и јас се водам според овој исказ мој, како ти шо се водиш според твојот со физиолошката потрева на луѓето
Едноставно е да добиеш корпа, две и едноставно е да се помириш со тоа. Да се биде одбиен е дел од постоењето како романтично суштество и како суштество во основа. Ако паднеш испит не значи дека треба да го баталиш факултетот. Ќе научиш и ќе положиш нареден пат. Навистина сте изгубиле моментот кога ќе се откажете а не кога сте биле одбиени. Е сега некој кој пишува zdr на девојче ќе си го прочита ова и пак ќе си пиши zdr и ќе си добие блок. Па после ќе пишти дека е грд и дека жените се курви што трчаат по пари. Сменете го пристапот, подобрете ја сликата за самите себе, замислете ги жените кај што какаат како што ви кажа Вајлд и пробајте пак, не умирате ако ве одбијат
Не е исто, 2 и 120. Изгледа како да си се навикнала на корпи Да биде јасно, може да ни кажеш каков пристап поминува кај тебе, сериозен сум
Шо да му прајш бе Фокси... Изговор му е: Корпи јадев, не се исплати. Ами седи сам пи*ка му материна! Да не сака некоја да му ја натртиме?
Не е исто, разликата е што таа успеала а ти не. Најнормален, пријателски муабет. Ако има желба за фазла ќе знаеш, верувај.
Кога веќе сме кај пишувањето преку интернет.. Ме интересира кој начин на пристапување таму сметате дека е подобар, дали е во ред ако директно на некоја девојка и предложиш да испаднете на кафе да се запознаете ? Или сепак треба прво да свртиш некој разговор преку интернет да се запознаете малку од малку, па тек после извесно време да ја викнеш на кафе. Баш ме интересира од женска страна кој пристап сметате дека е посоодветен
Не веднаш. Постепено. Можеш да сфатиш по допишувањето дали личноста од другата страна на екранот е заинтересирана за поблиско запознавање. Бар јас така мислам, да помине некое време во допишување па дури отпосле предлог за кафе.
Кога сме веќе кај пишувањето преку интернет совет од моја страна е да се избегнува колку може повеќе. Подобро е запознавање во живо, спонтаност и се. Интернетот не може да ги надокнади реалните емоции и спонтаноста и се тоа како во живо. Повеќе би се ослонувала на интернетот во случај на врска на далечина или веќе откако се направени во живо почетоците па ова како начин на одржување контакт ако не може во живо.
Точно е дека во живо полесно можеш да видиш како некој реагира, ама евенчли, и на интернет да запознаеш некој, ќе се видите во живо. Маж ми на интернет го запознав.. Да не прам муабет за сите други луѓе кои така сум ги запознала. Муабет прво.. нормално. Како веднаш на кафе? Уште неврзани два збора знаеш дали некоја ти се допаѓа или не? Ако е само за на слики (убава да е).. испринтај ја и залепи си ја на зид.
Јас само посоветував како што гледам од моја страна. За мене ваквите интернет познанства се трчи-лажи нешта. Сепак имаме различни гледишта за ова и тоа е сосем во ред. Ако мене нешто не ми чини не значи дека на друг нема да му чини и обратно