1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од ЖЕНСКА страна за сите машки

Дискусија во 'Сингл' започната од kuchka, 30 ноември 2010.

  1. Marchesa

    Marchesa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    965
    Јас искрено мислам дека девојката само сака разонода кога нема што да прави со себе. Нема некоја посериозна намера или позадина на се што прави. Извини може ова ќе те повреди ама јас така гледам на ситуацијава.
    Еднаш сака, ендаш не сака, ти прави топло-ладно и по кој знае кој пат ни потврдува на сите дека техникава, сакале или не функционира затоа што те држи во неизвесност. Постави и се и ти како другар, како што нели сте се договориле, ако проба поинаку да ја сврти ситуацијата не и дозволувај и баш види како ке се одвиваат работите понатаму. Можеби тоа треба, да покажеш дека си маж и да пресечеш.
     
    На DeepBlue му/ѝ се допаѓа ова.
  2. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    Па две другарки нејзини знаат за мене само незнам што точно им има кажано и памтам еднаш ми рече дека сакала да знаат што мислење тие ке имаат за мене ама немало да и биде битно демек тоа што го мислат само онака и фала ви девојки на советиве па ке видам сеа што ке одлучам и како ке постапам па може ке пишам да ви кажам што сум направил фала фала фала
     
  3. TammyDeyn

    TammyDeyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    240
    Хаха :rofl: и јас истото го помислив :lol:
    Крие од другарки дека е со колешка од факултет, дур се мува со некој тип!?!?
    Комплекси дека те запознала на нет!?

    Побогу, денес секоја втора врска започнала преку нет. Луѓето денес ПРВО на Фејсбук седнуваат, па после одат да мијат заби!!!
    Од другарките никогаш не би се срамела за ништо, а особено не би криела тип!!!
    Дури и да се двоуми меѓу двајца, другарките ќе знаат, така што не гледам причина зошто да се крие од другарки...
    И да и требаш за разонода или било што...верувај дека ниедна девојка не крие ништо од другарките, особено ако е поврзано со тип...

    хммм а да побараш некоја друга на нет :lol: :lol: :lol:
    Бегај од такви хахаха
     
    На DeepBlue му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    Немора да барам на нет зашо во реал имам некои што би сакале со мене ама џаааааааааабе не ме влече ич да им речам да се видиме и за џабе она не го кажале дека може истовремено да бидеш со 2,3 па и 5 ама џабе е се кога не си со таа што сакаш :(
     
  5. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Дипблу мораш прво да си расчистиш со себе, ако мислиш дека девојката ти значи и вистина чувствуваш нешто кон неа (иако морам да пишам ко што машките сакаат да играат со женски чувства (секоја чест на исклучоци) веројатно има и женски што уживаат да го прават тоа па затоа внимавај да не си поигра со нив ) тогаш превземај нешто.
    Ако си на факултет веројатно и ти, а и таа сте доволно зрели па ако не и е досадно и глупаво да прави така (прво ќе ти се јавам, па ќе се смуваме, ама никој да не знае, па после се правам ладна, па после итн.) најубаво разговор во 4ри очи што сака конкретно и што понатака помеѓу вас, да знаеш на што си.
    Само немој да бидеш претерано искрен (може и тоа да го искористи) не ја знам типката ти поубаво ја знаеш и веројатно според постапките знаеш како треба да се поставиш за да видиш што всушност сака таа.
    Можда ако еднаш одглумиш незаинтересиран (на пример не и одговориш на повик) ќе видиш колку и значиш . Исто можеш да пробаш да ја направиш љубоморна за да ја видиш реакцијата.
     
    На DeepBlue му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    На следното видување наше ке видам како ке реагира дали пак ке сака нешо а јас на почетокот ке си бидам ладен нема за тоа да почнам муабет а ако проба нешто тогаш прво ке побарам да расчистиме за да знам на што сум а ако остане и она ладна тогаш ке се откажам неможе со сила да терам некој да ме сака :)
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Дипблу Не мора да значи дека девојката не е заинтересирана или се лади или срами од тебе, па зар сите кога сте фатиле дечковци веднаш сте знаеле на што сте? Јас лично секогаш се мував некое време па после се согласував на врска, а и тој дел најинтересен ми беше...да видиш, да процениш. Баш заради тоа што девојката е на фак. (не е мала) не може да се осуди туку така да фати некој за рака и да го претстави како дечко. Само ако сакаш да ја задржиш треба да играш по 'машки'. Си ги пуштил конците од рака и си и дозволил таа да ја води играта. Стегни ја малку, пушти и некој 'црв', играј си-почетокот е за тоа, немој уште одма да покажеш емоции и слабости. Остај ја искреноста и отвореноста за подоцна...Поздрав
     
  8. TammyDeyn

    TammyDeyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    240
    Абе дефинитивно треба да ја фати машки работава :lol:
    Ама и кога ти си се мувала, твоите другарки знаеле...
    Нас тој детаљ не чуди :rofl:
     
  9. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    Фала ви девојки најмногу...Денес ја средив работата и извинете ама неможам тука да пишам што и како се деси ако некоја сака да знае може лп да и пишам поззззззззззззззздрав
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  10. TammyDeyn

    TammyDeyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    240
    Абе пиши, добро или лошо е хахха не мораш на долго и широко :)
    Колку да не се секираме :D
     
