@Stark можда била заљубена и некој ја здробил јако, па понатака не и ништо мило, изглегува со некој ради реда. Можда се обидува да го заборави бившиот со нов, но не може. Можда новиот така заслужил. Можда тој и полошо прави. Можда и тоа твоето, да има само потреба од секс. Еден куп можности зашто сме еден куп девојки. И сите сме различни. И вие исто така. Не значи дека ако си ти добар и таа ќе е добра или ако си лош и таа ќе е лоша. Едно лошо искуство не значи дека сите жени не чинат.
Еве еден совет од мене до машките: Девојките сакаат кога се трудите околу врската, но не премногу па да изгледате патетично, значи треба да направите и таа да има некоја работа, некоја цел, да ве добие вас не толку лесно зашто ако и е лесно - ќе мисли сте шала и ќе ве батали. ❤️❤️
Треба да знаеш само една работа: Жените имаат tunnel vision за оној за кој се заинтересирани во моментот, било дали е дечко или потенцијален дечко. Штом се појави некој подобар од него, tunnel vision-от се пренасочува кон другиот итн. Е сега подобар е релативен збор, во однос на тоа во кој период во животот се наоѓа, т.е. различно доба од животот- различни критериуми. Накратко кажано, процени кои и се критериумите, ако можеш да ги исполниш, пробај да ја придобиеш. Ако не можеш, батали ја. Да пробаш да направиш некоја да те засака, а притоа да знаеш дека нема теоретски шанси тоа да се случи, е пропадната инвестиција според мене. Со среќа момче.
Ми треба совет и мислење незнам што да правам никогаш не сум имал девојка во доцни дваесети сум се осеќам како да вака ке остане засекогаш мојава ситуација така ми се наредиле коцките во животов немам другари цело време седам во соба сам никогаш не сум искачал зошто сум немал другари и сега е иста ситуација никогаш не сум имал интимен однос со девојка во доцни дваесети сум работа немам немам ни финансии и да имам девојка ке немам финансии да искачам нон стоп така да пак се сведува да седам дома.
И што правиш ти во животот? Прв чекор: Вработи се, ќе ти влијае позитивно на самодовербата,ќе стекнеш обврска која ќе ти го промени секојдневието, ќе запознаеш луѓе, некои од нив ќе ти станат другари, преку нив други луѓе, ќе шириш познанства, и така и ќе си го најдеш можеби патот до потенцијалната партнерка. Како очекуваш да запознаеш некој или некоја а не мрдаш од дома? Да ти тропнат на врата ?
Лесно ти е да кажеш оди најди работа ако така лесно се наоѓало до сега ќе најдев, и се сум бил со погрешни девојки ми се мотале во животов и луѓе кои не се мој тип па сега не е ни чудно што сум сам.
Ти побара совет и мислење.Лесно е да побараш совет оди реализирај го тоа.Убаво ти рече што ја напаѓаш..
Работа каква што посакуваш можеби нема, ама работа која ќе те извади од дома и која ќе ти обезбеди да имаш да испиеш едно кафе у чаршија, може да се најде. Имаш ли работено нешто во целиот твој живот ? Тоа е мое мислење, појдовна точка за све. Еве прескокни го истово, сакаш директ девојка да фатиш. И ? Ќе ја заробиш во 4 зида или пак она да те финансира ? За седење во 4 зида има време, секој млад човек сака излегувања, прошетки, патувања, пробување нови ствари со партнерот. А како ќе го овозможиш ти истото кога за работа нејќеш да чуеш ?
Не ја напаѓам ако сте така сфатиле, добро тука сте во право за некои работи, и кој вика дека за работа неќам да чујам може сум вреден до максимум каква констатација е тоа кога не ме ни познавате, него тоа да секој млад сака искачање а јас не сум тој тип и да сум тој тип немам со кого и самиот живот ме оформил во ова што сум денес.
имаш време душо, почекај до ДОЦНИ ТРИЕСЕТТИ ДА ДОЈДЕШ учиш ли нешто, тренирш ли нешто, готвиш ли по дома..што праиш по цел ден
Се бавам со нешто по дома онака како хоби. Моја грешка не како хоби повеќе би дошло како професионализам.
Биди ти и највреден на свет, кога истото не ти донесува приходи џабе ти е. Како живееш, од твоите бараш пари за се што ти треба, на овие години ? Не ми одговори дали имаш работено нешто во животот. Кога би имал свои пари, прво ти реков позитивно ќе ти влијае на самодовербата, потоа ширење на познанства, да не се повторувам од горе, и ќе си се наредат работите. А ти не превземаш ништо, а сакаш подобар живот. Бараш совет, ти се дава совет, а одма имаш спремено одговор во форма на оправдување.
@Yagami за какво хоби станува збор ако не е тајна? Пошто викаш дека си вложил финансии, претпоставувам дека е нешто за кое треба скапа опрема (фотографирање) или скап компјутер/ софтвер (графички или веб дизајн) или нешто слично. Ако се занимаваш се нешто од тој тип воопшто не би ти било проблем да најдеш работа, само треба да си упорен.
Тајна е не е ни битно тоа, поентата ке останам сам цел живот луѓе сум пишувал на форумов пред 7 години на друго име ништо не се смени од тогаш во социјалниот живот нити девојка ништо.
Не може никој да ти помогне, кога самиот не сакаш да си помогнеш. Секој е креатор на својот живот а ти сам одбираш да живееш вака. Се најдобро.
Па значи не преземаш ништо за да се смени. Ние не можеме да те финансираме и да ти најдеме девојка, ок?
Најсмешни и апсурдни ми се децава на форумов по 18 години немале секс девојка такви ствари што ќе кажам јас што имам 30 години кој парадокс ти е тоа.