прогуглај и ќе видиш што е, и јас не знаев ама еве ај ќе пишам. Демек осамен и никогаш немал ништо односно се сожалуваш самиот себе и демек очекуваш некоја со тебе да сожалува во тој контекст само типов сака да изиграва некој западњак и не сакаше на наш јазик да го кажи нештото.
Ако е за кревање кауч или било што тешко ќе ти помогнам. Зафрканцијата настрана. Како очекуваш да ти помогни некоја, ако ти самиот не си помогнеш? Ти ако не се сакаш самиот себе доволно и почитуваш и имаш самодоверба, како очекуваш некој да верува и да те сака тебе повеќе од ТИ самиот? Во прашањава најди го одговорот и живеј го животот.
Тууу, мајка та мајка За дебелината имаш решение, најлесно е да се кука. Почни да работиш на себе, осамостој се , добиј доверба , мрдни од место !
Јас сум за што порано човек да се оддели од родителите и да почне да размислува со своја глава а не до 30 и некоја или цел живот мама и тато да одлучуваат за тебе,па отчет да им даваш за се,па да те замараат со прашања кај беше синоќа,зошто толку доцна си дојде а ти веќе накај 30 одиш,па кај ќе одиш сега итн. Ама за жал во нашава држава со жалниве платички тешко и заради таа причина некои си трпат а други пак се манипулирани од родителите да останат да се грижат за нив,да си доведат слугинка упс жена за да им чисти и раѓа внуци за они да им се радуваат,и затоа има многу бракови кои се распаѓаат или жениве трпат заради себичноста на родителиве а маживе со испиени мозоци неможат да разберат дека мамичка не е секогаш во право и дека нема право да се меша во неговиот брак. Затоа е добро мажот и пред да биде во брак да си поживее сам за да се научи барем малку некои основни работи ама пак ќе кажам во нашава држава малку потешко. ПС.Ај да не бидам толку злобна да кажам дека има и исклучоци кои добро функционираат.
@BoboSentinel дечко ти имаш поголем проблем од мајка ти, веќе ти пишавме на другана тема многумина. А тука ќе додадам не ти е проблем ни изгледот ни дебелината
Поздрав дечки се регистрирав стрикно да побарам совети како да го надминам мојов проблем.. Имено се работи за недостаток на самодоверба т.е страв да пристапам на девојки . На изглед сум онака просек ниту некој лепотан али пак далеку и од грд финансиски стојам солидно и можам да си дозволам доста работи, имам кола имам се но проблемов со самодовербата ме кочи и нервира многу во животот. Едноставно ми здосади девојките да се тие кои ме бираат, а девојки како девојки 90% од нив чекаат ти да бидеш тој што ќе го направиш првиот чекор и тука настанува главниот проблем барем за мене Инаку не користам соц мрежи, немам премногу пријатели така да имајте ги во предвид овие работи кога ќе давате совети дали тука во темата дали во приватна порака доколку некој не сака јавно.
Работиш, студираш? Сигурно имаш некој круг на луѓе со кои повеќе/помалку се дружиш. Предложи да излезете, сигурно нема да те одбијат. Обнови некои стари контакти, доколку има. Комуницирај со роднини, братучеди. Направи профил на некоја социјална мрежа. Започни комуникација со некој/некоја или приклучи се на некоја група. Не биди со замислата да најдеш девојка, користи го профилот да си ја подобриш комуникацијата и самодовербата. Запиши се на некој курс, теретана или некоја друга слободна активност. Нема ништо лошо во тоа да започнеш разговор. Срамот е на почеток после е многу полесно. Не анализирај премногу што би било, реши и превземи чекор без да мислиш на тоа што ќе биде потоа. И да те одбијат, ништо страшно. Искуство плус, сепак и тоа не гради нас како личности и ни помага во самоподобрувањето. Едно е важно, не смееш да се затвориш во себе, искористи ја секоја шанса што ќе ти се нуди. Што би било кога би било е најлоша варијанта од секој нереализиран чекор.
Супер што не си грд и имаш кола, ама за да привлечеш некој многу е важно и да имаш социјални вештини, а тие не само што не се прават од дома, туку и се расипуваат. Многу е важно да не се затвораш, да научиш да си послободен и да комуницираш подобро. Што мислиш дека го предизвикува проблемот со самодовербата?
Па веројатно главниот проблем е што учев средно стручно школо без ниту една девојка, а и на факултет бев вонреден и сите колеги/колешки се од други градови па немам многу прилика да се дружам со нив. Бонус на ова голем број пријатели си заминаа во странство па кругот значително ми се стесни, а не сум некој што лесно запознава нови луѓе па дури и со работава во фамилијарен бизнис немам многу контакт со други луѓе. Така да би рекол сплет на повеќе околности е проблемот, за дел и самиот сум крив но што било било да се фокусирам како да се подобрам во иднина и да излезам од комфорт зоната.. Инаку има девојки што ми давале знаци флертувале со мене, ама се останало на тоа оти не сум пристапил и веројатно во нивни очи сум делувал дека сум незаинтересиран. Едноставно немам идеа како да ја победам срамежливоста, ќе гледам да пробам со теретана одење во организации некакви и сл
Ако вредиш, девојката сама ќе ти дојде. Тоа не се сигнали кои ти ги праќале туку проценки. Мада денес можеш и да си купиш девојка/жена. Така да не се замарај и глеј си го бизнисо.
Демек ако женска не запни не може да го добие? Инаку за другото имам слушнато од Пустец се купувало. xD
Да не се лажеме сега, јасно ми е дека поголемиот дел од девојките чекаат машкото прво да им пристапи. Не сум Конор Марфи лепотан па они да пристапуваат толку често, а не се ни фалам со материјални ствари па некоја поради тоа да земе да се излаже. Значи порано кога имав фб ме имаат додавано, ме имаат лајкувано во живо имало насмевки и интезивно гледање што не верувам баш да е сосем случајно..
Другар, све е у главата. Ти како се гледаш себе, така те гледаат и другите. Кога излегуваш со самодоверба у минус, се одразува на енергијата која ја оддаваш на тие околу тебе. Настапи храбро, секоја сака директност и самоувереност, али нормално на фин начин, без сељачки пик ап фрази и изрази. Ќе се најдете со некоја сигурно.
@Hopsinmk , ова на сите кои се срамежливи им го советувам: Не ги преценувај потенцијалните партнерки. Луѓе се и тие како и ти. Ако некоја ти се допаѓа, немој да се срамиш да и' пишеш/зборенеш. Најлошо што може да се случи е да ти каже 'Не'. Не дека си ја имал па си ја изгубил... А можеш да добиеш. Исто и ова: Замисли ја како кака на шоља, ќе ти се смени перцепцијата веднаш.
Вајлд секогаш со шољата. Кога и да прочитам твој совет за срамежливост знам дека тоа ќе е наведено, ама проработува советов, нема што. Се е во нашата глава и како гледаме на работите.