Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од ЖЕНСКА страна за сите машки

Дискусија во 'Сингл' започната од kuchka, 30 ноември 2010.

  1. fezolol

    fezolol Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2017
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Машки
    Тоа е сепак до енергијата која што ја имаат двајцата и се осеќа, кога ќе тргне муабетот и слично. Знаеш како викаат "Верувај во акција, не во зборови"

    Нормално дека совети без акција не се доволни. така да се додека се испробува нешто ново и се учи од грешки, ќе има напредок.
     
    Последна измена од модератор: 8 април 2019
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    'Биди свој', значи точно тоа: Да бидеш тоа што си.
    Ако си мрза, биди си мрза. Да не биди: Отпосле си го покажа вистинското лице..
    Пошто тоа што си, можеш да го маскираш со активности кои не ти се својствени, ама со време, пак ќе си се вратиш на стариот ти.
    Па ќе се чуди девојка ти, кај отиде дечкото кој го запознала.. А не знае дека всушност ти си бил тоа цело време, а тој обид за менување на карактерот, бил само тоа.. обид.. а таа не знае ништо друго за тебе, и те познава само во таква фаза.. Па мисли дека ти си тој.
    А ако си тоа што си цело време, и таа се заљуби баш во тоа каков си, тогаш, имаш вистинска љубов.

    Насмеј ја, значи: Тоа што ти е тебе смешно, и твојата смисла за хумор да се поклопува со нејзината.
    Немаме иста смисла за хумор сите.
    Еве, оди на темата со: Смешни слики, и сам ќе видиш, дека не се' што им е на другите смешно, ти е и тебе.

    Биди добар, не значи да и' одиш по газот, да ја финансираш и тинтреш ко кралица, туку да си човек кој има емпатија и разбирање за другите, посебно за нејзе... Ако вистински сакаш некој, ќе имаш разбирање и емпатија. Не се глуми тоа, и не се учи.. освен ако си психопат.

    Толку.
     
    На Animali, Nausicaa, IM.TMKQ и 2 други им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Од што сте експерти за жените не можете жена да најдете, или друго е причината?
     
    На Nausicaa, Animali и WildMk им се допаѓа ова.
  4. Smajli69

    Smajli69 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2019
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    23
    Човек не се познава доволно самиот себе, а уште помалку некој друг.
    Никој не е експерт, само се труди повеќе да ја разбере женската природа, ама како се што е релативно во животот, така и жената. Никогаш нема да знаеме доволно добро. што сакаат.. ..
     
    На BoneMachine му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    А иста енергија посветувате на анализа на мажите или тие се едноставни суштества?
    Не е проблемот во жената, проблемот е што вие сакате да ја имате таа жена што вие сте ја избрале, дури и да не сака таа. Па тогаш почнуваат анализите и колку "сложена е женската природа", а всушност проблемот е тоа што не знаете да прифатите "не" како одговор.
    Нема филозофии. Или ѝ се допаѓаш, или не и се.
     
    На Animali, Annora, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Smajli69

    Smajli69 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2019
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    23
    Да срце, исто толку посветувам и на себе и на машката природа,

    Ја анализираме женската природа? Да, зошто да не.. Нели вие сте тие кои сакате мажите да ве разбираат? Како ако не преку познавање на вас жените.. .

    Не прифаќаме не како одговор?
    Напротив попрво би прифатил не како одговор , отколку да бидам со некој со кој не ги имам истите чувства
    Само ти не се нервирај, возбудувај :)
     
    На BoneMachine и Stark им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Тууу колку не сфати
     
    На Nausicaa, Animali, Annora и 2 други им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Нека го бе, после ќе вика "јас добар дечко сум, ама жените само лоши момци сакаат".
     
    На Nausicaa, Animali, Alisa22 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Smajli69

    Smajli69 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2019
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    23
    Најголемата дилема кај мене е зошто жените секогаш постапуваат спротивно од машките...
    Ако и се отвориш, ќе станеш монотон и ќе се повлече
    Ако не и обрнуваш внимание и си невнимателен, ја има потребата од тоа некој да ја разбере и сослуша
    Ако си добар и внимателен, го немаш она "алфа мажјак" и ќе и треба некој кој е груб т.е. "лошо момче " итн...
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Исто гомно, различна машничка.
    Ко што кажав "арно машко сум јас, ама женските само лоши сакаат".
     
