Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од ЖЕНСКА страна за сите машки

Дискусија во 'Сингл' започната од kuchka, 30 ноември 2010.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.315
    Пол:
    Женски
    Па да ме поддржува за се, да не ме осудува, да ме ислушува, да не брза со заклучоци за нешто. Во смисла да ме разбира дека имам и свој живот и живот пред него, работи што ги сакам, да е едноставно разбирлив за се тоа, да знае дека животот сепак не се врти само околу него.
     
    На BrainDamage, buba4e89, Amellie13 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Сакам емотивни и отворени момци. Сакам и во добро и во лошо да ми се довери што чувствува, што го мачи. Не сакам ладни типови, затоа што со такви не можам да бидам опуштена. Како јас да се доверам што чувствувам, што ме мачи, што мислам, ако гледам дека другата страна е ладна, затворена и не споделува емоции со мене.
    Џабе некој да ми вели дека ме сака, ако неговите постапки не го велат тоа.
    Ако си во врска со некого и вистински го сакаш ќе дозволиш да бидеш најслабата личност пред нејзе, а не да имаш заштитен оклоп.

    Да ме разбира -> да ме разбира како се чувствувам, односно да се стави во моја кожа, да погледне со мои очи, за да сфати како се чувствувам и зошто така се чувствувам, да сочувствува со мене, да знае во дадена ситуација како да реагира на моите чувства, да знае кога имам проблеми да ме сослуша и да ми даде најдобар совет, да не ме осудува, туку да ми биде поддршка. Кога грешам да знае на правилен начин да ми укаже на грешката, а да не ме навреди и повреди.
    Да ја разбира женската логика :lol:
     
    На Згодната, Peperutce1115, Amellie13 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Многу барате вие...
     
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.611
    Допаѓања:
    79.310
    Пол:
    Женски
    Многу е за тој што не може да го понуди тоа. :)
     
    На Dust, DAngel, Annora и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Не секој може се да понуди....како и вие на нас не можете баш се да ни понудите што ќе посакаме.
     
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.611
    Допаѓања:
    79.310
    Пол:
    Женски
    Се разбира. Затоа не се може со секој. Ама си се наоѓаат двајца кои си се вклопуваат совршено. Има причина зошто јас моментално сум со тој што сум, а не со некој друг. Или тој со мене, а не со некоја друга. Не секој може да исполни нечии критериуми, но не значи дека е невозможно да се најде некој таков, па колку и „многу“ некој да барал.
     
    На Tan4ence, joy1, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.647
    Допаѓања:
    18.999
    Пол:
    Машки
    Значи со други зборови сакаш да е како тебе, а да не биде свој?
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Ќе ме разбира, доколку се грижи за мене и ме сака..
    Ако не му е гајле и не ме сака, нема да ме разбира.. нормално.

    Земете за пример, било каков однос, и другари и роднини, не мора да е романтична врска во прашање.
    Ако се грижиш за другарот и го сакаш, тогаш ќе го разбереш, ќе го исслушаш, ќе му понудиш совет или помош.. Ако не, ич нема да трошиш време и енергија за решавање на неговите проблеми..
    Исто е и во врска.

    И тој мене да ме разбира, и јас него.
    Односно, и двајцата да се сакаме еден со друг.

    Плус, мора да имате слични сфаќања, слични 'заклучоци' од животните патишта да имате извлечено...
    Затоа не се 'погодува' со секој/а
     
    На Dust, Shalitra, DAngel и 5 други им се допаѓа ова.
  9. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Никој не може да биде како мене, тоа најмалку го сакам да биде ист како мене. Сите сме различни и фала Богу што е така.
    Никаде не реков да не биде свој.
    ,,... да се стави во моја кожа, да погледне со мои очи, за да сфати како се чувствувам и зошто така се чувствувам..."
    Ако ова те натера да мислиш дека сакам да биде како мене, да не биде свој, тогаш грешиш.
    Како што можам јас секогаш да не гледам само од една страна на одреден проблем, ситуација, туку се обидувам да ја сфатам и другата личност без разлика која и да е, ставајќи се во ,,нејзина" кожа, како јас би постапила да сум на нејзино место, ако постапам така како таа личност што постапила, тогаш во кој случај и зошто би постапила јас така.
    Знаеш многу лесно е да создадеме кавга, гледајќи и постапувајќи само од наш агол. Ама за една успешна врска, без разлика дали тоа е пријателска или љубовна врска, потребен е голем труд, односно заемно разбирање.
    Кога велам некој да ме разбира, не сакам другата личност да превртува со очи или да ми вели: еее ништо не ти е, само се жалиш... туку да ме сослуша искрено, да ги сфати моите чувства и постапки. Па ако грешам, да умее согледувајќи ја ситуацијата и од двете страни правилно да ме посоветува.
     
    На Annora, Stark и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  10. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    @Stark Да разбира/да ме разбира јас лично мислам на тоа да му е развиена покрај другата и емоционалната интелигенција. Не, ако споделувам став за пр. анксиозноста и животните сонови, да ме гледа како теле во шарена врата и само потврдно да ја мрда главата оти мисли дека мора да се согласи, туку да го искаже и неговиот став. Значи стварно да ја разбира суштината :)
    Да ме разбира не ми во превод значи да ме сожалува или слично, ама не да биде вакциниран против чувства и емотивност :)
     
    На Harper, DAngel, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.045
    Допаѓања:
    55.412
    Пол:
    Женски
    Да се стави на мое место и да заклучи дека е океј да се чувствувам како што се чувствувам. Дека не можам 24/7 да бидам расположена и позитивна, бидејќи има моменти кога не ми е се погодено и сум негативна. Да разбере зошто правам некои работи како што ги правам.


