@fezolol Јас сум ваква ама имам преку 1000 следачи на Инста. Штета, што убав пар ќе бевме, домаќини луѓе
Да ги споредиме директно работите што момчето ги побара: - Да биде убава и да се грижи за себеси и својот изглед и здравје - Да знае да готви, чисти, средува по дома и да чува деца - Да не љубомори премногу - Да вежба и да се едуцира - Да биде женствена и да се облекува убаво - Да мрази феминизам - Да има одлична врска со татко и (и мајка и) - Да знае убаво да даде сугестија но и да остави мажот да ги носи крајните одлуки - Да сака див спонтан секс (не само дома, но и на некои спонтани места) - Да не се жали за секакви глупости и да знае да превземе одговорност за последиците - Да знае кога да каже не и не секогаш да ги слуша сугестиите на другарките - Да има помалку од 1000 следачи на социјалните мрежи (освен ако не се занимава со некаков вид на маркетинг или промовирање на продукти) - Да размислува од повеќе гледни точки и да има почит кон мислењата на другите без да мора да се согласува со истите - Да не бара надворешно внимание надвор од врската ^ Сите овие критериуми зависат од самата особа. Со други зборови, секоја жена може да ги исполни ако сака. За разлика од критериумите на (претпоставувам) жената што одговори: Ролс ројс, вила од најмалку 500м2 во Монте Карло, јахта од барем 50метри, црномањест лепотан со мускули, да знае 4 светски јазици, да сака да научи кинески, да знае да готви, да знае да масира и да вози авион.. Јахта, Ролс Ројс и Вила во Монте Карло. Ова одговор е како нарачан и мило ми е што некоја вака одговори. Според било кој нормален маж, ако можеме да кажеме дека постојат нормални мажи во време кога се измешаа границите на половите, ова е минимумот (освен тоа за спонтани места, не зависи никако) што треба една жена да го исполнува. Веројатно се повеќе деца на форумов, па реагираат како што реагираат, но ќе станат 35 годишни и сами или 35 годишни и со распаднато семејство, 2 развода, 2 деца од различни мажи, па тогаш ќе почнат да размислуваат каде отиде животот наопаку. Девојките што имаат барем малку здрав разум би требало да знаат дека маж и жена не е исто и нема потреба да се натпреваруваат или директно да глумат мажи. Тоа што го нарекуваат феминизам ќе излезе дека е најстрашната работа што ѝ се случила на жената. Најсреќни ќе излезат тие што ќе ги прифатат традиционалните задачи и на мажот и на жената, бидејќи тоа функционира. Сугестии повеќе да слушаат од бабите отколку од Парис Хилтон, бидејќи едната создала фамилија и 3 генерации, а другата е во длабока депресија и шмрка кокаин цел ден. Важно кокетираше со тој со носот, плавиот. Одлично достигнување! Таканаречените мажи што толерираат сѐ што може да се замисли само за да имаат пристап до репродуктивен орган не ни заслужуваат ништо подобро. Тие се барем 50% од проблемот. Една порака до нив: ниту една жена во светов не почитува такви лигуши, без разлика на тоа што кажуваат. Да можевме да видиме длабоко во нив, искрено и без филтер, ќе го увидевме тоа. Некој што трпи такво газење не ни заслужува почит.
Ni jiao sheng me ming zhi? Фер е, не викам дека не е, само едно ме мисли, зошто сметаш дека ти треба тој луксуз? Сакаш да бегаш од проблемите? Пари се прават, мускули исто така, јазици се учат, и да масажа се учи, пилот исто така (јас лично не сакам да бидам пилот) ама црнец не можам да бидам.
И баш ради ова, ни треба феминизам. Жената да биде третирана како подеднакво интелигентно суштество во однос на мажот, со право да каже свое мислење,став и одлука за било која тема. А не глина, ставена пред вас да ја моделирате по ваша мера. Тебе ти треба стручна помош. да се спуштиш на земја малце и да научиш дека со самото тоа што си се родил како маженце, не си привилегиран во однос на другиот пол, по било кое прашање. И да..критериумите не ти се високи, не се ни критериуми уствари, туку балкански бљувотини, кои благодарение на твоите родители, се пренесени на тебе а ти ги шириш понатаму. Оптимист сум дека ќе дојде ден кога ќе ве нема ваквите.
Зошто ти мислиш дека ако ги поседува сите тие квалитети дека ќе биде робинка? Што е тоа што мислиш дека ќе ја спречи жената да прави во животот? Нормално дека никој не сака сам да живее ама не е само да живееш со некој и да ти се качи на глава и да толерираш работи и да си имаш додатни проблеми безпотребно.
Брат, рака на срце, ама тоа што го бараш СЕ ВО ЕДНО не постои Пробај да го намалиш списокот барем на 5 критериуми инаку ќе се разочараш.
