Да бидам искрен, донекаде и по свој избор сум сингл. Од страв. Од единствениот страв - страв од неверство. Што само имам претргано... До тоа ниво што луѓе што ме гледаат првпат ми даваат пет год плус од реалната возраст. Не сум нарцис ама прекрасен сум, барем во однос на повеќето момци, на карактер а и на изглед (по комплиментите). Стварно не знам каде е проблемот
Не си сретнал таква каква ќе ти одговара. Кога ќе ја најдеш и кога двајцата истото ќе можете да го понудете/возвратите сите прашалници ќе ти се избришат. А за да дојдеш до таа личност мора и неколку неуспешни врски да се поминат, не секој го наоѓа вистинскиот човек од прва. Затоа сите тие неуспешни врски ти служат како искуство и учиш каква личност сакаш покрај тебе за по долги стази.
До негде звучи на идеална врска, ама само до негде. Што не значи дека таква и ќе биде, не велам ни дека нема веројатност па и да се случи тоа. Верувам дека кога тогаш ќе ја најдеш твојата љубов, никаде не грешиш едноставно животот те спрема на вистинската бидејќи ретки се тие што можат да најдат идеален партнер или со кој ќе имаш заеднички интереси. Еве на пр. јас воопшто не замислував дека ќе бидам во врска со металец (не е дека не ги сакам едноставно мислев дека не се мој тип) а на крај сум во долгогодишна врска со него. Порано не правев некои работи но за него испробував и нешто ново, како што и тој тоа би го направил за мене. Затоа можеби не треба да бараш некоја која има исти интереси како твоите, треба да се прилагодите еден спрема друг, само многу е битно да си верувате, да имате љубов и без лажење. Не знам ништо за твојот живот освен зборовиве кои ги пиша, само сакав да помогнам со добра намера.
Жени, дали мислите дека следните критериуми се премногу високи за една квалитетна врска? - Да биде убава и да се грижи за себеси и својот изглед и здравје - Да знае да готви, чисти, средува по дома и да чува деца - Да не љубомори премногу - Да вежба и да се едуцира - Да биде женствена и да се облекува убаво - Да мрази феминизам - Да има одлична врска со татко и (и мајка и) - Да знае убаво да даде сугестија но и да остави мажот да ги носи крајните одлуки - Да сака див спонтан секс (не само дома, но и на некои спонтани места) - Да не се жали за секакви глупости и да знае да превземе одговорност за последиците - Да знае кога да каже не и не секогаш да ги слуша сугестиите на другарките - Да има помалку од 1000 следачи на социјалните мрежи (освен ако не се занимава со некаков вид на маркетинг или промовирање на продукти) - Да размислува од повеќе гледни точки и да има почит кон мислењата на другите без да мора да се согласува со истите - Да не бара надворешно внимание надвор од врската
Зошто? Ради ова сакаш да мрази феминизам? Што ако е од дисфункционално семејство? А ти знаеш све ова? И да, критериумите ти се малце високи. Малце повеќе. Уствари не се ни високи, туку малце грдички. Со среќа со такви критериуми.
Затоа што нема да има потреба од маж или пак нема да и биде приоритет во животот. Се ќе може сама да си среди. Затоа што мислам дека феминизмот само ги уништува жените се повеќе и повеќе, не ги учи на комплементарност (да се надополнуваат во слабостите и заедно да бидат појаки) туку на еднаквост, што не верувам дека некогаш мажи и жени можат да бидат еднакви во се а и нема поента да се натпреваруваат.
Не се високи, не се преценувај. Плитки, заостанати и одвратни би рекла. Damn, треба да ви се воведе правило за машкиве веќе само со покана да се зачленувате на форумов. Едно ново машко на место немам приметено да се појави уште од лани. За инцели тука ви е Кајгана на македонскиот веб простор, доста ја утнувате адресата.
Сериозен си со напишаново? Аман, кажи дека е некоја глупа смешка што никој не ти ја разбира само да не го мислиш ова стварно. Па нормално дека ќе може, не сме ни сакати, ни глупи, ниту пак бараме маж за да ни каже дека феминизмот не чинел и да не упати што можеме сами а што не. И зошто побогу ти да и бидеш приоритет на некоја во животот кога ти ја сметаш за свој роб?
Читаш ли што пишуваш? Со вакво размислување и менталитет биди среќен ако уопште можеш да си фатиш било каква девојка. Врати се у пештера и ќути. Не е интернет за секој.
И јас не се согласувам со ставот на дечково ,но што е со ставот за сите машки на форумов? За тоа како сите се толку бедни и за тоа каков третман тие треба да добијат на форумов? Што се очекува? Да бидат наивни, светци? Дали го добиваат истиот третман голем број женски членови кои имаат многу бедни ставови постирано?
ти ме опиша мене а за убава зависи кој колку му е убав некому,а критериум како критериум,секој со своите вкусови и можности
Ролс ројс, вила од најмалку 500м2 во Монте Карло, јахта од барем 50метри, црномањест лепотан со мускули, да знае 4 светски јазици, да сака да научи кинески, да знае да готви, да знае да масира и да вози авион.. Фер е нели?
@fezolol Кога те прочитав се надевав дека не си сериозен, ама гледам дека си бил и тоа како! Добро луѓе што ви е? Ти бараш жена или робинка? Тешко на таа што ќе лечеш комплекси на неа. И да, денешно време сите жени можат да бидат самостојни и независни. Тоа не значи дека сакаме животот да го поминеме сами. Врската/бракот е заедница и двата партнери треба да се еднакви. Жал ми е што тоа не можеш да го сфатиш, а уште повеќе жал ми е за таа што ќе на*бе со тебе. И еве и јас едвај чекам да слушнам што нудиш ти.
Јас мислам дека имаш преголеми очекувања, па можеби се разочаруваш кога врската не оди така како што си замислил. И раскинуваш, нормално. Има бааги работа во одржување на една врска и е многу повеќе од тоа само да сте погодени и да имате слични интереси. Се разбира, не те познавам, па може и да сум грешка и друг да е проблемот. Другарите твои имаат женски? Само немој да паѓаш во замката дека сите сакаат бед бојс, а ти фин, па не можеш да си фанеш женска. Не е точно тоа. 90% од сите, навидум фини момци, имале други проблеми под површината. Last I heard, у Пустец скроз вакви исти имало.