  11. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    Готово расчистив значи нема веќе ни надеж ни ништо и мн полесно ми е искрено вака сега отколку онака да живеам во неизвеснот итн...побрзо ке ми помине она што ме мачи вака сега...далеку од очи далеку од срце ;) Сеа ке се префлам у темата Совети од машка страна за сите жени :) па ке си најдам може некоја за да си се тешиме заедно :P аеееееееееее :*
     
    На TammyDeyn му/ѝ се допаѓа ова.
  12. TammyDeyn

    TammyDeyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    240
    Хахахаххаа браво :)
     
    На DeepBlue му/ѝ се допаѓа ова.
  13. decko

    decko Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    60
    Чудна работа, поради која не знам дали да се смеам или да плачам :D

    Вчера ми беше роденден, и на фб ми стигнува порака од бившата, демек се најдобро, ова-она, и на крајот едно „те гушкам“, ама така малце иронично. Што и е филмот, просветлете ме :D

    Иначе, со неа имавме врска на далечина, заврши пред 2 и пол месеци, таа ме изневери. Thoughts?
     
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Сака да се смирите очигледно затоа и ти пишала. Поракава и е да опипа пулс кај тебе, да види дали ќе и одговориш, како, што ќе и напишеш. Ова и е прв чекор за да дојде до тебе.
    Познато ми е го имам тој проблем во моментов и јас со бившиот дечко. Тргна од обична порака на роденденот, на која му вратив со ти благодарам едно кратко. После некое време измисли пак некоја причина да ми напише, демек сум заборавила нешто кај него, а врската прекратена пред година и кога не ги доби одговорите што му требаат си напиша што му лежи на душа, како се ќе се поправи сфатил колку посебна личност сум бла бла.
    Ако во моментов имаш девојка, и оваа другава, девојкава не сакаш да ти омета во животот на фин начин откачи си се од неа. Освен ако имаш чувства за изневерувачката (која секако ќе ти го повтори истото been there done that :) ) или евентуално ако имаш некоја потреба да враќаш некому што... глупо е и сам знаеш.
    Откачи ги луѓето што ти забиле нож во грб. Кога биле способни еднаш ќе го направат уште толку пати колку што ќе им дозволиш. Нема да пропуштат верувај ми. цц
     
    На happynessss, decko и TammyDeyn им се допаѓа ова.
  15. TammyDeyn

    TammyDeyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    240
    После толку опсежен одговор од жабче, сметам дека би требало да додадам :) ма и ако немаш девојка, не мора веднаш да и се враќаш на старата затоа што те побарала еднаш и и‘ текнало дека и значиш повеќе од што си мислела кога те изневерувала!

    Јас не знам како стојат работите кај вас, меѓутоа можеби и не е се‘ така црно... Не знам како се одвивале работите, сигурно сте правеле некој муабет, ти објаснила што како и зошто го направила тоа што го направила. Кажа дека имате врска на далечина, па можеби бил некој момент на слабост (иако доколку бил, требало тоа да ти го кажува секоја секунда, секој ден во овие 2 месеци, чинам беа, додека сте раскинати)...

    Искрено не сум за тие смирувања после месец ипол два, дур се уште лути раните...Слушнала некоја песна што ја потсеќа на тебе, се начукала па ти се јавила... Касно е чедо, касно е сега за се‘....

    Повторно ќе ти кажам дека не ви ја знам ниту врската, ниту времетраењето на таа врска, ниту ништо... Стави си ги на вага работите ЗА и ПРОТИВ и реши самиот што заслужила :!:
     
    На decko му/ѝ се допаѓа ова.
  16. decko

    decko Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    60
    Немав ни намера да и се смирам, една работа што ме нема во Македонија, друго што не сакам пак да се вратам во таа врска. За мене ќе биди премногу, покрај се’ друго што би било пречка во таа врска.

    Иначе, немам девојка, ама има девојка што ми се допаѓа, и сакам со неа да си ги пробам шансите.

    А и сигурен сум дека заслужувам подобро од неа и третманот кој го добив од неа.

    Фала ви девојки на советите. :)
     
    На TammyDeyn и zhap4e им се допаѓа ова.
  17. bobisk

    bobisk Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    3
    Еее начекав тема баш за тоа што ми треба :) Ајде да ви ги слушнам советите :P

    Значи има една девојка, работи во супермаркетот на 50 м од мојата зграда и ептен ептен ми се допаѓа :inlove: Е сега како, што да направам да и се приближам? Еднаш си викав абе појди директно вака и вака....сакаш на кафе.... и се то. После си мислам, каде бе будала еден, каде така ќе се глупираш?!?!?!? :o Пред една недела имав идеална ситуација, таа кај чипсовите гледаше нешто, запишуваше јас на 3 метри од неа и си викам: Да пробам, да не пробам, да пробам.....и ништо, се стопив :lol: А одам таму купувам 5-6 пати неделно и ја гледам често :inlove:
     
  18. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    боби- оди директ и немај гајле !!!!!! оди и едноставно со може ли да се запознаеме и само самоуверено....верувај дека тоа што ќе и го речеш не игра толку голема улога како со каков тон и со каква самоувереност ќе и го речеш ;)
     
    На TammyDeyn му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    хахахах колку сипатично епа боби не ти преостанува ништо освенда собереш храброст и да се пуштиш во акција мн среќа ;) ;) ;)
     
  20. TammyDeyn

    TammyDeyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    240
    Една посебна тема „Совети од Мистери за сите останати“ ве молам :rofl:
     
    На Anthem, srcekrsacka, FortuneTeller.xD и 3 други им се допаѓа ова.