Момче, слушај сега убаво како стојат работите и ако си помлад, опрај се со време. Мажите се заљубуваат, жените не. Жените интуитивно се привлечени кон тие што им нудат најдобри услови. Со многу мали исклучоци, жените ќе земат послаб маж како прв избор. Не зборувам за тие што се 38 години и се земаат од љубов. Тие се земаат, бидејќи нема каде. Толку е. Зборувам за девојка во најдобри години (20-25), што е атрактивна и убава и добива внимание од 300 мажи на ден. Таа девојка ќе земе некој што ќе ѝ понуди многу (ако воопшто земе некој за маж во тие години). Таа ќе се убеди себе си дека е заљубена во маж ѝ. Познавам пар каде што девојката е модел од Playboy, дечкото е 250kg, ама симпатичен ѝ бил. О, да, дечкото поседува познат бренд кај нас (веројатно го знаете паров и вие, не сакам имиња да користам). Тоа што ти го бараш не постои, барем не во тој облик. Подобро со време разбуди се од тоа што Hollywood го продава, за да не останеш разочаран цел живот. Работи на себе, стани максимум што можеш да станеш.
Квалитети? Да има помалку од 1000 следачи и да мрази феминизам? Да дозволи некој со комплекси како тебе да ја омаловажува и "учи" дека мажот е тој кој треба да носи одлуки?
Бреј, кои комплекси на темава од рано сабајле Браво за тaа што те има 'изгорено ' толку, се гледа дека фрустрациите ти извираат од секоја напишана буква. На време ве имаат видено што суртуци сте, па после феминизмот ви е крив, Бранко ви е крив, материјалното било криво. Направете и услуга на планетава Земја и не репродуцирајте се. Уосталом, со ваков мајндсет тешко и да најдеш некоја за тоа, така да на добар пат си. Продолжи те молам.
Повели, поздрави критериуми * Вежба не за да ти биде тебе секси и стегната, туку за себе и своето здравје. ** Претпоставувам мислиш на тоа да флертура со други момци да си го јача егото, иако е во врска.
Како сме сами покрај вакви маќиња на фемина не знам. Држте ме гаќите ми се стресија, дојдоја алфите да не научат како треба и да не приберат. Како ви е презиме стопани, да знам во споменарот презиме покрај Катерина какво да си ставам.
Многу би била среќна ако утре маж ми ме истепа зашто немало крв првиот пат. Многу ќе сум среќна ако не смеам сама да заработувам и морам да бидам само домаќинка дома. Многу ќе сум среќна и ако брат ми ме остави на улица зашто нели, мора да се мажам и таму кај што сум растела веќе не е мое. Да продолжам? Биолошки не се исти, и тоа сите го знаеме. Муабетот е друг, како треба општествено да бидат третирани.
Леле леле, уште се множат шовинистички квазифилозофи тука Форумска апокалипса Обично не судам за љубовен статус, ама многу е не само разбирлив, туку и satisfying фактот дека вие конкретно со вакви размислувања сте сингл (не по своја желба) на 25+. Помирете се, феминизмот уште долго ќе ви ги сведува на минимум шансите да најдете девојка/жена и да ја контролирате и омаловажувате по овие патетични критериуми.
Таквите како @fezolol на прв дејт ги замислувам со еден долг список и за секој критериум ја прашуваат девојката и со моливче штиклираат кои ги исполнува Е сега, не знам колку смее негативни да има.
Па добро, со моиве 28години доволно ми е да си ги задоволам материјалните потреби Останатите имам кој да ми ги задоволи.. Ако тој сака жен(ск)а што нема над 1000 следбеници, сака да готви, чисти, чува деца, да биде тип топ средена, да вежба, диво да се секса нека си најми куќна помошничка и нека си најде обична дотерана женска.. Или тој нека ја дотера. И не..грешка си. Баш жените на 35 год (а некои и порано ако се доволно ментално созреани) почнуваат да размислуваат што погрешиле па живеат со свекор, свекрва и 10 генерации наназад, а не живеат со љубовта посебно макар и во станче од 20м2.. Тогаш им светнува дека не е се во љубовта и дека требало и материјално да се обезбедат пред да изродат 3 деца.. Имам многу такви примери во моја околина, да можат сите да се вратат 10год наназад, поинаку ќе постапеле. Децата се богатство (да не ми ги извртиш зборовите) ама кога нервозите ќе тропнат на врата, љубовта лета низ прозор..
Како приказната на Колозов со тефтерот. "Тефтерот вели сама жена на бања да оди - не може." За дечково ни жена од Албанија нема да се кандиса да оди.
Имам 41 година, во брак сум повеќе од 15 години.. Срамота е млади деца покрај пристап кон интернет, и секој информација далеку едно пребарување да бидите толку затуцани.. Сенкир со дедо прам муабет.. 1926та беше роден. Родова еднаквост, не значи дека се бориме да бидиме исти со вас физички! Никогаш нема да ни пораснат к*рови, не се секирајте. Еднаквоста значи: Правна/социјална еднаквост! Мора да прифатите дека се жените рамни на вас, во смисла на тоа дека имаме исти права и одговорности, кон семејството, заедницата и општеството. Ако таа чисти, и ти чистиш; ако ти работиш, и таа работи; ако таа чува деца, и ти чуваш деца; ако ти имаш пријатели, и таа има пријатели... Јас сум феминист. И маж ми е феминист.
@fezolol ова сериозно е со прашањево или??? @WildMk точно од збор до збор, ..тука некаде со годините и бракот сум и јас...