Има и трчај-лажи случаи. Ама и другари сум запознавала така, и дечковци, (како што реков) и маж ми, и мажи и жени.. секакви... Нормално дека нема со сите супер однос да имаш... исто ко во живо. Со некој ти оди муабетот, со некој не.
Па за почеток доволно е што на лик/физички ти се допаѓа, тоа е услов број 1 да викнеш некого на кафе за потоа подетално се запознаете. Инаку не планирав на тотално рандом девојки да пишувам, туку кај оние што предпоставувам дека имам шанса т.е сметам дека имаат некакви барем минимални симпатии према мене
Како и да е во живо си е подругачие. Имам во предвид кој е тој, тој има во предвид која сум јас. Се претчувствува нешто, се пали интуиција. И не е се до муабетот. Што ако на интернет муабети се на место а се му е copy-paste од други извори а во живо нит манири, нит култура а најмалце муабет знае да сврти. Пак ќе напомнам ова беше совет од моја страна како јас гледам и доживувам запознавање во живо вс. запознавање на интернет. Да не се оптоварува темава со лични убадувања ете може да се продолжи овој муабет на таква тема.
Без разлика што мислиш, и на која ќе и' пишеш, муабет е морално. И не даваат сите 'знаци' дека им се допаѓаш.. да знаеш.
Ете убаво ти кажаа погоре, прво муабет па кафе. Во живо сигурно не одиш на рандом жени и не ги каниш на кафе.
Ама и ова може да испадне наивна шега и кјут во живо со сета таа изведба на момакот, интонација, израз на фаца,ама ај вака напишано нека има ист ефект како во живо
Јас лично никогаш не би излегла на кафе со некој од социјална мрежа што само физички ми се допаднал и веднаш ме поканил на кафе. Штом работиш, сигурно си свесен дека денешниот живот не е баш бавен. Па мислам дека не постои нешто на светот што би ме натерало да потрошам време во спремање, одење до местото кај што сме се договориле и после свесно да се ставам во ситуација од која не можам лесно и набрзина да се извлечам ако личноста некој со кој не би седнала обично. Флерт во живо е друго. Ако сме во клуб/кафич јас веќе сум со некој и имам шанса да те откачам без да се малтретирам премногу. Ако ни иде разговор по социјалните мрежи - тогаш не би имала ништо против да пиеме кафе. Во спротивен случај - не! Немам време. И ќе речат "толку немаш време за едно кафе? Макар и набрзина". Не, не ме разбра. Јас имам време, само тоа време не е за тебе.
Јбг во САД бев неколку месеци и таму луѓето се многу поотворени и слободни барем во тој поглед, сосема нормално е ако некој/а сретнеш и на улица ако ти се допаѓа да го поканиш на кафе за да се запознаете подобро. Само кај нас е изгледа окврд, глупо итн
Ептен јебач излезе сега. Во САД главно фраериште да не беше? Колку така сопре на тротоар за да ги поканиш на кафе? (За во САД прашувам, де)
Тој можи не, ама факт е дека на запад не се устручаваат толку. Мене да ме запри на улица некој и да ме покани на кафе, страв ќе ме фати искрено. Ќе мислам дека е манијак некој. Сега, дали вистина манијаци се таквите (кај нас), или јас имам предрасуди... не знам
Ајде почнаа некој одма со глупости и ефтини провокации за да бидат интересни, и форумов е олицетворение на Македонскиот сеирџиски менталитет. Ајде толку од мене, ви благодарам за помошта на сите.
Не се предрасуди. Баш седевме со дечко ми и со друштво негово. И коментиравме како сама во странство, без да познавам никого успеав да сторам круг на познаници што тука не можам да го створам со години. И од машко беше искоментирано: "Нормално, затоа што и да си правела муабет со некој три дена по ред - ако види дека не си заинтересирана нема да ти се закачи, ќе си продолжи да си прави муабет како познаници" флертот ќе постои, и тука и во странство. Ама одбиј тука некој што решил да си "негова". Се знае со која цел ќе те викне некој на кафе тука. Само за секс, мување, врска, барем едно од тие. Нема да те викне да си правите муабет, или затоа што му се допаѓаше како личност без сексуална конотација. Така не се запознаат луѓе тука. Никој нема да ти пише со цел да се дружите. Кога последен пат некој од спротивен пол ти пристапил или ти пишал или те барал, а да не сака ништо еротско од тебе? Во Америка не е така, ни било каде во странство не е. Затоа се и девојките послободни. Ќе пиеме кафе, супер, имаме и јас и ти слободно време. Ама ти нема да ми се закачиш и нема да очекуваш ништо од мене. Ако си способен на тоа можеш да кажеш дека сум заостаната. Ако не си - тогаш ти си тој со проблем со менталитетот затоа што на женско гледаш само како потенцијален партнер, а не човечко суштество кое е рамно на тебе. @Hopsinmk ова последното на тебе се однесува.