И мое истотака. Би додал дека влијание имаат и туѓи "добробамерни совети, идеи мислења предлози" и слично. Во поново време, чести предлози има од другари другарки, блиски роднини, што не значи дека сѐ од нив треба да се земе здраво за готово. Сѐ си влијание на посебен начин.
Реално тие совети да убаво е да се слушнат ама од личност која е запознаена со ситуацијата комплетно и на која и веруваш, бидејќи трета перспектива е добро да се чуе,( јас верувам во тоа што помалце луѓе се мешаат и сакаат да дознаат за туѓи животи тоа подобро) ама крај на краева ти сам или заедно со личноста со која си во врска треба да разговарате и да споделите се , не тука да си правите на ти го дај ми го
Со жена биди спремен и на потребни и на непотребни расправии,нервози и напнувања - пошто сме жени. Мозокот ни работи 100ка на саат, размислуваме и разговараме за работи кои што тебе ни на крај памет нема да ти текнат и ќе се прашуваш од кај го ископа жената сега ова. Е така.
мислам дека таа некоја треба да се запраш за совет КАКО да го направи сето тоа што го наброја. Ти тешко дека можеш да влијаеш врз нејзиното мислење став и чуства. Начин за подобрување на ситуацијата е разговор и искреност при разговорот.
Не би рекол, еве ситуација. Таа: Јас ќе излегувам вечерва со другарки. ЈАС: Добро, убаво да си поминиш, јас ќе бидам дома, ќе гледам филм или ќе играм. Taa: ОКЕЈ! ( и така налутено демек ме сака ама ајде) Јас: Те сакам, и пиши после. Си доаѓа ми пишува, зошто сум се однесувал така пред да замини и на некој начин сум ја направил да биди нерасположена. Прашувам зошто? Таа: Па ти ако се грижеше за мене ќе ме испрашаше кај одам со кого одам и ќе ми се јавеше.... Јас, после вакви неколку испади сменив однесување односно ја испрашував често и така со тек на време станав личност што е љубоморна и што гуши луѓе. Онака рандом го споделив ова како најсфатливо и кратко, а имам многу работи и потешки. Мое мислење, ако личноста те почитува како личност те прифаќа со сите маани и предности, ќе биди со тебе. Секако да не бидиш идиот или таа никаква, зборувам за нормални личности и ако сепак се слични според гледањата на тоа како се гради една сериозна врска и љубов. Ама пак сепак ме интересира, освен целосна искреност и посветеност... што е добитната равенка за долготрајна врска? (богат со пари?)
Тајната е да најдеш некој кој исто гледа на врските како тебе. Се да биде обострано а партнерите да бидат созреани за таква врска. Ова горе што го пиша е многу незрело однесување, сериозна врска не се гради на тој начин.
Еве да речеме сум мислел дека сум го нашол, сигурно мора да ми даде знаци да препознаам. И секако за да после се промени. Се прашувам што треба да прави личноста за да ја цени повеќе?
Јас ко излегувам со другарки, само му кажувам на дечко ми... какво испрашување од негова страна??? Девојката која ја наведуваш како пример во дијалогот е желна за внимание. Не ти треба таква. Таа ќе прави се за да бидеш љубоморен и нема да е задоволна ако тоа не си. А тебе ќе ти се смачи. Такви врски не се сериозни т.е зрели и брзо завршуваат.
Значи не ја проценил добро, или толку добро се прикривала и покажувала карактер/однесување кое не е тоа што таа вистина го поседува. Ризик е врската, даваш шанса личноста да ти се докаже. А тоа си бара време. Секој кога-тогаш ќе си го покаже вистинското лице, прашањето е и дали покрај се партнерите ќе ја продолжат врската и дали тогаш ќе можат да се усогласат.
Во вашите женски очи, каква девојка е онаа девојка што има дечко, а флертува со бивши дечковци и излегува во меѓувреме? Дали е (или била) воопшто заљубена во некого или само има понекогаш потреба од секс?
Девојка која не знае што сака. Или не е заинтересирана за сериозна врска. Секоја што вистински сака, го цени и чува тоа што го има.