    Да не ме осудува за карактеристиките кои ги имам (дека не можам да се опуштам туку така пред некого, дека ме фаќа анксиозност, дека имам trust issues и сл.), за нештата кои (не) ги сакам, за желбите, соништата, интересите и сл.

    И нормално, јас истото би го направила за него. Во врската ништо не треба да е one-sided. :)
     
    На Згодната, Harper, Tan4ence и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.647
    Допаѓања:
    18.999
    Пол:
    Машки


    Toa poslednoto me interesirase dali site go mislat istoto.
     
    Последна измена: 7 април 2019
    На cresa-jagoda, Amellie13 и WildMk им се допаѓа ова.
  13. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Не можеш само да бараш, мораш и еднакво да дадеш. :)
     
    На WildMk, cresa-jagoda, Stark и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.647
    Допаѓања:
    18.999
    Пол:
    Машки
    Верувај, сум давал и повеќе...

    Нејсе, јас во љубовта гледам вака.

    Целосната љубов е 100%, тебе денеска ти треба 70%, утре можеби 30% и така ќе се надополнувате или премногу сум комплициран, хаха.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Нормално не можеш секогаш се до детаљ да мериш. :D
    Пример јас го побарав 3 пати тој еднаш, не го барам ќе чекам на него. Не оди тоа така.
    Но, мора да се чувствуваш убаво, да го имаш вниманието на партнерот, да чувствуваш дека му/и значиш.
    Ако има тој проблем денес јас ќе сум до него, ако по 2 месеци јас имам проблем да знам дека ја имам неговата поддршка.

    А ако му значиш на некој, верувај веднаш се чувствува а самото тоа те тера тебе уште повеќе да дадеш.
    Ако даваш само ти а чувствуваш дека другата страна не вложува колку ти, тогаш голема е веројатноста да ти имаш поголеми чувства од неа. Ако и значиш, верувај ќе се потруди доста околу тебе.
    Барем за мене кажувам.
    Ако видам дека се грижи за мене, тука е за се, пружа поддршка, не ме запоставува, ме бара и во најголемиот хаос на работа, сакам да надоместам за тоа и сакам и тој да чувствува дека и јас истото би го направила кога тој е во прашање. :)
     
    Последна измена: 7 април 2019
    На Alisa22, Stark и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  16. fezolol

    fezolol Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2017
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Машки
    Има еден проблем со темава, а тоа е дека жена што мисли дека сака и навистина сака (односно на што реагира) се две различни работи. Така да совети од стилот "Биди свој, биди добар, биди културен, насмеј ја" се совети кои што можат многу погрешно да се разберат и фали подлабоко објаснување за нив.
     
  17. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Како погрешно на пример ти би го сфатил тој совет?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. fezolol

    fezolol Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2017
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Машки
    "Биди свој" е најнесфатениот совет, затоа што на пример некој ако нема никаква цел во животот, не се грижи за себеси, пуши марихуана и игра игри по цели денови, тоа може да го сфати како "Еј па тоа сум јас, мрза најголема и треба да ме сака таков каков што сум" а не како "Еј абе дај да се опраам малце, што ми е, дај ќе идам ќе научам нешто, ќе најдам работа, ќе идам во терената, ќе се едуцирам, дај да изградам карактер, да се подобрам во социјалните вештини"

    "Насмеј ја" може да се сфати како "Еј треба да бидам циркузант" и да почне да прави некои глупи фори што не се баш смешни иако му се смеат затоа што е кловн а не затоа што има стварно некој интересен хумор.

    "Биди добар" може да се сфати како "Еј треба да и симињам ѕвезди, да и отварам врати, да и купувам цвекиња, да ја частам, да ја возам сегде" и тоа да го прави за да добие нешто назад (трансакциски) а не да го прави тоа од аспект на "Го правам тоа што го правам затоа што сакам да го правам, без разлика дали ќе добијам нешто назад или не" - без очекување.
     
  19. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Кога ќе подразмислам има логика.
    Не секој знае да ги направи сите тие работи на правилен начин.
    Ама на таков и листа со детални совети ако му дадеш пак ќе оплеска работа. Ако не произлезе нештото од сам себе (да знаеш како, кога и на кој начин), џабе и милион совети.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.647
    Допаѓања:
    18.999
    Пол:
    Машки

    Ко шо те разбрав и на друга тема, последниот збор секогаш мора да го има дечкото или мажот, само понекогаш жената ко че дозволи мажот или дечкото.



    А инаку општо на темава, "еј не очекувам ништо од тебе" како демек не ми е ништо должна, ама сепак е "должна" да ме третира како поблиска личност од да речеме некои другари. (не мислам само на секс)

    Има работи што те прават среќен во текот на денот, макар и една порака да ти пиши.


    А од друга страна јас сум таква личност што имам некое сетило и знам нешто ко че не е нешто во ред, а уште полоша карактеристика ми е што сум директен краток и јасен, па некои тоа го гледаат како дрскост. :)