Луѓе темава е за совети , не за препукнувања ( звучам како администратор сега нејсе ) . @Hopsinmk зошто ти е разнишана самодовербата ? Промени го тоа , или барем обиди се да го промениш . Ако се работи за нешто што не можеш да го смениш ( на пример длабоки лузни на лице и тело , испакнати уши и сл . ) научи да ги сакаш тие особини . Ако се работи за менливи работи , тогаш фати се за работа и промени ги . Ако си со прекумерна тежина - стави се на здрава храна , малку вежбање , и мноогу активности . Со сигурност ќе ја намалиш тежината . Ако сепак не се работи за едно од овие две .. тогаш соочи се со тоа што ти ја разнишува самодовербата . Не можеш вечно да бегаш од тоа .
Девојки, на маки сум. И тоа од оние маки кога треба да се читаат нечии мисли и постапки. Пред брзо време, случајно се запознав со една девојка преку интернет каде многу ни тргна разговорот. Знаете, оној момент кога ќе сфатите како да се знаете со некоја особа цел живот, буквално исти интереси, ставови, мислења, хобија. Ете, таков. Сето тоа некако почна пребрзо да се одвива и по само неколку дена решивме да се видиме. Видувањето беше уште подобро, кликнавме на прва, страста беше преголема и завршивме како што завршивме. Следниот ден, уште утрото кога се разбудив, ме чекаше нејзина порака, па повторно се видовме и поминавме уште една цела ноќ заедно, испреплетена со разговор, подлабоко запознавање и повторно страствен секс, уште подобар од првиот пат. Тука имавме и некој подлабок разговор после тоа, каде што јас отворено зборев дека не сум дечко кој практицира one night stand, но не ми сметаат комбинации и повремено гледање. Она некако се согласи со тоа, као во ред е, и претходно имала нешто слично, се гледала со некој лик... Многу не завлеговме кога се во прашања чувства, единствено ми збореше за еден дечко, кој не живеел тука, доаѓал повремено,а прекинала со него поради тоа што он сакал сето тоа да премине во сериозна врска, а за нејзе такво нешто на далечина било неприфатливо. Исто така зборевме и за сексот, каде што ми рече дека ова и било поразлично од се што имала до сега. Ја прашав да ми спореди. Ми направи споредба, рече дека било далеку постраствено, претходните искуства и биле поладни, механички, и дека овака е подобро. Третиот ден, не можевме да се видиме, а јас цел ден бев со обврски, па она ми се јави, повторно, дури вечерта, каде заглавивме на телефон до сабајлето. Но, сега почувствував дека нешто е сменето, не е онаа истата од претходните два дена. Некако ми делуваше резервирано, позатворено, по ладно. Тука покушав одоколу да дознаам што ја мачи, во што се крие проблемот, повторно се навративме на она што ни се случуваше претходните два дена. Се сложивме дека сето тоа се одвиваше брзо, јас и реков дека не сум ја барал, ниту во иднина ќе ја барам само за тоа, дека сакам да ја запознаам подобро, ми оди разговорот со неа, времето поминато заедно, е за мене квалитетно поминато, бидејќи уживам во секој миг, и да ги пуштиме работите да си течат по својот природен тек. На сето тоа, одговори потврдно, дека и она посакува баш така, но исто така повторно спомна дека никогаш не очекувала дека така брзо ќе се одвиваат работите. Да ја цитирам: " Кога идеш со намера да направиш такво нешто, е полесно. Јас никогаш не рачунав дека ќе запознаам така некој и одма ќе почнам се и свашта." Другиот ден, мораше да замине во странство на одмор, па ја пуштив да се наспие. Следните два дена, иако очекував дека ќе ми се јави, тоа не се случи. Денес одлучив да и пишам. Ми врати. Беше фина, топла, разговорот течеше нормално. Ми праќаше слики од тоа како го мине времето таму, како е украсено се, но сето тоа беше со големо закаснување во пораките, со правдање дека е надвор, дека е зафатена, а јас не сум особа што сакам да вршам притисок, ниту пак да се наметнувам. Го сфаќам сето тоа, сфаќам дека е зафатена, не сакам да бидам досаден, ама ме излудува тоа чекањето. Може и се должи на фактот дека имам превише слободно време, ама повторно, имам некое чувство дека нешто се промени кај неа. Што е тоа, не би знаел, па барам помош од вас, како да постапам понатаму? Да ли треба поактивен да бидам, да се потрудам повеќе, или пак таа агресивност ќе вроди со контра ефект и подобро е да сум чил и да оставам работите да си се одвиваат спонтано?
Можеби се исплашила од чувства, може стварно и дошло пребрзо. Комуницирајте додека са се врати, кога ќе дојде чекај таа да те побара за да се видите. Не очекувај да ти пишува 24/7 додека е таму, сепак е на шетање.