    На Animali, Nausicaa и WildMk им се допаѓа ова.
  11. Smajli69

    Smajli69 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2019
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    23
    Не е баш така, како и да постапиш секогаш не си во право...
    Решение не се приврзувај со некој се додека он не почне да се приврзува за тебе...
     
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Значи сепак дојдовме до она првото, дека ти би натерал некој на сила да биде со тебе само затоа што ти си приврзан ;)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Smajli69

    Smajli69 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2019
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    23
    Во кој од одговорите има дека јас некоја би натерал да биде со мене?
    Ќе бидам со некоја која во моменталната ситуација ни е убаво на двајцата, а ќе ги искажам чувствата во момент кога би бил сигурен дека и таа е сигурна во врска со нас
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Баш така...
    Треба да процениш, кога и дали и е убаво со тебе.
     
  15. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.799
    Пол:
    Женски
    Аман веќе.
    Никоја девојка не сакала добар дечко, сите сме ги одбирале лошите. Додека се тешите и мислите дека сте супер, наместо да работите на себе, ќе бидете сами. Прстот на чело и одново.
     
    На Nausicaa, Doozy, Animali и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Smajli69

    Smajli69 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2019
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    23
    Лоша генерализација. .
    Ние сами , вие сами, би можеле да бидеме добар пар
     
  17. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.799
    Пол:
    Женски
    Единствениот сам тука, си ти.


    Генерализација?
     
    На Nausicaa, WildMk, Alisa22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. fezolol

    fezolol Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2017
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Машки
    А кој рече дека бараме? Мора да бараме? Не е толку црно-бел светот, има и други вариации.

    На некои луѓе едноставно не им одговара да бидат во врска во одреден период од животот. Сепак тоа е избор на секој посебно.
     
  19. ray-man

    ray-man Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    390
    Пол:
    Машки
    Не мислев дека ќе побарам совет баш овде ама ете и тоа се случи.

    До сега сум налетувал само на девојки кои или барале утеха, или бившиот ги побарал па не можеле да се воздржат, или сакале да бидат центар на внимание (не сакам да речам дека материјално ме закористиле бидејќи испаѓам глуп), или биле мрзливи.

    Од секогаш сакав да налетам на девојка која би била слична на мене: спорт, желба за едукација, шеткање, слобода (без мн љубомори), заеднички планови,...

    Знаете, оние кратки реклами каде гледаме дечко и девојка, насмеани и во движење, друштва собрани, живот во полн ек.

    Па ноќи во забава, па логорувања, возење точаци, играње билјард, возење со колата по цела ноќ, водење љубов без граници...

    Врска без навреди, врска каде ќе ја заштитам, каде ќе ме заштити, каде грешките ќе си ги претвараме во смеа, каде нема сѐ на срце да си земаме. Врска во која би важеле "десетте божји заповеди", ангелска лутина со ѓаволска добрина, онака златна средина...

    Заеднички радости, успеси, неуспеси, поддршка, мотивација, достигнувања.

    Не го пишувам ова толку за совет, ма да и совет ми треба, колку што го пишувам за да на некој начин ми дојде полесно. Има уште многу што да се напише но не е место и време.

    Поголемиот дел од животот сум сингл. Едно прашање ми се врти низ главата: каде ли е грешката? :|
     
    На eliesaab, Smajli69 и Annora им се допаѓа ова.
  20. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Мора да има нешто што правиш погрешно и што ги одбива луѓето т.е жените од тебе.
    Секогаш има разлог зошто поединци никако не можат да задржат партнер или кои поголемиот дел од животот се сингл, а прават се што можат да не биде така.
    Секако, тука не ги вбројувам луѓето кои по сопствен избор се сингл и не прават ништо во врска со тоа.

    Сурово, ама тоа е.
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.