Не, извини што ја однесов темата во оффтопик, кога ти очекуваше одговор Ама морав да кажам дека советите на Мистери заслужуваат своја тема А инаку, се согласувам дека треба да и пријдеш и самоуверено да ја поканиш... Направи и некоја шала (не нападна) и потоа покани ја...Играј на картата искрен, самоуверен и хумористичен и твоја е... Признај и дека неколку дена веќе сакаш да ја поканиш, ама не го кажувај тоа како „абе јас се мислев дали да ти пријдам “, туку на шала, значи самоуверено и само напред...
Бобиск сакаш една малку полуд начин за да стапиш во комуникација со неа ? Се инспирирав дека пиша кај работела. Веројатно и ги знаеш термините кога е на работа штом таму купуваш, па уште и штом бараш совет сериозно ти се свиѓа многу. Па појди да купуваш и така по рафтовите несакајќи турни нешто (по можност некршливо ) и можда ќе дојде да помогне или ќе ти се развика па ти културно ќе се извиниш и ќе се запознаете. Или друга опција ако ја гледаш секој ден, појди кон неа и во зависност од тоа кај се наоѓа започни си едноставен разговор, немора со сакаш да се запознаеме да го започнеш разговорот, почни со дискусија околу некој гел за туширање или друг производ ( на пример побарај совет од неа ) и покрај тоа ќе можеш со општи прашања да дознаеш индиректно дали е сингл(би му купила на дечко ти за домашна журка тоа и тоа, ако ти рече немам дечко, но.... твоја е ! ) и после муабетот сам ќе си се нареди . Значи само биди самоуверен, доволно насмеан и има повеќе начини да се запознаете, а без да бидеш премногу директен, па не мора од почеток да ти ги знае намерите.
Јас па ко за белја имам неверојатен рефлекс при паѓање на производи во продавница Досега секогаш кога се случувало нешто да “тргне надолу“ јас истото го фаќам без грешка Ја имам и прашано за производ(и) двапати и тоа е досега
Боби Боби Бооооооооооообииии Многу ми е мило кога ќе прочитам дека се уште постојат машки кои сакаат да ги изненадат девојките А да не е оној нападен начин и после првото одбивање од женското престануваат да се обидуваат.. Не викам дека ние сме едноставни, но секое женско сака малку внимание од машка страна, па нели секоја од нас треба да има некој херој?! Се плашам дека таквите во последно време исчезнуваат.. Инаку конкретно за твојот случај би можела да ти дадам некој совет... Започни со некои мали погледи, немој да бидат многу нападни... При пазарење на сите артикли кои ти се потребни тој ден (доколку девојката работи на каса...) заедно со парите со коишто ќе ја платиш сметката остави и едно ливче со твојот број, напиши и колку ти значи и дека ако посака може да ти се јави, или да ти пише порака... Не се откажувај така лесно.. Пробај, немаш што да загубиш.. Good luck Bobby
Боби да бев машко, немаше да играм така со ливче, кукавички потег ми е , мене некој да ми дадеше ливче така, ќе помислев дека ме мисли за "лесна", поарно конкретен предлог, кој е твојот телефонски број ? Сакаш ли после работа да одиме на кафе? , него со ливчиња или ако ти е потешко да стапите во комуниакција, прво распрашај се од околу некој таму , дознај и име ако не го знаеш, сега со фејсбуков, па ако има побарај ја и можеш и таму да почнеш некој разговор прво. Абе има начини
Па треба малце и од твоја страна да му дадеш надеж не само корпа и да очекуваш да ти каже -"НЕ ГОСПОГО ЈАС НЕ СЕ ОТКАЖУВАМ ЈАС ЗА ТЕБЕ КЕ СЕ БОРАМ "
Абе могу нормално дека не е се до тоа.. Но, мораш да признаеш дека секоја девојка има постапено барем еднаш во животот на овој начин, барем еднаш рекла НЕ иако мислела ДА... Абе искрејно ама има многу што постапиле така па сеа се каат.. Реално гледано така е Секоја сака да има некој што ќе и обрнува внимание ( но не да стигне до оној степен да не речам, а ќе речам ПАПУЧАР )...
Сега пред да одам на работа ќе одам да си купам едно Bounty и се надевам ќе си ја видам, со долгата плава косичка, па уште ако и е во плетенка... .
се согласувам со Јипман.....Пример вчера излезени со друштво, и доаѓа цурава и ме прашува дали може да ја остави чашата на нашата маса и јас и викам може но се плаќа провизија и таков и дадов до знаење дека се зезам и оваа се налути, напрчи нос што ти знам и дрска целата - па плати ми....и тука ми се скина филмот и фино лепо младата дама си доби едно - ај кога ќе заслужиш ќе ти платам.... .и сеа што? не знаеше да продолжи она со шегата? туку се праеше пичка, па плати ми? ма немој - еве и платив.....од такви пуфли што се мислат дека се пички ипол ми е више преку Спојлер к.р ...од такви не ја бива бе, а јас пак цело време со такви се занимавам нема вода во очите а се праи риба..требаше да си добие едно - ај научи прво манири па после дојди да ме прашаш...така да, тоа - ЈАС ЌЕ СЕ БОРАМ ЗА ТЕБЕ, ТИ МАВАЈ МИ КОРПИ КОЛКУ САКАШ А ЈАС ЌЕ ПРОДОЛЖАМ ТИ ГО ПОЛНАМ ЕГОТО - верувај дека таа тактика не FUNKCIONISHE
Боби прво осигурај се некако дали е сингл, па потоа почни со општи прашања. Секој ден пазарам тука и те гледам, како ти е името? Мило ми е јас сум Боби... Секој ден така почни со општи муабети па и на поминување само поздрави ја, онака без да купуваш ништо, ќе и се допадне тој гест. Прашај ја дали за време на пауза може да и поминеш на кратко и донеси coffee to go да се напиете да разврзете подолг муабет. Ако ти дава позитивни знаци, можеш поотворено да пристапиш и да ја повикаш негде на кафе, прошетка било што... Good luck
Пак јас....еве каква идеја ми текна денеска и првиот чекор ќе го направам веќе попладнево Пред зграда има паркче и трендафили, ама еден има така голем, раскошен, совршено-црвен и осамен цвет Ќе го сликам најубаво што можам, ќе ја испечатам сликата во така поголем формат, бам во плико и едно писменце внатре....ме бидува за составување текстови Што велите а? Ова ми се чини така подискретен, а сепак искрен начин за пристап.
Боби немој !!!!!! Премногу е нападно за прв пат и премногу се трудиш !!!!! Грешен пристап, автоматски и даваш власт !!!!!! Што и да правиш ова со пликото и со трендафилот за запознавање не е добро....Во вистински живот не функционираат работите како во филмовите.....едноставно полчни и наједноставен муабет...еве некој ти даде добар предлог - нон стоп пазарувам од тука а не ни знам како се викаш....и почни со она наједноставното, кај учи, што учи....доволно е само 5 минути за првиот разговор