Прво прашање: ако си се согласил на повремено гледање и комбинации зошто те излудува чекањето? Не е должна да ти враќа одма. Се шета. Друго може не сака да се врзе па те избегнува. Продолжи со комуникација , но почекај некогаш и таа прва да ти пише. Ако е заинтересирана за нешто позначајно во врска со вас двајца тогаш ќе те бара. Биди трпелив.
Тешко прашање. Не дека ние го дефиниравме нашиот однос дека ќе биде комбинации и само повремено гледање. Тоа беше некој разговор уште на самиот почеток каде зборевме за тоа какви личности сме и какво искуство имаме. Повеќе оставивме онака спонтано да си течат работите и да се запознаваме подобро пошто сеуште е премногу рано за било што да се збори. Побогу, два пати се имаме само видено во живо. А зошто ме излудува тоа чекањето. Не знам. Може превише слободно време? Можеби некоја нетрпеливост, недореченост? Всушност досега она секој пат прва ме бараше. Она беше прва и која ми пиша и сакаше да ме запознае, а и понатаму секој мој следен чекор се базираше претходно на некои нејзини знаци кои ми ги даваше. И подоцна се она беше таа прва која ми пишуваше/ме бараше. Секое утро, ме дочекуваше нејзина порака, се додека не отиде на шетњава. Ова е прв пат јас да бидам тој што ќе пиши прв и ќе ја побара, и тоа ете после два дена. Она делува на особа која нема високо ниво на самодоверба, повлечена е, интроверт, а и рече дека претходно немала баш добро искуство со мажи. Баш е осетлива на секој збор и постапка, па ме плаши што сето тоа што се одвиваше некако пребрзо дека ќе ја натера да се повлече во себе, да се затвори. А тоа е нешто што не сакам да се случи, не сакам да има погрешна слика за мене дека сум само уште еден кој сака да ја искористи, безразлика како ќе се одвиваат работите понатаму меѓу нас.
Тогаш остави ја нека се прошета, не ја барај премногу, ако она сака да ти пише нешто нормално ќе и пишеш и ти, ама остај ја нека поужива и нека подразмисли а кога ќе се врати викни ја на муабет и објасни и дека не сакаш да ја искористиш и дека не си како другите машки на кои налетала досега. Искрен, отворен муабт многу ќе ти каже што помеѓу вас понатаму.
Епа мора да има реципроцитет кој-кого бара. Не очекуваш ваљда до бескрај, само таа прва да пишува, прва да звони, прва да иницира. Плус, премногу е рано за толку да се опседнуваш. Убаво ти било, сфатив, ти експлодирал, не ти ејакулирал.. и тоа сфатив.. Ама олабај се малку. Тргни си го тој стравот дека 'готово, ете! не ми пиша!! поќе не сака со мене!! - не така На одмор е, нека се одмори, нека се прошета. Сигурно не отишла каде што отишла, за да троши време на преписки и разговори со оние кои и' се во МК. Пишувај и', еднаш дневно барем.. биди прв.. ништо страшно. Ама кратки муабети и прашања од стилот: Како си помина? Дали имаше исполнет ден? а не а-у! те чекав, ми фалиш, шубо ни беше бла-бла.. Не форсирај.. Одржувај комуникација, ама нежно.. Ќе си дојди пак... кај ќе ој!
Луѓенца малку хелп, пред 4 месеци раскинав со девојка ми а претходно бевме скоро 4 години заедно и сега таа има друг нема врска, мене ми се допаѓа една личност па одамна не сум имал вакви проблеми како што да и пишам дали ќе врати притоа станува збор за помала колешка и ретконсе гледамр на фах. Некој совет?
Пиши и' де.. Онака, лежерно муабетче, види како ќе реагира.. Па ако тера убаво муабетот, покани ја на кафе. Симпл. Ајде... не му се мисли. Уште сега нашкрабај некој збор!
Ти треба време после долгата врска но, опушти се. Го можеш ти тоа. Пиши и...нешто спонтано, како си, што правиш, кај се движи ова она, па за кафенце муабет спомни ако имате некои заеднички пријатели со нив заедно излезете.. Ако не врати ... ништо страшно.
Ќе си ги прочиташ еднаш, два пати, три пати и тоа е тоа. Џабе некој пишувал реферати и си трошел време.
Еве ме пронајде барам совет, едноставен совет. Како да остане, како да ме поддржува и почитува како јас неа, како да знае да го живее животот без непотребни кавги нервози напнувања итн... Мм..мислам дека совет е мал термин за ова
Или дел по дел да одиме пошто мислам дека темава само поради мене и неколку девојки ќе се наполни со неколку стотини страни за година дена
Тие напнувања и нервози настануваат порди тоа што ни едната ни другата страна не се искрени , и не си ги кажуваат проблемите кои ги имаат без разлика дали се банални или сериозни туку ги чуваат во себе и на крај настанува кавга за обична глупост, никој не сака да биде искрен, да ,полесно можеш да бидеш повреден ако си искрен ама ако не се опуштиш со дечкото/девојката тогаш што планираш да правиш понатаму со таа личност. Мое размислување барем.