Не ја прашуваш девојката дали сака да излезете бате. Од многу барање дозвола за обични дејтови останавме сингл.. Одиш до масата ако сте во некое кафуле, кажуваш некоја кул шега по која ќе оставиш впечаток, благо се насмевнуваш, оставаш број и си одиш. Без агресивни домино потези, туку транспарентно и смирено. Simple as that. Ако и се допаднеш, ќе те бара. Првите десет секунди се пресудни за било каква одлука. Или не знам, отиди и зборувај за женските права ако си феминист, тоа би запалило кај мене на пример. Ако не си, подобро молчи и кажувај вицови/шеги што не се толку мејнстрим.
Оваа прашална реченица не е најдобар pick up line кога завршува во прашална форма.. Жените не сакаат агресивна доминација, ама сакаат одлучни мажи со самодоверба. Одлучните мажи не поставуваат прашања. Напротив, подаваат рака со самодоверба и велат ,,Јас сум Петар, би сакал да излеземе." Блага насмевка, минимален стис на раката. Толку. Кај мене во прошлоста оваа финта се покажувала доста корисна. Јас не сум маж, ама нема везе, сепак сум била добра во ова. Самодовербата е сѐ!
Зависи во шо филм си и ти во моментот.. Или јас... во случајов... Маж ми ми рече: Сакам да ми бидеш девојка Ќе 'умрев'.. таков муабет последно имав слушнато, ко имав 15.. Ама во моментот, толку ми се смили, шо ми идеше да го легнам на мовчето... (Врвевме преку дрвено мовче... во Битола ова) Би советувала на сите: биди си тоа што си. Ако и' се допаднеш, најдобро е да и' се допаднеш таков каков што си.
Не те прашал, бил одлучен при изборот. Тоа те ќарило, неговата децидност. Прашалните реченици збунуваат.
Затоа пишав: 1. Библиотека 2. Црква 3. Кеј Во превод , сеуште не сум запознал некоја на тие места. Се бев смувал со триста муви ама тоа е ирелевантно. @fezolol теоретски сум про, точно збориш се ама не е исто теорија и пракса. Олд скул сум, онака не ми се скрола и фасцинира од слики, ме интересира нешто друго кај жените, со фактот во прв ред дека не сум дел од просекот со опција лајк за валидација. @WildMk
Имам голем проблем да и пријдам на девојка која што не ја познавам. Не знам ни дали е во ред, на места каде што излегувам најчесто и не можам да начекам некоја да е сама, обично се во друштво. Што знам ме фаќа срам од самата помисла, срамот и повлеченоста се моја главна карактеристика, а сигурно ќе помислат дека сум мањак, јас и најчесто сум сам, немам ни друштво за да ми ја олеснат работава.
Пробај. Треба да ги уништиш стравовите што ги имаш во себе. Од кај ќе знаеш што ќе се случи ако не пробаш. Не е толку страшно колку што мислиш. Не се замарај што мисли она, во моментот може ќе се брани ама со тек на време ќе го смени тоа ако се покажеш дека си сигурен во себе. Нема од што да се срамиш.
Секогаш кога ќе пријдам на некоја ме фаќа паника, зборовите ми се губат. До сега, два пати сум се обидел и првиот пат директна корпа. Првиот пат, директно влице и кажав дека имам емоции и чувство спрема неа и таа исто директно ми одговори и ми рече дека Таа не чувстува ништо и дека ме "сака" само како другар како и останатите.. Вториот пат, со едно девојче бевме многу блиски за се разговаравме фактички како најдобри другари, но секогаш од другарството едниот покажува нешто повеќе спрема другиот. Но овај пат, не и кажав ништо дека чувствувам спрема незе оти од првиот пат имам поука, се обидував преку различни работи, смешки, муабети да и го привлечам вниманието да сфати дека јас чувствувам нешто спрема неа, но за жал дојде еден период каде шо се разделивме онака и како другари и како се, до душа сега се гледаме, правиме едно здраво али не како порано. Моментално сум на трета шанса, има едно девојче каде шо после 2 години подалечна дружба искажувам мои внатрешни чувства и емоции спрема незе. Не сме баш блиски како во вториот случај, али до сега сме се зближале 2-3 пати али за некои ситни работи како помош ама не баш буквално љубовно или интимно, онака како да праша оти ова вака онака за прости работи али од близок размер, на почетокот немавме некаков добар контакт, цело време бевме на дур, али моментално страстите се смирија и нее толку лошо. Комуницираме за основни работи во животот али онака другарски и кратко. Е сега, ако можи мала помош од девојките на форумов да ме насочат каде да внимавам, како повеќе да и го привлечам вниманието, да се зголеми дружбата меѓу нас, мислам знајте шо сакам да кажам едноставно да се приближиме, знам дека ќе ми речите прави како шо си правел во вториот случај, смееја, дружија ова она, али девојчево фактички нее баш такво како ова во вториот случај и нее лесно, едноставно сето и е на дур како да и преовладуваат машки хормони и да кажиш нешто позитивно на се има негативен одговор да ти дај и сето влице го кажува негативно, едноставно како незнам шо да речам.. Али чувствата ми работат..
Ако и се допаѓаш физички веднаш ќе ти даде до знаење. На жените тие што не им се допаѓаат физички веднаш ги ставаат во фолдерот пријатели или другари.
Да де јасно, сите машки во сите среќни заљубени врски се тешки богаташи а женските им, се со нив заради богатството. Тешко на вас сиромасите
Згодните девојки си го користат оружјето наречено тело и си бркаат добри брачни финансиери и мирен живот. Насекаде околу нас. Излези во ноќен клуб и погледај со какви типови стојат и си одат дома. Не осудувам, туку кажувам како што е. Просечно атрактивните го немаат факторот тело и лице и можност да бираат, па реално се подостапни за пошироката маса мажи.