прво со себе. Можда треба и да му дадеш втора шанса, како што те советувала членката погоре, сепак една средба не е доволна за некој да го запознаеш каков е. Само пази не може од некого да очекуваш дека ќе ти ги чита мислите и чувствата и ќе постапува како ти што сакаш и ќе трча по тебе додека ти сакаш. Од друга страна ако уопште не си заинтересирана подобро да не му го губиш времето и нему и тебе и да не се оптеретуваш со такви мисли.
Ако продолжил да покажува заинтересираност, ќе збореше дека е напорен и дека те замара. Гордоста е убава работа, кога се активира во вистинско време. Да те одбиеше он тебе, ти ќе продолжеше да го напнуваш?
Ти ако сакаш да излезиш со некој, 5 пати треба да ти речи, и да очекуваш 6ти? Не ве разбирам, навистина...
Дали е во ред да и се јавам на една девојка која не ја знам добро и да ја поканам на кафе? Не знам многу за неа, дали е во врска или можеби и се омажила во меѓувреме и нема друго освен да ја прашам. Подолго време ја немам контактирано, ќе мора да и објаснувам кој се јавува, потоа поуспешна е од мене, повеќе заработува и помлада е.
Пред да и се јавиш прашај некој/а што ја познава,дали е мажена дали има дечко. Може да и направиш проблем. Јас не би се јавил тукутака. За тоа што е поуспешна,не би требало да ти биде пречка. Зависи до девојката како гледа на работите Зависи колку е помлада,или ти колку си постар
Некој да ме посоветува како да привлечам девојка? Ниедна не ме сакат ко фобија да имат од мене жените никогаш сум немал девојка и што да направам?
Прво, props for the Priest shirt. Е сега, ти ги разлистав мислењата набрзинка и добив впечаток на депресивна личност која е несигурна во себе, нема некоја љубов и почит кон себе и е со уште непресечена папочна врвца, in a way. Од десетина мислења, пола веќе ти се жалење и самосожалување. Додека секој е емпатичен до некој свој степен, нема да најдеш некој кому ќе му се допадне постојано да го слуша ова. Зошто? Бидејќи колку и да ѝ се допаднеш на некоја, со самото тоа што ќе се жалиш, што ти имаш негативна слика дека те одбиваат, си одбивен, имаат фобија (now, don't be ridiculous) од тебе, итн., нема да имаш успех. Пошто точно е дека што зрачиш, то привлачиш. Никој нема да биде освоен од „Еј, здраво, јас сум Бобо, се самосожалувам, за мене нема ништо интересно, и никогаш сум немал женска пошто се сметам за патетичен и неспособен.“ Сите имаме фалинки, ама обиди се тоа да не го истакнуваш. Внимавај на пристапот (збориме да нема одма nice guy испади со „Сакаш да се фатиш со ја?“ ако сте направиле три муабета), биди опуштен, кажи некоја смешка, анегдота, нешто забавно, но да не е пренаметливо. Шеги на своја сметка секогаш палат. Имаш и илјадници видеа по Јутуб за мотивација, како сам да си помогнеш во дадени ситуации. Може звучи смешно, но некогаш помага. Посети психолог ако имаш можност, разговарај, олесни си. Мораш прво да поработиш на тоа да се засакаш себе ко личност, да уцврстиш и смениш некои размислувања, па дури потоа да најдеш некој друг да те сака. Гуд лак.
Да ама сите ми викаат грд дебел сум пробал со убо и не палит плус проблемот е што голем дел од тие ми велат да се преселам од кај моите дека ми е време и не ме разбираат
Ех, сите. Сигурен си дека тоа не е само твојата потсвест дека така те доживуваат? Боже мој, и јас во основно, кога влегов во пубертет посебно, се здебелив нагло, акни колку сакаш... ама пак, не можеш вечно да се самосожалуваш и да се тераш во пропаст. Постои режим на исхрана кој не мора да е брутален. Исфрли или намали леб, благо, газирано, чипсови, веднаш ќе видиш разлика и во кожа и на тело. Не може да очекуваш да те жалат оти некоја си будала ти рекла оти си грд и дебел. И мене, и на секој овде ни рекле нешто слично, па не пропаднал светот. Патем, осамостојувањето е најдоброто нешто што можеш да си го направиш. Ако немаш можност, е друго, но гледај да ја створиш. Тогаш ќе немаш време за самосожалување. Сечии родители стареат, но осамостојувањето не значи дека ќе ги збришеш од животот. Пак ќе се гледате, може и секојдневно, па уште поинтересно ќе ти е тоа одење на гости, раскажување што и како се десило дента... Не е за потсмев, чисто и пошто такво ни е поднебјето, каде живеење со родители, макар и цел живот, не се гледа како некаков срам или неуспех, ама ако се има можност, секој мора да искуси што е грижа за себе и само за себе. Вака, ќе испадне дека ти не бараш девојка, туку некоја да ѝ бидеш стопан и да вари кафе на твоите...
@BoboSentinel почни в теретана и доколку имаш услови почни да живееш сам. Тоа со теретаната не ти го велам само за изгледот. Ќе работиш на себе а со тоа верувам ќе ти се зголеми и самодовербата, што е најбитно, нели. Меѓу другото ќе запознаваш нови луѓе. Како што ти кажаа погоре гледај да работиш на тоа да се осамостоиш. Успесите на работа и тоа како влијаат на самодовербата. Нема друг совет кој можеме да ти го дадеме освен активно да работиш на себе. Со седење дома и самосожалување нема да постигнеш ништо.
Не треба да се обвинуваш себе си, треба да веруваш во себе и првин да се сакаш себе си, па потоа да сакаш друг. Ти си само осамен и се кладам по секоја цена некоја малку да ти посвети внимание одма би се заљубил. Како и да е, ако сакаш да се чувствуваш подобро и на некој начин поздраво и пофит, зачлени се во теретана и вежбај, поработи на себе секако пред се' психички ќе се чувствуваш многу подобро ( јас играв фудбал и одев теретана скоро 3 години), па потоа поздраво тело, поенергичен, тестостеронот појак итн.. секако и можност да запознаеш по некоја личност таму. Ти како лик биди лабав, не земај се при срце, ама и не биди идиот односно да правиш некои глупави шеги каде исмеваш девојче. (зависи до типот ама ретки се оние најлабави девојки) Не знам што да ти кажам повеќе освен... не се жали вака, и да не ти го реди друг животот односно да ти кажува да се осамостоиш и слично. Твој живот, ти одлучуваш како ќе го водиш, а која ќе те следи и сака да го помини времето со тебе, ќе биди.